црвен аларм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 17:04:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црвен аларм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦРВЕН АЛАРМ НИЗ СЛОВЕНИЈА: На некои луѓе не може да им се помогне, патиштата се затворени, мостовите поплавени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrven-alarm-niz-slovenija-na-nekoi-luge-ne-mozhe-da-im-se-pomogne-patishtata-se-zatvoreni-mostovite-poplaveni-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrven-alarm-niz-slovenija-na-nekoi-luge-ne-mozhe-da-im-se-pomogne-patishtata-se-zatvoreni-mostovite-poplaveni-video/#respond Fri, 04 Aug 2023 16:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=863504

Најмалку три лица загинаа во невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави Словенечката новинска агенција СТА. Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во околината на Крањ. Рекордните врнежи од дожд кои главно предизвикаа поплави во северниот дел на Словенија не се ни при крај, предупредуваат метеоролозите. Црвен аларм е прогласен за северозападниот, североисточниот и централниот дел од земјата. Невремето се движи низ источна Словенија, а почната е евакуација на населението во Целје, каде без електрична енергија останаа речиси 12.000 корисници, додека во западиот дел од државата хидролошката состојба се смирува, но реките Пољанска Сора и Градашчица сè уште поплавуваат подрачја. Поради ситуацијата во земјата, премиерот Роберт Голоб го прекина одморот и, како што објави весникот Дело тој денеска во просториите на Министерството за одбрана ќе се сретне со претставници на Штабот за цивилна одбрана, за утре претпладне е свикан проширен Совет за национална безбедност, а предвидена е и владина седница. Голоб наведе дека функционира системот за заштита и спасување во случај на природни и други непогоди, сите екипи на терен даваат се од себе за да им помогнат на луѓето. Тој исто така повика да се следат упатствата на надлежните служби и да се заштити сопствената безбедност. Според податоците на Одделението за хидролошки прогнози на Агенцијата за животна средина на Словенија, тежиштето на врнежите се преселило над источниот дел од земјата во изминатите неколку часа од басенот Колпа на југ до Корушка и Штаерска на север. На овој простор забрзано се зголемува новото на реките и потоци, особено Мислиња, Дравиња и Пешница Савиња во долниот тек, а поплавените површини во овој крај ќе продолжат да се зголемуваат. Поплавите на Сава во голема мера се во средниот тек, каде ќе се задржат поплавените подрачја, додека во долниот тек поплавите ќе се интензивираат во наредните часови. Поплавените подрачја покрај реките Мура и Драва низ водно од браната Марковци малку ќе се зголемат, а регионалниот центар на Управата за заштита и спасување во Марибор има евидентирано 90 интервенции од почетокот на синоќешните обилни врнежи, но засега ситуацијата е под контрола. Реката Драва веќе се прелева во некои области, особено во Малечник и Руше. Дело објави дека големи поплави ја зафатија долината Горна Савиња, делови од Штаерска и Корушка, а ситуацијата во Засавје не е премногу критична. Командантот на Цивилната одбрана на Западна Штаерска, Јанез Меланшек изјави дека повеќето патишта во Горна Савињска Долина се непроодни, до општините Солчава и Луча воопшто не може да се стигне, а Мозирје е под вода. - Во моментов, сепак, воопшто не можеме да им помогнеме на луѓето, бидејќи патиштата се затворени, мостовите се поплавени и целосно е невозможно да се стигне до таму, посочи Меланшек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrven-alarm-niz-slovenija-na-nekoi-luge-ne-mozhe-da-im-se-pomogne-patishtata-se-zatvoreni-mostovite-poplaveni-video/feed/ 0
Во централна Кина црвен аларм поради недостиг на вода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-centralna-kina-crven-alarm-poradi-nedostig-na-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-centralna-kina-crven-alarm-poradi-nedostig-na-voda/#respond Fri, 23 Sep 2022 07:25:27 +0000 https://kurir.mk/?p=736476

Во централната кинеска провинција Џиангси за првпат е прогласен „црвен аларм“ поради недостиг на вода, бидејќи нивото на водата во најголемото кинеско езеро Појанг падна на рекордно ниско ниво. Појанг е витален извор на вода за најголемата кинеска река Јангце, а поради сушата во последните три месеци нивото од 19,43 метри падна на само 7,10 метри. Се очекува нивото да продолжи да опаѓа бидејќи во блиска иднина не се очекуваат посериозни врнежи. И во соседната провинција Анхуи ситуацијата е алармантна бидејќи 10 акумулации таму не можат да испуштаат вода низводно. Во август беше забележана рекордна висока температура на 267 метеоролошки станици ширум Кина, а бројни посеви беа уништени поради ниското ниво на Јангце. Во последните денови во југозападна Кина имаше обилни дождови кои до некаде ја спасија ситуацијата, но централните делови на земјата сè уште се соочуваат со многу суви услови кои траат веќе 70 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-centralna-kina-crven-alarm-poradi-nedostig-na-voda/feed/ 0
Кина: Црвен аларм поради евентуални нови поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-crven-alarm-poradi-eventualni-novi-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-crven-alarm-poradi-eventualni-novi-poplavi/#respond Fri, 17 Jul 2020 08:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=377493

Кинескиот град Вухан, како и провинциите Анхуи, Џиангси и Жеџијанг, денеска прогласија „црвен аларм“ поради поројните дождови, кои претставуваат опасност за зголемување на нивото на реките и езерата. Вухан, кој се наоѓа на брегот на реката Јангче, ги предупреди граѓаните да преземат превентивни мерки, бидејќи реките веќе достигнале максимално ниво во своите корита. Нивото на огромното вештачко езеро Три клисури е повисоко за десет метри од вообичаено, со приливи на вода поголеми од 50.000 кубни метри во секунда. На езерото Таи, во близина на Шангај, исто така, е прогласен „црвен аларм“ поради високиот водостој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-crven-alarm-poradi-eventualni-novi-poplavi/feed/ 0
Црвен аларм во Кина, доаѓа најсилниот супертајфун во последните пет години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crven-alarm-vo-kina-doagja-najsilniot-supertajfun-vo-poslednite-pet-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crven-alarm-vo-kina-doagja-najsilniot-supertajfun-vo-poslednite-pet-godini/#respond Fri, 09 Aug 2019 06:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=227922

Кинеските власти огласија црвен аларм за источниот дел на земјата поради доаѓањето на супертајфунот Лекима, кој веќе предизвика хаос во воздушниот сообраќај над Тајван. Тајфунот утре би требало да ја погоди кинеската провинција Жеџианг и делата на реката Јангце, како и градот Шангај, а властите предупредуваат дека се работи за најсилниот тајфун во последните пет години. Во Шангај не се продаваат карти за железница, бродскиот сообраќај е запрен, а под рестрикции е и целиот сообраќај во провинцијата Жеџианг. Илјадници лица, кои живеат покрај брегот на Шангај во текот на денот ќе бидат евакуирани. Лекима денеска го погоди Тајван, каде се затворени училиштата, а повеќе од 40 илјади домови се без електрична енергија. Лекима е деветти тајфун годинава, а супертајфун стана вчера. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crven-alarm-vo-kina-doagja-najsilniot-supertajfun-vo-poslednite-pet-godini/feed/ 0