црн камен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Mar 2019 19:26:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црн камен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чудо во Велес: Посетете го местото Црн Камен за здравје и дознајте за моќта на светата вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chudo-vo-veles-posetete-go-mestoto-crn-kamen-za-zdravje-i-doznajte-za-mokjta-na-svetata-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chudo-vo-veles-posetete-go-mestoto-crn-kamen-za-zdravje-i-doznajte-za-mokjta-na-svetata-voda/#respond Sun, 24 Mar 2019 19:26:51 +0000 https://kurir.mk/?p=178424

Според народните верувања ова место се посетува за здравје и среќа, а можете и да проверите колку сте грешни. Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа манастирот „Св. Димитрија“. Во непосредна близина е и местото викано Црн Камен. Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат. Некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир.На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ. -Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и ксмет. Кога се иде првиот пат се мине три пати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно се мине три пати под водопадот.Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред бога, а ако те заобиколи и ниту една капака не капне врз тебе, носиш некој грев на душата – ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото. Целата вест и повеќе фотографии на Скопје 24]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chudo-vo-veles-posetete-go-mestoto-crn-kamen-za-zdravje-i-doznajte-za-mokjta-na-svetata-voda/feed/ 0