црна листа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 20:29:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црна листа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД прогласија поранешени косовски функционер за непожелна личност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-proglasija-poranesheni-kosovski-funktsioner-za-nepozhelna-lichnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-proglasija-poranesheni-kosovski-funktsioner-za-nepozhelna-lichnost/#respond Fri, 03 Nov 2023 20:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=896279

САД денеска објавија дека го прогласиле поранешниот косовски функционер Неџат Красниќи како неподобен за влез во земјата поради неговата вмешаност во „значителна корупција“. Стејт департментот објави дека Красниќи, поранешен директор на Одделот за набавки во Министерството за трговија и индустрија на Косово, „ја злоупотребил својата јавна позиција примајќи мито во замена за склучување договор за доделување на изградба на индустриски парк во општина Глоговац за компанијата Елтона“. Тој потег како што се наведува, „покажува дека САД стојат со оние во Косово кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“. „Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД во борбата против корупцијата, која го загрозува јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја ограничува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на граѓаните“, се додава во соопштението. Заедно со Красниќи, неговите деца, ќерката Аулјона и синот Олти Красниќи, се исто така прогласени за неподобни за влез во САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-proglasija-poranesheni-kosovski-funktsioner-za-nepozhelna-lichnost/feed/ 0
Ковачевски: Јас да бев на црната листа на САД, не само што ќе си поднесев оставка, туку тоа ќе го сметав за пораз во мојата кариера https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-jas-da-bev-na-tsrnata-lista-na-sad-ne-samo-shto-ke-si-podnesev-ostavka-tuku-toa-ke-go-smetav-za-poraz-vo-mojata-kariera/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-jas-da-bev-na-tsrnata-lista-na-sad-ne-samo-shto-ke-si-podnesev-ostavka-tuku-toa-ke-go-smetav-za-poraz-vo-mojata-kariera/#respond Thu, 22 Jun 2023 14:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=848649

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно запрашан за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко рече дека доколку тој би се нашол на црната листа на САД не само што ќе си поднел оставка, туку тоа и ќе го смета за најголем пораз во неговата лична и професионална кариера. Повтори дека наводите на САД поради кои Мерко е ставен на црната листа се сериозни и за него е несфатливо како може институциите во САД кои се на одалеченост од 8.000 км од овде да имаат информации изнесени преку нивни официјални лица за тоа што се случувало во нашата држава“, а нашите истражни и правосудни органи тие информации да ги немаат. -Затоа ќе треба прво општина Струга да биде отворена за споделување на сите информации на надлежните органи, а тие да бидат ефикасни во својата работа, изјави Ковачевски. Овој случај, според премиерот Ковачевски, покажува дека не може да се генерализира дека целиот систем не функционира, и дека секој систем е составен од поединци посочувајќи на индивидуална одговорност. -Меѓутоа кога ќе ги погледнете основите за ставањето на црна листа, тогаш таа индивидуална одговорност ќе можете да ја идентификувате доколку институциите коишто се задолжени за тоа, а не се во надлежност на Владата, се позанимаваат со случајот и ќе може да лоцираат индивидуална одговорност и на други места каде што требало претходно да биде нешто санкционирано доколку требало да биде, рече Ковачевски. Смета дека и советниците во Општина Струга ќе треба да размислат на кој начин понатаму ќе функционираат со оглед на тоа дека Мерко повеќе мандати бил градоначалник и соработувал со советници од повеќе партии. - Ги гледам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија чие што седиште е сместено во криминално стекната конфискувана зграда, која што покрај тоа е дивоградба. Па нека се запрашаат и тие до каде е нивниот случај и во која фиока седи. И затоа сите советнички групи треба да седнат да се погледнат што ќе прават во иднина заедно со градоначалникот, на која начин планираат да функцонираат и како планираат да продолжат имајќи во предвид дека се избрани да ги штитат и да ги унапредуваат правата на граѓаните, рече Ковачевски. Вели дека доколку министер во Владата се најде на црна листа на САД, тогаш истиот момент ќе биде разрешен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-jas-da-bev-na-tsrnata-lista-na-sad-ne-samo-shto-ke-si-podnesev-ostavka-tuku-toa-ke-go-smetav-za-poraz-vo-mojata-kariera/feed/ 0
ДУИ денеска ќе излезе со став за ставањето на Мерко на црната листа на САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-deneska-ke-izleze-so-stav-za-stavaneto-na-merko-na-tsrnata-lista-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-deneska-ke-izleze-so-stav-za-stavaneto-na-merko-na-tsrnata-lista-na-sad/#respond Thu, 22 Jun 2023 09:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=848519

Демократската унија за интеграциии (ДУИ) денеска ќе се изјасни во однос на ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД. Министерот за финансии Фатмир Бесими, кој доаѓа од оваа партија, која е дел од владината коалиција, изјави дека од партијата ќе има став и изјава во однос на тоа. -И таму во однос на тоа во програмата е ветингот и воопшто во земјата ќе имате став од партијата, рече Бесими. Тој не сакаше да одговори како тој гледа на оваа ситуција и ставањето на Мерко на црната листа. -Ме прашувате за политичко и за партиско прашање. Тоа ќе го добиете денеска во текот на денот од партијата, рече Бесими, кој беше на конференција во МАНУ. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека е добро да се позанимаваме со случајот со Мерко и нашите институции. -Секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема предвид. А околу политичките чекори и натамошните институционални чекори треба да каже секако политичката партија на која и припаѓа гоисподинот Мерко и надлежните институции, рече Маричиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-deneska-ke-izleze-so-stav-za-stavaneto-na-merko-na-tsrnata-lista-na-sad/feed/ 0
Црната листа на САД најверојатно ќе се проширува и со други, целта е да помогне во напорите за борба против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsrnata-lista-na-sad-najverojatno-ke-se-proshiruva-i-so-drugi-tselta-e-da-pomogne-vo-naporite-za-borba-protiv-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsrnata-lista-na-sad-najverojatno-ke-se-proshiruva-i-so-drugi-tselta-e-da-pomogne-vo-naporite-za-borba-protiv-koruptsijata/#respond Thu, 22 Jun 2023 05:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=848419

Црната листа на САД ќе се проширува и покрај името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неа ќе се најдат и други македонски граѓани, најави американската амбасадорка Анџела Агелер. Додека американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се надева дека одлуката на американскиот Стејт департмент за ставање на Мерко на „црната листа“ на САД поради „значителна корупција“, ќе и помогне на Владата на Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, за премиерот Димитар Ковачевски тоа потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт, посочувајќи дека „нашите истражните и правосудни органи треба да се запрашаат како САД дошле до такви информации на коишто ја базираат својата одлука, а се наоѓаат неколку илјади километри далеку од тука, а нашите органи не дошле до такви податоци сите овие години“. Американската амбасадорка Анџела Агелер, нагласи дека овој процес на назначување трае подолго и е процес кој внимателно се спроведува и се врши ревизија на сите докази и се што е утврдено. - Има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и на разгледување и откако ќе се утврдат сите факти ќе се донесе одлука. Не можам точно да кажам за временските рокови кога би се реализирале сите овие процеси, но сметам дека ќе има и други на листата, но не би можела да кажам точно кога, изјави Агелер при вчерашната посета на Штип. Во Соединетите Американски Држави, додаде, имаме многу сериозен пристап кон борбата со корупцијата. -Секогаш кога ќе се утврдат докази за корупција сметаме дека народот на Северна Македонија има право да знае и да има избрани претставници во кои ќе може да веруваат и да бидат стабилни. Тука завршува ангажманот на САД и ние не можеме да кажеме што понатаму би требало да направат Владата и судството на Северна Македонија и какви мерки да преземат, прецизира Агелер. Нагласи дека ќе продолжат да соработуваат со тие што имаат добра волја за докрај да се реализираат процесите. - Ова е сериозно прашање за нас, но тука имаме и прекрасни партнерства со претставници од Владата и други претставници од земјата со кои имаме навистина одлични односи и ќе продолжиме со нашите заложби за да обезбедуваме секаков вид на помош за и понатаму да продолжи нашето партнерство и соработка, изјави Агелер. Ставањето на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД, според премиерот Димитар Ковачевски, потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт. ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства. Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски вчера од Виница упати критики до домашните истражни и правосудни органи што досега не успеале да дојдат до информации за струшкиот градоначалник. - Наводите што се наведени за ставење на црната листа на градоначалникот на Струга, се сериозни. Се работи за неколку основи. Нашите истражните и правосудни органи треба да ги испитаат наводите што се наведени во соопштението од Стејт Департментот и да се запрашаат како САД дошле до такви информации на коишто ја базираат својата одлука, а се наоѓаат неколку илјади километри далеку од тука, а нашите органи не дошле до такви податоци сите овие години, рече Ковачевски. Според премиерот, овој случај уште еднаш потврдува колку е важно да продолжат европските интеграции на земјата кои меѓу другото значат и зголемување на нивото на правото на владеење и борбата против корупцијата. Во однос на мандатот на градоначалникот на Струга, Ковачевски рече дека одговор на ова прашање ќе мора да даде самиот градоначалник затоа што тој е избран функционер на непосредни избори, а до советниците во Општина Струга упати порака добро да размислат како ќе продолжат понатаму. - Сите ќе треба добро да размислат како ќе продолжат понатаму со оглед на наводите. Да не заборавиме - тој бил градоначалник во повеќе мандати и во тие мандати соработувал со сите советнички групи во Општината, рече Ковачевски. Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска очекува реакција од домашните правосудни органи откако САД го прогласија за персона нон грата струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поради неговата вмешаност во значителна корупција. -Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, порача вицепремиерката Грковска на Фејсбук. Американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изрази надеж дека одлуката на американскиот Стејт департмент за ставање на струшкиот градоначалник на „црната листа“ на САД поради „значителна корупција“, ќе и помогне на Владата на Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата. Специјалниот пратеник на американската администрација за Западен Балкан, Габриел Ескобар ги повика лидерите во регионот да се фокусираат на мултиетничкото помирување. Ваквата изјава Ескобар ја даде завчера за Програмата на Гласот на Америка на албански јазик во заедничко гостување со координаторот за антикорупција во Стејт департментот, Ричард Нефју, кој нагласи дека одлуката е донесена затоа што „државниот секретар на САД имал веродостојни информации кои сугерираат дека Мерко бил вмешан во голема корупција“. Тој истакна дека ваквите одлуки имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет. - Секогаш кога зборувате за нешто што вклучува визни ограничувања или санкции, секогаш ќе има прашања за нивната ефикасност. Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите институции дека тие не се сами и дека кога се соочуваат со корумпирани актери, имаат поддршка и имаат поддршка од меѓународната заедница, рече Нефју. Координаторот за антикорупција во Стејт департментот додаде дека САД не прават разлика дали санкциите се однесуваат на поранешен или актуелен функционер. - Повторно, дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество и оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери, рече тој. Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за „персона нон грата“ за влез во САД, поради, како што беше наведено во соопштението, негова вмешаност во значителна корупција. САД ги проширија санкциите против Иран со 16 дополнителни компании, соопшти денеска американскиот Стејт департмент. - За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудните и другите јавни процеси, на тој начин нанесувајќи штета на довербата на јавноста во демократските институции и претставници. Денешната акција испраќа порака дека САД стојат заедно со Северна Македонија за зајакнување на стабилноста преку зацврстување на демократските институции и решавање на слабостите во владеењето на правото, се наведува во писмената изјава на портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. Во соопштението се наведува дека оваа одлука ја „реафирмира посветеноста на САД во борбата против корупцијата, којашто наштетува на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“. Во одлуката на Стејт департментот се посочува дека забраната за влез во САД се однесува и на сопругата и трите полнолетни деца на Мерко. Судскиот совет, вчера објави дека ќе формира комисија која во Основниот суд во Струга ќе направи контрола за да ги провери наводите дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е ставен на црната листа на личности на САД поради сомневања дека се мешал во судски постапки. -Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка и ќе формира комисија, која заедно со координаторот за овој суд од редот на членовите, ќе направи посета на овој Суд, за да може на лице место да направи контрола, вели портпаролката на Судски совет, Гордана Дувњак. Таа информира дека во текот на минатата и оваа година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на Струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две постапки за судии од овој суд. -Но, напоменувам дека во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, туку за конкретни предмети во кои се засегнати странките, истакнува Дувњак. Во интервју за МИА минатиот месец Агелер изјави дека не е тајна оти на корупцијата и криминалот гледа како на главен предизвик со кој моментално се соочува државата. - Оваа земја има направено многу важни и многу тешки жртви и покажа дека може да работи на вистински проблеми кога тоа ќе се побара од неа. Верувам дека постојат добри луѓе во оваа земја на кои им е преку глава од корупција. Мислам дека сите граѓани се уморни од тоа. Не сум сретнала ниту еден Македонец, кој е помирен со корупцијата. Јас се надевам дека луѓето ќе речат „доста“ и дека ќе побараат од нивните институции да се справат со овие прашања на отворен и транспарентен начин и дека ќе бараат одговорност од лидерите, бизнисмените и другите во општеството доколку не ги следат правилата, рече Агелер во интервјуто за МИА. Од партијата „Алтернатива“, по објавата дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е ставен на црната листа на САД, вчера излегоа со став дека „после Холандија, и САД му стави печат на ДУИ како партија со корумпирани кадри кои влијаат врз правосудството“. - Ова е невиден скандал досега во нашата политичка сцена. Сепак ова за нас не е ниту новост, ниту ново изненадување. Рамиз Мерко е само една нишка во големата пајажина на корупцијата што ДУИ ја создаваше изминативе 20 години. Секако, зачудува фактот што МВР и Јавното обвинителство уште молчат, велат од Алтернатива. Според оваа партија, забраната за влез во САД за високиот функционер на ДУИ поради корупција и влијание во правосудството, е уште еден доказ зошто треба да се прифати Предлог-амандманот со кој предметите поврзани со корупција никогаш не треба да застарат. На одлуката на Стејт департментот, претходно реагираа од Алијансата за Албанците и од Беса, кои го поздравија прогласувањето на Рамиз Мерко за нон грата од страна на САД. - Оваа денешна одлука е сигнал кој има потенцијал да ја врати надежта во Северна Македонија. Од денес САД докажаа дека никој не е недопирлив. И честитаме на амбасадорката Агелер за нејзината доследност и предупредувањето дека ќе има други определби во текот на оваа година. Корупцијата мора да има последици, но определбите нон грата не се доволни. Рамиз Мерко веднаш да поднесе оставка, а ДУИ да се огради од својот член на Претседателството. Обвинителството за корупција треба да отворат случај против Мерко за да обезбедат целосна одговорност за наводите на американскиот Стејт департмент и за да ја спроведат правдата, посочија од Алијансата за Албанците. Беса, од своја страна, изрази уверување дека ваквата одлука е само почеток на демаскирање на корупцијата и инкриминираните функционери. Очекуваме дека оваа листа во наредните денови ќе се пополни со функционери кои злоупотребиле и злоупотребуваат локални и странски фондови во име на „инвестиции“. Функционери инволвирани во криминал и корупција и функционери кои освен уцени, проневери и злоупотреби не прават ништо друго, а како резултат на тоа го имаме секојдневното бегство на населението не од оваа држава, туку од оваа корумпирана и инкриминирана Влада, се наведува во соопштението на движењето Беса, кое побара итна остава од Мерко. За ВМРО-ДПМНЕ, пак најновото соопштение на Стејт Департментот го потврдили тоа што партијата подолг период наназад го зборува, „дека ДУИ е криминализирана структура“. -Ставањето на Рамиз Мерко од ДУИ на црната листа на САД, е институционална потврда на сите сомнежи и афери кои ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ за кадрите на ДУИ, изјави денеска пратеникот од опозициската партија, Мирче Аџиоски. Од партијата на Мерко, ДУИ посочија дека се „шокирани од одлуката на Стејт департментот, но ќе ја почитуваат и ќе ја анализираат во наредните денови“. Извори од ДУИ посочија дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со претставници на Американската амбасада, по што ќе одлучи дали ќе побара оставка од Мерко. Студентскиот оброк по цена од 120 денари дневно да се исплаќа ретроактивно до март, а дотогаш да се најде системско решение за оваа субвенција. Тоа е договорено на средбата во Собранието меѓу Министерот за образование и наука и висок функционер на ДУИ, Јетон Шаќири вчера изјави дека неговата партија секогаш била за ветинг на сите функционери. - ДУИ како политичка партија секогаш била за ветинг и ДУИ го бара ветингот за сите функционери кои доаѓаат од централно и локално ниво, рече Шаќири. Минатата година САД на својата „црна листа“ ги ставија и поранешниот премиер Никола Груевски и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков заради нивна вмешаност во „значителна корупција“. - Нивните постапки ги поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја намалија вербата на јавноста во нивните влади, беше наведено во тогашната одлука на САД. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот ги санкционираше и членовите на нивните потесни семејства, кои добија забрана за влез во Америка. Претходно на „црната листа“ на САД, беа ставени и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsrnata-lista-na-sad-najverojatno-ke-se-proshiruva-i-so-drugi-tselta-e-da-pomogne-vo-naporite-za-borba-protiv-koruptsijata/feed/ 0
Амбасадата на САД без конкретни детали за евентуалната содржина на црната листа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-bez-konkretni-detali-za-eventualnata-sodrzhina-na-tsrnata-lista/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-bez-konkretni-detali-za-eventualnata-sodrzhina-na-tsrnata-lista/#respond Wed, 18 Jan 2023 16:55:46 +0000 https://kurir.mk/?p=789096

Проблемот со корупцијата е на масата на континуирани разговори меѓу САД и Македонија. Ваков одговор, за тв 24, денеска испрати американската амбасада во Скопје. На прашањата – Кога ќе биде објавена црната листа за санкции, кои македонски политичари ќе се најдат на неа и што покажа скенот за корупција на тимот истражители од Вашингтон, од амбасадата велат... Амбасада на САД во Македонија – Соединетите Американски Држави се во континуирани разговори со Северна Македонија за овој проблем. Ќе ја прифатиме црната листа како таква, вели премиерот Ковачевски. Немал сознанија за содржината и за тајмнигот на објавување, а оваа тема не ја отвориле ниту со советникот на Стејт Департментот Шоле, ниту со американската амбасадорка Агелер. Сепак, Ковачевски има намера да ја прифати црната листа , без оглед – кои имиња ќе се појават на неа. И додека САД испраќа пораки за корупцијата, а во земјата овие месеци се редеа судски афери, Македонија го затвори првиот кластер- фундаментални вредности од билатералниот скрининг во Брисел. Токму во тој кластер се наоѓа и поглавјето 23 – правосудство, за кој вицепремиерот Маричиќ вели дека бил еден од поуспешните скрининзи и очекува позитивен извештај во следните месеци од ЕК. Бојан Маричиќ вицепремир за европски прашања – Воопшто немаше дискусија за ниту еден скандал, но имаше длабински прашања за функционирањето на институциите, за резултатите во политиките коишто сами сме ги декларирале. И во однос на борба против корупцијата и организираниот криминал и во однос на заштита на правата на малцинствата и заедниците, но и за функционирањето на правосудството. За време на скринингот на кластерот – Евопската Комисија, американската амбасада, француската амбасада, чешката амбасада и амбасадата на Шведска, земјата која во моментот претседава со ЕУ, за телевизија 24 испратија скоро идентитчна порака , а тоа е дека под лупа се следи состојбата со македонското правосудство и дека борбата против корупцијата мора да биде во фокус, ако Македија сака да чекори кон европскиот пат.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-bez-konkretni-detali-za-eventualnata-sodrzhina-na-tsrnata-lista/feed/ 0
Ковачевски: Не е исклучено на американската црна листа да бидат и актуелни функционери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-e-isklucheno-na-amerikanskata-crna-lista-da-bidat-i-aktuelni-funkcioneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-e-isklucheno-na-amerikanskata-crna-lista-da-bidat-i-aktuelni-funkcioneri/#respond Fri, 23 Dec 2022 10:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=779567

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека не е исклучено на американската црна листа да се најдат и актуелни функционери. Ковачевски не даде други информации само додаде дека тој „со истражители не се видел“. На прашањето дали се тоа функционери за кои што Грковска иницираше постапка за утврдување на злоупотреба, премиерот рече дека Грковска не кажала дека поднела кривични пријави туку дека „до неа имало пријави што после таа ги спроведува согласно со нејзините надлежности до надлежни институции“. На прашањето дали постои можност да се истите, премиерот рече дека не знае.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-e-isklucheno-na-amerikanskata-crna-lista-da-bidat-i-aktuelni-funkcioneri/feed/ 0
Пендаровски: Не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни функционери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-e-isklucheno-na-crnata-lista-na-sad-da-se-najdat-i-aktuelni-funkcioneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-e-isklucheno-na-crnata-lista-na-sad-da-se-najdat-i-aktuelni-funkcioneri/#respond Thu, 22 Dec 2022 18:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=779300

Не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери, изјави претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државата во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа“, за која очекува да биде објавена во догледно време. Коментирајќи ги забелешките на американсата амбасадорка Анџела Агелер за изборот на Ислам Абази за јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, Пендаровски истакна дека критиките се реакција на генерално лошите состојби во судството. За него, изборот на Абази не е спорен. Вели дека бил избран на демократски начин со непосоредно изјасување на обвинителите. Потврда за тоа, според него, е и тоа што противканидатите на Абази кои загубиле, не се пожалиле на постапката и за нелегитимност. За состојбата во правосудниот систем, шефот на државата рече дека ќе се подобри само кога „политичарите и бизнисмените ќе се откажат од судството“. Во врска со идејата за генерален избор на судиите, Пендаровски кажа дека за тоа немало „пас“ од Брисел уште во 2017 година, имајќи ги предвид лошите ефекти од ветингот во Албанија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-e-isklucheno-na-crnata-lista-na-sad-da-se-najdat-i-aktuelni-funkcioneri/feed/ 0
Босанскиот премиер заврши на американската црна листа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bosanskiot-premier-zavrshi-na-amerikanskata-crna-lista/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bosanskiot-premier-zavrshi-na-amerikanskata-crna-lista/#respond Mon, 03 Oct 2022 19:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=740616

Министерството за финансии на САД воведе санкции кон премиерот на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ поради поткопување на демократските процеси. На американската црна листа се најде и бизнисменот Слободан Станковиќ, но и неговата компанија „Интеграл Инжењеринг“. Од САД објавија дека тие се ставени на црната листа поради директно и индиректно учество во акции или политики кои поткопуваат демократски процеси или институции во Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bosanskiot-premier-zavrshi-na-amerikanskata-crna-lista/feed/ 0
“Ferrari” го стави Џастин Бибер на црната листа https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ferrari-go-stavi-dzastin-biber-na-crnata-lista/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ferrari-go-stavi-dzastin-biber-na-crnata-lista/#respond Sat, 14 May 2022 17:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=676742

Славниот канадски пејач Џастин Бибер се најде на црната листа на "Ferrari". "Ferrari" го додаде Џастин Бибер на неславната листа на луѓе кои повеќе никогаш нема да можат да купат нов автомобил од оваа компанија. Пејачот е познат по своите ексклузивни суперавтомобили, а меѓу нив се "Ferrari LaFerrari", "Fisker Karma", "Ferrari 458 Italia" и други. Меѓутоа, поп ѕвездата направила грешка која за "Ferrari" е непростлива. Во суштина, Бибер не ги следел јасните правила, односно не го почитувал етичкиот кодекс на кој инсистираат од компанијата од Маранело, така што забраната е конечна. Пејачот купил "Ferrari 458 Italia" и го префарбал во "Electric Blue" сина боја, а таа работа за него ја завршила екипата од "West Coast Customs". Исто така, поставил широк "body kit" од "Liberty Walk", а неговата најголема грешка е што го исфарбал и логото на "Ferrari" на својот автомобил. "Ferrari" му дава до знаење на секој купувач "да не си игра" со автомобилот, односно не дозволува модификации на моторот, никакви модификации на каросеријата, а за лакирање на автомобилот потребна е посебна дозвола. Уште една грешка на Бибер е што своето сино "Ferrari" го продал во 2017-та година на аукција и тоа по помалку од една година по купувањето, што компанијата од Маранело исто така не дозволува. За среќа по Бибер, ништо не го спречува да купи "Ferrari" модели од други сопственици На црната листа на "Ferrari" се наоѓа и Ким Кардашиан како и актерот Николас Кејџ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ferrari-go-stavi-dzastin-biber-na-crnata-lista/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за власт и пари коалицираат со Тачи и Бошкоски кои се на црната листа на САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-za-vlast-i-pari-koaliciraat-so-tachi-i-boshkoski-koi-se-na-crnata-lista-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-za-vlast-i-pari-koaliciraat-so-tachi-i-boshkoski-koi-se-na-crnata-lista-na-sad/#respond Tue, 12 Apr 2022 09:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=661767

Колку е лицемерието големо кај СДСМ покажува фактот што коалицираат со политичари кои се на црната листа на САД, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не престануваат со лагите и криминалот. За да владеат и крадат коалицираат со лица кои се на црната листа на САД. Љубе Бошкоски и Мендух Тачи се коалициски партнери на СДСМ кои се на црната листа на САД, а со кои Ковачевски и Заев се во коалиција. Кога станува збор за власт, тие коалицираат и со политичари кои се на црната листа на САД, а за пари прават бизнис и со фирми кои се анти НАТО. СДСМ за власт и пари прават се, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-za-vlast-i-pari-koaliciraat-so-tachi-i-boshkoski-koi-se-na-crnata-lista-na-sad/feed/ 0