Ципрас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Jan 2021 20:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ципрас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осумгодишниот син на Ципрас позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osumgodishniot-sin-na-cipras-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osumgodishniot-sin-na-cipras-pozitiven-na-kovid-19/#respond Sun, 24 Jan 2021 21:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=459287

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас, преку социјалните мрежи објави дека неговиот син Орфеас е позитивен на Ковид-19, односно како што напиша „коронавирусот денеска го посети и нашиот дом“, јави дописничката на МИА од Атина. Осумгодишниот син на поранешниот грчки премиер, синоќа имал благи симптоми, денеска се тестирале сите, а според резултатите, Ципрас, неговата партнерка и помалиот син се негативни, додека пак поголемиот е позитивен. -Добар е и како повеќето деца се очекува лесно да го помине, напиша Ципрас на Фејсбук. Лидерот на СИРИЗА, паралелно превентивно ќе биде во карантин, бидејќи како што објасни, иако ги прими двете дози од вакцината, сепак нема стекнато целосен имунитет. -Сигурен сум дека сè ќе биде во ред, напиша поранешниот грчи премиер на крајот од неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osumgodishniot-sin-na-cipras-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Ципрас побрза да му честита на другарот Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-pobrza-da-mu-chestita-na-drugarot-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-pobrza-da-mu-chestita-na-drugarot-zaev/#respond Thu, 16 Jul 2020 11:58:30 +0000 https://kurir.mk/?p=377082

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас на Твитер побрза и пред официјалните резултати веќе му честиташе на Зоран Заев за, како што вели, наводното зајакнување на пораката од „храбрите и прогресивни“ сили што се „бореле“ против национализмот. „Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за социјална правда и мир во нашиот регион, денеска станува посилна. Порака, не само за Балканот, туку за цела Европа“, напиша Ципрас на Твитер, фалејќи го содругарот чија влада го потпиша едностраниот Преспански договор, кој според сите познавачи беше и е вистински политички и историски џек-пот за Грција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-pobrza-da-mu-chestita-na-drugarot-zaev/feed/ 0
Ципрас и Каменос во официјални, одвоени посети на Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-i-kamenos-vo-oficijalni-odvoeni-poseti-na-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-i-kamenos-vo-oficijalni-odvoeni-poseti-na-moskva/#respond Wed, 17 Oct 2018 08:29:35 +0000 https://kurir.mk/?p=116018

Министерот за одбрана на Грција на 29 октомври, а грчкиот премиер на 7 декември ќе остварат официјални посети на Русија, јави дописничката на МИА од Атина. Кусо по посетата на САД, министерот за одбрана на Грција и коалиционен партнер во владата, заминува во посета на Москва. Информацијата ја објави грчкиот портал militaire.gr, а ја потврди самиот Каменос на неговиот официјален Твитер профил споделувајќи ја информацијата. - Во Русија, Панос Каменос има многу работи да разговара, покрај обидот да ја намали тензијата што постоеше во грчко- руските односи, во пресрет на посетата на Ципрас. Постојат прашања поврзани со одржување н руските оружја што ги имаме во нашиот арсенал, пишува грчкиот портал. Нешто повеќе од еден месец по посетата на Каменос, на 7 декември, според информациите на дописничката на МИА од Атина, за Москва заминува и грчкиот премиер на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Во грчката делегација, заедно со Алексис Ципрас, според истите информации, ќе биде и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-i-kamenos-vo-oficijalni-odvoeni-poseti-na-moskva/feed/ 0
Ципрас со шокантни изјави за Македонија: Ќе го сменат Уставот и името, јазикот ќе е словенски и нема да имаат право на Александар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-so-shokantni-izjavi-za-makedonija-kje-go-smenat-ustavot-i-imeto-jazikot-kje-e-slovenski-i-nema-da-imaat-pravo-na-aleksandar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-so-shokantni-izjavi-za-makedonija-kje-go-smenat-ustavot-i-imeto-jazikot-kje-e-slovenski-i-nema-da-imaat-pravo-na-aleksandar/#respond Tue, 11 Sep 2018 10:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=99336

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во дебатата со европратениците не одговори директно на прашањето на грчкиот европратеник од Нова Демократија, Манолис Кефалојанис, за тоа како ќе се нарекува јазикот и националноста на Македонија ако биде усвоен Преспанскиот Договор. - Се надевам дека сѐ ќе оди по план и дека за неколку месеци земјата ќе го смени името и Уставот, дека ќе биде Северна Македонија, изјави Ципрас. Потоа тој го праша Кефалојанис „како досега ја нарекуваа државата во Европскиот Парламент“? - Сите овие претходни години, кога беше претходникот на Заев на власт, господинот Груевски кога доаѓаше во Европарламентот, како го нарекуваа? Вашите колеги, како го нарекуваа? Дали мнозинството во ЕПП го нарекуваа „од Скопје“? Ова е Европскиот Парламент, не можеме да се однесуваме како во грчкиот Парламент и да ја сметаме оваа тема за табу, да ја закопуваме главата во песок. Знаете дека со години ја стававме главата во песок, 140 земји, меѓу нив и најмоќните како САД, Кина, Русија, ја признаа оваа земја под нејзиното уставно име, а тоа име е само Македонија. Сите лидери ја нарекуваа Македонија и никој не изгледаше иритирано. Не се жалите што и покрај тоа Заев и неговите граѓани доаѓаат во Грција, и тоа е добро што доаѓа на нашето крајбрежје и ја помагаа нашата економија, но влегуваа во Грција со пасош на кој стои Република Македонија. Ако ја смениме ситуацијата тие ќе доаѓаат како граѓани на Северна Македонија, рече тој. Грчкиот премиер истакна дека отсега ќе биде јасно дека Македонија не може да претендира на „античкото грчко македонско наследство“. - Не знам дали е ова значајно, но со години Груевски, кој и припаѓа на националистичката екстремна десница ја наполни својата земја со споменици од Александар Велики, во секој град, на секој плоштад и многу други симболи на античка грчка Македонија. Во иднина никој нема да има право тоа да го прави, ни сегашниот, ни идните премиери нема да имаат право да велат дека Александар Велики е дел од нивното наследство. Нели е значајно ова за вас?, му одговори Ципрас на Кефалојанис. Уште поважно, како што посочи Ципрас, секој премиер на оваа земја ќе потврди дека неговата земја е словенска и неговиот јазик словенски. -Досега тоа не се случило, додаде грчкиот премиер. Ципрас ги критикуваше двете опозициски партии во Грција и Македонија, кои двајцата премиери ги обвинуваат за „предавство“. - Заев и јас сме обвинувани во нашите земји дека сме предавници. Мицотакис и Мицкоски, кои му припаѓаат на ЕПП, нѐ обвинуваат со потполно истите аргументи, адаптирани на земјата дека сме предавници и договорот е штетен. Не мислите дека бидејќи двајцата конзервативни лидери нѐ обвинуваат дека сме предавници тоа веројатно значи дека и јас и Заев правиме нешто добро, го отвораме патот кон мирот, перспектива за соработка и мирна иднина, историска иднина и на тоа сум многу горд, рече Ципрас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-so-shokantni-izjavi-za-makedonija-kje-go-smenat-ustavot-i-imeto-jazikot-kje-e-slovenski-i-nema-da-imaat-pravo-na-aleksandar/feed/ 0
Грчките медиуми очекуваат позитивен одговор од Заев за „Република Северна Македонија“ ерга омнес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-ochekuvaat-pozitiven-odgovor-od-zaev-za-republika-severna-makedonija-erga-omnes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-ochekuvaat-pozitiven-odgovor-od-zaev-za-republika-severna-makedonija-erga-omnes/#respond Thu, 07 Jun 2018 08:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=63189

Во исчекување на телефонскиот разговор и позитивниот одговор од Заев, е најчестиот коментар, но и наслов во грчките медиуми во однос на евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција. Новинарите во Грција, прогнозираат, повикувајќи се на свои информации, но и на информациите пласирани во македонските медиуми во изминатиот период дека телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери би можел да се случи во следните денови. Некои од медиумите коментираат дека се во прашање часови, други дека се во прашање денови за да се затвори долгогодишниот проблем меѓу Македонија и Грција. Употребата на името, односно ерга омнес е главното прашањето на кое што, според грчките медиуми, Атина очекува позитивен одговор од премиерот Заев. Во однос на името, и покрај тоа што ниту македонската ниту грчката страна, јавно и официјално не ги отвораат картите дали постои договор, медиумите во Грција, веќе неколку денови тврдат дека е договорено „Република Северна Македонија“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, преговорите меѓу двете земји, во изминатите денови се тема на препукувања меѓу грчката влада и опозициската Нова демократија. Од опозициската партија, ја обвинуваат владата дека „за да се задржи на власт е подготвена да направи тешки национални отстапки“, на што од кабинетот на Ципрас одговорија дека Нова демократија се обидува да ги подели Грците и побараа одговор од конзервативната партија, дали прифаќа сложено име. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-ochekuvaat-pozitiven-odgovor-od-zaev-za-republika-severna-makedonija-erga-omnes/feed/ 0
Исполнета е желбата на Заев и Ципрас: Поставени таблите „Пријателство“ на автопатот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispolneta-e-zelbata-na-zaev-i-cipras-postaveni-tablite-prijatelstvo-na-avtopatot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispolneta-e-zelbata-na-zaev-i-cipras-postaveni-tablite-prijatelstvo-na-avtopatot-foto/#respond Sat, 03 Mar 2018 10:25:16 +0000 http://kurir.mk/?p=26870

На Автопатот Табановце - Богородица, кој води од границата со Србија до границата со Грција поставени се таблите со новото име „Пријателство“. Поставувањето на таблите следи по одлуката за промена на името на автопатот „Александар Македонски“ кое беше најавена по средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос. Одлуката за промена на името на автопатот „Александар Македонски“ во автопат „Пријателство“ Владата ја донесе на средината од минатиот месец. Покрај автопатот кој доби нови име, ново име има и аеродомот во Скопје кој е преименуван во Меѓународен аеродром „Скопје“. Изминатиот викенд согласно одлуката за промена на името беа отстранети буквите од натписот „Александар Велики„, а ноќта меѓу 28 февруари и 1 март беше отстранет и споменикот на Александар Македонски што беше поставен во зградата на Аеродромот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispolneta-e-zelbata-na-zaev-i-cipras-postaveni-tablite-prijatelstvo-na-avtopatot-foto/feed/ 0
Ципрас од Владата на Заев очекува конкретни чекори за промена на името и отстранување на споменици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-od-vladata-na-zaev-ochekuva-konkretni-chekori-za-promena-na-imeto-i-otstranuvanje-na-spomenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-od-vladata-na-zaev-ochekuva-konkretni-chekori-za-promena-na-imeto-i-otstranuvanje-na-spomenici/#respond Sat, 30 Dec 2017 10:22:39 +0000 http://kurir.mk/?p=4331

Чекори кон заемно прифатлив договор, промена на името на аеродромот во Скопје, отстранување на спомениците што алудираат на иредентизам, јавна изјава за прифаќање на сложено име за севкупна употреба, се барањата од официјална Атина до Македонија за да се затвори спорот со името, според грчкиот весник „Real news“. Искусниот новинар во неговиот текст ги пренесува размислувањата на грчкиот премиер и што тој очекува од Македонија, без притоа да станува збор за официјална изјава на Алексис Ципрас за весникот. - Порака до Скопје да преземе конкретни чекори, за да има договор во прашањето за името и да може соседната земја да се интегрира, прво во НАТО, а потоа во ЕУ упатува Алексис Ципрас. „Направете чекори кон взаемни прифатлив договор“ –му пренесува на Скопје, грчкиот премиер, бидејќи Атина, од владата на Заев очекува во пракса, а не на зборови да направи потези, за да може да започне суштински разговор во прашањето за името, пишува „Real news“. Овие чекори, односно барањата од грчката до македонската страна, според весникот се конкретни и се однесуваат на: промена на името на скопскиот аеродром, отстранување на спомениците кои имаат иредентистички тенденции, како оние на Александар и Филип, но и јавен став од Скопје дека прифаќа разговор за сложено име за севкупна употреба. Ерга омнес е точката што е особено важна за Атина. - На преговарачката маса со специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, собрани се сите имиња што биле споменати во досегашните разговори. Атина не ги гледа позитивно имињата како „Северна„, „Горна“ или „Нова“, кои што ги спомена вицепремиерот Анѓушев, бидејќи алудираат на 2 или повеќе Македонии. Вреди да се спомене дека членови на владата во Атина позитивно го гледаат предлогот „Македонска Република Скопје“, што како што откри Теодорос Пангалос, тој му го предложил на тогашниот МНР Андонис Самарас во владата на Мицотакис, открива грчкиот неделник во денешното издание и пишува дека доколку нема конкретни чекори од македонска страна, Грција нема да влезе во суштински разговори за името. Но, доколку од Скопје има искрено расположение за компромис, тогаш, Ципрас со помош на Коѕијас се чини дека е решен да направи чекор кон решение во првата половина на 2018, пред НАТО Самитот. И покрај последните случувања во Грција и несогласувањата во внатрешноста на земјата околу позициите за името, особено по негативниот став на коалициониот партнер Панос Каменоси, според весникот, во кабинетот на Алексис Ципрас не постои загриженост во однос на тоа дали евентуалниот договор би добил зелено светло од грчкиот парламент, ниту пак размислуваат за сценариото за пад на владата поради спорот со името. Владини претставници сметаат дека договорот би бил изгласан со помош на пратеници од опозициските партии, а грчкиот премиер на тет а тет средба со Панос Каменос ќе се обиде да најде формула за договор меѓу коалиционите партнери. Токму ставот на Каменос и барањето за свикување лидерска средба во претседателската палата на која би се одредиле грчките црвени линии за името Атина отвори жестока дебата во Грција во изминатиот период. Алексис Ципрас не е категоричен за ваквата можност, според „Real news“, но би можел да се соочи со потешкотии поради ставовите на лидерите на Независни Грци и Нова демократија. Каменос не прифаќа сложено име со терминот Македонија, а Мицотакис нема да даде поддршка, доколку владата е со различни позиции. - Надлежни извори, пренесуваат дека штом постои договор во контактите на премиерот со претседателите на политичките партии за скопското прашање, тогаш веројатно нема да биде потребно свикување лидерска средба, туку ќе се следи моделот што беше применет во пресрет на разговорите за кипарскиот проблем. Алексис Ципрас да има одделни средби со лидерите на партиите, пишува грчкиот весник во денешната анализа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-od-vladata-na-zaev-ochekuva-konkretni-chekori-za-promena-na-imeto-i-otstranuvanje-na-spomenici/feed/ 0