црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 12:09:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил: Се молиме и посакуваме вашата Црква да стекне автокефалност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-se-molime-i-posakuvame-vashata-tsrkva-da-stekne-avtokefalnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-se-molime-i-posakuvame-vashata-tsrkva-da-stekne-avtokefalnost/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=882776

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, во присуство на голем број верници ја одбележа втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен крст Господов – Крстовден. Во манастирот беа присутни и митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил и епископот Дремвицки г. Давид. - Исклучителен благослов за годинешнава слава на оваа Свештена Обител на славниот Великомаченик е присуството на нашиот драг и возљубен во Христа брат и сослужител, Високопреосветениот Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил. Светиот Имвроски, пожртвуван и трудољубив работник на Господа и докажан пријател и спомагател на нашата Црква, ни доаѓа за празникот на Чесниот Крст од една распната Црква, но која постојано го навестува и го живее Воскресението. Ни доаѓа од Мајката Црква Константинополска, која се распнува и бдее за своите рожби, за тие да напредуваат во добро и да растат во слобода и вистина. Навистина неизречива е нашата благодарност кон Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, што повторно ни го испрати својот татковски благослов преку Архиерејот на неговиот роден Имврос, рече во обраќањето епископ Антаниски г. Партениј. Тој додаде дека посебна радост претставува и присуството на Преосветениот Дремвицки г. Давид, викарен Епископ на Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан. - Со Светиот Дремвицки се знаеме долги години, уште од почетокот на обновувањето на монашкиот живот кај нас. Впрочем, тој е една од првите рожби на возобновеното општежително монаштво во нашата татковина и тоа ја прави нашата чест уште поголема што го имаме вечерва заедно со нас. Ерудит, елоквентен теолог, поет на црковното слово, врз кого во еден дел од неговиот живот исто така падна неблагопријатниот товар на денешните мачни состојби во Православието, нагласи г. Партениј. Епископот Дремвицки г. Давид, рече дека ја споделувам истата радост со Преосвештениот Епископ Партениј, што денес тука е присутен Високопреосвештениот Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил, којшто ни доаѓа од Великата Црква Христова, од распнатата Константинополска Патријаршија, којашто секогаш е верен сведок на Воскресението Христово и од којашто на мнозина им блеснала светлината на Светото Евангелие. - Денес сме заедно со него на оваа Вечерна богослужба, којашто трогателно, молитвено блеска со црковно благолепие. Оваа вечерна богослужба и Литургијата на којашто, со Божја помош, утре ќе се причестиме, сведочат за единството на нашата помесна Црква, за единството и соборноста коишто, како што на сите многу добро ви е познато, не се само некаков непотребен надворешен украс за Црквата, туку се самата суштина на Црквата, без коишто Црквата и не би можела да се именува како Црква. И затоа сите сме должни, со саможртвена љубов токму овие соборност и единство да ги чуваме како зеница во окото, посочи тој. Во своето слово на вчерашната Божествената Литургија, Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирик порача дека „нашиот живот е крстовоскресен, христијани мои. Го понесуваме својот крст, за да стасаме до воскресението. И се молиме и бараме силата на Чесниот Крст да нè поткрепи во тоа“ - Преосвештени браќа, свети архијереи, г. Давиде и г. Партениј, сечесни отци и почитувани браќа и сестри, возљубени Старици и монахињи, ги имам радоста и благословот да доаѓам од еден друг врв на распетието – сечесниот врв на Вселенската Патријаршија, којашто е распната веќе стотици години. Но, среде своето распетие, таа им го дарува воскресението на сите други. И тоа ние го живееме секој ден. И вие го живеете тоа овој период уште поистакнато. Вселенската Патријаршија ви подари каноничност на Црквата, по една агонија од многу години. Распнатата жртвена прегратка на Константинопол ве прегрна и вас, вашата Татковина. И дојдовме до овој најубав момент – денеска да бидеме овде сите тројца архијереи заедно, во каноничноста на Црквата и да се причестуваме со едниот Христос, со Телото и Крвта Христови. И да се молиме и да посакуваме добриот Бог, под покровот на Чесниот Крст, да ги доведе во ред сите нешта, така што да завршат проблемите, и вашата Црква да ја стекне својата автокефалност, посака г. Кирил. Според сестрите особена чест предизвикувало тоа што тој го носел штедриот благослов од Првопрестолната Црква во православието, возглавена од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој ја врати нашата Помесна Црква во канонско единство со одлуката од 9 мај 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-se-molime-i-posakuvame-vashata-tsrkva-da-stekne-avtokefalnost/feed/ 0
Во велешко Долно Оризари се обновува црква од 14 век „Рождество на Пресвета Богородица“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshko-dolno-orizari-se-obnovuva-tsrkva-od-14-vek-rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshko-dolno-orizari-se-obnovuva-tsrkva-od-14-vek-rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa/#respond Thu, 21 Sep 2023 15:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=880382

Во велешко Долно Оризари се обновува црква од 14 век „Рождество на Пресвета Богородица“. На празникот на Рождество на Пресвета Богородица Црковниот одбор за обнова на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ кај селото Долно Оризари во близина на Велес, денеска во присуство на свештеник од Епархијата Повардарска го одбележа празникот со светење на вода и делење на славски колач. Присуствуваа голем број на православни верници од населбата Превалец и Велес, како и годинешните кумови. Благој Јанев Шандуп и неговиот брат Петар Јанев за МИА раскажаа дека црквата ја паметат како деца, која тогаш одржувана од некоја жена се до 60 -тите години на 20 век. Петре Ставроски од Црковниот одбор за обнова на овој православен храм информира дека тој и неговите сожители околу 20 години правата напори да го изградат, а потоа и да го фрескоживописат овој свет храм кој потекнува од 14 век и за кого има пишан документ дека се викал „Свети Руса“ маченичка која црквата не ја признава, па затоа одлучиле да го носи името „ Рождество на Пресвета Богородица“. Тој појасни дека црквата тие самите со свои донации и работна сила самите ја обновуваат некаде од 2005 година до денес, а документ за нејзина обнова добиле од 9 јули 2007 година. Тој информира дека тие затекнале само затрупан храм од кој нашле само стари ѕидови кои се оставени во внатрешноста на црквата и олтар ќе паднал па бил нанови ѕидан. Во внатрешноста на црквата стои и стариот камен под, а од предмети нашле само една брава и клуч.Оваа црква имала и свој црковен имот од 2,05 хектари. Од Црковниот одбор пред да започнат со обвновата на овој свет храм на увид повикале стручни лица од Народниот музеј во Велес кој ја утврдиле староста на црквата и за кој храм станува збор и што да се зачува, а побарале и пишани документи од Историскиот архив во Велес. Од Црковниот одбор информираат дека секоја финансиска помош им е добредојдена за поскоро завршување на изградбата односно доградбата на камбанарија и нејзино фрескоживописување.,како и надворешно малтерисување и уредување. Воедно оттаму ги повикуваат сите православни верници и донатори кои сакаат да дадат парични прилози за целосна обнова на овој свет храм на жиро сметка 200001766930070 во Стопанска Банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshko-dolno-orizari-se-obnovuva-tsrkva-od-14-vek-rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa/feed/ 0
Приведен крадец, расчистени пет кривични дела извршени во цркви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-raschisteni-pet-krivichni-dela-izvrsheni-vo-tsrkvi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-raschisteni-pet-krivichni-dela-izvrsheni-vo-tsrkvi/#respond Fri, 21 Jul 2023 16:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=858793

На 20.07.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишија од слобода С.А., со што се расчистени 5 кривични дела кои тој ги извршил, и тоа една тешка кражба во црква на подрачјето на Гази Баба, две тешки кражби во цркви на подрачјето на Аеродром, една тешка кражба во црква во нас. Бутел на подрачјето на Чаир и една кражба во црква во нас. Ѓорче Петров. Тој е приведен во полициска станица Гази Баба и при извршен службен разговор С.А. го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Во консултација со јавен обвинител од страна на Единицата за внатрешни работи Гази Баба во текот на денешниот ден (21.07.2023) е поднесена соодветна пријава по брза постапка и лицето е изведено пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-raschisteni-pet-krivichni-dela-izvrsheni-vo-tsrkvi/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-94/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-94/#respond Mon, 17 Jul 2023 21:01:00 +0000 https://kurir.mk/?p=857445

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители: Преподобен Атанасиј Атонски Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување... Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за потесен подвиг, се пресели на Света Гора заради безмолвие. Но околу него почнаа да се собираат мнозина ревнители кон подвижничкиот живот и тој беше принуден да ја соѕида својата славна Лавра. Во тоа изобилно му помагаа византиските цареви, најпрво Никифор Фока којшто и самиот сакаше да се замонаши и да се повлече, а потоа Јован Цимисхиј. На Свети Атанасиј навалуваа многубројни искушенија и од демоните и од луѓето, но тој како храбар Христов војник одолеваше на с ? и со својата неизмерна кроткост и непрестајна молитва кон живиот Бог сите ги победуваше. Полн со Божја благодат, се удостои да Ја види Пресвета Богородица, Којашто чудесно низведе вода од карпа и му вети дека секогаш ќе биде Икономиса (Игуманија) на манастирот. Атанасиј предничеше пред своите браќа и во работата и во молитвата и сите ги љубеше со љубов на пастир и духовен отец. Смртта му дојде ненадејно. Еднаш со шестмина монаси се искачи над една новоизградена црквена припрата да го прегледа ѕидот што се ѕидаше тогаш, но ѕидот се урна и сите ги затрупа. Така заврши овој голем светилник на монаштвото, во 980 година. По смртта повеќепати им се јавуваше на своите собраќа за да ги утеши или искара. Тропар На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови, телесно над невидливите сплетени мрежи си се воздигнал, ранувајќи ги демонските полкови, секогаш славен Атанасие, кого Христос го обдари со богати дарови. ПОради тоа, оче, моли се да се спасат душите наши. Преподобниот маченик Кипријан Нови Роден е во селото Клицос во Епир. После смртта на неговите добри родители отиде на Света Гора, се замонаши и се предаде на подвиг во една келија близу манастирот Кутлумуш. Си наложуваше труд на труд и подвиг на подвиг, дури не стана прочуен и почитуван по цела Света Гора. Но самиот не беше задоволен со себе. Го мачеше помислата дека не може да се спаси поинаку, освен преку мачеништво за Христа. Ја остави значи Света Гора, отиде во Солун, излезе пред солунскиот паша и го повика да ја отфрли лажната мухамеданска вера и да ја прими верата Христова. Пашата нареди, та го изнатепаа и го избркаа надвор. Незадоволен од тоа мало страдање за Господ Исус, Кипријан отиде во Цариград, му напиша една хартија на великиот везир во којашто ја изложи лажноста на Мухамед и вистинитоста на Господ Христос. Везирот разлутен го испрати кај шеик-ул-исламот, а овој штом го ислуша Кипријан с ? што имаше да каже, нареди да му ја отсечат главата. Радосен над секоја мера, Кипријан одеше на губилиште како на свадба. И така пострада за Христа овој Божји човек, на 5 јули 1679 година, остварувајќи си ја својата најтопла желба. Тропар Те закрепна Господ да Го исповедаш Името Негово свето, и те удостои да бидеш заедничар на Неговата вечна слава, о Кипријане преподобномачениче. Светот ја виде радоста на лицето твое, поради подвигот свет, а небесата дојавија за славата на Божјиот маченик, кој сега и за наше спасение се моли. Преподобен Лампад Имајќи огнена љубов кон Бога уште од детството, Лампад се оддалечи во пустината близу Иринопол и се посвети на подвиг. Штом ги совлада сите страсти и телесните желби, неговата душа беше просветлена од небесна светлина и со неискажлив мир којшто не е од овој свет. Чудотворец и за време на животот и по смртта. Се подвизуваше најверојатно во 10 век. Тропар Пештерата твоја ја скри тајната на твоите подвизи за Христа принесени, Лампаде свети, но ангелите ја објавија славата твоја на небесата, која ние на Бога благодарност вознесуваме, а тебе те чествуваме и молиме да бидеш застапник на нашите души пред Господа. Преподобномаченичка Елисавета Фјодоровна Светата преподобномаченичка, великата кнегиња Елисавета Фјодоровна е ќерка на Великиот херцог Хесен-Дармштадски, внука на англиската кралица Викторија. Била воспитана на англиски начин, строго: на едноставна облека и храна, на вршење куќни работи, на обемно проучување. Принцезата Елисавета особено се одликувала со љубов кон ближните, со сериозен и длабок карактер. На деветнаесет години станала жена на рускиот велик кнез Сергеј Александрович, петтиот син на царот Алексанадар II. После стапувањето во брак, постепено дошла до цврста одлука да прими Православие. Постојано ги посетувала болниците за бедните, домовите за старци, прифатилиштата за бездомни деца; раздавала храна, облека, пари, сакајќи некако да им го олесни животот на несреќните. Во 1894 година сестра ?, Алиса, се омажила за наследникот на рускиот престол, Николај Александрович, кој набргу станал цар. Во Православието таа го добила името Александра. На 18 февруари 1905 година сопругот на Елисавета Фјодоровна, Сергеј Александрович, бил убиен. Оттогаш таа не го симнала траурот, држела строг пост, многу се молела. Великата кнегиња ги собрала сите свои скапоцености и еден дел ги дала во државната благајна, еден дел на роднини, а дел употребила за изградба на обителта на милосрдието на светите Марта и Марија. Живеела строг подвижнички живот. Спиела на голи дрвени штици, тајно носела кострет, јадела само растителна храна, многу се молела, малку спиела, а сепак, на сите начини се трудела сето тоа да го држи во тајност. Во април 1918 година била уапсена и одведена во Перм. Последните месеци од својот живот ги поминала во притвор, во градот Алапаевск. Целото време го поминувала во молитва. Била убиена на 18 јули, заедно со други членови на Царскиот Дом. Тропар Смирением достоинство княжеское сокрывши, богомудрая Елисавето, сугубым служением Марфы и Марии Христа почтила еси. Милосердием, терпением и любовию себе предочистивши, яко жертва праведная Богу принеслася еси. Мы же, чтуще добродетельное житие и страдания твоя, яко истинную наставницу усердно просим тя: святая мученице великая княгине Елисавето, моли Христа Бога спасти и просветити души наша.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-94/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-89/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-89/#respond Tue, 11 Jul 2023 13:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=855408

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители: Светиот апостол Петар Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана неустрашлив и снажен проповедник на Евангелието. После една негова беседа во Ерусалим се обратија околу три илјади души. Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирика и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните. Имаше голема борба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за бог, а всушност беше слуга сатанин. Најпосле го посрами и го победи. На заповед на свирепиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на смрт. Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими смрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ. Тропар Првопрестолници на апостолите, и учители на вселената, Господарот на сите молете Го, да ? дарува мир на вселената, а на душите наши – милост голема. Кондак Сигурните и богогласни проповедници, врвот на апостолите Твои, Господи, си ги примил во наслада и покој на Твоите добра, бидејќи нивните страдања и смрт си ги примил подобро од секоја правдина, Ти, Кој единствен знаеш да ги читаш срцата на луѓето. Светиот апостол Павле Родум од Тарс, од племето Венијаминово. Прво се викаше Савле, учеше кај Гамалиил, беше фарисеј и гонител на христијаните. Во христијанската вера беше обратен преку чудо од Самиот Господ, Којшто му се јави на патот за Дамаск. Крстен од апостолот Ананија. Му се даде името Павле и беше приброен кон службата на големите апостоли. Со пламена ревност го проповедаше Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабожците. Го нарекоа апостол на незнабожците. Колку што беа страшни неговите страдања толку беше натчовечко неговото трпење. Низ сите години на неговото проповедање како на тенок конец висеше ден за ден меѓу животот и смртта. Откако сите денови и ноќи ги исполни со страдања за Христа, откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“, беше убиен со меч во Рим, во времето на царот Нерон, кога и апостолот Петар. Тропар Првопрестолници на апостолите, и учители на вселената, Господарот на сите молете Го, да ? дарува мир на вселената, а на душите наши – милост голема. Кондак Сигурните и богогласни проповедници, врвот на апостолите Твои, Господи, си ги примил во наслада и покој на Твоите добра, бидејќи нивните страдања и смрт си ги примил подобро од секоја правдина, Ти, Кој единствен знаеш да ги читаш срцата на луѓето. Преподобен Паисиј Светогорец Преподобен Паисиј (крштелно име Арсениј Езнепидис) се родил на 25 јули 1924 година (по стар стил) во населбата Фараса, Кападокија (Мала Азија). При размената на населението (во 1924 г.), како дете бил однесен во Грција. Неговите родители се населиле во гратчето Коница, каде идниот Старец израснал и стекнал основно образование. Уште од детски години Арсениј живеел како подвижник. Се оддавал на постојана молитва и истовремено се трудел да развие во себе љубов и смирение. Како момче го изучил дрводелскиот занает, сакајќи и во тоа да биде сличен на Христос. Кога во Грција почнала Граѓанската војна (1944 – 1948), Арсениј Езнепидис бил повикан во армијата, каде што служел три и половина години. Во армијата го продолжил подвижничкиот живот, одликувајќи се со смелост, самопожртвуваност и сестраност. Откако го отслужил воениот рок, Арсениј стапил на патот на монашкиот живот. Отец Паисиј се подвизувал на Света Гора, во манастирот Стомион, во Коница, и на Синај. Многумина оделе кај Старецот и наоѓале раководство и утеха, исцеление и мир за своите напатени души. Старец Паисиј Светогорец цели денови неуморно ја исцелувал болката на луѓето, ширејќи околу себе божествена утеха. На 12 јули 1994 година (по граѓанскиот календар), по навистина маченички страдања, кои, според зборовите на самиот Старец, му донеле поголема полза отколку подвижничкото дејствување од целиот дотогашен живот, тој починал во Господ. Место на неговиот блажен крај станал манастирот Свети Јован Богослов, близу населбата Суроти, крај Солун.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-89/feed/ 0
ВО 18 ЧАСОТ: Сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/#respond Thu, 29 Jun 2023 05:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=850640

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони. -Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски. Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза. -Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот. Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава, кои потпишаа заеднишко соопштение со барање за повлекување на двата спорни закона. Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството. -Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката. Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“. -Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот. Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството. Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација го осудија повикот за протест на МПЦ-ОА, чија единствена цел, како што велат, е да се направи јавен притисок кон повлекување на предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција од собраниска процедура оценувајќи го како директен упад во секуларноста на државата и непочитување на Уставот, а пред сѐ на жените во земјава и непрепознавање на нивните реални животни ситуации. -Граѓаните и граѓанките на нашата земја треба да знаат дека со донесувањето на овие закони ќе се подобрат граѓанските права и ќе се унапреди еднаквоста на жените и на родово маргинализираните групи на сограѓани. Тоа се наши граѓани и граѓанки кои, за жал и спротивно на општото уверување, сѐ уште не можат да ги остварат своите фундаментални права подеднакво како и мнозинството граѓани... Без вакви закони, ЕУ ќе биде уште подалеку, демократијата уште позагрозена, а живеењето во Македонија небезбедно за половина од нејзиното население, велат од Платформата. Од Хелсиншкиот комитет, во пресрет на собирот упатија апел за безбедност на ЛГБТИ заедницата за време на протестот со совети за избегнување какви било инциденти, вербални напади или провокации во текот на денот на протестот. Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/feed/ 0
Србин фатен додека краде во црква во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srbin-faten-dodeka-krade-vo-tsrkva-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srbin-faten-dodeka-krade-vo-tsrkva-vo-makedonija/#respond Mon, 26 Jun 2023 07:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=849593

Српски државјанин бил фатен додека краде во црквата „Св. Недела“ во Битола. - Денеска (26.06.2023) од страна полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишен од слобода бил Н.М.(36) од Р. Србија, соопштија од МВР. Како што информира МВР, тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srbin-faten-dodeka-krade-vo-tsrkva-vo-makedonija/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-64/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-64/#respond Sun, 14 May 2023 20:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=834119

Свети цар Борис-Михаил Покрстител Рoдeн и вoспитан какo нeзнабoжeц, Бoрис сe крстил пoд влијаниe на свoјoт стрикo Бoјан и свoјата сeстра. На крштeниeтo гo дoбил имeтo Михаил. Патријархoт Фoтиј му испратил свeштeници, кoи пoстeпeнo гo пoкрстилe цeлиoт бугарски нарoд. Мнoгу гoлeмци вo Бугарија сe прoтивeлe на нoвата вeра, нo таа пoбeдила и крстoт блeснал на мнoгу храмoви штo ги пoдигнал благoчeстивиoт цар Михаил. Вeрата мeѓу Бугаритe, какo и мeѓу Србитe, ја утврдилe oсoбeнo пeттoчислeницитe Oхридски, учeницитe на свeтитe Кирил и Мeтoдиј, кoи науката Христoва на нарoдoт му ја прoпoвeдалe на нарoдeн, слoвeнски јазик. Михаил сe замoнашил вo старoста и сe пoвлeкoл в манастир. Нo, кoга нeгoвиoт син Владимир пoчнал да гo расипува таткoвoтo дeлo и да гo сузбива христијанствoтo, Михаил сe oблeкoл пoвтoрнo вo вoјвoдска oблeка, припашал мeч, гo симнал Владимир oд прeстoлoт, па гo пoставил пoмладиoт син Симeoн. Пoтoа пoвтoрнo ја oблeкoл мoнашката риза, сe пoвлeкoл вo тишина кадe вo пoдвиг и мoлитва мирнo гo завршил зeмниoт живoт „вo благата вeра, вo правилнoтo испoвeдувањe на нашиoт Гoспoд Исус Христoс гoлeм, чeсeн и благoвeрeн“, и сe прeсeлил вo нeбeсниoт живoт на 2 мај 906 гoдина. Тропар Денес го празнуваме споменот на благоверниот кнез Борис и го прославуваме претставувањето на преподобниот Михаил во монасите, осенети со неговото благодатно застапништво, умилно вознесуваме молитви кон него: покри не со покровот на твоето застапништво и избави ги твоите луѓе од секое зло, молејќи го Христа Бога, Кого си Го возљубил со сета душа, да ги спаси душите, кои тебе, оче, верно те почитуваат! Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година. Тропар Ти си бил столб на Православието, утврдувајќи ја Црквата со божествените догмати, свештеноначалнику Атанасие; проповедајќи Го Синот, Кој е едносуштен на Отецот, си го посрамил Ариј. Преподобен оче, моли Го Христа Бога, да ни дарува милост голема. Кондак Откако го насеа православното учење, го исече трњето на погрешното учење и го умножи семето на верата, со Духот поросено. Затоа те воспеваме, преподобен Атанасие. Светите маченици Борис и Глеб Синови на великиот кнез Владимир, којшто го покрсти рускиот народ. До Крштението Владимир имаше многу жени и деца од нив. Борис и Глеб беа браќа од една мајка. Пред смртта Владимир им ја раздели државата на сите свои синови. Но најстариот син, Свјатополк, кнез Киевски, посака да ги земе и деловите што им припаднаа на Борис и Глеб. Затоа испрати луѓе, па на едно место го уби Борис, а на друго Глеб. Овие давјца браќа беа необично побожни и во с ? богоугодни и ја сретнаа смртта со молитва и со срце воздигнато кон Бога. Нивните тела останаа нетлени и благоухани и беа погребани во Вишгород, каде што до денес од нив исходи благодатна сила, исцелителна за маките и болестите кај луѓето. Тропар Денес секоја душа на верните се весели, при пренесувањето на чесните ваши мошти, Борисе и Глебе: слепи прогледуваат, неми усти се одврзуваат, и неволните се утешуваат: бидејќи примивте од Христа Бога исцелителна благодат, молете се за нашите души! Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул Во времето на царот Адријан (117 г. – 138 г.) незнабожецот Катал ги купи како робови овој Еспер, жена му Зоја и нивните синови Киријак и Теодул. Бидејќи беа убедени христијани, никако не сакаа да вкусат од идолските жртви, а она што им се даваше од нив за да го јадат им го фрлаа на кучињата, додека самите гладуваа и трпеа. Кога дозна за ова Катал се разгневи и почна тешко да ги измачува овие свои робови. Најнапред ги мачеше децата, но децата останаа непоколебливи во верата, па дури и бараа од мачителот потешки маки. Најпосле сите четворица ги фрли во огнена печка, во која вознесоа благодарствена молитва и Му го предадоа духот на Господ. Нивните тела останаа цели и неподгорени од огнот. Тропар Киријак и Теодул свети, како млади изданки напоени со благодат која ги ороси главите нивни, ја пробудија верата во Зоја, мајка им благочестива, и Еспера, која слобода само во Христа бараше, па сите заедно во Тебе, Господи, маченички засветлија, останувајќи недопрени од овој свет. По нивните молитви, Спасе, спаси ги нашите души.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-64/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-63/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-63/#respond Sat, 13 May 2023 20:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=833898

Светиот пророк Еремија Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Ерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогребано. Заради ова Еремија беше фрлен во затвор. Бидејќи во затворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто застана покрај неговото затворско прозорче, а Пророкот почна да му диктира. Кога му го прочитаа ова пророштво на царот, тој гневен ја фрли хартијата во оган. Промислата Божја го спаси Еремија од затворот, а врз Јоаким се исполни зборот на Пророкот. На царот Јехониј пак, му прорече дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе умре таму, коешто наскоро и се случи. Под царот Седекија Еремија си стави јарем на вратот и така одеше по градот Ерусалим, пророкувајќи го со тоа падот на Ерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците. На еврејските робови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во Ерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години - така и беше. Во долината Тотеф, под Ерусалим, каде што Евреите им принесуваа на идолите деца како жртви, Еремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство. Наскоро Вавилонците го зазедоа Ерусалим, го убија царот Седекија, го разорија и го ограбија градот, а огромен број Евреи беа заклани во долината Тотеф, на местото каде што Пророкот го искрши оној лонец. Еремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот Нават - каде што умре Мојсеј - и овде го скри во една пештера. Огнот од храмот пак, го скри во еден длабок бунар. Некои Евреи го принудија да оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во Мисир. Постои предание дека самиот цар Александар Велики го посетил гробот на Пророкот Еремија. На наредба од Александар телото на Еремија е пренесено и со почести погребано во Александрија. (Мисирците речиси го обожаваа Пророкот Еремија. Затоа и го погребаа како крал. Го сметаа за чудотворец и после смртта. Правот од неговиот гроб го земаа како лек против каснатици од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат Пророкот Еремија против змии). Тропар Господи, празнувајќи го споменот на Твојот пророк Еремиј, преку него Те молиме: Спаси ги душите наши. Кондак Велик пророку и маченику, откако преку Духот го очисти твоето светлозарно срце, славен Еремија, одозгора го прими дарот на пророштво, и гласно повикуваше по земјата: Овој е нашиот Бог, и никој не Му е рамен Нему, Кој се јави на земјата откако се воплоти. Преподобниот маченик Акакиј Влечкар Од селото Неохор близу Солун. Бидејќи многу беше биен од мајсторот во Серез, тој се потурчи. Потоа живееше во Хилендар како покајник и монах. Неговата сиромашна и христољубива мајка го посоветува: „Како што доброволно се одрече од Господ сега така мораш доброволно да примиш и мачеништво за слаткиот Исус.“ Ја послуша мајка му и со благослов од светогорските отци отиде во Цариград, каде што Турците го заклаа во мај 1816 година. Неговата глава се чува во манастирот на Свети Пантелејмон. Тропар Прими го, Господи, моето покајание, повикуваше ти, о Акакие, храбар мачениче. Христос те врати на патот на спасението, гледајќи ги солзите на преумувањето. Моли се за нас ти кој од благодатта закрепнат, долгот кон светот го врати, за да побегнеш кон слободата, ликувајќи со небесните ангели. Свети Пафнутиј Боровски Син на татарски големец, кој подоцна прими христијанска вера. Во својата дваесетта година Пафнутиј се замонаши и проживеа во манастирот с ? до неговата деведесет и четврта година, кога се упокои во Господ. Беше девственик и подвижник, па затоа и голем чудотворец и проѕорливец. Почина во 1478 година. Тропар Пафнутие свети, кој умре пред да умреш, блажениот живот земен твој, ангели пазители приведе по твоите молитви и денес да пазат на оние кои го поддржуваат подвигот преподобен. Облагодатен оче, еве при тебе припаѓаме и на твоите свети молитви се надеваме, кои ги услишува Оној Кој смирението ти го прими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-63/feed/ 0
Кенија: Досега пронајдени 90 тела на сектата-црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=827645

Во Кенија досега се пронајдени 90 тела на членови на сектата кои гладувале до смрт, а чиј проповедник бил самопрогласениот пастор Пол Мекензи Нтенге. Нтенге, кој на своите следбеници им проповедал да постат до смрт за да се сретнат со Бога, беше уапсен на 14 април поради неговите врски со култот на гладувањето. По пријава од граѓанин минатата недела полицијата го пронашла свештеникот и уште 15 изнемоштени лица во „Меѓународната црква на добрите вести“, каде што гладувале. Денешниот биланс е сè уште привремен, бидејќи иследниците го очекуваат најлошото во она што сега се нарекува „масакр во шумата Шакахола“, по местото во југоисточна Кенија каде беа пронајдени телата на членовите на „Меѓународната црква на добри вести“. -Не знаеме колку масовни гробници и колку тела ќе откриеме, изјави кенискиот министер за внатрешни работи Китур Киндики, кој денеска дојде на локацијата. Според извори на француските меидуми, телата на децата се најбројни меѓу пронајдените тела. Хусеин Калид, извршен директор на невладината организација „Хаки“, која алармираше за активностите на оваа секта, изјави дека 50 до 60 отсто од телата се деца, а потоа жени и на крајот мажи. Поради размерите на „масакрот“, операциите за пребарување се прекинати извесно време додека се обработуваат досега пронајдените тела и се расчистуваат преполните мртовечници. Инспекторите во последните неколку дена ја пребаруваат црвената земја на голема површина од околу 325 хектари каде може да се најдат десетици гробници. Министерот додаде дека постои можност самопрогласениот свештеник на сектата, Пол Мекензи Нтенге, да биде кривично гонет за „тероризам“. Свештеникот претходно на двапати бил апсен, во 2019 година и во март годинава, во врска со смрт на деца. И во двата случаи бил ослободуван со кауција, а двата предмета се уште се во судска постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/feed/ 0