црна дупка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Aug 2022 11:38:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црна дупка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАСА објави звук од вселената: „Се слуша црна дупка“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-zvuk-od-vselenata-se-slusha-crna-dupka-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-zvuk-od-vselenata-se-slusha-crna-dupka-video/#respond Tue, 23 Aug 2022 11:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=722602

НАСА на својот Твитер профил објави аудио снимка од вселената, која претставува звучни бранови кои доаѓаат од црна дупка и минуваат низ група галаксии. - Заблудата дека нема звук во вселената доаѓа од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, низ кој не може да патуваат бранови. Јатото галаксии има толку многу гас што го снимивме вистинскиот звук. Овде тој е засилен и измешан со други адитиви за да се слушне црната дупка, напишаа под видеото. Таканаречената сонификација се разликуваше од претходните напори кои беа ограничени на преведување на астрономски податоци во звук. Овој пат звучните бранови снимени од научниците беа преточени во звук. НАСА објасни дека овие звучни бранови потоа се ресинтетизираат во звуци што луѓето можат да ги слушнат. Снимените ноти биле кренати 57 или 58 октави и не биле репродуцирани со виолини или други инструменти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-zvuk-od-vselenata-se-slusha-crna-dupka-video/feed/ 0
За првпат направена фотографија од супермасивна црна дупка во центарот на нашата галаксија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-prvpat-napravena-fotografija-od-supermasivna-crna-dupka-vo-centarot-na-nashata-galaksija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-prvpat-napravena-fotografija-od-supermasivna-crna-dupka-vo-centarot-na-nashata-galaksija/#respond Thu, 12 May 2022 19:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=675988

Фотографијата која ја објави „Event Horizon Telescope Collaboration“ прикажува црна дупка во центарот на нашата галаксија, Млечниот пат. Црната дупка се нарекува Стрелец А* и се наоѓа близу границата помеѓу соѕвездијата Стрелец и Шкорпија. Таа е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце. Фотографијата ја направиле 8 синхронизирани радиотелескопи ширум светот. Опишувајќи ја фотографијата, од Европската јужна опсерваторија (ESO) навеле дека „иако не можеме да ја видиме самата црна дупка бидејќи е потполно темна, вжештениот гас околу неа открива за што станува збор: тоа е темно централно подрачје, наречено „сенка“, опкружено со светла прстенеста структура. Аголот од кој е настаната фотографијата фаќа светлина обвиена од моќната гравитација на црната дупка која е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце“. „Фотографијата е долгоочекуван поглед на масивен објект кој се наоѓа во самиот центар на нашата галаксија. Научниците претходно забележаа ѕвезди како кружат околу нешто невидливо, компактно и многу масивно во центарот на Млечниот пат. Ова силно сугерира дека овој објект – познат како Стрелец (Saggitarius) A* е навистина црна дупка, а денеска објавената фотографија овозможува прв директен визуелен доказ за тоа“, стои во соопштението на „ЕSO“. Се проценува дека црната дупка е оддалечена околу 27.000 светлосни години од Земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-prvpat-napravena-fotografija-od-supermasivna-crna-dupka-vo-centarot-na-nashata-galaksija/feed/ 0
НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА НА ГУГЛ МАПС! Се појави црна дупка, сите се прашуваат само едно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatna-gletka-na-gugl-maps-se-pojavi-crna-dupka-site-se-prashuvaat-samo-edno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatna-gletka-na-gugl-maps-se-pojavi-crna-dupka-site-se-prashuvaat-samo-edno/#respond Sat, 13 Nov 2021 10:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=595003

Не е прв пат луѓето на Гугл мапс да видат необични работи, а овој пат се појави нешто што потсеќа на црна дупка, што поткрепа многу терории на заговор. - Што е ова? Не изгледа ни приближно како остров, напиша еден од корисниците на Реддит. Поединци мислат дека се работи за тајна нова база. Наводно се работи за тајна локација, која требала да остане цензурирана. Разочарењето следело подоцна кога се дознало дека на Гугл мапс се работи за остров кој околу себе има густа шума, па изгледа чудно кога се разгледува од далечина. - Она што е на фотографијата црно, всушност е темно зелено. Се работи за многу густа шума од тропско дрво Писоние, напишал еден од корисниците на Реддит. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatna-gletka-na-gugl-maps-se-pojavi-crna-dupka-site-se-prashuvaat-samo-edno/feed/ 0
Што се случува кога ќе се спојат две црни дупки? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-koga-kje-se-spojat-dve-crni-dupki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-koga-kje-se-spojat-dve-crni-dupki/#respond Thu, 03 Sep 2020 14:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=398838

Специјални ласерски детектори во САД и Италија во мај минатата година регистрирале гравитациски шок предизвикан од досега најголемото забележано спојување на црни дупки во вселената. BBC наведува дека овој вселенски сигнал патувал кон Земјата околу седум милијарди години и траел само една десетина од секундата, но, сепак, бил доволно силен за да предизвика физичко поместување на ласерските детектори. Црните дупки претставуваат делови од вселената во кои дошло до распаѓање на материјата, а со оваа фузија одеднаш се ослободила енергија што е осум пати поголема од енергијата на Сонцето. Масата на така настанатата црна дупка, меѓутоа, е 142 пати поголема од масата на Сонцето, а фузијата се случила на растојание од 150 милијарди трилиони километри од Земјата. Ласерските детектори се инсталирани како дел од меѓународниот проект ЛИГО-ВИРГО, чии пречувствителни системи за откривање на вселенски гравитациски бранови се наоѓаат во САД и Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-se-sluchuva-koga-kje-se-spojat-dve-crni-dupki/feed/ 0
Човечкото око ова никогаш не го видело- Научниците нашле начин да фотографираат црна дупка во галаксијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chovechkoto-oko-ova-nikogash-ne-go-videlo-nauchnicite-nashle-nachin-da-fotografiraat-crna-dupka-vo-galaksijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chovechkoto-oko-ova-nikogash-ne-go-videlo-nauchnicite-nashle-nachin-da-fotografiraat-crna-dupka-vo-galaksijata/#respond Wed, 03 Apr 2019 14:21:21 +0000 https://kurir.mk/?p=182012

Изгледот на црната дупка со децении ѝ бил познат само на нашата фантазија, но никогаш досега никој не успеал да ја фотографира. Меѓутоа, научниците најавиле дека наредните неколку денови на повеќе прес-конференции ширум светот ја објавиле првата фотографија од црна дупка некогаш. Поточно, објавиле фотографија од супермасивна црна дупка „Стрелец А“ која се наоѓа во срцето на нашата галаксија „Млечен пат“. Најинтригантното прашање е како успеале да забележат црна дупка ако црните се невидливи за нашите телескопши. Токму затоа се претпоставува дека всушност се гледа хоризонтална претстава на оваа појава, односно ивица на црната дупка така наречена „хоризонт на случувањето“ од каде не може да излезе светлина. -Со оваа коорперативна техника можеме да постигнеме создавање на слики со многу подобра резолуција отколку што може еден телескоп да постигне. Високата резолуција е клучна за детектирање на црната дупка, која покрај тоа што е 30 пати поголема од Сонцето, сепак е многу оддалечена. Се наоѓа на 26.000 светлосни години од Земјата - објаснуваат научниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chovechkoto-oko-ova-nikogash-ne-go-videlo-nauchnicite-nashle-nachin-da-fotografiraat-crna-dupka-vo-galaksijata/feed/ 0
Во центарот на Млечниот Пат има огромна црна дупка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-centarot-na-mlechniot-pat-ima-ogromna-crna-dupka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-centarot-na-mlechniot-pat-ima-ogromna-crna-dupka/#respond Wed, 07 Nov 2018 11:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=124693

Научници дојдоа до сознанија дека во центарот на нашата галаксија има супермасивна црна дупка, близу соѕвездијата Стрелец и Скорпија, која е наречена Стрелец А. Научниците ги анализирале податоците собрани со помош на големиот телескоп Гравити во Чиле. За силното инфрацрвено зрачење во тој предел од Млечниот Пат се знае од поодамна, но науката сега има докази дека нив ги создаваат гасовите што согоруваат таму, сметаат астрономите. Тука гравитацијата е многу силна, и апсорбира се, па дури и светлината. Натрупаниот гас се движи со брзина еднаква на една третина од онаа на светлината, а најблискиот обрач, до кој тело може да се приближи до црната дупка, без таа да „го проголта“, се нарекува „највнатрешната стабилна орбита“. Токму овде се создаваат тие инфрацрвени блесоци. – Исклучително впечатливо е да погледнеме како оваа материја кружи околу орбитата на црна дупка со околу 30 проценти од брзината на светлината, изјави Оливер Фул, професор на Институтот за астрофизика „Макс Планк“. Овие откритија докажуваат дека оваа супермасивна црна дупка навистина постои. Уште повеќе, моментно се работи на тоа да се сними Стрелец А. Ако научниците успеат, тоа ќе биде првата снимка на црна дупка во историјата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-centarot-na-mlechniot-pat-ima-ogromna-crna-dupka/feed/ 0