црвен картон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Nov 2022 15:34:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црвен картон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пауло Бенто им се пушти на судиите: Прв директен црвен картон на Мундијалот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/paulo-bento-im-se-pushti-na-sudiite-prv-direkten-crven-karton-na-mundijalot-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/paulo-bento-im-se-pushti-na-sudiite-prv-direkten-crven-karton-na-mundijalot-video/#respond Mon, 28 Nov 2022 15:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=767751

Селекторот на Јужна Кореја, Португалецот Пауло Бенто го заработи првиот директен црвен картон на Светското првенство 2022 во Катар. Бенто по последниот судиски свиреж на мечот на кој неговата селекција загуби од Гана со 3-2, нервозно му се пушти на главниот судија револтиран што не го дозволи нападот на Ким Мун-Хван во 100. минута од средбата. Португалецот жестоко реагираше кон судијата кој веднаш му додели црвен картон, што значи дека нема да може да ја води од клупата Јужна Кореја на следниот натпревар, и тоа против неговата Португалија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/paulo-bento-im-se-pushti-na-sudiite-prv-direkten-crven-karton-na-mundijalot-video/feed/ 0
Голманот на Велс, само трет чувар на мрежата исклучен во историјата на СП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golmanot-na-vels-samo-tret-chuvar-na-mrezata-iskluchen-vo-istorijata-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golmanot-na-vels-samo-tret-chuvar-na-mrezata-iskluchen-vo-istorijata-na-sp/#respond Fri, 25 Nov 2022 14:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=766551

Во првиот натпревар од второто коло од групната фаза на Мундијалот во Катар, Иран го победи Велс со 2:0 со голови доцна во судиското надополнување. Чешми во 98. минута и Разеиан во 101. минута донесоа важен триумф за Иранците. Велшаните играа со десетмина од 84. минута откако голманот Вејн Хенеси беше исклучен поради брутален старт надвор од шеснаесетникот. Хенеси стана само третиот голман во историјата на светските првенства кој добил црвен картон. Пред него исклучени беа само Италијанецот Џанлука Паљука против Норвешка во САД во 1994 година и Итумеленг Куне во Јужна Африка во 2010 година против домаќинот Уругвај. Голманот на Нотингем Форест е и првиот играч кој доби црвен картон во Катар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golmanot-na-vels-samo-tret-chuvar-na-mrezata-iskluchen-vo-istorijata-na-sp/feed/ 0
Досега невидено, голманот одглуми за негов соиграч да добие црвен картон! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dosega-nevideno-golmanot-odglumi-za-negov-soigrach-da-dobie-crven-karton-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dosega-nevideno-golmanot-odglumi-za-negov-soigrach-da-dobie-crven-karton-video/#respond Mon, 29 Nov 2021 07:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=601216

На мечот од Норвешката лига меѓу Кристиансунд и Викинг се случи нешто што досега можеби и никогаш не се случило, се степаа соиграчи, а едниот од нив доби црвен картон. Во судиското продолжение од мечот, дефанзивецот Брекало се степа со својот голман, а тој одглуми дека добил силен удар, падна како покосен по што судијата му покажа црвен картон на неговиот соиграч. Среќа Викинг го доби мечот со 3-2, па оваа невидена глупост немаше реален ефект во играта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dosega-nevideno-golmanot-odglumi-za-negov-soigrach-da-dobie-crven-karton-video/feed/ 0
Не копче, црвен картон е Зоране https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-kopche-crven-karton-e-zorane/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-kopche-crven-karton-e-zorane/#respond Fri, 29 Oct 2021 08:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=587560

Тик-так, тик-так, тик-так, одѕвонува неподносливо во главите на црпнатите северни  зулумќари. Замисли, и тоа црпнувањето да ти не било вечно. Аха, само некој требало да му каже, нели? Епа, новокомпонираниот патриот и антибугарин Зоче останал покус за таа информација, исто ко што од толку многу лажење му се скусени и ноџињата. Ви текнува на каналпетковската фамозна палета од дуелот? Да, на лагата и се кратки нозете, на ЗЗ уште повеќе, а кратко е и времето на остатокот од владеењето на хунтата. Да, тик-так, тик-так, токму ко што истиот тој ЗЗ насмејан  одбројуваше пред 5 години. Епа, кармата е кучка, голема и невидена. Особено за дилајлите и непочитувачите на својот народ, држава, историја... Она што нема да ве убие, само ве прави посилни, вели една стара, умна поговорка. Така и народот во Македонија, кој цели 4 години умираше од срам, гнев, трпеше, чадеше, се депримираше, паѓаше во малодушност, апатија. Арно ама, на се’ да ти имало крај, историски факт. Не бадијала толку им пречи историјата на северџаните, новокомпонирана интересџиска „нација“ преобратена со едно идиотско ветување за власт и полни џебови. А, душичките лити и празни, класика. Е, сега, другарчето Зоче пукнало. Не фигуративно, буквално. Црпнатиот лик да ти сфатил, конечно, дека корисните кондоми со антинационален истресок во себе, имаат краток рок на траење и „кад-тад“, си ја плаќаат цената за суртучката екскурзија. Башка, скапо. Некој порано, некој подоцна, ама тоа да ти било правило. Светско. Не контале пустите сервилни ликови дека поговорката „со сила убавина не бива“, е од искуство... Затоа, знаете што е „31-ви октомври“? Децата ги плашат со полицаец ако не јадат, а на екс Бихаќка тоа е новиот поим за плашење на врхушката на СДСССС со кој, ако не успејат од прва со 17-ти октомври, го прекинуваат акутнот икање. А тие, пак, сега толку многу колнети и спомнувани од разбудениот народ, нон-стоп да ти икале. Армија мистер северни Хикопи. Ех, таксират... И не му замерајте на Заев што пак се помакедончи, па тресе зелени на интервјуа, што неповрзано блада за црвени копчиња, што бара откажувања на Македонката Данела од Скопје која за нив е иста со Бугарката Даниела од Струмица, не му земајте за зло што со забеганата фацијална експресија плаши деца и повозрасни. Па владата му антинационална сега пушта антибугарски соопштенија, милјарди најавува, плати, пензии, прифатни центри во Бардовци со чочек откажува, брда и долини, мед и млеко. Не им е лесно на црпнатото чедо и клоновите, ама ич, кај и да е и име ќе вратат, устав, двојазичност ќе укинат... Замислете само, да му направите толку зло на сопствениот народ, толку многу да ја понижите во низа својата држава, да затворате, да судите, да менувате име, устав, да умирате со корона свои земјаци ко муви, да горат живи во бизнис релации со другарчето ви Коче и Вени, да се однесувате ко спахија и после се’ да сфатите дека дошло време за наплата на идиотштините? Ама не догодина, сега. Како би ви било вам? Не е лесно, нели? Лесно е само што нормален човек никогаш не би го сторил тоа... Уште полесно е што народот сфати дека урбаниот мит и легендата за непобедливоста на СДССС, за местенките со кои се добиваат избори, за сталиновото – не е битно кој гласа, туку кој брои, се само евтини, тарантино прикаски за мали деца. Паднаа сите во вода, пљус! Можело да се трнат криминогените крвопии со само едно заокружување, боза. А народ, е тој кога ќе се разбуди, не се сопира. Башка гневен. Упс, рече ЗЗ... И да, Зоране, блиску си до вистината. Како што во секоја лага има трунка вистина, така дури и кога некој лидер булазни во интервју, кажува и нешто реално. Точно, секоја демократија има нешто „црвено“, ама тоа пусто нешто не се притиска туку се дава, се треска од фацулето кога некој тотално ќе забега. И не е копче, другарче, јок. Црвен е, ама картон. А после него, знаете. По исклучувањето од власт, доаѓа време на ОДГОВОРНОСТ, не бадијала со големи букви, многу е збрано. Епа, мислете му ја. Како беше она кондомското „нема правда, нема мир“? Јок. Овојпат, мора да ги има. Или, ќе не’ нема...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-kopche-crven-karton-e-zorane/feed/ 0
Бонучи со реакција откако ја остави Италија на цедило на дербито со Шпанија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bonuchi-so-reakcija-otkako-ja-ostavi-italija-na-cedilo-na-derbito-so-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bonuchi-so-reakcija-otkako-ja-ostavi-italija-na-cedilo-na-derbito-so-shpanija/#respond Thu, 07 Oct 2021 09:29:28 +0000 https://kurir.mk/?p=574577

Леонардо Бонучи беше еден од хероите на италијанската репрезентација на Европското првенство, но се претвори во трагичар во полуфиналниот дуел од Лигата на нации против Шпанија. Дефанзивецот набрзина доби два жолти картони и беше испратен во соблекувалната уште во првиот дел, по што Италија не успеа да го неутрализира овој хендикеп и загуби од големиот ривал на „Сан Сиро“. Бонучи испрати порака до италијанската јавност, преземајќи ја одговорноста за својот потег. – Јас сум уште полут од вас, најмногу на себе. – Навистина ми е жал и се извинувам. Но, оваа Италија ќе се врати и ќе биде посилна од било кога досега, – напишал Бонучи на социјалните мрежи. Бонучи ќе биде суспендиран еден натпревар, што значи дека не може да настапува во битката за третото место во Лигата на нации и наредниов период ќе му биде на располагање на својот клуб Јувентус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bonuchi-so-reakcija-otkako-ja-ostavi-italija-na-cedilo-na-derbito-so-shpanija/feed/ 0
По црвениот картон за Давид Луиз, Арсенал ќе поднесе жалба https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-crveniot-karton-za-david-luiz-arsenal-kje-podnese-zalba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-crveniot-karton-za-david-luiz-arsenal-kje-podnese-zalba/#respond Wed, 03 Feb 2021 15:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=463739

Арсенал ќе поднесе жалба за црвениот картон на дефанзивецот Давид Луиз на вчерашниот меч од 22. коло во Англија против Вулверхемптон (1:2). Според „Гол“, во таборот на „топџиите“ се уверени дека фудбалерот се обидел да избегне контакт со напаѓачот на „волците“, Вилијан Хозе, во неговиот шеснаесетник во 45+3. минута од средбата. Забележано е дека лондонскиот клуб ја анализирал ситуацијата неколку пати и е пред поднесување протест, бидејќи не верува дека Луиз ги прекршил правилата. После натпреварот против Вулверхемптон на 2 февруари, главниот тренер на Арсенал, Микел Артета, рече дека ја гледал снимката 10 пати и не видел повреда на правилата од страна на неговиот дефанзивец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-crveniot-karton-za-david-luiz-arsenal-kje-podnese-zalba/feed/ 0
Рамос изедначи анти-рекорд по број на црвени картони во ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-izednachi-anti-rekord-po-broj-na-crveni-kartoni-vo-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-izednachi-anti-rekord-po-broj-na-crveni-kartoni-vo-lsh/#respond Thu, 27 Feb 2020 07:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=309373

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на синоќешниот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити беше исклучен во 86. минута. За Рамос ова беше четврти црвен картон во елитното натпреварување со што се изедначи со досегашните рекордери Едгар Давис и Златан Ибрахимовиќ. Воедно Рамос е единствениот фудбалер во Лигата на шампионите со директни три црвени картони. Реал го загуби мечот со 1:2.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-izednachi-anti-rekord-po-broj-na-crveni-kartoni-vo-lsh/feed/ 0
Тренер сакаше да тепа еден од своите играчи, па доби црвен картон (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trener-sakashe-da-tepa-eden-od-svoite-igrachi-pa-dobi-crven-karton-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trener-sakashe-da-tepa-eden-od-svoite-igrachi-pa-dobi-crven-karton-video/#respond Mon, 17 Feb 2020 10:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=304904

Фудбалерот беше незадоволен што беше повлечен од игра и затоа доби „воспитна“. Ламберто Магрини, тренерот на италијанскиот четвртолигаш Гросето, доби црвен картон затоа што удри еден од своите играчи. Инцидентот се случи на дуелот против Монтероси во Серија Д. Стратегот на Гросето реши во 75-тата минута да го извади од игра Рикардо Кретела, а во игра го внесе Матија Раванели, кој е син на некогашниот прославен напаѓач на Јувентус, Фабрицио Раванели. Кретела, кој го напушти теренот, беше незадоволен што беше повлечен од игра и му дофрли нешто на тренерот. Стратегот на Гросето го забележа тој потег на играчот и веднаш тргна да му даде „воспитна“. Магрини успеа еднаш да го удри играчот, а потоа се вмешаа останатите кои беа на клупата за резерви и ситуацијата се смири. Сепак, целиот инциндент не остана незабележан од судијата, кој одлучи да го исклучи тренерот поради непристојно однесување.   Извор: СпортМанија]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trener-sakashe-da-tepa-eden-od-svoite-igrachi-pa-dobi-crven-karton-video/feed/ 0
Бејл го спаси Реал од пораз па доби црвен картон https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-go-spasi-real-od-poraz-pa-dobi-crven-karton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-go-spasi-real-od-poraz-pa-dobi-crven-karton/#respond Mon, 02 Sep 2019 07:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=235924

Во натпревар од 3. коло во Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид избегна пораз на дуелот со Виљареал најмногу по заслуга на Герет Бејл. Велшанецот не го доврши натпреварот поради црвен картон (втор жолт) во самиот финиш. На средбата одиграна синоќа на „Естадио де ла керамика“ во Виљареал домаќините два пати водеа со головите на Морено во 12. И Мојсес Гомез во 74. минута. Бејл изедначуваше во 45+1. и 86. минута. По третата рунда во Примера Реал е на петтото место со пет бода, додека Виљареал е 16-ти со само два од можните девет бода. Лидер е Атлетико Мадрид со максимални девет бода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-go-spasi-real-od-poraz-pa-dobi-crven-karton/feed/ 0
Позната казната на Роналдо за црвениот картон против Валенсија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznata-kaznata-na-ronaldo-za-crveniot-karton-protiv-valensija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznata-kaznata-na-ronaldo-za-crveniot-karton-protiv-valensija/#respond Thu, 27 Sep 2018 11:44:07 +0000 https://kurir.mk/?p=106898

На своето деби во Лигата на шампионите, ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо доби директен црвен картон. Португалецот не можеше да се помири со таквата одлука, па теренот на Местаља го напушти во солзи. Многумина сметаа дека германскиот судија Феликс Брих погреши и претерано го казнил фудбалерот на Јувентус. Кристијано Роналдо, поради овој црвен картон кој го доби со Велсија, ќе одработи еден натпревар суспензија. Според оваа суспенијза, Алегри на Роналдо нема да може да смета на мечот во Торино против швајцарски Јанг Бојс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznata-kaznata-na-ronaldo-za-crveniot-karton-protiv-valensija/feed/ 0