цивили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 19:34:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цивили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Блинкен ќе разговара за „конкретни чекори“ со Израел за помош на цивилите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=895931

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен за време на неговата претстојна посета на Тел Авив ќе разговара за чекорите што Израел „може и треба“ да ги преземе за да се минимизираат цивилните жртви. - Ќе разговараме за конкретни чекори што може и треба да се преземат за да се минимизира штетата за мажите, жените и децата во Газа, а тоа е нешто на што се посветени САД, рече Блинкен. Стејт департментот соопшти дека Блинкен се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други лидери на израелската влада. - Кога ќе видам палестинско дете, момче или девојче, извлечено од под остатоците на урната зграда, тоа ме погодува исто како да гледам дете во Израел или на кое било друго место. Значи, тоа е нешто на што имаме обврска да одговориме и ќе го направиме, рече тој. Одговарајќи на прашање дали Израел покажал воздржаност во офанзивата во Газа, Блинкен само го повторил правото на Израел да се брани и „одговорноста да направи се што е можно за да ги заштити цивилите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/feed/ 0
Хамас: Во израелските напади синоќа и утринава загинаа повеќе од 70 цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-vo-izraelskite-napadi-sinoka-i-utrinava-zaginaa-poveke-od-70-tsivili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-vo-izraelskite-napadi-sinoka-i-utrinava-zaginaa-poveke-od-70-tsivili/#respond Mon, 23 Oct 2023 09:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=892134

Најмалку 70 Палестинци загинаа во нападите на израелската армија извршени синоќа и утринава во Појасот Газа, соопшти Хамас, движењето кое е на власт на таа палестинска територија. „Повеќе од 60 маченици паднаа во нападите синоќа“, соопшти канцеларијата за медиуми на владата на Хамас. Министерството за здравство на Хамас пак соопшти дека најмалку десет тела биле извлечени од урнатините по нападот утринава во кој беше уништена куќа во Деир ал Балах во центарот на Појасот Газа. Хамас наведе дека 17 луѓе биле убиени во куќа во Џабалија, на северот на територијата, а 25 во напади во централниот сектор на Појасот Газа. Според податоците на владата на Хамас објавени вчера, пред овие нови напади, повеќе од 4.600 луѓе, главно цивили, меѓу кои речиси 1.900 деца, загинале од почетокот на војната во таа палестинска енклава. Израелската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта погодила „повеќе од 320 воени цели“, инфраструктурата на Хамас и нивниот сојузник Исламски џихад.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-vo-izraelskite-napadi-sinoka-i-utrinava-zaginaa-poveke-od-70-tsivili/feed/ 0
Израелска полиција: Од вкупно 1.033 тела на израелски цивили, идентификувани се 765 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-politsija-od-vkupno-1-033-tela-na-izraelski-tsivili-identifikuvani-se-765/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-politsija-od-vkupno-1-033-tela-na-izraelski-tsivili-identifikuvani-se-765/#respond Sat, 21 Oct 2023 18:39:51 +0000 https://kurir.mk/?p=891722

Од 1.033 тела на израелски цивили убиени во нападот на Хамас на 7 октомври, идентификувани се 765 или 74 отсто од нив, соопшти израелската полиција. Полицијата соопшти дека 668 тела веќе се предадени на семејствата заради погреб. „Илјадници полицајци работеа во смени, 24 часа на ден, седум дена во неделата и се уште учествуваат во тешката работа за идентификација“, соопшти полицијата. Тие укажуваат дека некои тела биле многу изгорени или уништени, што ја отежнува идентификацијата. Израелските одбранбени сили (ИДФ), исто така, идентификуваа околу 300 војници кои беа убиени во судирите со Хамас на границата со Газа. Според официјалните податоци, повеќе од 1.300 израелски цивили и војници загинале во нападот на Хамас. Премиерот Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека бројот на загинати во нападот на Хамас е најмалку 1.400, а можеби и поголем.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-politsija-od-vkupno-1-033-tela-na-izraelski-tsivili-identifikuvani-se-765/feed/ 0
Фон дер Лајен: Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-nema-opravduvane-da-se-pogodi-bolnitsa-polna-so-tsivili-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-nema-opravduvane-da-se-pogodi-bolnitsa-polna-so-tsivili-vo-gaza/#respond Wed, 18 Oct 2023 07:31:22 +0000 https://kurir.mk/?p=890153

„Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили“ во Газа, нагласи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ, додавајќи дека „треба да се утврдат фактите“ за трагедијата. Претседателката на ЕК, говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, рече дека експлозијата во текот на ноќта што ја погоди болницата во Газа, при што загинаа најмалку 200, ја претворила во „огнен пекол“. „Сите кои се виновни мора да одговараат“, рече таа, без да ја префрли вината за нападот кон кој било во конфликот меѓу Израел и Хамас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-nema-opravduvane-da-se-pogodi-bolnitsa-polna-so-tsivili-vo-gaza/feed/ 0
ОН изразија загриженост за цивилите во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrazija-zagrizhenost-za-tsivilite-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrazija-zagrizhenost-za-tsivilite-vo-pojasot-gaza/#respond Fri, 13 Oct 2023 19:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=888671

Обединетите нации изразуваат длабока загриженост за сите цивили во Појасот Газа, откако Израел му нареди на целото население да го напушти северот, поради тековните воздушни напади и продлабочената хуманитарна криза. Портпаролот на ОН Стефан Дијарик рече дека се очекува околу 1,1 милион луѓе да го напуштат северниот дел на Газа, додавајќи дека истата наредба се однесува на целиот персонал на ОН и на оние што се сместени во објектите на ОН, вклучувајќи училишта, здравствени центри и клиники. Од ОН посочија дека двете главни болници на северот на Појасот Газа, индонезиската болница и Шифа, веќе го надминаа вкупниот капацитет од 760 кревети, а болниците на југот на Газа исто така се „пренатрупани“. ОН нагласија дека преместувањето на пациентите, како што се сериозно повредени возрасни, деца и доенчиња на интензивна нега, за нив ќе биде „смртна казна“. ОН, исто така, ги повторија своите повици за итно ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, како и заштита на цивилите и итен пристап до помошта до енклавата. Советот за безбедност на ОН треба да се состане денеска во Њујорк зад затворени врати за да разговара за ситуацијата во Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrazija-zagrizhenost-za-tsivilite-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Кирби: Евакуацијата на цивилите од Газа за 24 часа е тешка задача https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-evakuatsijata-na-tsivilite-od-gaza-za-24-chasa-e-teshka-zadacha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-evakuatsijata-na-tsivilite-od-gaza-za-24-chasa-e-teshka-zadacha/#respond Fri, 13 Oct 2023 18:10:19 +0000 https://kurir.mk/?p=888649

Предупредувањата на израелската војска дека околу 1,1 милион цивили во северниот дел на Газа треба да бидат евакуирани на југ од енклавата во следните 24 часа е тешка задача, изјави координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност Џон Кирби. Притоа тој избегна да ги критикува израелските одбранбени сили, јавија британските медиуми. -Ние разбираме што се обидуваат да направат: сакаат да ги извлечат цивилите од опасност и да им дадат фер предупредување, рече Кирби. Тој нагласи дека сега е сè уште многу тешко, бидејќи имаме работа со повеќе од милион луѓе и многу урбана, густо населена средина. -Тоа е веќе борбена зона, па мислам дека никој не треба да го потцени предизвикот за извршување на таа евакуација, рече тој. Кирби истакна дека САД не сакаат да гледаат повредени цивили. -Очигледно, колку повеќе време имаат тие луѓе, толку ќе е подобро, рече американскиот функционер. Кирби додаде дека САД продолжуваат да се залагаат за безбедно излегување од Газа и дека се во континуирана дискусија со израелските и египетските власти за тоа. ОН веќе објавија дека наредбата за масовна евакуација е невозможна без поголеми хуманитарни последици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-evakuatsijata-na-tsivilite-od-gaza-za-24-chasa-e-teshka-zadacha/feed/ 0
Кирби: САД не сакаат цивилите да гинат ниту во Газа, ниту во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-sad-ne-sakaat-tsivilite-da-ginat-nitu-vo-gaza-nitu-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-sad-ne-sakaat-tsivilite-da-ginat-nitu-vo-gaza-nitu-vo-izrael/#respond Tue, 10 Oct 2023 16:36:06 +0000 https://kurir.mk/?p=887560

САД не сакаат никаде да гинат невини цивили вклучително и во Газа и во Израел, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби. - Фокусирани сме да се осигураме дека Израел го има она што му е потребно за да се одбрани и да дејствува против Хамас, а првата транша од воената помош е на пат за Израел додека зборуваме, наведе Кирби во интервју за Си-ен-ен. На прашањето дали САД го предупредиле Израел за цивилни жртви, Кирби одговори: „Не сакаме невини цивили да умираат насекаде во светот, а тоа секако ги вклучува Газа и Израел“. - Хамас веќе уби премногу невини цивили од почетокот на нападот врз Израел во саботата, додаде Кирби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-sad-ne-sakaat-tsivilite-da-ginat-nitu-vo-gaza-nitu-vo-izrael/feed/ 0
ОН: Во Украина досега убиени речиси 10.000 цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-ukraina-dosega-ubieni-rechisi-10-000-tsivili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-ukraina-dosega-ubieni-rechisi-10-000-tsivili/#respond Tue, 15 Aug 2023 17:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=867092

Високиот комесаријат за човекови права при ОН (ОХЦХР) денеска соопшти дека речиси 10.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина. Новиот извештај објавен денеска потврди дека 9.444 цивили се убиени, а 16.940 се повредени откако Русија ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Во извештајот се наведува и дека досега се убиени 500 деца, но се додава дека вистинската бројка на загинати е веројатно многу поголема. ОХЦХР потенцира дека бројките не се целосни бидејќи недостасуваат податоци од бројни региони, а тоа особено се однесува на градовите како што се Марупоље Лисичанск или Северодонецк, кои беа окупирани од руските војници по долг период на тежок конфликт, па затоа е потешко да се добие информации и бројки. Се стравува дека во Киев се убиени повеќе Украинци отколку што покажуваат официјалните податоци. Според податоците со кои располага ОН, огромното мнозинство луѓе, од кои 7.339, загинале во областите на Украина кои беа гранатирани од Русија и кои ги бранеше украинската армија. Во регионите окупирани од руските воени сили беа убиени 2105 луѓе. Во завојуваните области Доњецк и Луганск на истокот на земјата, има значително повеќе жртви од двете страни на линијата на фронтот отколку во главниот град Киев, во централна и западна Украина. Извештајот на ОН покажува и дека повеќе цивили биле убиени во првите месеци од војната. Според податоците на ОН, меѓу 170 и 180 цивили умреле месечно во пролетта и летото 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-ukraina-dosega-ubieni-rechisi-10-000-tsivili/feed/ 0
ОН: Околу 9.300 цивили убиени во Украина од почетокот на војната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-okolu-9-300-tsivili-ubieni-vo-ukraina-od-pochetokot-na-vojnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-okolu-9-300-tsivili-ubieni-vo-ukraina-od-pochetokot-na-vojnata/#respond Tue, 18 Jul 2023 08:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=857610

Според потврдени податоци на Обединетите нации, од почетокот на руската инвазија врз Украина во земјата се убиени околу 9.300 цивили, а над 16.300 се повредени, јави украинската агенција Укринформ. -Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (од почетокот на руската инвазија), 9.287 цивили се убиени, а 16.384 се повредени, главно во гранатирање од страна на руските вооружени сили, изјави заменик генералниот секретар на ОН за политички прашања, Розмари Дикарло, на седница на Советот за безбедност. Податоците на ОН покажуваат дека 537 од загинатите и 1.117 од повредените се деца. Дикарло појасни дека ова се само потврдени бројки и веројатно реалниот број на жртви е далеку поголем. Таа додаде дека Украина е земја со најголем број убиени и повредени деца и најголем број напади врз училишта и болници во 2022 година. Мисијата на ОН за човекови права во Украина извести дека во последните 500 дена биле убиени три пати повеќе цивили отколку во борбите во источна Украина во последните осум години, додава Укринформ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-okolu-9-300-tsivili-ubieni-vo-ukraina-od-pochetokot-na-vojnata/feed/ 0
НВО: Американската полиција лани уби рекорден број цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-amerikanskata-policija-lani-ubi-rekorden-broj-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-amerikanskata-policija-lani-ubi-rekorden-broj-civili/#respond Wed, 04 Jan 2023 09:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=783689

Американската полиција минатата година убила најголем број луѓе во модерната историја на земјата, според непрофитна организација која следи и објавува податоци за смртоносното полициско насилство од 2013 година. Податоците од организацијата „Мапирање на полициско насилство“ за 2022 година покажаа дека полицајците убиле дури 1.176 лица, што е најголема бројка што организацијата досега ја забележала. Самуел Синјангве, креаторот на проектот, рече дека бројката ги вклучува сите убиени од полицијата, со огнено оружје или со други средства. Според организацијата, полицијата во 2022 година убивала по 3,2 лица дневно, а во целата година имало само 12 дена во кои не била пријавена фатална средба со полицијата. Повеќе од една третина од жртвите биле убиени за време на рутински запирања во сообраќајот, при проверки на менталното здравје и благосостојба или други ненасилни прекршоци. Сите три причини за полициска акција се цел на реформи во неколку држави, со оглед на тоа што се покажа дека се смртоносни за цивилите, особено за оние кои не се белци. Податоците на организацијата покажуваат дека црнците сочинувале непропорционален дел од полициските жртви минатата година, со 24 отсто од загинатите, и покрај тоа што сочинуваат нешто повеќе од 13 отсто од населението. Еден од тројца убиени од полицијата бегале од полицијата во моментот на нивната смрт, при што Црнците, Хиспанците, Индијанците и жителите на Пацифичките острови имаат 5 до 8 отсто поголеми шанси да бидат убиени додека бегаат или при возење отколку белците. Најалармантен податок е бројот на полицајци кои одговарале за убиствата. Иако некои од најпознатите случаи на полициска бруталност резултираа со пресуди во последниве години, вклучувајќи го и оној против Дерек Шовин во 2021 година, сè уште нема правни последици за повеќето полицајци. Според податоците, 98,1 отсто од полициските службеници одговорни за смртта на граѓани во периодот од 2013 до 2022 година не се соочиле со обвиненија. Помалку од 0,3 отсто од полицајците се осудени. Петте полициски одделенија во земјата со најмногу фатални инциденти се лоцирани во некои од најгусто населените градови. Полициската управа во Лос Анџелес е на врвот на листата со 15 убиства минатата година, а по неа е полициската управа во Хјустон со 14 и полициската управа на Њујорк со 13. Припадниците на полицискиот оддел во Албакерки и полициската управа на Феникс убиле 11, односно 10 лица. Иако 2022 година беше рекордна, податоците покажуваат дека полициското насилство е во пораст на национално ниво од 2019 година. Минатата година полицијата убила 1.140 луѓе, што е само пет смртни случаи помалку од претходниот рекорд поставен во 2018 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-amerikanskata-policija-lani-ubi-rekorden-broj-civili/feed/ 0