црвена зона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Jan 2021 10:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црвена зона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција: Епидемиолозите предлагаат Атина да премине во „црвената зона“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-epidemiolozite-predlagaat-atina-da-premine-vo-crvenata-zona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-epidemiolozite-predlagaat-atina-da-premine-vo-crvenata-zona/#respond Fri, 29 Jan 2021 10:51:39 +0000 https://kurir.mk/?p=461413

Континуираното зголемување на новите случаи на Ковид-19 во повеќе делови на Атина и пошироката област Атика, го вклучи алармот кај грчките епидемиолози, кои по вчерашниот вонреден состанок, според информациите во Грција, препорачале конкретниот регион да премине во „црвената зона“, додека пак конечните одлуки ќе бидат донесени и соопштени во текот на денешниот ден, јави дописничката на МИА од Атина. Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, утрово одржува состанок, по што до Владата ќе ги достави конечните препораки, а одлуките, попладне, ќе ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас. Праксата на грчката Влада од изминатиот период е секој петок да се носат нови одлуки за олабавување или затегнување на мерките согласно епидемиолошката слика во земјата, кои ќе важат за седмицата што следува, почнувајќи од понеделник. Во т.н. „црвени зони“, важат поригорозни мерки, како што се затворени продавници и функционирање само на услугата „click away“, односно подигање на претходно направена порачка, онлајн настава за сите ученици, а полицискиот час, наместо од 21 е од 18 часот. Останува отворено прашањето, дали истите овие мерки би важеле и за Атика и Атина, доколку премине во „црвената зона“. Дел од епидемиолозите, говорејќи за грчките медиуми, како можни мерки за конкретниот регион го споменуваат повторното затворање на продавниците и воведување на „click away“, а полицискиот час да остане од 21 часот. Од понеделник, планирано е отворање на средните училишта во цела Грција, но под знак прашалник е дали тоа ќе важи и за Атина. Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин, шест дена подоцна беше воведен полициски час, а постепеното олабавување на мерките започна со отворањето на основните училишта и градинките на 11 јануари, една седмица подоцна следеа и продавниците, моловите, трговските центри, фризерските и козметичките салони. Во изминатите денови, речиси половина од новите случаи на Ковид-19 на дневно ниво беа во областа Атика, а дополнителна загриженост кај епидемиолозите во Грција предизвикува и британскиот сој на коронавирусот, кој е присутен токму во регионот на Атина, а во целата земја има вкупно 66 случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-epidemiolozite-predlagaat-atina-da-premine-vo-crvenata-zona/feed/ 0
Над шеесет илјади Белгијци биле на одмор во црвена зона со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-sheeset-iljadi-belgijci-bile-na-odmor-vo-crvena-zona-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-sheeset-iljadi-belgijci-bile-na-odmor-vo-crvena-zona-so-kovid-19/#respond Fri, 04 Sep 2020 12:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=399216

Шеесет и пет илјади граѓани од Белгија заминале на одмор во зона обележана како црвена за Ковид-19 во текот на летото, а од нив 900 се тестирани позитивни за вирусот, јави дописничката на МИА од Брисел. Белгискиот институт за јавно здравје денеска на прес конференција информираше дека полека почнува да се намалува пикот констатиран во текот на ова лето во земјата, кога се регистрираа по деветстотини новозаразени дневно. Но властите не очекуваат значајно намалување, туку стабилизација на бројките во наредниот период. Во двата летни месеци 1,4 милиони луѓе од Белгија заминале во странство на одмор и го пополниле формуларот. Меѓу нив, 65 илјади биле во црвена зона, односно Турција, Шпанија, Франција, Романија и Мароко најчесто, а 376 илјади биле во портокалова зона. Две третини од тие што биле во црвена зона се тестирани за Ковид-19, а два отсто од тестираните се позитивни на вирусот, изјавија од институтот. -Не е многу, но ни овозможи да поставиме дијагноза за 900 лица поради патување во црвена зона и да спречиме тие лица понатаму да ја шират инфекцијата, изјави портпаролот на институтот. Лицата кои се враќаат од зона обележана како црвена треба да останав во карантин дури и ако првиот тест покаже негативни резултати, истакна портпаролот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-sheeset-iljadi-belgijci-bile-na-odmor-vo-crvena-zona-so-kovid-19/feed/ 0
Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-drzavata-ja-vturnuvaat-vo-crvenata-zona-na-prezadolzenost-dolgot-dostigna-59-5/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-drzavata-ja-vturnuvaat-vo-crvenata-zona-na-prezadolzenost-dolgot-dostigna-59-5/#respond Mon, 03 Aug 2020 11:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=385485

Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, на својата официјална Фејсбук страница напиша статус во кој што објави податоци од Министерството за финансии во кои стои дека заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени. -Денес е полошо споредено со април кога и предупредив на три можни црни сценарија во македонската економија. Еве првото се исполнува. Нѐ чекаат тешки времиња во македонската економија, стои во статусот на Мицкоски. Во продолжение може да го погледнете неговиот целосен статус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-drzavata-ja-vturnuvaat-vo-crvenata-zona-na-prezadolzenost-dolgot-dostigna-59-5/feed/ 0
Четиригодишно девојче заразено со Ковид-19 во Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetirigodishno-devojche-zarazeno-so-kovid-19-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetirigodishno-devojche-zarazeno-so-kovid-19-vo-italija/#respond Wed, 26 Feb 2020 09:17:12 +0000 https://kurir.mk/?p=308934

Четиригодишно девојче од Италија е заразено со коронавирус, пренесоа денеска италијанските медиуми. Таа доаѓа од местото Кастиљоне де Ада во Ломбардија, едно од десетте места кои се наоѓаат во црвената зона. Девојчето е сместено во болница, има благи симптоми на грип, и не е во сериозна здравствена состојба. Претпоставка е дека вирусот го добила во болницата во Кодоња, кога таму бил хоспитрализиран првиот познат случај во Италија. Црвената зона во северна Италија ја чува полицијата 24 часа дневно, за да се спречат неконтролираните излегувања и влегувања од подрачјето на епидемијата. Според достапните податоци, село со околу 4.000 жители е најмногу погодено од Ковид-19, бидејќи во моментов во него има 40 зарзени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetirigodishno-devojche-zarazeno-so-kovid-19-vo-italija/feed/ 0