црвена боја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Apr 2022 15:46:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црвена боја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешни бугарски пратеници со црвена боја ја испрскаа табелата на руската Амбасада во Софија во знак на протест заради војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshni-bugarski-pratenici-so-crvena-boja-ja-isprskaa-tabelata-na-ruskata-ambasada-vo-sofija-vo-znak-na-protest-zaradi-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshni-bugarski-pratenici-so-crvena-boja-ja-isprskaa-tabelata-na-ruskata-ambasada-vo-sofija-vo-znak-na-protest-zaradi-vojnata-vo-ukraina/#respond Fri, 08 Apr 2022 15:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=660482

Поранешните бугарски пратеници и лидери на новоформираната партија „Ние доаѓаме“, Арман Бабикјан и Николај Хаџигенов, кои ги организираа протестите против владеењето на Бојко Борисов во 2020 година, денеска со црвена боја ја испрскаа таблата на руската Амбасада во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата потоа биле однесени во полициската управа. Нивните акции се организирани во знак на протест против војната во Украина и како симбол на крвта што таму се пролева. Според двајцата, руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова требало да биде протерана, а во Украина да биде испратена воена и хуманитарна помош. На двајцата експратеници им е одреден притвор од 24 часа, но според локалните медиуми не е исклучено тие да бидат ослободени и порано, по завршувањето на истражните дејствија. Во знак на протест поради нивното приведување 30-тина лица се собраа пред зградата на регионалната полициска управа во Софија. Хаџигенов и Бабикјан коментирале дека на овој начин го искажале својот граѓански став против војната во Украина. Според нив функционерите на Путин секој ден мора да ја гледаат крвта на невините жртви на фашистичкиот режим во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshni-bugarski-pratenici-so-crvena-boja-ja-isprskaa-tabelata-na-ruskata-ambasada-vo-sofija-vo-znak-na-protest-zaradi-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Знаете ли зошто седиштата во кината се црвени, има добра причина за тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/znaete-li-zoshto-sedishtata-vo-kinata-se-crveni-ima-dobra-prichina-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/znaete-li-zoshto-sedishtata-vo-kinata-se-crveni-ima-dobra-prichina-za-toa/#respond Fri, 18 Feb 2022 09:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=633048

Веројатно сте забележале дека во кино салите седиштата се во црвена боја. Но, дали знаете зошто е тоа така? Црвените седишта во кината се пјавиле поради популарноста на италијанската опера во минатото. Црвената и златната се традиционални бои кои се користени за уредување на италијанските татри. Со текот на времето биле прифатени и од други земји, а кога се појавиле кината таа пракса се задржала. Постои и практична страна: црвената е вистинската боја која станува невидлива кога има недостаток на светло. Црвената е бојата која човековото око прво ја „губи“ кога ќе настане темница. Поради тоа седиштата во кината се црвени, за подобро уживање на филмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/znaete-li-zoshto-sedishtata-vo-kinata-se-crveni-ima-dobra-prichina-za-toa/feed/ 0
Една боја е симбол на Денот на вљубените: Денес задолжително облечете нешто во оваа боја, ќе ве следи среќа во љубовта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/edna-boja-e-simbol-na-denot-na-vljubenite-denes-zadolzitelno-oblechete-neshto-vo-ovaa-boja-kje-ve-sledi-srekja-vo-ljubovta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/edna-boja-e-simbol-na-denot-na-vljubenite-denes-zadolzitelno-oblechete-neshto-vo-ovaa-boja-kje-ve-sledi-srekja-vo-ljubovta/#respond Mon, 14 Feb 2022 11:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=631214

Денот на вљубените е еден од празниците што е општо прифатен во целиот свет, особено кај помладите генерации. На истиот датум, православните христијани го слават Свети Трифун, заштитникот на лозата. Сепак, Денот на вљубените е особено популарен меѓу младите, па многу луѓе се обидуваат да ги израдуваат оние кои го сакаат или се заљубени во тој ден со разни подароци. Од дамнешни времиња постои верување дека една боја е симбол на љубовта и овој празник и дека е многу важно да имате парче накит или облека во таа боја, за да ве придружува среќата во љубовта до следниот ден на вљубените. . Се работи за црвената боја. Имено, се верува дека оваа боја на страст им носи среќа на заљубените, но и срцето најчесто го цртаме како црвено, што го потврдува значењето на ова верување. Старото верување кое се практикува во повеќето земји во кои овој празник се слави уште од античко време, вели дека денес девојките и момчињата дефинитивно треба да носат барем некој црвен детаљ, така што среќата во љубовта би ги придружувала до следниот ден на вљубените. Сите варијации на црвено влегуваат во игра, вклучувајќи ги и оние темни нијанси како бордо. Се верува дека црвената боја им носи среќа на оние кои немаат партнер или не се среќно заљубени, но и на оние кои се во среќни врски. Доколку оние кои се сами денес носат нешто црвено од гардеробата или некој детаљ, постои верување дека веројатно ќе ја најдат својата „сродна душа“ до следниот ден на вљубените. Црвената боја го „подигнува“ расположението и дава поголемо чувство на самодоверба, симбол е на радост и страст, затоа задолжително облечете нешто црвено денес и уживајте во Денот на вљубените. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/edna-boja-e-simbol-na-denot-na-vljubenite-denes-zadolzitelno-oblechete-neshto-vo-ovaa-boja-kje-ve-sledi-srekja-vo-ljubovta/feed/ 0
Оваа боја на кармин ќе доминира оваа есен: Усни во нијанси на црвено вино https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-boja-na-karmin-kje-dominira-ovaa-esen-usni-vo-nijansi-na-crveno-vino/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-boja-na-karmin-kje-dominira-ovaa-esen-usni-vo-nijansi-na-crveno-vino/#respond Wed, 25 Aug 2021 14:30:04 +0000 https://kurir.mk/?p=554949

Како што најавуваат шминкерите, апсолутниот тренд оваа есен, барем кога станува збор за кармините, ќе биде бојата на црвеното вино, односно темно црвено или бордо. Името бургунд всушност потекнува од виното, а оваа нијанса на кармин оди добро со русокосите, а уште подобро со бринетите. Ако имате намера да го следите трендот оваа есен кога станува збор за шминката, оваа боја ќе биде апсолутен хит. Добро се комбинира со посветла, но и потемна гардероба, со која дава особено мистичен изглед. Бринетите претпочитаат кармини кои имаат потопли пигменти. Со овие нијанси, важно е да се нагласат трепките или веѓите, но не премногу, така што усните се во преден план. За разлика од бринетите кои претпочитаат потемни нијанси, блондинките претпочитаат малку посветли тонови кои малку „влечат“ кон виолетова боја. Оваа елегантна боја на рози во сопствени нијанси одговара на секој тип тен со соодветна боја на сенки за очи. Покрај темните нијанси на кармин, се препорачуваат и моливи, со цел усните да изгледаат што погламурозно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-boja-na-karmin-kje-dominira-ovaa-esen-usni-vo-nijansi-na-crveno-vino/feed/ 0
Зошто овие две бои се симбол на Божиќ и Нова година? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-ovie-dve-boi-se-simbol-na-bozikj-i-nova-godina-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-ovie-dve-boi-se-simbol-na-bozikj-i-nova-godina-2/#respond Wed, 30 Dec 2020 15:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=450374

Продавниците се веќе полни со украси, а боите што без сомнеж преовладуваат се црвената и зелената. Дали некогаш сте се запрашале зошто баш овие две бои се синоним за Нова година и Божиќ? Зелена Божиќното дрвце (Ilex aquifolium) и смреката веќе долги години се користат при украсување за време на новогодишните празници. Зимата е ладна и тмурна, па токму поради тоа зимзелените билки се користат за декорација – како потсетник дека зимата нема да трае вечно. Црвена Црвената боја на бобинките за Христијаните ја претставува Исусовата крв затоа што тој се жртвувал за луѓето. Таа е потсетник за тоа што Спасителот направил за верниците. Други бои што често се користат за новогодишните и божиќните украси се златната, белата и сината. Еден од трите светски цареви му донел злато како подарок на малиот Исус, а златото ја симболизира и ѕвездата што тројцата кралеви ја следеле на патот кон Витлеем. Белата симболизира мир и чистота, додека сината боја е симбол на мајката на Исус, Дева Марија, а исто така се толкува и како синоним за небото и рајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-ovie-dve-boi-se-simbol-na-bozikj-i-nova-godina-2/feed/ 0
Топлотен бран во Италија: 10 градови означени со црвена боја https://arhiva.kurir.mk/svet/region/toploten-bran-vo-italija-10-gradovi-oznacheni-so-crvena-boja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/toploten-bran-vo-italija-10-gradovi-oznacheni-so-crvena-boja/#respond Fri, 31 Jul 2020 11:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=384312

Топлотниот бран од Северна Африка денеска во Италија донесе температура до 40 степени, а десет градови се обележани со црвена боја, што е предупредување за екстремно високи температури. Според билтенот на италијанското Министерство за здравство, алармот се активира во Рим, Болоња, Торино, Фиренца, Кампобасо, Пескара, како и во градовите Риети, Фрозиноне, Болцано и Перуџа. Како што е наведено, невреме и грмежи се очекуваат следната недела во централниот дел на Италија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/toploten-bran-vo-italija-10-gradovi-oznacheni-so-crvena-boja/feed/ 0
Инспектори зеле мостри за анализа од отпадната вода со црвена боја во Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektori-zele-mostri-za-analiza-od-otpadnata-voda-so-crvena-boja-vo-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektori-zele-mostri-za-analiza-od-otpadnata-voda-so-crvena-boja-vo-vardar/#respond Thu, 16 Jul 2020 15:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=377244

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, направиле увид на посочената локација. Со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека водата е со црвена боја и веднаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа кои се однесени во акредитирана лабораторија и е во тек нивно испитување. Истовремено, како што се посочува во соопштението, извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, ул.„16 Македонска бригада“ б.б. Во момент на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на 10 јули во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваат 210 литри на час отпадна вода која е безбојна. Исто така е извршен визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 кубни метри на час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektori-zele-mostri-za-analiza-od-otpadnata-voda-so-crvena-boja-vo-vardar/feed/ 0
Мажите сакаат црвено и природно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mazite-sakaat-crveno-i-prirodno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mazite-sakaat-crveno-i-prirodno/#respond Mon, 21 Oct 2019 06:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=254168

Секоја жена барем еднаш се прашала што најмногу ги привлекува мажите кај понежниот пол. Одговорот на ова прашање го дава Миџ Вилсон, професорка по психологија на универзитет во Чикаго. Таа тврди дека секој пат кога мажот ќе ја одмери жената од галава до пети, односно ако му се допаднат нејзината половина и колкови, несвесно помислува дека таа би била идеална да му роди дете. Но, во предвид се земаат и неколку други фактори. Убава и долга коса исто така го привлекува посилниот пол бидејќи се смета дека е знак на здравје и плодност. Мажите ги остава без здив и спонтаната женска насмевка. Жените со помалку шминка на себе и природен изглез се попривлечни за мажите. Кога станува збор за боите, црвената е фатална за мажите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mazite-sakaat-crveno-i-prirodno/feed/ 0
Кардиолошкиот завод во Охрид во црвена илуминација по повод Светскиот ден на срцето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshkiot-zavod-vo-ohrid-vo-crvena-iluminacija-po-povod-svetskiot-den-na-srceto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshkiot-zavod-vo-ohrid-vo-crvena-iluminacija-po-povod-svetskiot-den-na-srceto/#respond Tue, 02 Oct 2018 08:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=109417

Заводот за третман на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, по повод Светскиот ден на срцето што годинава се одбележува под мотото „И моето срце, и твоето срце“, синоќа целосно беше осветлен во црвено, како начин вработените од установата да испратат порака за потребата од подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето, дотолку повеќе што кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот. - Светската здравствена организација годинава излезе со број од 17,5 милиони смртни случаи што настанале како последица на кардиоваскуларни заболувања. Па, затоа пораката која годинава е всушност прашање е што можеме секој од нас како поединец да направи и сите ние што можеме да направиме во превенција на срцевите заболувања и здравјето? Одговорот ќе го најдеме преку лична едукација на пациентите и населението за препознавање на симптомите и начинот на живот кој не создава ризици по здравјето на срцето, вели Елена Коваческа Башуроска, директорот на Заводот. Лекарскиот тим на пациентите им делеше брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања. - Кардиолошкиот завод од Охрид е институција која организира континуирана едукација на пациентите за да се подигне свеста за кардиоваскуларните заболува, а со тоа да се подигне и нивото на грижа за здравјето. Што се однесува до лекарскиот тим, на нас останува да ги следиме светските трендови во кардиоваскуларната медицина и да ги воведуваме новите постапки и процедури тука кај нас, истакна Никола Бакрачески, раководител на Одделот за интервентна кардиологија. Инаку, кампањата Кардиолошкиот завод ја реализира во соработка со „Алкалоид“. Активностите по повод „Светскиот ден на срцето“ ќе завршат со хуманитарен настан од кој средствата ќе се наменат за деца со здравствени проблеми од семејства кои се под социјален ризик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshkiot-zavod-vo-ohrid-vo-crvena-iluminacija-po-povod-svetskiot-den-na-srceto/feed/ 0
Овие три елементи можат да ви донесат повеќе пари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-tri-elementi-mozat-da-vi-donesat-povekje-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-tri-elementi-mozat-da-vi-donesat-povekje-pari/#respond Wed, 04 Apr 2018 14:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=36393

Тајната е во црвената боја. Оваа огнена боја претставува и огнен елемент во Фенг шуи и силен симбол на богатство и напредок. Еве кои се трите елементи кои треба да ги имате покрај себе: Црвен паричник- Новиот паричник симболизира дека сте подготвени да примате ново богатство, а црвената боја ќе ви помогне да привлечете добри вибрации. Црвена облека- Со оваа облека ќе привлечете среќа. Црвени чевли- Чевлите секогаш се поврзани со чекорење кон подобра ситуација. Затоа црвените чевли се симбол дека сте подготвени да одите напред во подобро утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-tri-elementi-mozat-da-vi-donesat-povekje-pari/feed/ 0