црногорски премиер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Sep 2021 07:47:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црногорски премиер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДПС поднесе кривична пријава против црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за настаните на Цетиње https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-podnese-krivichna-prijava-protiv-crnogorskiot-premier-zdravko-krivokapikj-za-nastanite-na-cetinje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-podnese-krivichna-prijava-protiv-crnogorskiot-premier-zdravko-krivokapikj-za-nastanite-na-cetinje/#respond Tue, 21 Sep 2021 07:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=566217

Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) поднесе кривична пријава до Специјалното државно обвинителство (СДТ) против премиерот Здравко Кривокапиќ и други избрани функционери под сомнение за злоупотреба на положбата и пречекорување на службената должност за време на настаните во Цетиње на 4 и 5 септември, јави МИНА. Во кривичната пријава, до која увид имал весникот „Дневне новине“, се наведува дека пријавените ја злоупотребиле функцијата премиер, пратеници, министри … , надминувајќи ги границите на нивните службени овластувања. Во пријавата се наведува дека Кривокапиќ формирал тело кое немало никакви законски и уставни овластувања да донесува одлуки во врска со националната безбедност, и кое, во принцип, презеде делови од командата на операцијата на безбедносните сили на 5 септември во Цетиње. Како доказ со кривичната пријава, на Специјалното државно обвионителство му е доставена и фотографија од просториите на Владата, направена на 5 септември, на која покрај Кривокапиќ, дел од командниот персонал во спомената операцијата се и пратениците Марко Милачиќ, Момчило Копривица, министрите Милојко Спајиќ, Оливера Ињац, Јаков Милатовиќ и директорот на Агенцијата за национална безбедност Дејан Вукчиќ и шефот на кабинетот на премиерот Ивана Маловиќ. Кривокапиќ е обвинет дека на 5 септември, со пречекорување на границите на службените овластувања, сериозно го прекршил правото на друг со тоа што, покрај уставните и законските овластувања, му дал наредба на помошникот директор на полициската управа, Веселин Веjовиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-podnese-krivichna-prijava-protiv-crnogorskiot-premier-zdravko-krivokapikj-za-nastanite-na-cetinje/feed/ 0
Марковиќ до митрополитот Амфилохије: Ова е последно предупредување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/markovikj-do-mitropolitot-amfilohije-ova-e-posledno-predupreduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/markovikj-do-mitropolitot-amfilohije-ova-e-posledno-predupreduvanje/#respond Mon, 30 Dec 2019 18:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=284046

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ го предупреди денеска митрополитот Амфилохије да не поттикнува немири во Црна Гора. – Ова е последно предупредување до митрополитот Амфилохије да не поттикнува немири, истакна Марковиќ. Тој денеска изјави дека е необјасниво властите во Србија да не го осудат обидот за палење на црногорското знаме во Белград пред амбасадата на Црна Гора за време на протестите на група незадоволни граѓани поради усвојувањето на Законот за салобода на вероисповед. – Уште почудно е што министрите во Владата на Србија и некои нивни програмирани аналитичари неконтролирано ја навредуваат Црна Гора и нејзините институции, нагласи Марковиќ на прес-конференција во Подгорица. Марковиќ го повика митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохије да не поттикнува немири и незадоволство. – На митрополитот му советувам да не поттикнува незадоволство и немири. Ова е последна опомена во таа смисла, бидејќи Црна Гора и државните институции нема да дозволат предизвикување немири, напади врз државни службеници, полиција, загрозување на имотот и ограничување на правата на другите граѓани, нагласи црногорскиот премиер. Тој побара од свештенството на СПЦ да се „врати во црквите и храмовите, да ги повика своите верници да им служат и да престојуваат во храмовите и да не ги повикуваат на давање отпор кон власта поради Законот за слобода на вероисповед“. Од друга страна, митрополитот Амфилохије вечерва му одговори на црногорскиот премиер дека „Црквата не поттикнува на протести, особено не насилни, ниту на судир со полицијата“. – Тоа не значи дека верниците не треба да се слободни да го искажат своето противење кон беззаконието и лошата намера кон нашата Црква со усвојувањето на овој Закон, но и храбро, јасно и одлучно да го изразат своето незадоволство во јавноста, порача митрополитот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/markovikj-do-mitropolitot-amfilohije-ova-e-posledno-predupreduvanje/feed/ 0