цркви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 11:40:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цркви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Власт во Газа: Од 7-ми октомври досега во Појасот Газа се уништени 47 џамии, а оштетени се три цркви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlast-vo-gaza-od-7-mi-oktomvri-dosega-vo-pojasot-gaza-se-unishteni-47-dhamii-a-oshteteni-se-tri-tsrkvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlast-vo-gaza-od-7-mi-oktomvri-dosega-vo-pojasot-gaza-se-unishteni-47-dhamii-a-oshteteni-se-tri-tsrkvi/#respond Mon, 30 Oct 2023 11:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=894465

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври до сега се уништени 47 џамии, додека три цркви се оштетени, соопштија тамошните власти. „Израелските напади врз Појасот Газа предизвикаа уништување на 47 џамии и штети на три цркви и 203 училишта, како и на 80 владини згради“, изјави претставникот на властите во Газа Саламе Маруф, пренесува Анадолија. Според него, бројот на загинатите членови на медицинскиот персонал е 116, додека животот го загубиле 18 припадници на спасувачките екипи и тимовите за цивилна заштита, како и 35 новинари.  (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlast-vo-gaza-od-7-mi-oktomvri-dosega-vo-pojasot-gaza-se-unishteni-47-dhamii-a-oshteteni-se-tri-tsrkvi/feed/ 0
СПЦ го отстапува на користење целиот свој имот на Македонија, на новата автокефална црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-otstapuva-na-koristenje-celiot-svoj-imot-na-makedonija-na-novata-avtokefalna-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-otstapuva-na-koristenje-celiot-svoj-imot-na-makedonija-na-novata-avtokefalna-crkva/#respond Sun, 05 Jun 2022 14:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=686872

Српската православна црква (СПЦ) го отстапува на користење целиот свој имот на територијата на Македонија на новата, автокефална црква во таа земја, пишува во Томосот прочитан денеска во соборниот храм Свети Архангел Михаил во Белград, по прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.
„Светите храмови и манастири, особено светилишта од времето на немањиќкиот период и подоцнежниот период на српското присуство, црковното градење и културното творештво на територијата на денешна Македонија, како и вкупниот движен и недвижен имот на СПЦ, во нејзините граници, се отстапуваат на новата автокефална сестринска црква“, се наведува во Томосот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-otstapuva-na-koristenje-celiot-svoj-imot-na-makedonija-na-novata-avtokefalna-crkva/feed/ 0
Филипче: Верските лидери за Велигден и Рамазан Бајрам треба да обезбедат редари пред црквите и џамиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-verskite-lideri-za-veligden-i-ramazan-bajram-treba-da-obezbedat-redari-pred-crkvite-i-dzamiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-verskite-lideri-za-veligden-i-ramazan-bajram-treba-da-obezbedat-redari-pred-crkvite-i-dzamiite/#respond Wed, 28 Apr 2021 13:25:50 +0000 https://kurir.mk/?p=503306

Верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржува надвор, односно пред црквите и џамиите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тоа било договорено на последната средба од која, како што потсети, произлезеле и обврската да апелираат до граѓаните максимално да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД. По приемот на норвешката донација од 100 механички респиратори, Филипче соопшти дека кинеските вакцини најверојатно ќе пристигнат во петок, зашто веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул. Ситуацијата со КОВИД будно се следи, повтори министерот, и не се очекува зголемување на бројките. -Кривата е веќе парабола и ја имитира онаа од ноември-декември, паѓаат бројките на новодијагностицирани, тоа се чувствува и во болниците каде приситокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај во почетокот на април. На состанокот со верските лидери, тие земаа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува, истакна Филипче. Според него, не е проблем излегувањето на граѓаните надвор особено сега кога времето е веќе топло и тоа го дозволува, но мерките мора да се почитуваат. -Граѓаните мора да знаат дека имаат индивидуална одговорност и дека мора да ги почитуваат мерките, истакна Филипче. Во однос на вакцините, за помош од Србија дополнително не е разговарано. Се очекува инситутот „Торлак“ да информира кога ќе ги добијат последните сертификати од контролните лаборатории во Русија. -Тоа што ние очекуваме да стигне во следниот период се кинеските вакцини и тоа во петок најверојатно рано наутро од Белград. Веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул. Потоа, меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „фајзер“ секој следен понеделник во мај, близу 26.000 и очекуваме информација од ковакс-системот, рече Филипче. Околу 150.000 граѓани се во моментов пријавени за вакцинирање, а со секоја најава за нова пратка вакцини, има и дополнителни пријави од граѓани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-verskite-lideri-za-veligden-i-ramazan-bajram-treba-da-obezbedat-redari-pred-crkvite-i-dzamiite/feed/ 0
Свети Богојавленски служби во црквите на Брегалничката епархија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveti-bogojavlenski-sluzbi-vo-crkvite-na-bregalnichkata-eparhija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveti-bogojavlenski-sluzbi-vo-crkvite-na-bregalnichkata-eparhija/#respond Tue, 19 Jan 2021 12:22:12 +0000 https://kurir.mk/?p=457051

Во сите цркви на Брегалничката епархија денеска се служеа свети Богојавленски служби. Во соборниот храм Свети Никола со службата чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија, на којашто присуствуваа верниците. Светиот крст годинава не се фрлаше во реките и базените, со цел да се запазат здравствените мерки, кои се дадени од Министерството за здравство. Градоначалникот на Општина Штип,  Сашко Николов им го честита празникот Богојавление на граѓаните. Да погледнеме во себе си, да го најдеме најдоброто во нас и несебично да го делиме со другите. Денеска свети .Јован во реката Јордан го крсти Исус Христос, и со тоа крштевањето станува една од светите тајни во христијанството. Овој празник значи духовно раѓање и верба во заедништво. Нека е честит празникот Богојавление, добро здравје и среќа на сите, порача Николов.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveti-bogojavlenski-sluzbi-vo-crkvite-na-bregalnichkata-eparhija/feed/ 0
Кипар: Се затвораат моловите, угостителските објекти, црквите, универзитетите и дел од средните училишта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/#respond Wed, 09 Dec 2020 13:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=440918

Поради влошената епидемиолошка слика, кипарската Влада, наместо олабавување на постоечки, одлучи да воведе построги мерки и да ги затвори моловите, угостителските објекти, црквите, дел од средните училишта и универзитетите, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Кипар Константинос Јоану, соопштувајќи ги новите рестрикции, рече во изминатите денови „влошени се епидемиолошките индикатори и се најлоши од почетокот на пандемијата“. – Новите случаи се зголемуваат, а на многу наши сограѓани им е потребно лекување. За жал, некои од нив ја загубија битката за живот. Постои стабилизација во однос на хоспитализираните пациенти, но не можеме да бидеме смирени. Загрижени сме за континуираното зголемување на „позитивноста“ што се регистрира со брзите антигени тестови низ Кипар. Резултатите покажуваат дека вирусот е насекаде, во сите градови, села, области, рече Јоану и додаде дека намерата е да се запре „дополнителното ширење на вирусот пред да биде доцна“ и затоа е донесена одлуката за прекин на работата на објектите на затворено, истакна Јоану. Од петок до 31 декември 2020 година, ќе бидат затворени сите молови, кафулиња, барови, таверни, ресторани, пабови итн. Литургиите во црквите ќе бидат зад затворени врати, без присуство на верници, додека пак на венчавките, крштенките и погребите дозволени се најмногу десет лица. Од понеделник, за дел од приватните и државните средни училишта (за ученици од 15 до 18 години) и за Универзитетите се воведува онлајн настава и предавања, а градинките, основните и остатокот од средните училишта ќе работата нормално со физичко присуство на учениците. Дополнително, продолжуваат да важат и мерките воведени пред 12 дена, меѓу кои и полицискиот час од 21 до пет часот наутро. Јоану на денешната прес-конференција објасни дека на 27 ноември 2020 година, при соопштувањето на мерките беше оставена отворена можност за олабавување на одредени рестрикции во пресрет на божиќните и новогодишните празници, но под услов да се подобри епидемиолошката слика. – Исто така предупредивме и за веројатноста да се вратат построги мерки, ако има влошување на податоците. Податоците што ги имаме пред нас, не ни оставаат многу опции, објасни министерот за здравство на Кипар. Тој рече дека земјата се подготвува за програмата за вакцинација на населението, а набргу ќе биде соопштен и процесот и повтори дека за сите граѓани кои ќе сакаат да се вакцинираат, вакцината ќе биде бесплатна. На Кипар вчера беа соопштени 419 нови случаи од 4.208 ПЦР тестови, што е рекорден број новозаразени на дневно ниво, а починаа пет лица. Од 6.702 брзи тестови, позитивни биле резултатите на 218, меѓутоа не се вклучени во дневната статистика, бидејќи праксата на Кипар е резултатот од рапид тестовите, да се провери со ПЦР тест. Во кипарските болници, хоспитализирани се 115 лица, од кои 21 се во сериозна состојба. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 68 смртни случаи и 13.286 заболени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-se-zatvoraat-molovite-ugostitelskite-objekti-crkvite-univerzitetite-i-del-od-srednite-uchilishta/feed/ 0
Казни за црквите во Чикаго кои не ги почитуваат пропишаните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazni-za-crkvite-vo-chikago-koi-ne-gi-pochituvaat-propishanite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazni-za-crkvite-vo-chikago-koi-ne-gi-pochituvaat-propishanite-merki/#respond Thu, 21 May 2020 10:19:23 +0000 https://kurir.mk/?p=348662

Чикаго почна да ги казнува црквите поради одржување служби кои не се во согласност со воведените правила за заштита од новиот коронавирус. Три цркви ќе бидат казнети поради одржани служби на 17 мај, изјавија претставници на полицијата за „Фокс њуз“. Поради пандемијата на коронавирусот, законот во Илиноис го ограничува бројот на учесници на верските служби на десет лица Сепак, римокатоличката Божја црква во Филаделфија одржа служба во неделата, на 17 мај, на која присуствуваа 75 луѓе, што претставува помалку од една десетина од нејзиниот капацитет, за што ќе треба да плати казна од 500 долари. Покрај оваа, полицијата казни и други две цркви во Чикаго. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazni-za-crkvite-vo-chikago-koi-ne-gi-pochituvaat-propishanite-merki/feed/ 0
Црквите во Грција од денеска отворени за литургии за верниците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-grcija-od-deneska-otvoreni-za-liturgii-za-vernicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-grcija-od-deneska-otvoreni-za-liturgii-za-vernicite/#respond Sun, 17 May 2020 07:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=346831

Πод посебни правила и прописи, црквите во Грција, денеска ги отвораат вратите за литургии со присуство на верници, што воедно ќе биде и вториот тест за Грците, по отворањето на плажите, во однос на почитувањето на мерките и индивидуалната одговорност на секој граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина. Предвидено е да има контролирано влегување, да се држи растојание од еден и пол метар, а на влезовите задолжително е да има антисептик. Дозволениот број на верници во внатрешноста е во зависност од големината на црквата, односно едно лице на десет метри квадратни. Доколку црквата е над 500 метри квадратни дозволени се 50 лица. Во случај бројот на верници да е поголем од дозволениот во секоја црква, останатите ќе треба да чекаат во дворот. Според циркуларното писмо испратено од Светиот синод до сите грчки цркви, се препорачува верниците да носат маска, „која секако ќе ја тргнат пред причестувањето“, а на верниците кои припаѓаат на ранливите групи граѓани им се препорачува да избегнуваат излегување од дома. Со укинување на забраната за движење на граѓаните, од 4 мај годинава, црквите и останатите религиозни објекти во Грција, беа отворени, но само за индивидуални молитви. Освен литургиите, од денеска дозволени се и религиозни обреди како што се венчавки, крштевања, погреби, а се отвораат и останатите религиозни објекти во земјата. Конкретните правила, согласно министерска одлука, потпишана од надлежните министри ќе биде во сила до 5 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-grcija-od-deneska-otvoreni-za-liturgii-za-vernicite/feed/ 0
Црквите во Словенија ги отвораат вратите на 4 мај – државата повторно ги дозволи венчавките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-slovenija-gi-otvoraat-vratite-na-4-maj-drzavata-povtorno-gi-dozvoli-venchavkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-slovenija-gi-otvoraat-vratite-na-4-maj-drzavata-povtorno-gi-dozvoli-venchavkite/#respond Tue, 28 Apr 2020 15:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=338801

Католичката црква во Словенија соопшти дека од 4 мај повторно ги отвора верските објекти, јави дописникот на МИА од Љубљана. Верниците кој ќе сакаат да присуствуваат на мисте ќе бидат обврзани пред влегување во црквите да си ги дезинфицираат рацете, а внатре ќе мораат да носат заштитни маски и да бидат безбедно оддалечени од другите верници. Владата даде согласност од денес повторно почнат со работа и матични служби, а со тоа словенечките граѓани ќе можат да склучат граѓански брак. Сепак и тука важат мерките за претпазливост, па така на оваа церемонија нема да биде дозволено да присуствуваат и сватовите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-slovenija-gi-otvoraat-vratite-na-4-maj-drzavata-povtorno-gi-dozvoli-venchavkite/feed/ 0
Коронавирусот ги стопираше склучувањата на браковите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/#respond Mon, 13 Apr 2020 09:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=331316

Иако подрачните одделенија на Управата за водење на матичните книги работат непречено, коронавирусот е причина речиси воопшто да нема или да се откажуваат процедурите за склучување бракови, говори искуството на вработените во тетовското подрачно одделение. Граѓаните и посебно младите согласно препораките за намалување на ширењето на коронавирусот ја избегнуваат оваа животна определба и се решаваат процедурата да ја направат во иднина. Во тетовското подрачно одделение велат дека вработените одат на работа и од тој аспект нема пречки за потпишување во матичната книга на венчаните. Единствена рестрикција има за присуство на луѓе при одвивање на церемонијата. Дозволено е да има само пет лица внатре за да има доволно оддалеченост и да бидат присутни само двајцата кои склопуваат брак, двајца сведоци и матичарот. – Одделението работи без проблем. Согласно препораките и мерките на Владата, намален е капацитетот на вработените. Од друга страна, намален е интересот сега да се склучуваат браковите. Надвор од нашите службени простории воопшто нема склучување бракови бидејќи, нели, не работат угостителските објекти, а нема венчавки ни во верските објекти, во црквите, како што било практика досега. Има и откажувања на пријавите. Лично сметам дека бракот сега дојде време да се смета како луксуз поради атмосферата, така што сите сега ја одложуваат оваа работа, вели Нагип Назмиу, раководител на тетовското одделение на Управата за водење на матичните книги. Отец Марјанчо Мадевски од тетовската епархија објаснува дека кај православните верници додека трае велигденскиот пост (од 2 март до 19 април) согласно правилата на Македонската православна црква не се прават венчавки. Сепак, има барања од младоженците за одложувања и во периодот што следува. – Венчавки закажани пример за во мај се одложуваат. Младите се одлучуваат на тоа поради состојбата со коронавирусот, а воедно бидејќи не се знае дали ќе работат рестораните во тој период. Имаме примери кои презакажуваат од мај за неколку месеци понатаму, во август и септември, објаснува отец Марјанчо Мадевски. И угостителските објекти кои не смеаат да работат сега, се договораат со заинтересираните свадбени прослави да се прават во понатамошните периоди на годината. – Нема откажувања, туку презакажувања, со тоа што се договораме и презакажаниот термин повторно да се разгледа со оглед на тоа како ќе се одвива ситуацијата и мерките околу коронавирусот, објаснува Жарко Неделковски, сопственик на угостителски објект за свадби. Статистичките показатели во Управата секоја година укажуваат на опаѓање на бројката на склучени бракови и сега ја потврдуваат состојбата со негативниот тренд. На целокупното тетовско подрачје заедно со руралните одделенија во февруари лани се склучени 142 брака, додека во февруари 2020 има 108 брака. Во март 2019 имало 131 брак, додека во март 2020 само 82 брака. Во текот на 2019 во Тетовско вкупно имало склучено 1 224 брака. На годишно ниво за целата држава има 11 059 склучени бракови. Управата за водење на матичните книги има 178 месни канцеларии низ целата држава каде што може да се стави потпис за склучен брак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/feed/ 0
Лидерот на ИВЗ лут на владата: Државата гради само цркви, а не и џамии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderot-na-ivz-lut-na-vladata-drzavata-gradi-samo-crkvi-a-ne-i-dzamii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderot-na-ivz-lut-na-vladata-drzavata-gradi-samo-crkvi-a-ne-i-dzamii/#respond Wed, 02 Jan 2019 10:46:24 +0000 https://kurir.mk/?p=147412

Лидерот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи, лут на владата, нагласи дека државата ги гради црквите, додека џамиите ги градат самите муслимански верници. Тој истакна дека нема да дозволи владата да ги дискриминира Албанците и дека ќе добијат заслужена казна ако го сторат тоа. Шефот на ИВЗ овие коментари ги даде за време на инаугурацијата на изградбата на нова џамија во селото Опае, општина Липково. -Тука е тешко ... дискриминација на мојот народ никогаш нема да дозволам. Ние ќе се спротивставиме на таквата влада. Оваа држава не не смета за еднакви, секогаш не смета како дојдени, истакна Реџепи. Тој побара од Владата да го промени пристапот, бидејќи во спротивно нема да постои.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderot-na-ivz-lut-na-vladata-drzavata-gradi-samo-crkvi-a-ne-i-dzamii/feed/ 0