црни кутии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 08:17:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црни кутии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пронајдени двете црни кутии од авионот што се урна во Непал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-shto-se-urna-vo-nepal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-shto-se-urna-vo-nepal/#respond Mon, 16 Jan 2023 08:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=787749

Спасувачките екипи ги пронашле двете црни кутии од патничкиот авион што се урна во близина на непалскиот град Похара, при што загинаа 68 патници, а уште четворица се водат како исчезнати во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија утринава властите. Податоците од кутија што ги снима податоците за летот и другата што ги снима разговорите од пилотската кабина со контрола на летот би можеле да и помогнат на истрагата да ја утврди причината за падот на авионот што се урна при ведро време во неделата, непосредно пред да слета на аеродромот во туристичкиот град Похара. Текнат Ситаула, претставник на аеродромот во Катманду, рече дека двете црни кутии „се во добра состојба. – Однадвор изгледаат добро, рече тој. Спасувачите денеска ја продолжија потрагата по четири исчезнати лица, а Непал за денеска прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на несреќата, кој ќе има задача да предложи мерки за да се избегнат вакви несреќи во иднина. Досега се пронајдени телата на 68 лица, од 72 колку што се наоѓале во авионот АТР 72 во сопственост на Јети ерлајнс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-shto-se-urna-vo-nepal/feed/ 0
Украинскиот авион сепак бил погоден од ракети: Нови детали од првиот официјален извештај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-sepak-bil-pogoden-od-raketi-novi-detali-od-prviot-oficijalen-izveshtaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-sepak-bil-pogoden-od-raketi-novi-detali-od-prviot-oficijalen-izveshtaj/#respond Sun, 23 Aug 2020 10:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=394095

Анализата од црните кутии на украинскиот патнички авион „Боинг 737“, што во јануари се урна веднаш по полетувањето од аеродомот во Техеран, покажува дека леталото, во период од само 25 секунди, било погодено од две ракети и дека патниците уште некое време биле живи непосредно по првата експлозија, сооопштија денеска иранските власти. Соопштението на иранската Организација за цивилно воздухопловство е прв официјален извештај за содржината на црната кутија и податоците од пилотската кабина, што во јули беше испратен на анализи во Франција, пренесоа британските медиуми. Техеран призна дека во јануари случајно собори украински авион, во време на екстремни тензии со САД. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на авионот. „Деветнаесет секунди откако првата ракета го погоди авионот, гласовите на пилотите во кокпитот укажуваат дека патниците се живи … 25 секунди подоцна втората ракета го погодила авионот“, се вели во соопштението. Иранската револуционерна гарда на 8 јануари со ракета земја-воздух го собори украинскиот авиопревозник, кратко време по полетувањето од Техеран, што иранските власти подоцна го признаа како „катастрофална грешка“ на нивните сили, кои беа во состојба на зголемена борбена готовност во судирот со САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-sepak-bil-pogoden-od-raketi-novi-detali-od-prviot-oficijalen-izveshtaj/feed/ 0
Иран ги испрати црните кутии од соборениот украински авион во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-gi-isprati-crnite-kutii-od-soboreniot-ukrainski-avion-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-gi-isprati-crnite-kutii-od-soboreniot-ukrainski-avion-vo-francija/#respond Sat, 18 Jul 2020 14:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=378131

Властите во Техеран ги испратија „црните кутии“ од украинскиот патнички авион, што иранските воени сили ненамерно го соборија на 8 јануари, во Франција за анализа. За време на зголемената борбена готовност поради конфронтацијата меѓу Иран и САД, силите на Иранската револуционерна гарда гаѓале со проектили во авионот на една украинска авиокомпанија, сметајќи дека станува збор за непријателска цел. Во несреќата загинаа повеќе од 170 патници на тој авион. – „Црните кутии“ вчера беа предадени во Париз од официјални претставници на цивилното воздухопловство и еден судија, изјави Мохсен Бахарванд, заменик министер за надворешни работи на Иран задолжен за меѓународни и правни работи, за иранската новинска агенција ИЛНА. Тој додаде дека читањето на податоците за летот, складирани во „црни кутии“, во Франција ќе започне во понеделник. Притоа ја пофали француската Влада за нејзината „многу добра соработка со иранската делегација“. Француската агенција за истражување авионски несреќи, БЕА, има репутација на една од водечките во светот кога станува збор за читање податоци од „црните кутии“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-gi-isprati-crnite-kutii-od-soboreniot-ukrainski-avion-vo-francija/feed/ 0
Украина бара од Иран да ги предаде црните кутии од соборениот авион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-od-iran-da-gi-predade-crnite-kutii-od-soboreniot-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-od-iran-da-gi-predade-crnite-kutii-od-soboreniot-avion/#respond Wed, 15 Jan 2020 10:12:34 +0000 https://kurir.mk/?p=289924

Канцеларијата на украинскиот државен обвинител и безбедносната служба од иранските власти побараа на Киев да му се предадат црните кутии од соборениот украински авион. Претставник на украинските безбедносни служби неодамна изјави дека се очекува наскоро истакнат ирански истражител да ја посети Украина. Британските медиуми пренесуваат дека тој треба да процени дали украинската лабораторија е адекватна за декодирање на црните кутии. Претходно, шефот на истражувачкиот Институт за форензичка експертиза од Киев, Александар Рувин, кажа дека црните кутии ќе бидат декодирани во Украина и дека тоа ќе го стори група меѓународни експерти. По враќањето од Техеран Рувин кажа дека процесот на декодирање на црните кутии ќе почне на 20 јануари , пренсе Тасс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-od-iran-da-gi-predade-crnite-kutii-od-soboreniot-avion/feed/ 0
Француски експерти ќе помагаат во декодирање на црните кутии во истрагата за урнатиот авион во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-eksperti-kje-pomagaat-vo-dekodiranje-na-crnite-kutii-vo-istragata-za-urnatiot-avion-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-eksperti-kje-pomagaat-vo-dekodiranje-na-crnite-kutii-vo-istragata-za-urnatiot-avion-vo-iran/#respond Sat, 11 Jan 2020 14:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=288347

Украинскиот претседател Володомир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон денеска се согласија француски експерти да помогнат во декодирање на црните кутии од соборениот украински авион во Иран. Ова било договорено во телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели, информираат од кабинетот на Зеленски. Макрон на својот украински колега му кажал дека Франција ја почнала формалната постапка за отпочнување меѓународна истрага за несреќата, пренесуваат британските медиуми. Во соопштението се додава дека Макрон ја прифатил поканата да го посети Киев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-eksperti-kje-pomagaat-vo-dekodiranje-na-crnite-kutii-vo-istragata-za-urnatiot-avion-vo-iran/feed/ 0
Црните кутии од авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ испратени во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crnite-kutii-od-avionot-na-etiopian-erlajns-isprateni-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crnite-kutii-od-avionot-na-etiopian-erlajns-isprateni-vo-pariz/#respond Thu, 14 Mar 2019 07:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=174554

Црните кутии од авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ кој се урна кусо време по полетувањето од Адис Абеба, се испратени во Париз, соопшти авиокомпанијата. – Етиопска делегација, предводена од претставници на Бирото за истраги на несреќи (АИБ) ги однесе двете црни кутии (снимачот на податоци за летот – ФДР и снимачот на гласови во пилотската кабина ПКР) во Париз, Франција, за истрага, објави авиокомпанијата на Твитер. Во несреќата што се случи во неделата загинаа сите 157 патници и членови на екипаж. По неколкудневни притисоци, инцидентот предизвика Боинг да ја приземји целата светска флота од авиони 737 Макс. Истиот тип на авион падна минатата година во Индонезија при што загинаа 189 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crnite-kutii-od-avionot-na-etiopian-erlajns-isprateni-vo-pariz/feed/ 0