Црвени крст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 12:24:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Црвени крст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црвениот крст почна да ги попишува воените заробеници од Азовстал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crveniot-krst-pochna-da-gi-popishuva-voenite-zarobenici-od-azovstal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crveniot-krst-pochna-da-gi-popishuva-voenite-zarobenici-od-azovstal/#respond Thu, 19 May 2022 12:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=678980

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) почна да попишува стотици воени заробеници од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, Украина, соопшти организацијата. Постапката за потрагата по борците кои го напуштија металуршкиот комплекс, вклучувајќи ги и ранетите, започна во вторникот. МКЦК собира податоци од поединци за да ја следи судбината на заробениците. Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека 771 украински борец од Азовстал се предале во последните 24 часа, со што бројот на заробеници од понеделникот достигна 1.730. Според истиот извор, меѓу заробените има и 80 ранети. Стотици украински борци се предадоа и ги напуштија подземните коридори и челични бункери. Москва и Киев дадоа различни бројки за заробениците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crveniot-krst-pochna-da-gi-popishuva-voenite-zarobenici-od-azovstal/feed/ 0
Се одбележува Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/#respond Fri, 07 May 2021 08:17:29 +0000 https://kurir.mk/?p=506946

Под мото: #Незапирливи македонскиот Црвен крст ќе се приклучи на одбележувањето на 8 Мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а ќе ја со повеќе активности ќе ја одбележи и Неделата на Црвениот крст на РМ од 8 до 15 мај. -Секоја година во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина го одбележуваме 8 Мај Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, во чест на Анри Динан, основоположникот на нашето Движење, кој е роден на 8 Мај 1828 година. На тој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности ја подигаат свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и организираат најразлични активности за привлекување на нови членови и волонтери во Движењето и оддавање признание и благодарност до нашите партнери за поддршката која ја обезбедуваат на Црвениот крст/Црвена полумесечина, се вели во соопшението од Црвениот крст. Но, додаваат оттаму, акцентот на нивните активности во изминатава година бил ставен на справување со последиците од глобалната пандемија предизвикана од КОВИД-19. -Во голема мера слоганот на овој наш годинешен празник се должи на напорите на нашето Движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Се она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата, велат од Црвениот крст. Од оваа организација истакнуваат дека секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување. -Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме „незапирливи“ во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од се, се вели во соопштението од македонскиот Црвен крст. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-svetskiot-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/feed/ 0