црна кампања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Feb 2020 11:02:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црна кампања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилковски: Државната ревизија ја разобличи црната кампања на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-drzavnata-revizija-ja-razoblichi-crnata-kampanja-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-drzavnata-revizija-ja-razoblichi-crnata-kampanja-na-sdsm/#respond Tue, 11 Feb 2020 11:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=302312

Не запира производството и пропагандата со лажни вести од СДСМ, но не запира ниту вистината за нивните лаги со кои го трујат општеството, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Според наодите на овластениот државен ревизор, по извршената ревизија на финансискиот извештај за изборната кампања за претседателските избори на кандидатот Гордана Сиљаноска Давкова цитирам: „Активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во Вкупниот финансиски извештај... во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики“. Извештајот на овластениот државен ревизор, ги демаскира изнесените лаги од бункерот на СДСМ континуирано пуштани со една единствена цел: ширење на лажни вести и оцрнување на опозицијата кај граѓаните, рече Стоилковски и додаде: „Со ова се разобличени лагите на СДСМ за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Гордана Сиљаноска Давкова и постоење на незаконски долг од 400.000 евра. Со ова се демаскира лажната кампања на СДСМ за поврзување на ВМРО-ДПМНЕ со незаконско работење и уште повеќе, со поврзување на опозицијата со актуелниот рекетарско мафијашки скандал што ја тресе спрегата меѓу обвинителството- судството и криминалниот октопод на СДСМ! Почитувани, би побарале, но знаеме дека никој во СДСМ нема доблест, да се извини и за оваа лага и кампања за ширење на лажни вести, да се извини и до ВМРО-ДПМНЕ, до генералниот секретар и кандидатот за претседател, но и да се извини до граѓаните за континуирано ширење на лаги и конструкции со кои намерно ги нарушуваат угледот и честа на политичките неистомисленици“. Немаат доблест, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, немаат чесност, немаат образ. -И затоа на 12 април ќе понесат одговорност прво пред граѓаните, а потоа и низ институциите. Заев и СДСМ се виновни за сите порази, за сите криминали за сите измами,  Заев и СДСМ никогаш повеќе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-drzavnata-revizija-ja-razoblichi-crnata-kampanja-na-sdsm/feed/ 0