црно море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 07:40:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црно море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија уништила три украински дрона над Црно Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-unishtila-tri-ukrainski-drona-nad-tsrno-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-unishtila-tri-ukrainski-drona-nad-tsrno-more/#respond Tue, 24 Oct 2023 07:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=892397

Руската војска неутрализирала три украински дрона над Црното Море за кои се верува дека за цел го имале заливот Севастопол, на Крим. „Ноќеска, околу 4 часот по локално време, откриени се три беспилотни летала на украинската армија во северниот дел на Црното Море“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Како што се додава во соопштението, во зоната за откривање на беспилотните летала бил извршен напад со антидиверзантски ракетни системи. Во заливот Севастопол, каде што е матичното пристаниште на руската Црноморска флота, во тек се антидиверзантски мерки.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-unishtila-tri-ukrainski-drona-nad-tsrno-more/feed/ 0
Танкер со нафта налета на мина во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tanker-so-nafta-naleta-na-mina-vo-tsrnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tanker-so-nafta-naleta-na-mina-vo-tsrnoto-more/#respond Mon, 16 Oct 2023 15:47:27 +0000 https://kurir.mk/?p=889447

Танкер со нафта под знамето на Либерија налета на мина во Црното Море во близина на брегот на Романија. Танкерот „Али Најафов“ претрпел мала штета, а екипажот е безбеден. Во тоа време тој пловел во близина на каналот Сулина, изјави Јорук Исик, шеф на консултантската компанија „Босфор Обсервер“. Ова е втор танкер овој месец што налета на пловечка мина. Русија се повлече од договорот со кој се овозможува безбеден транспорт на украинското жито. Оттогаш, Украина воспостави привремен „хуманитарен коридор“ за товарни бродови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tanker-so-nafta-naleta-na-mina-vo-tsrnoto-more/feed/ 0
Поплави и одрони во Црноморскиот регион во Турција, едно лице загина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-i-odroni-vo-tsrnomorskiot-region-vo-turtsija-edno-litse-zagina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-i-odroni-vo-tsrnomorskiot-region-vo-turtsija-edno-litse-zagina/#respond Mon, 10 Jul 2023 19:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=855181

Обилните врнежи од дожд во регионот на Црното Море во Турција предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а едно лице загина во северната турска провинција Самсун, изјави денеска министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу. -Неколку патишта беа затворени поради лизгање на земјиштето, додаде тој. Во провинцијата Болу е затрупан излезот од тунелот. На снимка се гледаат багери кои се обидуваат да го исчистат патот. Метеоролошката служба предупреди и на ново невреме во Црноморскиот регион. Црноморскиот регион е постојано изложен на големи поплави. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека екстремните временски услови се последица на климатската криза. -За жал, како и остатокот од светот, нашата земја се повеќе ги чувствува проблемите предизвикани од климатските промени, рече Ердоган во Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-i-odroni-vo-tsrnomorskiot-region-vo-turtsija-edno-litse-zagina/feed/ 0
Милков: Не можеме да зборуваме за безбедноста во Црното Море без да зборуваме за безбедноста во Украина и Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milkov-ne-mozheme-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-tsrnoto-more-bez-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-ukraina-i-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milkov-ne-mozheme-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-tsrnoto-more-bez-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-ukraina-i-moldavija/#respond Thu, 13 Apr 2023 14:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=823681

Не можеме да зборуваме за безбедноста во Црното Море без да зборуваме за безбедноста во Украина и Република Молдавија. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков на Првата конференција за безбедност на црноморскиот регион под покровителство на Кримската меѓународна платформа во Букурешт. Тој учествуваше како панелист на вториот панел на форумот на тема „План за денес. Непосредни одговори на актуелните закани и предизвици во проширениот регион на Црното Море“. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. „Црното Море е раскрсница, крстопат кон Запад, кон Кавказ, Источен Медитеран, Блискиот Исток, како и Западен Балкан. Важна транзитна точка меѓу Европа и Азија. Регионот стана суштински во стратешката конкуренција меѓу Русија и Западот, а војната во Украина создаде сосема нова безбедносна средина. Агресијата не е само против Украина, туку и против безбедноста и стабилноста на континентот“, рече бугарскиот дипломат. Тој ја сподели потребата за колективен пристап и изрази надеж дека ќе бидат преземени одлучни чекори во оваа насока на состанокот на самитот на НАТО во Вилнус, кој претстои во јули. „Ако ги прашавме европските граѓани пред неколку години дали се за тоа Европа да стане глобална, стратешка сила, вклучително и во областа на одбраната, одговорот веројатно ќе беше 'да'. Во минатото, на прашањето дали поддржуваат огромни трошоци за одбрана од националниот буџет, европските граѓани веројатно би рекле 'не'. Мислам дека сега и двете прашања би добиле позитивен одговор. Потребно е ново размислување, нов пристап“, вели Николај Милков. Тој нагласи колку се важни транспортните врски и логистиката и додаде дека војната во Украина само го докажала тоа. „Ние работиме напорно во оваа насока со нашите партнери од Грција и Романија за модернизација на постоечката инфраструктура и тука, од Букурешт, е најсоодветното место да се повика на забрзана изградба на трет мост на Дунав“, рече бугарскиот министер за надворешни работи. „Исклучително важен е и нафтоводот Бургас-Александрополис, кој ќе овозможи увоз на сурова нафта од целиот свет во рафинеријата во Бургас. Тој е важен за целиот регион бидејќи е најголем во Југоисточна Европа. Од производството на оваа рафинерија 40 отсто сега оди во Украина“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milkov-ne-mozheme-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-tsrnoto-more-bez-da-zboruvame-za-bezbednosta-vo-ukraina-i-moldavija/feed/ 0
Постигнат договор за продолжување на договорот за жито во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-prodolzuvanje-na-dogovorot-za-zito-vo-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-prodolzuvanje-na-dogovorot-za-zito-vo-crnoto-more/#respond Thu, 17 Nov 2022 08:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=762172

Украинското Министерство за инфраструктура денеска соопшти дека е постигнат договор за 120 дена продолжување на иницијативата за извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа. – Оваа одлука штотуку беше донесена во Истанбул. Обединетите нации и Турција остануваат гаранти на иницијативата, се вели во соопштението. Првичниот договор постигнат во јули помогна да се избегне глобална криза со храна со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното Море блокирани од Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-prodolzuvanje-na-dogovorot-za-zito-vo-crnoto-more/feed/ 0
Ердоган: Во следните денови ќе почне извозот на жито преку Црно Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-vo-slednite-denovi-kje-pochne-izvozot-na-zito-preku-crno-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-vo-slednite-denovi-kje-pochne-izvozot-na-zito-preku-crno-more/#respond Sat, 23 Jul 2022 17:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=709381

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во наредните денови ќе почне извозот на жито преку Црното Море. -Со почетокот на транспортот на жито по морскиот пат во наредните денови, ќе дадеме важен придонес во надминувањето на светската криза со храна, рече Ердоган, пренесе телевизијата ТРТ. Турскиот претседател додаде дека Анкара ќе продолжи да прави напори за решавање на кризата во Украина по дипломатски пат, пренесе Тасс. -Ние сме решени да продолжиме со дипломатските напори додека не биде гарантиран мирот меѓу Русија и Украина. Се надеваме дека во блиска иднина ќе добиеме охрабрувачки вести за време на преговорите и контактите на сите нивоа, вклучително и меѓу лидерите, рече Ердоган. Русија и Украина, заедно со Турција и ОН, вчера во Истанбул потпишаа договор за рестартирање на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-vo-slednite-denovi-kje-pochne-izvozot-na-zito-preku-crno-more/feed/ 0
Украинската армија тврди дека ја потиснала руската флота во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-tvrdi-deka-ja-potisnala-ruskata-flota-vo-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-tvrdi-deka-ja-potisnala-ruskata-flota-vo-crnoto-more/#respond Mon, 06 Jun 2022 15:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=687352

Украинската армија денеска соопшти дека ја потиснала руската флота на околу сто километри од украинското лрајбрежје во Црното Море, каде руските бродови со недели спроведуваат поморска блокада. „По нашите дејствија насочени кон попречување на непријателските воени сили, група бродови на руската флота во Црното Море беа потиснати од украинскиот брег на растојание од повеќе од сто километри“, соопшти украинското Министерство за одбрана преку Телеграм. Информацијата не може да се провери од независен извор. Според украинското Министерство, поради тоа руските трупи биле принудени да распоредат крајбрежни одбранбени системи на Крим и јужниот украински регион Херсон, кои се под нивна контрола. Русите испратија засилување и на Змискиот остров, мала територија во Црното Море што ја окупираа на првиот ден од инвазијата. „Ја лишивме руската флота од целосна контрола над северозападниот дел на Црното Море, кој стана „сива зона““, соопшти украинското Министерство, додавајќи дека Москва сега се обидува да ја врати контролата. Киев додаде дека останува заканата од руско истрелување ракети од море, како и дека руските бродови продолжуваат да ја блокираат цивилната пловидба во таа зона. Поморската блокада на украинските пристаништа ги зголемува стравувањата од глобална прехранбена криза, бидејќи извозот на жито од Украина е блокиран, а светските цени се надвор од контрола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-tvrdi-deka-ja-potisnala-ruskata-flota-vo-crnoto-more/feed/ 0
Турција забрани ноќен риболов во дел од Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-zabrani-nokjen-ribolov-vo-del-od-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-zabrani-nokjen-ribolov-vo-del-od-crnoto-more/#respond Sat, 26 Mar 2022 18:53:58 +0000 https://kurir.mk/?p=653907

Турските власти денеска воведоа забрана за ноќен риболов во дел од Црното Море, откако претходно денеска беше откриена мина во Босфор, пренесува БГНЕС. „Заради безбедноста на животите и имотите на нашите рибари и на нашиот народ од денеска (26.03.2022) до следното известување се воведува забрана за секаков вид риболов од зајдисонце до изгрејсонце во Црното Море помеѓу Бугарија и Кефкен на Црното Море, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство и шумарство на Турција. Претходно денеска беше соопштено дека рибари откриле предмет налик на мина. Турското Министерство за одбрана потоа потврди дека станувало збор за мина која била успешно неутрализирана. Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар разговараше за ова прашање со претставници на Русија и Украина. Движењето на бродовите преку Босфорот беше прекинато и повторно обновено попладнево. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-zabrani-nokjen-ribolov-vo-del-od-crnoto-more/feed/ 0
Украина нeма пристап до Црно Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-nema-pristap-do-crno-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-nema-pristap-do-crno-more/#respond Mon, 14 Mar 2022 06:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=646585

Британското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека руските сили го блокирале украинскиот брег на Црното Море, со што Украина е отсечена од меѓународната поморска трговија. – Руските поморски сили воспоставија оддалечена блокада на украинскиот брег на Црното Море, ефикасно изолирајќи ја Украина од меѓународната поморска трговија, се наведува во твитот на британското Министерство за одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-nema-pristap-do-crno-more/feed/ 0
СЕ СТЕГА ОБАРЧОТ ОКОЛУ РУСИЈА: Турција ќе ги забрани руските воени бродови од Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stega-obarchot-okolu-rusija-turcija-kje-gi-zabrani-ruskite-voeni-brodovi-od-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stega-obarchot-okolu-rusija-turcija-kje-gi-zabrani-ruskite-voeni-brodovi-od-crnoto-more/#respond Sat, 26 Feb 2022 14:36:39 +0000 https://kurir.mk/?p=637199

Турција ќе спречи руски воени бродови да минуваат низ Црното Море, изјави украинскиот премиер Володимир Зеленски. Во твит, Зеленски рече дека земјата ветила воена и хуманитарна поддршка за Украина. Турција ќе ги запре воените бродови кои минуваат низ теснецот Дарданели и Босфор, кои го поврзуваат Црното Море со Средоземното Море. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stega-obarchot-okolu-rusija-turcija-kje-gi-zabrani-ruskite-voeni-brodovi-od-crnoto-more/feed/ 0