црна река – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 May 2021 08:55:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црна река – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драстичен пад на водостоите на Дрим и Црна река https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichen-pad-na-vodostoite-na-drim-i-crna-reka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichen-pad-na-vodostoite-na-drim-i-crna-reka/#respond Tue, 04 May 2021 08:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=505195

Водостоите на повеќето реки во земјава се намалени, а некои се нешто повисоки или во рамки на просекот за мај. Според денешните хидролошки мерења, драстичен пад бележи Струмица кај Ново Село, а Црн Дрим кај Ложани и Црна Река кај Новаци се двојно пониски од просекот. Езерата се без поголеми промени, а Преспанското за 10 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichen-pad-na-vodostoite-na-drim-i-crna-reka/feed/ 0
Надојдени води во Црна Река го оштетија бетонскиот мост на железничкиот коридор 10 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/#respond Tue, 02 Oct 2018 11:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=109579

Големо количество вода во Црна Река што наеднаш надошла го направила оштетувањето на бетонски мост на железничката пруга поради што од петокот вечерта во прекин е железничкиот сообраќај на коридорот 10. Мостот се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, а сообраќајот се одвива само од Скопје до Велес и обратно. Нивото на реката одеднаш пораснало на пет метри од постоечките 1,7 метри и силината на надојдената вода ги поткопала столбовите на бетонскиот мост што се лоцирани во реката, појаснуваат од МЖ - инфраструктура. - Последните 30 години немало случај на толку големо количество вода одеднаш. Од МЖ инфраструктура немале информации, а настанатата деформација ја забележал машиновачот на последниот воз што поминал над мостот, соопшти директорот на МЖ - Инфраструктура Ирфан Асани. Асани вели дека проблемот е сериозен и дека големи се економските штети од прекинот на железничкиот сообраќај. Се надева дека за 15 до 20 дена со преодно решение ќе се воспостави сообраќајот. Тој истакнува дека се во постојан контакт со Градежниот институт, експерти и сите надлежни за да се најде решение за што побрзо да се воспостави овој важен коридор. - Од петокот веќе е стопиран сообраќајот. Направивме анализи и испитувања на оштетувањето од сите можни фактори и институции во Македонија и веќе имаме финална идеја што треба да направиме. Ќе одиме на брза санација и се надевам дека за 15 до 20 дена ќе биде ставен во употреба. Тоа значи брза санација за ограничена употреба, а во меѓувреме ќе гледаме која е опцијата или ќе се оди на нов бетонски или челичен мост, појаснува Асани. оштетен мост пруга Мостот е изграден во 1970 година и бил во добра кондиција, вели директорот. Последната проверка е направена во 2008 година, а како што истакнува, секоја година се дијагностицираат сите параметри на сите мостови и пругата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/feed/ 0