Црнила Ремикс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Aug 2022 13:32:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Црнила Ремикс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претставата „Црнила ремикс” наградена за најдобра употреба на музика на Фестивалот „Нишвил“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-nagradena-za-najdobra-upotreba-na-muzika-na-festivalot-nishvil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-nagradena-za-najdobra-upotreba-na-muzika-na-festivalot-nishvil/#respond Tue, 09 Aug 2022 13:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=716122

Театарската претстава „Црнила ремикс” ја доби наградата за најдобра употреба на музика на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, кој доцна синоќа заврши во српскиот град Ниш. Жирито на Фестивалот, театарските критичари Наташа Гвоздановиќ и Игор Буриќ и американската актерка и продуцентка Жозелин Пук, во образложението наведуваат дека претставата е оригинална, со тоа што ангажира рап музика во јукстапозиција со традиционални македонски вокални стилови. – Претставата е полна со прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера и поттикнува силни емоции, се наведува во образложението на жирито. На фестивалот „Нишвил”, што од 5 до 9 август се одржа на сцените низ Ниш, Грандпри наградата ја доби претставата „Балкан Боредело”, ко-продукција меѓу „Ла Мама“ од Њујорк, „Ателје 212“ од Белград и „Кендра Мултимедија“ од Приштина, а сите награди се доделени едногласно. – Наградата доаѓа во вистински момент, кога се обидуваме повторно да ја рестартираме претставата. „Црнила Ремикс” својот силен фестивалски залет го имаше веднаш по премиерата крајот на 2018 година, но за жал веќе на почетокот на 2019 година како и цел свет и ние мораше таму да запреме. Многу убава енергија околу овој проект, па затоа верувам дека „Црнила” на МКЦ Скопје ќе ја има уште долго на сцена, истакна Русе Арсов, продуцент на претставата. Режисер на проектот е Јордан Симонов, кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап колективот „Зад аголот” го поставија ова современо читање на драмската класика „Црнила“ на Коле Чашуле. – Мислам дека ја имавме најсоодветната продукција за овој фестивал, чија специфика е токму селекција на претстави каде музиката е важен драмски елемент во нарацијата. Експериментиравме со многу стилови и формати, добивме одличен музички производ, и затоа сега ми е многу драго што тоа го препознаа и членовите на жирито, изјави Јордан Симонов. Пред полниот амфитеатар во Ниш на Фестивалот се поклонија членови на Организацијата: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-nagradena-za-najdobra-upotreba-na-muzika-na-festivalot-nishvil/feed/ 0
Претставата „Црнила Ремикс“ на меѓународна сцена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-na-megjunarodna-scena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-na-megjunarodna-scena/#respond Thu, 04 Aug 2022 06:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=713792

Театарски хип-хоп проект на МКЦ Скопје – „Црнила Ремикс“ е дел од официјалната селекција на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, кој од 5 до 9 август ќе се одржи во Ниш, Србија, на сцените во Нишката тврдина. Во рамки на популарниот „Нишвил џез фестивал“ од 2017 година како посебна програмска целина постои Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, на кој оваа година ќе бидат прикажани продукции од Франција, Швајцарија, Србија, САД, Хрватска, Бугарија и Македонија. Програмската селекција на овој фестивал е базирана на продукции кои ја користат музиката како еден од главните драмски елементи во креирање на самата претства, а целата програма се прикажува исклучиво на отворени сцени низ градот. -Ќе погледнеме од многу мали трупи како француската Les Nouveaux Ballets du Nord-Pas de Calais од Лил која ги комбинира техниките на театар, кукларство и танц, или пак хрватската трупа CIrk од Загреб која спојува театар, филм, циркус и визуелни уметности, или вашата Црнила Ремикс која ни доаѓа како претстава-концерт. Тука се и најдолговечните Мимарт театар (1984) - танцов и физички театар, и Дах театар (1991) - лабораториски театар поврзан со работата на Јержиј Гротовски и Еуџенио Барба, па се до светски познатата театарска трупа ЛаМама од Њујорк (1961) која ја негува работата на експерименталниот театар, потенцираше Маја Митиќ, уметнички директор и селектор на Нишвил меѓународен џез театар фестивал. Со гостувањата на фестивалот Егзит во Нови Сад и клубот Мочвара во Загреб во 2019 година „Црнила Ремикс“ ги започна своите меѓународни активности, а проектот беше дел и од хибридната меѓунардона програмска соработка реализирана за време на пандемијата во 2020 година меѓу МКЦ Скопје и Кино Шишка од Љубљана - Cross Stream. За потсетување, „Црнила Ремикс“ е урбано читање на класичното дело на Коле Чашуле, работено по идеја и режија на Јордан Симонов, со оригинален препев и музика на Дарко Димитриески и Павле Димковски од колективот Зад Аголот. Членови на Организацијата се: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски. Оваа музичко - драмска продукција имаше свои премиери во 2019 година на меѓународниот театарскиот фестивал МОТ и музичкиот фестивал Здраво млади, а покрај театарска и концертна верзија, овој проект во 2020 го доби и својот трет формат - аудио запис на винил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-na-megjunarodna-scena/feed/ 0