црногорски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Sep 2022 19:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црногорски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прекината седницата на црногорскиот Парламент, на која требаше да се гласа за смена на Ѓуровиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/#respond Fri, 02 Sep 2022 19:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=728045

Пратениците во црногорскиот Парламент денеска нема да гласаат за смена на претседателката на Собранието, Даниjела Ѓуровиќ откако парламентарното мнозинство од трите коалиции предводени од Демократскиот фронт, Демократите и Граѓанското движење УРА денеска потпишаа политички договор со кој се обврзаа да формираат нова влада на Црна Гора во следните 15 дена. Денешниот состанок на мнозинството составено од коалицијата на прорускиот Демократски фронт, партијата Демократска Црна Гора на Алекса Бечиќ и Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ се одржа откако парламентот на 19 август и изгласа недоверба на владата на Абазовиќ, што беше поддржана од Демократската партија на Социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Договорот за целите на обновената сојуз, што денеска беше потпишан го предложи Демократски фронт. Како цели се наведени: демонтирање на поранешниот режим на Демократската партија на социјалистите, борба против корупцијата и организираниот криминал на сите нивоа, спроведување реформи за вонредни парламентарни избори, економските реформи, пополнувањето позиции во судството, посветеноста на евроинтеграциите, почитување на сите меѓународни обврски и ставање мораториум на сите идентитетски прашања кои го делат општеството. Во потпишаниот документ, меѓу другото, се нагласува дека ниту една структура, која не го формира парламентарното мнозинство од изборите во 2020 година, не може да биде вклучена во меѓусебните договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/feed/ 0
Црногорскиот Парламент усвои измени на Законот за вероисповед https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-parlament-usvoi-izmeni-na-zakonot-za-veroispoved/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-parlament-usvoi-izmeni-na-zakonot-za-veroispoved/#respond Tue, 29 Dec 2020 08:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=449677

Парламентот на Црна Гора усвои синоќа измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед, кој ги укинува сите членови на постоечкиот акт кои се однесуваат на промена на статусот на црковниот имот и задолжителната регистрација на верските заедници. За промена на Законот гласаше владејачкото мнозинство, а опозициските партии предводени од Демократската партија на социјалистите (ДПС), не присуствуваа на седницата. Против тие одредби, Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора повеќе месеци организираше масовни протести. Со новите решенија, имотот кој им припаѓа на Метрополијата црногорско-приморска и на епархијата на СПЦ во Црна Гора, останува во нивна сопственост. Доколку државата сака тој имот да го евидентира како свој, може да покрене парнична судска постапка. Пред почетокот на собраниската седница, приврзаници на организациите кои себеси се нарекуваат патриотски, протестираа поради промената на Законот. Нивниот протест го поздравија пратениците од ДПС и останатите опозициски партии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-parlament-usvoi-izmeni-na-zakonot-za-veroispoved/feed/ 0
Црногорскиот Парламент ги усвои законите за медиуми и за РТЦГ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-parlament-gi-usvoi-zakonite-za-mediumi-i-za-rtcg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-parlament-gi-usvoi-zakonite-za-mediumi-i-za-rtcg/#respond Tue, 28 Jul 2020 08:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=382433

Црногорскиот Парламент вчеравечер, со гласови на пратениците на владеачката Демократска партија на социјалистите, ги усвои законите за медиуми и за националниот јавен радиодифузер Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ). Усвојувањето на двата закона беше поддржано од 41 пратеник на владеачката коалиција. Опозицијата не присуствуваше на гласањето, оценувајќи дека е недозволиво законите за медиуми да се менуваат еден месец пред избори, пренесува РТЦГ. Со Законот за медиуми е предвидено новинарот, на барање на државниот обвинител, да мора да го открие изворот на информации кога тоа е потребно за да се заштити националната безбедност, територијалниот интегритет и здравјето на луѓето. Со Законот за националниот јавен радиодифузер – РТЦГ, како што е објаснето, дополнително се зајакнува механизмот на политичко-институционална независност на јавната радиодифузија, во согласност со меѓународните стандарди. Врз основа на амандаман на црногорската Влада, од предлог законот се исфрлени институтот Договор за обезбедување јавни услуги и за формирање Управен финансиски одбор на РТЦГ. Предвидено е пратениците и советниците да не можат да се избираат за членови на Советот на РТЦГ три години по престанокот на функцијата. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskiot-parlament-gi-usvoi-zakonite-za-mediumi-i-za-rtcg/feed/ 0