црн мршојадец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Oct 2020 17:18:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црн мршојадец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сред лет на двајца параглајдеристи им слетал неочекуван гостин – Нема да ви се верува од глетката https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sred-let-na-dvajca-paraglajderisti-im-sletal-neochekuvan-gostin-nema-da-vi-se-veruva-od-gletkata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sred-let-na-dvajca-paraglajderisti-im-sletal-neochekuvan-gostin-nema-da-vi-se-veruva-od-gletkata/#respond Thu, 15 Oct 2020 17:18:04 +0000 https://kurir.mk/?p=416916

Двајца љубители на екстремните спортови биле крајно изненадени кога мршојадец слета на нивниот селфи стап среде лет со параглајдер. Неверојатното видео е објавено денеска на Редит, а веќе го гледале скоро 90 илјади луѓе. На него е прикажано дуото кое го снима нивниот лет, а потоа од никаде се појавува мршојадец и застанува на селфи стапот, дури и во два наврати. На снимката се појавува песната на Fleetwood Mac, Dreams, која неодамна стана вирална поради предизвиците на TikTok. Корисник на таа социјална мрежа @ 420doggface208 (вистинско име Нејтан Аподака) го започна трендот кога снимал на скејтборд со песната на Флитвуд Мек, а и Мик Флитвуд од бендот се вклучи во предизвикот. Патем, под снимката на ноншалантниот мршојадец, како што многумина го опишаа, коментарите не престануваат да течат, а некои коментираат како се снима таква сцена еднаш во животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sred-let-na-dvajca-paraglajderisti-im-sletal-neochekuvan-gostin-nema-da-vi-se-veruva-od-gletkata/feed/ 0
Црниот мршојадец се враќа на Балканот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/crniot-mrshojadec-se-vrakja-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/crniot-mrshojadec-se-vrakja-na-balkanot/#respond Wed, 01 Aug 2018 10:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=83463

По 20 години од исчезнувањето на последните единки на европскиот црн мршојадец во Бугарија, започна негова реинтродукција во рамки на европски проект од програмата Лајф со пуштање на слобода на две млади единки на Стара Планина. Во следните четири години во рамки на овој проект спроведуван од повеќе бугарски здруженија и координиран од Фондацијата за заштита на мршојадците (VCF) ќе бидат пуштени на слобода вкупно 50 вакви мршојадци, одгледани за оваа намена. Птиците ќе бидат опремени со сателитски предаватели со помош на кои ќе се следи нивното движење и ќе се овозможи поефикасно проучување и заштита. Од Македонското еколошко друштво информираат дека во следниот период некои од овие птици ќе може да се забележат и во Македонија бидејќи тие поминуваат големи пространства барајќи храна или погодни места за гнездење. - Иако ова е убава вест за заштитата на мршојадците, како и строго заштитениот црн мршојадец, заканите се големи за неговиот опстанок во Македонија, поради честата употреба на отрови за заштита на стадата, контрола од глодари и слично. Овој проблем е сериозен и во минатото ова е една од главните причини зошто овие видови мршојадци се целосно истребени во Македонија. Ќе треба напорно да работиме во иднина во рамки на Балканскиот проект за борба против отрови за да обезбедиме сигурна средина за размножување на овој строго заштитен вид, изјави Ненад Петровски, раководител на проект во Македонско еколошко друштво. Во Македонија два од четирите видови мршојадци се исчезнати на почетокот на 21.от век. Последниот црн мршојадец кој некогаш гнездел на територијата на Македонија е забележан во 2005 година. Според Македонското еколошко друштво, популациите на брадестиот и црниот мршојадец биле истребени поради прекумерна илегална употреба на отровни замки наменети за контрола на предатори, но и  недостаток на храна, уништување и вознемирување на нивните живеалишта. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/crniot-mrshojadec-se-vrakja-na-balkanot/feed/ 0