црн појас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Mar 2022 11:25:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црн појас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Путин му е одземен црниот појас во таеквондо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-putin-mu-e-odzemen-crniot-pojas-vo-taekvondo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-putin-mu-e-odzemen-crniot-pojas-vo-taekvondo/#respond Tue, 01 Mar 2022 11:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=638613

На рускиот претседател Владимир Путин му е одземен почесниот црн појас во таеквондо поради нападот на Украина, објави Светската таекводндо федерација. Таеквондо федерацијата со седиште во Сеул, се повикува на своето мото „Мирот е подрагоцен од триумфот“, и ја осудува воената акција во Украина. Се наведува дека „бруталниот напад на невини животи“ претставува нарушување на спортските вредности на почит и толеранција. -Согласно ова, Светската таеквондо федерација одлучи да му го одземе почесниот црн појас 9 дан кој на господинот Владимир Путин му е доделен во ноевмри 2013 година, стои во соопштението на управниот одбор на федерацијата.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-putin-mu-e-odzemen-crniot-pojas-vo-taekvondo/feed/ 0
Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nagrada-pochesen-crn-pojas-1-dan-od-dzudo-federacijata-na-makedonija-za-japonskata-ambasadorka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nagrada-pochesen-crn-pojas-1-dan-od-dzudo-federacijata-na-makedonija-za-japonskata-ambasadorka/#respond Wed, 07 Oct 2020 09:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=413338

Џудо федерацијата на Македонија на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и додели награда почесен црн појас 1 дан. -Признанието се доделува за 4-годишната посветеност на амбасадорката за развивање и ангажираност на џудо спортот во Македонија.  Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ја предадоа делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски, соопштија од федерацијата. Амбасадорката Кеико Ханеда изрази голема благодарност за признанието и се заложи во иднина, како почесен член на џудото во Македонија да продолжи со активностите за соработка на џудо спортистите од Македонија и Јапонија. Истакна дека во изминатите години во нејзиниот ангажман секогаш го поддржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин. Исто така изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на претстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период. Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална поддршка во опрема и можност за обука на џудоки во Јапонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nagrada-pochesen-crn-pojas-1-dan-od-dzudo-federacijata-na-makedonija-za-japonskata-ambasadorka/feed/ 0