цивилна инфраструктура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Aug 2022 06:56:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цивилна инфраструктура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД: Русија планира зајакнување на нападите врз цивилната инфраструктура во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-rusija-planira-zajaknuvanje-na-napadite-vrz-civilnata-infrastruktura-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-rusija-planira-zajaknuvanje-na-napadite-vrz-civilnata-infrastruktura-vo-ukraina/#respond Tue, 23 Aug 2022 06:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=722428

Американскиот Стејт департмент издаде безбедносно предупредување дека Русија ги засилува напорите да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти на Украина во наредните денови. Амбасадата на САД во Киев ги повика американските граѓани кои се уште се во Украина веднаш да ја напуштат земјата. „Ако слушнете силна експлозија или ако се активираат сирените, веднаш побарајте засолниште“, советува Стејт департментот. „Ако сте во дом или зграда, одете на најниското ниво на структурата со најмалку надворешни ѕидови, прозорци и отвори; затворете ги сите врати и седнете во близина на внатрешен ѕид, подалеку од какви било прозорци или отвори“. Стејт департментот го издаде предупредувањето откако американската разузнавачка заедница вчера го декласифицираше откритието, според кое Русија сè повеќе ќе ја таргетира украинската цивилна инфраструктура. „Имаме информации дека Русија ги засилува подготовките и ќе изврши напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти во наредните денови. Со оглед на руските резултати во Украина, загрижени сме поради континуираната закана што руските напади ја претставуваат за цивилите и цивилната инфраструктура, изјави американски функционер. близок до разузнавачките кругови. Изјавата ја дал под услов да не биде именуван, бидејќи не бил овластен да зборува јавно. Тој уште рече дека изјавата е заснована на оценката на нижите нивоа на американските разузнавачки служби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-rusija-planira-zajaknuvanje-na-napadite-vrz-civilnata-infrastruktura-vo-ukraina/feed/ 0