црн дроб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Jan 2023 12:26:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црн дроб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новата година започна со хуманост: Извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-godina-zapochna-so-humanost-izvrshena-ushte-edna-transplantacija-na-crn-drob-bubrezi-i-koskeni-tkiva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-godina-zapochna-so-humanost-izvrshena-ushte-edna-transplantacija-na-crn-drob-bubrezi-i-koskeni-tkiva/#respond Wed, 04 Jan 2023 12:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=783772

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива. Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање. - Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали. Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали. - Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-godina-zapochna-so-humanost-izvrshena-ushte-edna-transplantacija-na-crn-drob-bubrezi-i-koskeni-tkiva/feed/ 0
Црвеното вино најмалку му штети на црниот дроб https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/crvenoto-vino-najmalku-mu-shteti-na-crniot-drob/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/crvenoto-vino-najmalku-mu-shteti-na-crniot-drob/#respond Fri, 23 Dec 2022 08:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=779478

Истражувањата покажуваат дека алкохолот е главен фактор на опасност околу заболувањата на црниот дроб, особено за цироза. Многу лекари и нутриционисти се согласуваат со тоа и ги охрабруваат сите оние кои уживаат во алкохолните пијалаци – да го намалат внесот колку што е можно повеќе. Сепак, д-р Ненси Ри од Универзитетот Волден во САД, тврди дека постои еден пијалак кој исто така можеби му штети на црниот дроб, но многу помалку од другите пијалоци, а има и многу делотворни дејства. Тоа е црвеното вино. – Ако имате здрав црн дроб, не мора целосно да се откажете од алкохолот. Бројни трудови покажаа дека токму црвеното вино содржи антиоксиданси коишто може и да го подобрат здравјето на Вашиот црн дроб. Секако, доколку го консумирате умерено, нагласи докторката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/crvenoto-vino-najmalku-mu-shteti-na-crniot-drob/feed/ 0
За прв пат извршена трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/#respond Fri, 25 Nov 2022 20:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=766727

На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија од Министерството за здравство. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите, посочуваат од Министерството. -Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/feed/ 0
Често го користите, а не сте ни свесни за ПОСЛЕДИЦИТЕ: Овој зачин може да предизвика проблеми со ЦРНИОТ ДРОБ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chesto-go-koristite-a-ne-ste-ni-svesni-za-posledicite-ovoj-zachin-moze-da-predizvika-problemi-so-crniot-drob/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chesto-go-koristite-a-ne-ste-ni-svesni-za-posledicite-ovoj-zachin-moze-da-predizvika-problemi-so-crniot-drob/#respond Fri, 18 Nov 2022 15:49:16 +0000 https://kurir.mk/?p=762674

Иако е здрав, доколку често се користи може да има негативни ефекти. Куркумата ја користиме за приготвување разни готвени јадења, но не треба да претеруваме со нејзината употреба. Истражувањата покажаа дека може да предизвика проблеми со црниот дроб, па затоа треба да внимавате на количината што ја користите. Освен за готвење, куркумата традиционално се користи како антиинфламаторно средство и се верува дека има антиоксидантни својства. Но, освен жолтите дамки на рацете од овој зачин, не се зборуваше многу за други негативни ефекти од земањето куркума – до неодамна. Во научна студија објавена на 22-ри октомври во Американскиот весник за медицина, истражувачите ја анализирале корелацијата помеѓу внесот на куркума и ризикот од оштетување на црниот дроб. Според студијата, истражувачите откриле вкупно 16 случаи на оштетување на црниот дроб поврзано со куркума кај луѓето кои учествувале во студијата од 2011 до 2022 година. Степенот на овие оштетувања, наводно, се движел од умерени до тешки, што довело до пет хоспитализации, па дури и една смрт поради акутно оштетување на црниот дроб. Понатамошните хемиски анализи потврдиле дека тројца од овие пациенти консумирале и куркума во комбинација со црн пипер, состојка која многу експерти советуваат да се комбинира со куркума бидејќи му помага на телото поефикасно да ја свари. Што тврдат другите студии? Иако наодите од оваа студија можеби не изгледаат многу убедливи, поврзаноста помеѓу конзумирањето на куркума и повисокиот ризик од оштетување на црниот дроб не треба да се игнорира. Ова не е прва студија која открива таква врска. Имало два одвоени случаи на возрасни кои имале оштетување на црниот дроб предизвикано од третман со куркума, опишани во 2021 година во „International Medical Case Reports Journal“. Истата година, во Тоскана биле забележани уште неколку случаи на оштетување на црниот дроб поради консумирање куркума. Овие студии и извештаи не треба нужно да предизвикаат никаква загриженост или аларм, бидејќи оштетувањето на црниот дроб како директен резултат на консумирање куркума е сè уште многу ретко. Меѓутоа, ако вие или некој што го познавате често користи куркума во својата исхрана или додатоци, би било паметно да се консултирате со лекар или диететичар пред да додадете уште една лажица од овој зачин во вашето кафе или храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chesto-go-koristite-a-ne-ste-ni-svesni-za-posledicite-ovoj-zachin-moze-da-predizvika-problemi-so-crniot-drob/feed/ 0
Времето на мајка ми истекуваше, ризикот беше уште поголем – хрватски фудбалер стана херој во својата земја, сега се врати и на теренот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vremeto-na-majka-mi-istekuvashe-rizikot-beshe-ushte-pogolem-hrvatski-fudbaler-stana-heroj-vo-svojata-zemja-sega-se-vrati-i-na-terenot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vremeto-na-majka-mi-istekuvashe-rizikot-beshe-ushte-pogolem-hrvatski-fudbaler-stana-heroj-vo-svojata-zemja-sega-se-vrati-i-na-terenot-foto/#respond Mon, 22 Aug 2022 12:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=722050

Фудбалерот на хрватскиот второлигаш Цибалија, Роберт Периќ-Комшиќ, веќе со недели е во центарот на спортското внимание. Овој, 23-годишен фудбалер, без многу да размислува, реши да ја стави на пауза својата професионална кариера за да го спаси животот на својата мајка. Напаѓачот на Цибалија, донираше 70% од црниот дроб на жената која му подари живот. Неговата мајка претходно имала три неуспешни трансплантации и не ѝ останувало уште многу време за живеење. Откако другите нејзини опции се покажале како ризични, тој одлучил да отпатува во Турција и да биде нејзин донор. Само четири месеци откако беше направена операцијата во Истанбул, Роберт се врати на зелениот терен. „Во оваа приказна, мајка ми е поголем херој од мене. Да не му го даде Бог на никого она што таа го преживеа во изминатите 13 години. Имаше три неуспешни трансплантации на црн дроб од починат донор… Ризикот беше огромен, а времето на мајка ми истекуваше. Беше во животна опасност, стомакот ѝ се полнеше со вода и беше прашање на денови… Во моментот кога дознав дека сите други опции се исцрпени, се спакував и одлетав за Истанбул“, изјави Роберт. Играчот на хрватскиот второлигаш додаде дека не сака да биде нарекуван херој затоа што тоа би го направил секој кој што живеел во функционално семејство. „Мама мора да прима терапија, но тоа не е за неа никаква новост, затоа што со години е под лекови. Мене сите резултати ми се уредни, црниот дроб два месеци по операцијата беше целосно регенериран. Бегам од некакви приказни за херојство, го направив она што би го направи секој кој растел во функционално семејство. Мене мајка ми ми даде живот, а јас ѝ го продолжив нејзиниот“, додаде Роберт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vremeto-na-majka-mi-istekuvashe-rizikot-beshe-ushte-pogolem-hrvatski-fudbaler-stana-heroj-vo-svojata-zemja-sega-se-vrati-i-na-terenot-foto/feed/ 0
Рани знаци: 10 симптоми кои укажуваат нa оштетен црн дроб https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rani-znaci-10-simptomi-koi-ukazuvaat-na-oshteten-crn-drob-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rani-znaci-10-simptomi-koi-ukazuvaat-na-oshteten-crn-drob-2/#respond Tue, 16 Aug 2022 20:40:26 +0000 https://kurir.mk/?p=719469

Црниот дроб е орган кој има важна метаболичка улога. Тој врши повеќе функции во организмот, меѓу кои како најзначајни се издвојуваат детоксификација, регулирање на шеќерот и холестеролот во крвта како и синтеза на протеини. Една од важните функции на црниот дроб е производство на жолчка која е неопходна за разградување на мастите, а помага и во апсорпцијата на супстанциите растворливи во масти, вклучувајќи ја и апсорпцијата на витамините А, Д, Е и К. Жолчката се складира во жолчното кесе и се излачува во почетниот дел на тенкото црево при процесот на варењето на храната. Според тоа, жолчката помага во разградувањето, односно варењето на храната. Поради неговото големо значење за организмот и за здравјето, важно е да знаете како да препознаете оштетен црн дроб. Ова е листа на 10 можни симптоми на оштетен црн дроб: 1. Често имате проблеми со стомакот, чувствувате гадење, мачнина и повраќате. 2. Губите апетит. Црниот дроб го намалува производството на жолчка, па затоа не чувствувате глад. 3. Чувствувате умор и слабост поради зголеменото количество на токсини во организмот кои црниот дроб ги нема преработено. 4. Имате нередовна столица и слабо варење, поради недостаток на жолчка која ја раствора храната. 5. Имате променета боја на столица. Ако е жолта, сива или со боја на глина, тоа би можело да претставува проблем. 6. Промена на бојата на урината, иако пиете доволно вода. 7. Задржувате вода, ви отекуваат зглобовите и стапалата. 8. Подуеноста може да биде резултат на таложење течности поради оштетувањето на црниот дроб. 9. Може да се појави иритација на кожата како последица од неправилната работа на црниот дроб. 10. Чести грчеви и болки во стомакот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rani-znaci-10-simptomi-koi-ukazuvaat-na-oshteten-crn-drob-2/feed/ 0
Долгото црвенило на дланките може да е знак за замастен црн дроб https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dolgoto-crvenilo-na-dlankite-moze-da-e-znak-za-zamasten-crn-drob/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dolgoto-crvenilo-na-dlankite-moze-da-e-znak-za-zamasten-crn-drob/#respond Thu, 28 Jul 2022 07:51:54 +0000 https://kurir.mk/?p=711179

Лекарите предупредуваат дека долгото црвенило на дланките може да биде ран знак за замастен црн дроб, што може да предизвика бројни компликации за организмот. Дијагнозите на заболување на црниот дроб се сѐ почести поради сѐ понездравиот начин на живот. Затоа, важно е да се биде свесен и за поретките признаци на заболување на црниот дроб – вклучувајќи го и она што се појавува на рацете – подолгото црвенило на дланките. Премногу маснотии во црниот дроб може да предизвикаат воспаление и лузни, што може да доведе до цироза, спречувајќи го овој напорен орган да ја врши својата работа. Неуспехот на црниот дроб може да влијае на многу органи во вашето тело, а акутната инсуфициенција може да предизвика компликации како што се инфекција, недостаток на електролити и крвавење. Без третман, сѐ тоа на крајот може да доведе до смрт. Знаците на заболувањето на замастен црн дроб може да вклучуваат отечен стомак, проширени вени, поголеми гради, од вообичаеното – кај мажите, црвени дланки и кожа и очи кои изгледаат жолтеникаво. Дланките кои поцрвенуваат може да бидат резултат на проширување на капиларите – најмалите крвни садови во телото. Некои лекари веруваат дека ова црвенило може да биде предизвикано од покачени нивоа на хормони и често може да биде наследна. Сепак, црвените дланки може да бидат и сериозен предупредувачки знак за замастен црн дроб. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dolgoto-crvenilo-na-dlankite-moze-da-e-znak-za-zamasten-crn-drob/feed/ 0
Десетици необјаснети случаи на воспаление на црниот дроб кај деца во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-neobjasneti-sluchai-na-vospalenie-na-crniot-drob-kaj-deca-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-neobjasneti-sluchai-na-vospalenie-na-crniot-drob-kaj-deca-vo-velika-britanija/#respond Tue, 19 Apr 2022 06:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=665087

Здравствените власти во Велика Британија истражуваат десетици необјаснети случаи на акутен хепатитис и воспаление на црниот дроб. Случаите се претежно кај деца. Слични случаи на хепатитис кај деца се пријавени и во САД и Шпанија. Некои од заболените деца во Велика Британија биле толку болни што морале да бидат подложени на трансплантација, соопшти британската Агенција за здравствена безбедност. Иако хепатитисот (А, Б, Ц, Д и Е) е предизвикан од вируси, ниту едно од децата не е заразено со вирус. Потенцијалните компликации на хепатитисот вклучуваат откажување на црниот дроб и смрт, а трансплантацијата на црн дроб најчесто се користи за лекување на краен стадиум при откажувањето на органот, објави списанието за детско здравје, „Стенфорд“. – Зголемувањето на бројот деца со воспаление на црниот дроб е загрижувачки, вели д-р Рејчел Тејлор, педијатриски гастроентеролог во Кралската детска болница во Глазгов. Тејлор и нејзините колеги ја проучуваат оваа појава. Симптомите вклучуваат повраќање, болки во стомакот, жолтица, темна урина, бледа столица, чешање на кожата, вкочанетост на зглобовите, болки во мускулите, треска, гадење, летаргија и губење апетит. Причината за овие случаи на хепатитис останува непозната, но лекарите се сомневаат дека тоа може да е заразен патоген или внос на контаминирана храна, пијалак или допир со контаминирани играчки, се вели во извештајот. Според некои стручњаци, болеста може да биде поврзана и со нов сој на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-neobjasneti-sluchai-na-vospalenie-na-crniot-drob-kaj-deca-vo-velika-britanija/feed/ 0
ДОРУЧЕК ЗА ОПОРАВУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ: Се јаде двапати неделно, ја обновува секоја ќелија во телото! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/doruchek-za-oporavuvanje-na-crniot-drob-se-jade-dvapati-nedelno-ja-obnovuva-sekoja-kjelija-vo-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/doruchek-za-oporavuvanje-na-crniot-drob-se-jade-dvapati-nedelno-ja-obnovuva-sekoja-kjelija-vo-teloto/#respond Tue, 08 Feb 2022 08:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=628413

Дека црниот дроб не работи правилно, најдобро ќе забележите ако чувствувате хроничен замор, лошо здравје, често чувствувате горчлив и метален вкус во устата, имате жолта обвивка на јазикот … Доколку постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол, земате силни лекови, можно е да му правите дополнителен напор на црниот дроб. Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне доколку секој ден појадувате каша. Овесна каша – 1 чаша. Овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи, го забрзува елиминацијата на токсините. Го олеснува процесот на варење. Го обезбедува телото со потребната енергија. Тиква (исчистена и исечена на коцки) – 20 до 40 грама. Ги обновува клеточните структури на црниот дроб, подмладува. Помага во чистење на сите органи. Јадењето сирова тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт. Суво грозје – половина шака. Ја оптимизира функцијата на црниот дроб, помага во обновувањето на клетките. Бадеми – по желба. Тие го нормализираат црниот дроб. Подготовка: Сите состојки ставете ги во мало тенџере. Додадете вода или млеко, па оставете да зоврие. Можете да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие тргнете го од оган, поклопете и оставете да отстои малку. Оваа каша се препорачува да се готви најмалку 2 до 3 пати неделно. Брзо се апсорбира. Дава леснотија, енергија и ги отстранува непријатните наслаги од јазикот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/doruchek-za-oporavuvanje-na-crniot-drob-se-jade-dvapati-nedelno-ja-obnovuva-sekoja-kjelija-vo-teloto/feed/ 0
Ова се задолжителни намирници за да имате здрав црн дроб https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-zadolzitelni-namirnici-za-da-imate-zdrav-crn-drob/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-zadolzitelni-namirnici-za-da-imate-zdrav-crn-drob/#respond Wed, 02 Feb 2022 10:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=625513

Додека алкохолот, транс мастите и шекерот имаат негативен ефект врз црниот дроб, некои намирници го „чистат“ и штитат овој орган. Тоа се пред се зачините како што се куркума, бибер и црвен пипер кои поттикнуваат производство на ензими за детоксикација. Зелениот чај го намалува ризикот од заболувања на црниот дроб благодарение на високата содржина на полифенолни соединенија. Исто така, храната богата со омега-3 масни киселини помага во регулирање на покаченото ниво на липидите во крвта и на тој начин се намалува ризикот од безалкохолни масни заболувања на црниот дроб. Од друга страна, намирниците богати со витамин Е го забавуваат напредувањето на оваа болест и се од значајна помош за време на лечењето. Конечно, и пробиотиците се важни за здравјето на црниот дроб – нарушената рамнотежа на цревната микрофлора често се забележува кај лица со масен црн дроб или цироза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-zadolzitelni-namirnici-za-da-imate-zdrav-crn-drob/feed/ 0