црвени линии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jul 2021 05:25:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png црвени линии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ пред пратениците, СДСМ нема да гласа ако не се вметне „Северна“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezolucijata-na-vmro-dpmne-za-crvenite-linii-pred-pratenicite-sdsm-nema-da-glasa-ako-ne-se-vmetne-severna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezolucijata-na-vmro-dpmne-za-crvenite-linii-pred-pratenicite-sdsm-nema-da-glasa-ako-ne-se-vmetne-severna/#respond Thu, 29 Jul 2021 05:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=543294

Собранието денеска треба да продолжи со работа по 47-та седница, на чиј дневен ред е Предлог-резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Владејачкото мнозинство најави дека нема да ја прифати резолуцијата доколку во неа не биде внесено уставното име. Во таа насока, група пратеници од мнозинството поднесоа амандман со кој во поднесената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ за националните „црвени линии“ се вметнува додавката Северна. Од СДСМ потенцираа дека за нив суштината на резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставањето на додавката „Северна“ во името на државата, би било кршење на Уставот. Дека СДСМ нема да гласа за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена, најави и премиерот Зоран Заев. – Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на системот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем, изјави Заев, додавајќи Уставот е донесен и треба да се почитува. Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат широка поддршка за резолуцијата, која, како што рече претседателот на партијата Христијан Мицкоски, ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но, пред сè ќе се зацврстат државните позиции на Македонија. Предлог-резолуцијата, меѓу другото, предвидува преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ. Да се почитуваат автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, повторувам континуитет. Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет и свој временски континуитет. -Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор, пишува во Предлог-резолуцијата. Процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите. Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи. Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност, стои, меѓу останатото, во предложената резолуција на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezolucijata-na-vmro-dpmne-za-crvenite-linii-pred-pratenicite-sdsm-nema-da-glasa-ako-ne-se-vmetne-severna/feed/ 0
Макрон: Треба да се дефинираат јасни црвени линии кон Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-treba-da-se-definiraat-jasni-crveni-linii-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-treba-da-se-definiraat-jasni-crveni-linii-kon-rusija/#respond Sun, 18 Apr 2021 08:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=498737

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека е потребно „да се дефинираат јасни црвени линии кон Русија“ и дека е подготвен да воведе санкции во случај на „неприфатливо однесување“ на Москва. -Мислам дека во случај на неприфатливо однесување мора да воведеме санкции. И мислам дека мора да дефинираме јасни црвени линии кон Русија, изјави Макрон за американската телевизија Си-Би-Ес на прашањето за можниот одговор на Западот во случај на руски напад на Украина. Западот и Украина ја обвинуваат Русија дека донела десетици илјади војници на границата со Украина и Крим, кои ги припои во 2014 година, по што продолжија борбите во источна Украина. Во четвртокот, американскиот претседател Џо Бајден најави воведување серија строги финансиски санкции против Русија и протерување 10 руски дипломати, истовремено повторувајќи го предлогот за самит со рускиот претседател Владимир Путин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-treba-da-se-definiraat-jasni-crveni-linii-kon-rusija/feed/ 0
Мицкоски: Заев глуми лажен патриот и зборува за црвени линии (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-glumi-lazen-patriot-i-zboruva-za-crveni-linii-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-glumi-lazen-patriot-i-zboruva-za-crveni-linii-video/#respond Sat, 12 Dec 2020 19:29:50 +0000 https://kurir.mk/?p=442504

Заев се однесува како подвоена личност. Додека го продава идентитетот, се откажува од антифашистичката борба и преговара за придавката македонски, глуми лажен патриот и зборува за црвени линии. Се колнеше во најмилото и подоцна се откажа од Македонија. Кога ја рецитира стихотворбата за жицата, знаеме дека лаже, а Македонија бележи загуби. Погледнете како изгледа човек кој се однесува како подвоена личност, тоа е човек од кој не може да се очекува иднина. Оставка на Заев, слобода на народот, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-glumi-lazen-patriot-i-zboruva-za-crveni-linii-video/feed/ 0
Тахири: Косово мора да постави црвени линии кон Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-kosovo-mora-da-postavi-crveni-linii-kon-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-kosovo-mora-da-postavi-crveni-linii-kon-belgrad/#respond Thu, 12 Jul 2018 06:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=75832

Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири, ги повика партиите на косовските Алабанци на консензус за финалната фаза од преговорите со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина. Тахири за весникот „Епоха е Ре“ изјави дека првиот консензус што треба да го постигнат партиите е оној за црвените линии што Косово треба да ги има во овој процес. Според неа, црвените линии треба да бидат меѓусебното прзнавање, пакетот на Ахтисари и зачленувањето на Косово во Организацијата на обединетите нации. Поранешната косовска министерка за евроинтеграции нагласи дека Собранието во Приштина треба да усвои платформа за преговорите и да го овласти претседателот на државата и преговарачкиот тим, кој ќе го претставува Косово во овој преговарачки процес. Според Тахири, претседателот треба да предводи една консензуална делегација, која ќе биде овластена од Собранието да преговара со Србија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-kosovo-mora-da-postavi-crveni-linii-kon-belgrad/feed/ 0