црвена полумесечина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 10:25:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црвена полумесечина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црвена полумесечина: Пет часа немаме контакт со нашиот персонал во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrvena-polumesechina-pet-chasa-nemame-kontakt-so-nashiot-personal-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrvena-polumesechina-pet-chasa-nemame-kontakt-so-nashiot-personal-vo-pojasot-gaza/#respond Wed, 01 Nov 2023 10:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=895295

Црвената полумесечина соопшти дека повторно се прекинати комуникациските и интернет услугите во Појасот Газа. Повторно, ние околу пет часа немаме контакт со нашиот персонал во Газа, објави палестинската Црвена полумесечина на платформата Икс. Комуникациските и интернет услуги во Газа се целосно прекинати, се наведува во објавата на Икс со хаштаг #NotATarget, со што се потенцира дека спасувачкиот персонал, хуманитарните работници и волонтерите не се мета на конфликтот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrvena-polumesechina-pet-chasa-nemame-kontakt-so-nashiot-personal-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-8-maj-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-8-maj-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/#respond Sun, 08 May 2022 06:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=673488

Под мотото „Биди човечен/Bëhu njerëzo“, оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија традиционално ќе го одбележи 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува симболично на 8 мај во чест на основоположникот на Движењето, Анри Динан роден на 8 мај 1828 година. Во период од 8 до 15 мај, организацијата ќе ја одбележи и Неделата на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Во Градскиот парк на Школка денеска ќе биде организиран настан од промотивно – забавен карактер, а ќе биде промовирана и кампањата за прва помош под мотото Првата помош спасува живот со која е предвидено е да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25000 деца од основни и средни училишта во целата земја. – На овие обуки децата ќе имаат можност да стекнат основните знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет, информираат од Црвениот крст. На настанот предвидено е обраќање на претседателот на Црвениот крст Ромел Велев, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, министерот за здравство Беким Сали, директорот на Македонска пошта Васко Стефанов и државниот секретар на министерството за образование Анета Трпевска. По сведоштвата за смртта на голем број војници во 19. век без организиран и воспоставен систем за нега, Анри Динан напишал книга „Сеќавање на Солферино“ и ја објавил во 1862 година. Во книгата тој јасно се залагал за создавање на национални доброволни организации за помош кои би помагале на ранети во воени судири. Покрај тоа, повикал на развој на меѓународни договори кои би ја гарантирале неутралноста и заштитата на ранетите војници, медицински лица и теренски болници. На 9 февруари 1863 во Женева, Динан го основал „Петчлениот комитет“, заедно со четири други водечки личности од видни семејства од Женева, како анкетна комисија на Женевското здружение за јавна благосостојба. Нивната цел била да се испита изводливоста на идеите на Динан и да се организира меѓународна конференција за нивно спроведување. Веќе на 26-29 октомври 1863, била свикана меѓународна конференција на која присуствувале претставници од 18 држави, шест делегати од невладини организации, седум странски неофицијални делегати и петте членови на комитетот на Анри Динан. Една година подоцна, владата на Швајцарија ги поканила владите на сите Европски земји, како и САД, Бразил и Мексико да присуствуваат на официјалната дипломатска конференција. Шестнаесет земји испратиле вкупно 26 делегати. На 22 август 1864, Конференцијата ја усвоила првата Женевска конвенција „за подобрување на состојбата на ранетите од војските на бојното поле“. Претставници на 12 земји ја потпишале конвенцијата: Баден, Белгија, Виртемберг, Данска, Италија, Португалија, Прусија, Франција, Хесен, Холандија, Швајцарија, Шпанија. Конвенцијата содржела десет члена, првпат воспоставувајќи законска обврска за гарантирање на неутралноста и заштитата на ранетите војници, теренскиот медицински персонал и конкретни хуманитарни институции во вооружен конфликт. Во следните години, национални здруженија на Црвениот крст никнале низ цела Европа. Во 1876 година комитетот го усвоил името „Меѓународен комитет на Црвениот крст“. Се повеќе земји пристапувале кон Женевската конвенција и почнале да ја почитуваат во вооружени конфликти Денес меѓународното хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот има мисија да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без каква било дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-8-maj-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/feed/ 0
Денеска е светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/#respond Sat, 08 May 2021 07:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=507370

„Незапирливи“ е мотото на годинашното одбележување на 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на македонскиот Црвен крст (8-15 мај 2021) и произлегува од активностите на оваа хуманитарна организација во изминатата година во справувањето со последиците од глобалната пандемија. – Слоганот на овој наш годинашен празник во голема мера се должи на напорите на нашето движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Сè она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата. Секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување. Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме незапирливи во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од сè, изјави претседателот на Црвениот крст на РМ Ромел Велев. Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува секоја година на овој датум во чест на Анри Динан, основоположникот на ова движење, кој е роден на 8 мај 1828 година. Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ светот на овој ден преку пригодни активности ја подигнуваат свеста за значењето на нивните основни принципи и вредности, организираат различни активности за привлекување нови членови и волонтери и за оддавање признание и благодарност на партнерите кои ги поддржуваат во хуманата мисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/feed/ 0
Се одбележува Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/#respond Fri, 07 May 2021 08:17:29 +0000 https://kurir.mk/?p=506946

Под мото: #Незапирливи македонскиот Црвен крст ќе се приклучи на одбележувањето на 8 Мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а ќе ја со повеќе активности ќе ја одбележи и Неделата на Црвениот крст на РМ од 8 до 15 мај. -Секоја година во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина го одбележуваме 8 Мај Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, во чест на Анри Динан, основоположникот на нашето Движење, кој е роден на 8 Мај 1828 година. На тој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности ја подигаат свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и организираат најразлични активности за привлекување на нови членови и волонтери во Движењето и оддавање признание и благодарност до нашите партнери за поддршката која ја обезбедуваат на Црвениот крст/Црвена полумесечина, се вели во соопшението од Црвениот крст. Но, додаваат оттаму, акцентот на нивните активности во изминатава година бил ставен на справување со последиците од глобалната пандемија предизвикана од КОВИД-19. -Во голема мера слоганот на овој наш годинешен празник се должи на напорите на нашето Движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Се она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата, велат од Црвениот крст. Од оваа организација истакнуваат дека секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување. -Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме „незапирливи“ во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од се, се вели во соопштението од македонскиот Црвен крст. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/feed/ 0
Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/#respond Fri, 08 May 2020 05:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=343295

Под мотото „Сите сме црвени“, Црвениот крст на град Скопје во соработка со општинските организации на Црвениот крст кои дејствуваат на територија на Градот Скопје, ќе го одбележи Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. -Во 11 часот во магацинските простории на Црвен крст на град Скопје во Момин Поток, ќе се реализира донација на артикли од листата на приоритетни потреби на Министерството за здравство, наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје, како поддршка во услови на зголемена фреквенција на пациенти. За Инфективната клиника набавени се неопходни материјали – 1.650 парчиња постелнина, ќебиња, перници, пешкири… кои ќе бидат предадени на директорката на Клиниката Милена Стевановиќ, во присуство на претставници од Пивара Скопје. Финансиските средства за реализација на оваа активност на Црвениот крст е обезбедена од Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје, информират од Црвениот крст на Град Скопје. Во рамки на планираните активности, од 10 до 11 часот ќе биде реализирана дистрибуција и на 500 маски и цвеќиња за граѓаните кои ќе бидат пресретнати од петте мобилни тимови во централното градско подрачје. Активност за одбележување на денот, ќе биде и промоцијата на автобус на линијата број 57 на ЈСП Скопје, брендиран со логото на Црвениот крст и со слики од волонтери на Црвен крст. -Вработените лица и повеќе од 13 милиони волонтери на Црвениот крст и Црвена полумесечина низ целиот свет помагаат на повеќе од 160 милиони лица секоја година обезбедувајќи различни и иновативни непристрасни услуги. Нашиот пристап е универзален, и се темели на нашите основни принципи: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволна служба, единство и универзалност, се додава во соопштението. Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 Мај, е роденден на основач Анри Динан, и тој ден претставува годишно одбележување на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина. Секоја година, Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина организираат низа активности за промовирање на посебната улога на Движењето во своите земји каде ги решаваат хуманитарните предизвици, не оставајќи никој зад себе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/feed/ 0
Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina-2/#respond Wed, 08 May 2019 06:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=195365

Под мотото „Што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина”, денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина – 8 мај. -Во текот на целата 2019 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “# Love, # Љубов, # Dashuri”, соопштија од Црвен крст. Оваа година имаат за цел да ги прошират знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нивната работа и универзалноста во нивниот пристап. -Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – ©љубов. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи, истакнуваат од Црвен крст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina-2/feed/ 0
Одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/#respond Tue, 08 May 2018 13:33:03 +0000 https://kurir.mk/?p=51585

 Под мотото „Секаде за секого" денеска беше одбележан 8 Мај - Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Централниот настан, како што информират од Црвениот крст на РМ, се одржа на градскиот плоштад во Скопје, а како дел од активностите се реализираше параолимписка игра „Бочија“ наменета за лица со посебни потреби во која учествуваа лицата од дневните центри за лица со посебни потреби од Скопје, Велес, Кавадарци, Дебар, Делчево, Кичево, Гостивар и Прилеп.

Со цел поддршка промоција на еднаквите можности и подигнување на јавната свест за лицата со посебни потреби, кон настанот се приклучија и волонтерите од Црвен крст на град Скопје и општинските организации на територија на град Скопје.

Во параолимписката игра учествуваа ученици од 10 средни училишта на територија на град Скопје, во кои се реализира проектот „Училишни клубови за едукација и превенција на Црвен крст“. Учениците и нивните професори дадоа придонес кон полесна реализација на играта, помош и поддршка кон лицата со попреченост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/feed/ 0
Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/#respond Tue, 08 May 2018 06:13:16 +0000 https://kurir.mk/?p=51244

Со одржување на параолимписката игра „Бочија“, наменета за лица со посебни потреби, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8 мај. Како учесници ќе се вклучат лица од Дневните центри за лица со посебни потреби од Скопје, Велес, Кавадарци, Дебар, Делчево, Кичево, Гостивар и Прилеп. Во рамки на самиот настан, а со цел поддршка промоција на еднаквите можности и подигнување на јавната свест за лицата со посебни потреби, кон настанот ќе се приклучат и волонтерите од Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на територија на град Скопје. Активно во параолимписката игра ќе се вклучат ученици од 10 средни училишта на територија на град Скопје, во кои се реализира проектот „Училишни клубови за едукација и превенција на Црвен крст“. Учениците и нивните одговорни професори ќе дадат придонес кон полесна реализација на играта, помош и поддршка кон лицата со попреченост. - И во текот на целата 2018 година, ќе ја прославиме силатата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и наоколу14 милиони волонтери во светот преку мотото „секаде за секого". Оваа година имаме за цел да ги прошириме знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нашата работа и универзалноста во нашиот пристап. Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи –насмевката. За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица, порачуваат од Црвениот крст. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/feed/ 0