црното море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 18:25:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црното море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аскот престанува да ги осигурува пратките на жито во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/askot-prestanuva-da-gi-osiguruva-pratkite-na-zito-vo-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/askot-prestanuva-da-gi-osiguruva-pratkite-na-zito-vo-crnoto-more/#respond Mon, 31 Oct 2022 18:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=753417

Аскот, која е дел од осигурителната компанија Лојд од Лондон, престанува да ги осигурува новите пратки на украинскиот коридор за извоз на жито во Црното Море врз основа на договорот меѓу Украина и Русија, изјави денеска висок претставник на компанијата. Претставникот на Аскот Крис Мекгил изјави дека компанијата ќе престане да издава покритие за тие пратки додека ситуацијата не биде појасна. – Осигурувањето што е веќе издадено сè уште стои, додаде тој. Светските агенции информираат дека Аскот и брокерската компанија Марш обезбедиле 50 милиони долари за трговците со жито кон крајот на јули за покривање на товарот на секое патување, што досега било користено за најголемиот дел од пратките. – Сите пратки кои беа подигнати минатата недела важат седум дена, но оттогаш забележавме пад на поднесоците, рече Мекгил. Маркус Бејкер, глобален шеф за морски транспорт и карго во Марш, во посебно обраќање рече дека промената во ризичната средина во изминатите 48 часа била многу забележлива. – Со оглед на промената на околностите, не е изненадувачки што осигурениците донесоа одлука да ги суспендираат предметите додека не биде сè јасно, рече Бејкер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/askot-prestanuva-da-gi-osiguruva-pratkite-na-zito-vo-crnoto-more/feed/ 0
Во Црното Море во близина со Бугарија откриена мина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-crnoto-more-vo-blizina-so-bugarija-otkriena-mina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-crnoto-more-vo-blizina-so-bugarija-otkriena-mina/#respond Mon, 28 Mar 2022 08:45:57 +0000 https://kurir.mk/?p=654438

Во Црно Море во близина на границата со Бугарија е откриена мина, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана. – Утрово беше откриена мина во близина брегот на Игнеада и веднаш е испратен тим за деминирање. Мината е ставена под контрола и почна операција за нејзино неутрализирање, објави турското Министерство за одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-crnoto-more-vo-blizina-so-bugarija-otkriena-mina/feed/ 0
Руските воени мини вo Црно Море се приближуваат кон брегот на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskite-voeni-mini-vo-crno-more-se-priblizuvaat-kon-bregot-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskite-voeni-mini-vo-crno-more-se-priblizuvaat-kon-bregot-na-bugarija/#respond Mon, 21 Mar 2022 14:41:54 +0000 https://kurir.mk/?p=650737

Морските мини, поставени од руската војска на брегот на украинскиот приморски град Одеса, во водите на Црно Море невремето ги однело и сега слободно пловат, соопшти поморската администрација во бугарскиот град Бургас. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во водите на Варна и Бургас постои потенцијална опасност за бродовите и рибарските чамци. Бугарските власти постојано ги надгледуваат морските граници на земјата, како и курсовите на пловење на сите пловни објекти во територијалните води Црното Море. Според поморската администрација во Бургас, мините можат да стигнат до бугарските води за 10 дена, а доколку тоа се случи, тие ќе бидат доста далеку од брегот, но се уште има услови за опасност. Гувернерот на регионот на Бургас денеска ќе се сретне со институциите за да процени како да се заштитат поморските граници на Бугарија. Подготвени се и бугарските поморски сили, но во моментов нема директна опасност за луѓето. Бугарските власти се уште немаат целосни информации за бројот и видот на мините, но, сепак, поради нивниот однос со рибарскиот сектор вчера биле цел ден во комуникација со двете големи здруженија за тие да ги предупредат своите бродови на внимателност. -Од друга страна, има постојан контакт со Центарот за мониторинг на рибарството во Бугарија и известуваат дека времето е лошо поради невремето, објасни Христо Панајотов, извршен директор на Бугарската агенција за рибарство и аквакултура и додаде дека од тие причини во тој регион засега нема рибарски бродови и чамци. Поморксите власти во Бургас и Варна вчера веќе упатија повик доколку видат веднаш да ги пријават сите големи тркалезни метални предмети до поморската администрација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskite-voeni-mini-vo-crno-more-se-priblizuvaat-kon-bregot-na-bugarija/feed/ 0
Во Црното Море има се помалку делфини и се повеќе смет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-crnoto-more-ima-se-pomalku-delfini-i-se-povekje-smet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-crnoto-more-ima-se-pomalku-delfini-i-se-povekje-smet/#respond Fri, 22 Nov 2019 18:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=267848

Со воздушен мониторинг на Црното Море, наречен „Лет со делфини“, прв во последните 40 години, утврдено е намалување на бројот на делфини во групи и значително зголемување на количината на смет, објави денеска Меѓународниот еколошки фонд Чисти мориња. – Според првите резултати од воздушниот мониторинг, спроведен во септември над поголемиот дел од Црното Море во близина на бреговите на Кавказ, од Керченскиот теснец до Адлер, бројот на делфини во набљудуваните групи значително се намалил од неколку стотини на максимум 37 животни во група. Во исто време, се зголеми и количината на морски отпад, се вели во соопштението. Заменик генералниот директор на организацијата, Ана Суботина изјави дека главната причина за падот на бројот на делфини е миграцијата на изворите на храна, бидејќи многу видови риби, кои се главни во исхраната на делфините, се преселиле во други делови на Црното Море. Таа најави дека ќе биде спроведени посебно сеопфатно истражување за да се утврдат причините и додаде дека руското Министерство за природни ресурси и екологија се согласило да го поддржи проектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-crnoto-more-ima-se-pomalku-delfini-i-se-povekje-smet/feed/ 0
Порошенко: Ја зајакнавме безбедноста на клучните локации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-ja-zajaknavme-bezbednosta-na-kluchnite-lokacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-ja-zajaknavme-bezbednosta-na-kluchnite-lokacii/#respond Sun, 02 Dec 2018 08:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=134754

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави синоќа дека неговата земја ја зголемила безбедноста на клучните инфраструктурни локации, како што се нуклеарните централи и пристаништата во Црното Море, поради, како што наведе „руското тестирање на светскиот поредок“. Тој повторно ја обвини Русија за акомулирањето на големи воени сили во источниот дел на Украина и на Крим. – Русија распореди копнени сили со околу 80.000 руски војници, околу 1.400 артилериски и ракетни системи, 900 тенкови, 2.300 оклопни возила, околу 500 авиони и 300 хеликоптери, наведе Порошенко на неговиот твитер налог. Додаде дека Украина ја зајакнала безбедноста на клучните инфраструктурни локации, како што се нуклеарните централи и хидроелектрани, хемиските фабрики и пристаништата во Црното Море и Азовското Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-ja-zajaknavme-bezbednosta-na-kluchnite-lokacii/feed/ 0