циклонска бомба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 Jan 2018 13:23:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png циклонска бомба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Циклонска бомба: Поплава го потопила Бостон, а потоа водата се замрзнала: 20.000 куќи без струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ciklonska-bomba-poplava-go-potopila-boston-a-potoa-vodata-se-zamrznala-20-000-kukji-bez-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ciklonska-bomba-poplava-go-potopila-boston-a-potoa-vodata-se-zamrznala-20-000-kukji-bez-struja/#respond Fri, 05 Jan 2018 13:23:49 +0000 http://kurir.mk/?p=6927

Повеќе од 20.000 домови во Бостон останале без струја, откако таканаречената "циклонска бомба" во тој град донела снег и силни ветрови. "Циклонската бомба", како што најавиле метеоролозите, ќе го погоди источниот брег на САД, а досега веќе дошла до Бостон. Сите училишта се затворени, а ќе бидат отворени и засолништа доколку поплавите се влошат и доколку биде потребна евакуација, соопштил градоначалникот на Бостон, Марти Волш. Како што додал, иако "најлошиот дел" поминал, поплава и натаму има во делови од градот. Олујата во околината на Бостон била проследена од бранови кои предизвикале "ретко видена поплава", рекол гувернерот Чарли Паркер. Улиците во источните населби на Бостон биле оковани со мраз, а 26 од 78 општини на брегот на Масачусетс имале проблеми со поплава. Екстремните временски услови донеле снег на Флорида, прв пат по неколку децении. Гувернерите на Флорида, Џорџија и Вирџинија прогласиле вонредна состојба и ги предупредиле жителите да не излегуваат од своите домови. Властите објавиле дека како последица од екстремните студови оваа седмица загинале 12 лица. Шест смртни случаи биле забележани во Висконсин, четири во Тексас, еден во Северна Дакота и еден во Мисури, а повеќето починати се бездомници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ciklonska-bomba-poplava-go-potopila-boston-a-potoa-vodata-se-zamrznala-20-000-kukji-bez-struja/feed/ 0
Студот во САД не попушта, северните делови и источниот брег ги очекува „циклонска бомба“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studot-vo-sad-ne-popushta-severnite-delovi-i-istochniot-breg-gi-ochekuva-ciklonska-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studot-vo-sad-ne-popushta-severnite-delovi-i-istochniot-breg-gi-ochekuva-ciklonska-bomba/#respond Wed, 03 Jan 2018 17:59:33 +0000 http://kurir.mk/?p=6083

Студот, кој пред десетина денови блокира една третина од територијата на САД од државите покрај границата со Канада до Јужна Каролина и Џорџија, дојде од Сибир, зафати дел од Северниот пол и преку Гренланд се спушти до централен Атлантик покрај источниот брег. Населена со 180 милиони или речиси половина од вкупното население на САД, на оваа територија се измерни рекордно ниски температури незабележани во последните сто години. Службите јавуваат за десетина смртни случаи како резултат од смрзнување поради изложеност на прекумерен студ. Последица на оваа аномалија е формирање на зимски ураган над Атлантикот, неколку стотици километри источно од Делавер, кој се очекува утре да го погоди брегот на Нова Англија, носејќи силни виулици со густ снег. Метеоролозите овде овој временски феномен го нарекоа „циклонска бомба“, поради радикалното намалување на притисокот во областите каде беснее бурата над океанот. - Тоа предизвикува експлозивна сила на урагонот која може да донесе ветришта и до 60 километри на час, засилувајќи го индексот на студенило повеќе од измерената темепратура, велат тие. Имено, од Јужна Дакота до Њујорк, вакви рекордни ниски температури не се измерени во изминатите сто години. Во Њујорк на пример, на Тајмс сквер за дочекот на Новата Година беше измерена температура од минус 20 степени Целзиусови, првпат во сто години. Во Абердин, Јужна Дакота, пак, се измерени минус 36 степени, најниска температура измерена за Нова година во изминатите 99 години. Исто така и северна Флорида е во исчекување на врнежи од снег. Службата предупреди дека зимски бури се очекуваат од Лејк Сити, Флорида до Норфолк, Вирџинија па се до Мејн на север. Од денеска навечер до утре претпладне снежни врнежи се очекуваат од Норфолк до плажите и крајбрежјето на државите Мериленд и Делавер. Снежната покривка овде може да достигне од 15 до 25 сантиметри. Според компјутерските модели на метеоролошката служба, зимската бура го следи меѓудржавниот автопат 95, што се протега од север кон југ подлабоко во копното и го следи атлантскиот брег. Снежни врнежи се предвидуваат источно од Вашингтон и Балтимор до некои позападни градови како Кливленд, Индијанополис и Чикаго. Во сите овие градови се очекува снежната покривка да достигне десетина сантиметри, Најпогодени вечерва може да бидат Атлантик Сити, Лонг Ајленд и Њујорк, каде покривката би можела да достигне 15 сантиметри. Додека во Бостон и државите Нова Англија и Мејн се очекуваат снежни бури и ветришта со потенцијал да соборуваат гранки и помали објекти, велат од службата. Во северниот и североисточниот дел на САД циклонот се очекува да го достигне својот максимум во петок навачер кога повторно се очекуваат рекордно ниски температури од минус 17 до минус 10. Во многу градови живата на термометарот може да покаже рекорди незабележани во последните сто години, предвидува Националната метеоролошка служба. Циклонот ќе загуби на сила во текот на викендот, а од понеделник се очекува затоплување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studot-vo-sad-ne-popushta-severnite-delovi-i-istochniot-breg-gi-ochekuva-ciklonska-bomba/feed/ 0