црева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Nov 2022 15:50:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Често го користите, а не сте ни свесни за ПОСЛЕДИЦИТЕ: Овој зачин може да предизвика проблеми со ЦРНИОТ ДРОБ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chesto-go-koristite-a-ne-ste-ni-svesni-za-posledicite-ovoj-zachin-moze-da-predizvika-problemi-so-crniot-drob/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chesto-go-koristite-a-ne-ste-ni-svesni-za-posledicite-ovoj-zachin-moze-da-predizvika-problemi-so-crniot-drob/#respond Fri, 18 Nov 2022 15:49:16 +0000 https://kurir.mk/?p=762674

Иако е здрав, доколку често се користи може да има негативни ефекти. Куркумата ја користиме за приготвување разни готвени јадења, но не треба да претеруваме со нејзината употреба. Истражувањата покажаа дека може да предизвика проблеми со црниот дроб, па затоа треба да внимавате на количината што ја користите. Освен за готвење, куркумата традиционално се користи како антиинфламаторно средство и се верува дека има антиоксидантни својства. Но, освен жолтите дамки на рацете од овој зачин, не се зборуваше многу за други негативни ефекти од земањето куркума – до неодамна. Во научна студија објавена на 22-ри октомври во Американскиот весник за медицина, истражувачите ја анализирале корелацијата помеѓу внесот на куркума и ризикот од оштетување на црниот дроб. Според студијата, истражувачите откриле вкупно 16 случаи на оштетување на црниот дроб поврзано со куркума кај луѓето кои учествувале во студијата од 2011 до 2022 година. Степенот на овие оштетувања, наводно, се движел од умерени до тешки, што довело до пет хоспитализации, па дури и една смрт поради акутно оштетување на црниот дроб. Понатамошните хемиски анализи потврдиле дека тројца од овие пациенти консумирале и куркума во комбинација со црн пипер, состојка која многу експерти советуваат да се комбинира со куркума бидејќи му помага на телото поефикасно да ја свари. Што тврдат другите студии? Иако наодите од оваа студија можеби не изгледаат многу убедливи, поврзаноста помеѓу конзумирањето на куркума и повисокиот ризик од оштетување на црниот дроб не треба да се игнорира. Ова не е прва студија која открива таква врска. Имало два одвоени случаи на возрасни кои имале оштетување на црниот дроб предизвикано од третман со куркума, опишани во 2021 година во „International Medical Case Reports Journal“. Истата година, во Тоскана биле забележани уште неколку случаи на оштетување на црниот дроб поради консумирање куркума. Овие студии и извештаи не треба нужно да предизвикаат никаква загриженост или аларм, бидејќи оштетувањето на црниот дроб како директен резултат на консумирање куркума е сè уште многу ретко. Меѓутоа, ако вие или некој што го познавате често користи куркума во својата исхрана или додатоци, би било паметно да се консултирате со лекар или диететичар пред да додадете уште една лажица од овој зачин во вашето кафе или храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chesto-go-koristite-a-ne-ste-ni-svesni-za-posledicite-ovoj-zachin-moze-da-predizvika-problemi-so-crniot-drob/feed/ 0
Овие 3 житарки се мелем за цревата: Го стимулираат и подобруваат варењето и дигестивниот систем https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-3-zitarki-se-melem-za-crevata-go-stimuliraat-i-podobruvaat-varenjeto-i-digestivniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-3-zitarki-se-melem-za-crevata-go-stimuliraat-i-podobruvaat-varenjeto-i-digestivniot-sistem/#respond Tue, 26 Apr 2022 05:15:55 +0000 https://kurir.mk/?p=667782

Доколку долго време имате проблеми со варењето, неопходно е да ја промените исхраната и да воведете лесна храна која ќе ги ублажи проблемите поврзани со еден многу важен процес во организмот, како што е варењето. Житариците или „зрната на цивилизацијата“ како што многумина ги нарекуваат, се основата на човечката исхрана. Важноста на житариците не е само во тоа што се храна која редовно се користи, туку и во тоа што обезбедуваат најголем дел од дневниот внес на енергија. Освен што се многу здрави, житариците се полни со витамини, минерали и биоактивни материи кои ја обновуваат цревната флора и ја подобруваат работата на дигестивниот тракт. Во „морето“ житарки издвоивме три кои се мелем за цревата. 1. Јачмен Јачменот содржи скроб, протеини, целулоза, витамини и минерали. Најзастапени се витамините Б, а минералите се калиум, калциум, цинк, фосфор и магнезиум. При готвење на јачменот се ослободува слуз, кој исклучително благотворно делува на органите за варење. Поради високиот процент на растворливи и сурови растителни влакна, јачменот поволно делува на регулација на холестеролот во крвта, но и на дигестивни проблеми. 2. Ориз Во споредба со другите житарки, оризот има најголема енергетска вредност, па брзо носи енергија и обезбедува подолго чувство на ситост. Поради својата хранлива вредност, тој е исклучително корисен за нервниот систем и варењето. Не содржи глутен и е најмалку алергенска житарка. Влакната од мембраната на зрното ориз го стимулираат празнењето на цревата. Вклучете интегрален ориз во вашето мени заедно со друга храна богата со растителни влакна и ферментирани млечни производи, за да ја подобрите цревната флора. 3. Киноа Ова растение е познато и како мајка на сите житарки. Постојат повеќе од сто видови киноа, но најкористените ширум светот се белата, црвената и црната киноа. Инаку, киноата е псевдожитарка, но нутритивно се третира како цело зрно, што значи дека при подготовката не се отстранува дел од неа. Киноата е значаен извор на растителни влакна кои имаат корисен ефект врз метаболизмот и варењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-3-zitarki-se-melem-za-crevata-go-stimuliraat-i-podobruvaat-varenjeto-i-digestivniot-sistem/feed/ 0