црниче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Jul 2023 18:17:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црниче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорѓиевски: Ќе побарам измени на ДУП-от во Кисела Вода за да ги заштитам граѓаните од населбите во Црниче и Пржино и градежна окупација https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-ke-pobaram-izmeni-na-dup-ot-vo-kisela-voda-za-da-gi-zashtitam-graganite-od-naselbite-vo-tsrniche-i-przhino-i-gradezhna-okupatsija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-ke-pobaram-izmeni-na-dup-ot-vo-kisela-voda-za-da-gi-zashtitam-graganite-od-naselbite-vo-tsrniche-i-przhino-i-gradezhna-okupatsija/#respond Sat, 15 Jul 2023 18:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=857000

Трите главни столба на кое што се темелеше урбанистичкото проектирање е дигитализацијата со која што се намалува степенот на корупцијата и тоа е прв столб. На овој столб ги темелевме нашите заложби и вториот столб беше суспензијата и поништувањето на ДУП-от во Расадник и меѓународниот конкурс кој што сега трае до септември и е во процес каде што треба да стигнат предлог верзии за истиот. И третиот столб беше ова автентично толкување во кое што сакавме да спречиме и спречивме практично месеци наназад изигрување на законот, кои што во минатото поединци го користеа тој простор, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител. Според Ѓорѓиевски населбите Црниче и Пржино се проектирани со подземна и надземна инфраструктура за на на една уличка има од 15 до 30 домаќинства. Во наслебите и Црниче и Пржино се преоктирани за да на една улица да има 15, 20 или 30 домаќинства. Инфраструктурата надземна учичките се од 3,5 до 5 метри широки, паркинг просторот е за тие 15,20 или 30 семејства кои што живеат таму. Подземната инфраструктура, водоводната мрежа е за тој капацитет на граѓани кои што живеат таму и дополнително најголемиот проблем градинките и училиштата во околината се предвидени за толкав број на семејствата. Замислете на една таква уличка со 15 домаќинства, да не повеќе туку 4 такви домаќинства се претворат и се изигра законот во вакво издание какво што ќе има не повеќе, туку по станбени единици тоа се 40 семејства плус, на една таква тесна улица со таква оптеретена инфраструктура, рече тој. Во однос на одлуката на Уставен суд за автентично толкување како и дека одлуката ќе биде поништена, Ѓорѓиевски посочи дека наместо да се штите интересот на граѓаните, се штите интересот на градежните компании. Сега наместо да се штите интересот на граѓанинот, го штитат интересот на поединецот, односно на градежни компании кои што треба од сето тоа да профитира. Ако на судот целта му е да го заштити населението, немаше да направи ваков потег, бидејќи никаде нема категорично каде е прекршен законот смета Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски најави и измена на ДУП-от се со цел да се заштити населението кое живее во тие населби. Јас ќе бидам принуден за трајно да го заштитам населението да отпочнам постапка во која што ќе донесеме нов ДУП таму каде што за ова за кое што некој се противи во интерес на поединци, а не во интерес на колективниот интерес, ќе биде јасно наведено и ќе биде заштитено, објасни Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-ke-pobaram-izmeni-na-dup-ot-vo-kisela-voda-za-da-gi-zashtitam-graganite-od-naselbite-vo-tsrniche-i-przhino-i-gradezhna-okupatsija/feed/ 0
Општина Кисела Вода: Идните градби во Пржино и Црниче намалени до четири станбени единици https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-idnite-gradbi-vo-przino-i-crniche-namaleni-do-chetiri-stanbeni-edinici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-idnite-gradbi-vo-przino-i-crniche-namaleni-do-chetiri-stanbeni-edinici/#respond Tue, 26 Apr 2022 14:01:14 +0000 https://kurir.mk/?p=668121

Општина Кисела Вода ја усвои инцијативата поднесена од граѓани во рамки на проектот “Стоп за урбаната мафија” со која побараа да престане изградбата на згради, на места каде е предвидена изградба на семејни куќи. Ова значи дека од денес, во општина Кисела Вода, со посебен акцент на Пржино и Црниче, каде ова беше најизразено, брoјот на станбени единици во објекти со намена А1-Семејно домување е ограничен на вкупно четири. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Советот на општината, образложи зошто е потребно сите советници да застанат зад жителите од овој дел на градот кои се потпишаа на барањето и да гласаат ЗА автентично толкување на 39-те важечки урбанистички планови со кои се бара ограничување на бројот на станбени единици на четири. Истакна дека општинските стручните служби констатираа дека барањето е основано и дека Општината мора да биде еднаква кон сите свои граѓани. Имено, при разгледување на овие 39 урбанистички планови е констатирано дека во ниту еден од нив, нема јасно дефиниран број на станбени единици со намена А1-семејно домување. Поради ваквата ситуација, на терен се јавува состојба едни граѓани да градат и по 8, 16 или 32 станбени единици со намена А1-семејно домување, додека други само 4 станбени единици. Ваквиот пропуст во урбанистичкото планирање на Општината доведува до злоупотреби од страна на урбаната мафија и наместо куќи за семејно домување, никнуваа стамбени згради со 32 и повеќе станбени единици, со нерешени паркинг места и комунална инфраструктура која не може да го издржи урбаното лудило. Анализата покажа дека вакви објекти најмногу се градени во Црниче и Пржино иако поедини објекти има и во други делови од општината, потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски. Оттука, ги повика сите советници кои се залагаат за чесна и транспарентна работа, во интерес на граѓаните, а не на урбаната мафија, да ја дадат својат поддршка на овој нов начин на функцинирање на локалната самоуправа која, пред се, ќе обезбеди еднакви услови за сите свои жители. Конкретно, во Кисела Вода да не може да се градат повеќе од 4 станбени едници за намена А1 -куќи за семејно домување. Предлогот за автентично толкување беше усвоен со 16 гласа ЗА. Воздржано гласаа 7-те советници од СДСМ, кои претходно побараа точката да биде симната од дневен ред.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-idnite-gradbi-vo-przino-i-crniche-namaleni-do-chetiri-stanbeni-edinici/feed/ 0
Се асфалтира улицата “Рилски Конгрес” во населбата Црниче https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-asfaltira-ulicata-rilski-kongres-vo-naselbata-crniche/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-asfaltira-ulicata-rilski-kongres-vo-naselbata-crniche/#respond Wed, 30 Mar 2022 13:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=655708

Финализираат градежните работи за санација на коловозот на улицата “Рилски Конгрес” во населбата Црниче, кои течеа во изминатите три седмици. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во асфалтирањето на улицата, на што претходеше гребење на постоечкиот оштетен асфалт и нивелирање на шахтите. -Денес започнува последната, финална фаза од санацијата на оваа фреквентна улица во населбата Црниче, која освен нејзините жители ја користат и многу други граѓани поради тоа што истата води кон Центар. По извршените подготвителни активности, се асфалтира на потегот од улицата “Банско” до “Востаничка”, односно 680 метри од улицата “Рилски Конгрес, со ширина од 5 метри. Најавив дека оваа пролет ќе се почувствува почетокот на градежниот бум во поглед на подобрување на инфраструктурата во општината, дека интензивно ќе се работи секаде каде што никој со години не инвестирал. Нашите жители од сите делови на општината, многу скоро ќе ја почувствуваат разликата и ќе добијат поквалитетни услови за живеење-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во активностите на терен на улицата “Рилски Конгрес”. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-asfaltira-ulicata-rilski-kongres-vo-naselbata-crniche/feed/ 0
Ѓорѓиевски: После 30 години се поставува нова водоводната мрежа на улиците „Церска“ и „Христо Узунов“ во Црниче https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-posle-30-godini-se-postavuva-nova-vodovodnata-mreza-na-ulicite-cerska-i-hristo-uzunov-vo-crniche/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-posle-30-godini-se-postavuva-nova-vodovodnata-mreza-na-ulicite-cerska-i-hristo-uzunov-vo-crniche/#respond Mon, 28 Mar 2022 13:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=654618

Решаваме голем, триесетгодишен проблем на жителите на Црниче, ова денеска преку статус на Фејсбук го напиша градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. -Денес заедно со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и директорот на ЈП ,,Водовод и канализација", Златко Перински, присуствувавме на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците ,,Церска” и “Христо Узунов”. Со реализацијата на овој проект се отстранува постоечката салонитна мрежа на која се јавуваат голем број дефекти заради нејзината дотраеност која е поставена пред повеќе од три децении и била наменета за мал број објекти, а денеска не ги задоволува потребите на постојната состојба. За жал, досега не биле преземени активности за реконструкција и проширување на хидротехничката инфраструктура согласно развојот што го овозможува деталниот урбанистички план за овој локалитет со што ЈП Водовод и Канализација овозможува подобро водоснабдување на жителите во овој дел од градот, вели Ѓорѓиевски. Тој додава дека денешниов настан претставува реализација на едно големо ветување до жителите на урбаната заедница Црниче. -За помалку од два месеца, ќе добијат целосно реконструирана водоводна мрежа како и нејзино поврзување кон улицата ,,Востаничка", со што се обезбедува циркулационен прстен за поквалитетно водоснабдување за жителите долж оваа траса. Воедно, општина Кисела Вода ќе се погрижи жителите на овој дел на градот, покрај тоа што ќе добијат непречено снабдување со вода, без досегашните проблеми, да имаат и реконструирани улици што уште повеќе ќе го подобрат квалитетот на живеење, рече Ѓорѓиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-posle-30-godini-se-postavuva-nova-vodovodnata-mreza-na-ulicite-cerska-i-hristo-uzunov-vo-crniche/feed/ 0
Арсовска: За подобро снабдување со вода на жителите на Црниче се заменува постоечката салонитна мрежа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-podobro-snabduvanje-so-voda-na-zitelite-na-crniche-se-zamenuva-postoechkata-salonitna-mreza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-podobro-snabduvanje-so-voda-na-zitelite-na-crniche-se-zamenuva-postoechkata-salonitna-mreza/#respond Mon, 28 Mar 2022 09:43:30 +0000 https://kurir.mk/?p=654474

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска присуствуваа на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците Церска и Христо Узунов во населеното место Црниче во општина Кисела Вода. - Со реализацијата на овој проект се отстранува постоечката салонитна мрежа на која се јавуваат голем број дефекти заради нејзината дотраеност која е поставена пред повеќе од три децении и била наменета за мал број објекти, а денеска не ги задоволува потребите на постојната состојба. За жал, досега не биле превземи активности за реконструкција и проширување на хидротехничката инфраструктура согласно развојот што го овозможува деталниот урбанистички план за овој локалитет со што ЈП Водовод и канализација овозможува подобро водоснабдување на жителите во овој дел од градот – изјави Арсовска. Градежните активности опфаќаат реконструкција на постоечките приклучоци на објектите кои гравитираат на овој дел од улиците Церска и Христо Узунов. Новата водоводна мрежа ќе биде приклучена на улицата Востаничка со што се обезбедува циркулационен прстен кој овозможува поквалитетно водоснабдување за жителите долж оваа траса. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-podobro-snabduvanje-so-voda-na-zitelite-na-crniche-se-zamenuva-postoechkata-salonitna-mreza/feed/ 0
Тешка сообраќајна несреќа вечерва во скопско Црниче – автомобил удрил во велосипедист https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshka-soobrakjajna-nesrekja-vecherva-vo-skopsko-crniche-avtomobil-udril-vo-velosipedist/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshka-soobrakjajna-nesrekja-vecherva-vo-skopsko-crniche-avtomobil-udril-vo-velosipedist/#respond Sat, 11 Dec 2021 20:06:59 +0000 https://kurir.mk/?p=607144

Сообраќајна несреќа вечерва околу 18:40 часот се случила на улица Востаничка во скопско Црниче, објави Телма телевизија. Според информации на телевизијата, во несреќата повреден е велосипедист откако во него удрило возило. По падот, повредениот останал да лежи на влажниот коловоз десетина минути, а за тоа време насобраните граѓани му помагале и успеале да го освестат. Откако пристигнало возило на Итната помош, пружена му е лекарска помош и повредениот е префрлен во болница. За време на несреќата врнело дожд, а полицијата врши увид преку кој ќе се утврдат причините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshka-soobrakjajna-nesrekja-vecherva-vo-skopsko-crniche-avtomobil-udril-vo-velosipedist/feed/ 0
Ограбена амбулантата во скопско Црниче: Искрешни врати, превретен инветар, украдени инјекции https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ograbena-ambulantata-vo-skopsko-crniche-iskreshni-vrati-prevreten-invetar-ukradeni-injekcii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ograbena-ambulantata-vo-skopsko-crniche-iskreshni-vrati-prevreten-invetar-ukradeni-injekcii/#respond Mon, 18 Mar 2019 14:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=176039

Искрешни врати, превретен инветар, украдени инјекции, шприцеви игли, рецепти и печати од докторите, клучеви од шкафови– вакво добро утро имале докторките и медицинските сестри во амбулантата Црниче во скопска Кисела Вода, објави Канал 5. Докторка Мира Атанасова вели дека имаат голема штета. Овој објект е честа мета на кражби, ординациите на приземјото сите до една се демолирани, а на првиот кат се спасиле, бидејќи од по многуте кражби ставиле железна врата. Во оваа зграда докторите работат под концесија и бараат да бидат заштитени, бидејќи штетите од кражбите се многу високи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ograbena-ambulantata-vo-skopsko-crniche-iskreshni-vrati-prevreten-invetar-ukradeni-injekcii/feed/ 0