цска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 Aug 2022 13:02:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦСКА поднесе тужба против кошаркарската Евролига https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/cska-podnese-tuzba-protiv-kosharkarskata-evroliga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/cska-podnese-tuzba-protiv-kosharkarskata-evroliga/#respond Fri, 05 Aug 2022 13:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=714619

Кошаркарскиот клуб ЦСКА од Москва поднесе тужба против Евролигата поради исфрлањето на рускиот клуб од претстојната сезона во елитното клупско натпреварување, објави грчка „Газета“. Московска ЦСКА е една од 11. екипи со загарантиран договор во Евролигата, меѓутоа по руската инвазија врз Украина, руските клубови се исфрлени од натпреварувањето. Раководството на московскиот клуб во март најави дека ќе поднесе тужба, а сега повлече и конкретен потег. -Секако дека не загрижува тоа што нема да учествуваме во Евролигата, но нема да плачеме. Идната година ја гледам како можност за младите играчи, изјави претседателот на клубот Андреј Ватутин минатиот месец за руската агенција РИА Новости.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/cska-podnese-tuzba-protiv-kosharkarskata-evroliga/feed/ 0
Македонија Ѓорче Петров ѝ гостува на ЦСКА Софија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjorche-petrov-gostuva-na-cska-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjorche-petrov-gostuva-na-cska-sofija/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=711300

Македонија Ѓорче Петров денеска од 19 часот ѝ гостува на Софиса ЦСКА во рамките на реванш натпреварот од Конференциската лига. По резултатот од 0-0 во Скопје, тимот кој денеска ќе победи продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига. Тимот на Македонија ЃП овој натпревар ќе го игра без Матеус Лемос, кој беше исклучен на средбата во Скопје бидејќи судијата му додели два жолти картони. Македонскиот тим досега играл двапати двомеч со бугарски тим во кои нема триумф. Во 2006 во УЕФА Купот се соочи со Локо Софија (0-2 и 1-1), а во 2007 играше со Черно Море Варна во Интертото Купот (0-4 и 0-3).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjorche-petrov-gostuva-na-cska-sofija/feed/ 0
Во продажба билетите за натпреварот Македонија ЃП – ЦСКА Софија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-prodazba-biletite-za-natprevarot-makedonija-gjp-cska-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-prodazba-biletite-za-natprevarot-makedonija-gjp-cska-sofija/#respond Wed, 13 Jul 2022 06:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=704204

Билетите за фудбалскиот натпревар меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија од денеска се пуштаат во продажба. Како што информираа од клубот, продажбата ќе се одвива во периодот од 9 до 11, како и од 17 до 20 часот до 20 јули. Секој ќе може да купи најмногу две влезници со документ за идентификација. Цената на билетите изнесува 300 денари. Натпреварот кој е рамки на второто коло на Конференцсиката лига на УЕФА ќе се одигра на 21 јули на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-prodazba-biletite-za-natprevarot-makedonija-gjp-cska-sofija/feed/ 0
Бугарија бара Скопје да биде изземен од организација на натпреварот Македонија ЃП-ЦСКА, ова е причината https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarija-bara-skopje-da-bide-izzemen-od-organizacija-na-natprevarot-makedonija-gjp-cska-ova-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarija-bara-skopje-da-bide-izzemen-od-organizacija-na-natprevarot-makedonija-gjp-cska-ova-e-prichinata/#respond Tue, 12 Jul 2022 06:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=703661

Во денешните изданија на бугарските медиуми се појавија реакции околу малиот број билети доделени на софискиот клуб за натпреварот со Македонија ЃП во Конференциската лига на УЕФА. Имено, клубот од Ѓорче Петров натпреварот како домаќин ќе го игра на „Петар Милошевски“ во центарот на ФФМ. Според правилата на УЕФА, обезбедени се 5 % од капацитетот на гледачи за гостинската публика. – Македонија, Ѓорче Петров ќе пушти само 60 билети за симпатизерите на „црвените“. По итни разговори по ждрепката, македонскиот клуб првично беше подготвен да пушти во продажба уште многу места за симпатизерите на ЦСКА. Оттаму не ја прифатија идејата на челниците на ЦСКА натпреварот да се игра на националниот стадион во Скопје, за да можат сите заинтересирани да присуствуваат на натпреварот. На крајот, домаќините по консултација со локалната федерација и полицијата, решија да го намалат бројот на 60, пишува „Труд“. Се бара дури Скопје да биде изземен од организација на натпреварот. – Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Северна Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Северна Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“. Натпреварот Македонија ЃП – ЦСКА е закажан за 21 јули со почеток во 17:30 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarija-bara-skopje-da-bide-izzemen-od-organizacija-na-natprevarot-makedonija-gjp-cska-ova-e-prichinata/feed/ 0
Рајковиќ во комбинација за тренерското место во ЦСКА и Зенит https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovikj-vo-kombinacija-za-trenerskoto-mesto-vo-cska-i-zenit/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovikj-vo-kombinacija-za-trenerskoto-mesto-vo-cska-i-zenit/#respond Thu, 02 Jun 2022 07:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=685370

Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ, следната сезона може да стане предводник на руските кошаркарски гиганти ЦСКА Москва или Зенит, објавија тамошните медиуми. Според „Слободен агнет“ застапници на Рајковиќвеќе стапиле во контакт со раководствата на двата руски клуба. Како што е објавено, Македонецот е подготвен да се врати во Русија, но само во еден од финалистите во тековната сезона на ВТБ лигата. Тој има можности да работи и во шампионатот на Шпанија и Италија. Во сезоната 2021/22, Рајковиќ беше тренер на Автодор, клуб со кој оствари забележителни резултати и покрај скромниот буџет во споредба со ривалите од ВТБ-лигата. Претходно, Рајковиќ беше тренер на Астана (2018-2021). На крајот од сезоната 2018/19, тој беше прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата. Се шпекулира дека тренерите на ЦСКА и Зенит, Димитрис Итудис и Хавиер Пасквал, ќе ја напуштат Русија и ќе си бараат нов ангажман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovikj-vo-kombinacija-za-trenerskoto-mesto-vo-cska-i-zenit/feed/ 0
Тренерот на Барселона ја именува ЦСКА за фаворит во Евролигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-barselona-ja-imenuva-cska-za-favorit-vo-evroligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-barselona-ja-imenuva-cska-za-favorit-vo-evroligata/#respond Thu, 01 Oct 2020 06:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=410874

Тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус ја нарече ЦСКА фаворит во Евролигата во пресрет на мечот против црвено-сините во првото коло од шампионатот. – Ако зборуваме за фаворити, тогаш сè е како вообичаено. Мора да ја започнеме сезоната против актуелниот шампион, ЦСКА. Овој тим секогаш мора да се почитува. Следен на списокот е Анадолу Ефес, кој водеше во регуларниот дел од сезоната, додека минатата сезона не беше запрена поради пандемијата. По нив следуваат Реал Мадрид и Милано, истакна Јасикевичиус. Натпреварот Барселона – ЦСКА е закажан за вечер со почеток во 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-barselona-ja-imenuva-cska-za-favorit-vo-evroligata/feed/ 0
Александар Ставрев ќе го суди натпреварот Ференцварош-ЦСКА од ЛЕ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-stavrev-kje-go-sudi-natprevarot-ferencvarosh-cska-od-le/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-stavrev-kje-go-sudi-natprevarot-ferencvarosh-cska-od-le/#respond Mon, 04 Nov 2019 11:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=259909

Македонскиот судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот во групната фаза од Лигата на Европа меѓу Ференцварош и ЦСКА, објавено е на веб-страницата на УЕФА. Натпреварот во Х-групата ќе се одржи на 7 ноември во Будимпешта. На Ставрев ќе му помагаат Маријан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Димитар Мечкароски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-stavrev-kje-go-sudi-natprevarot-ferencvarosh-cska-od-le/feed/ 0
Евролига: ЦСКА го совлада Реал Мадрид по неверојатен пресврт https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-cska-go-sovlada-real-madrid-po-neverojaten-presvrt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-cska-go-sovlada-real-madrid-po-neverojaten-presvrt/#respond Sat, 18 May 2019 07:52:26 +0000 https://kurir.mk/?p=199317

ЦСКА Москва заостануваше речиси во текот на целиот натпревар, но со многу силна последна четвртина успеа да направи пресврт против Реал Мадрид и да се пласира во финалето на Евролигата. Рускиот гигант победи со 95:90 и се одмазди за поразот од „кралскиот“ клуб во истата фаза на турнирот минатата година. Тогаш, тимот воден од Лука Дончиќ го освои трофејот, но сега ќе мора да ги насочи сите свои напори кон шпанското првенство. Дуелот во Виторија беше исклучително драматичен, а не недостигаа и неколку спорни судиски пресуди кои го налутија тренерот на „белите“ Пабло Ласо. Во финалето во недела, ЦСКА ќе се соочи против изненадувањето на сезоната Анадолу Ефес, кој го елиминира Фенербахче. Нандо Де Коло и Серхио Родригез постигнаа 23 поени за победата на рускиот тим. Родригез постигна три тројки против неговиот поранешен тим, а повеќе од половина од поени на Де Коло дојдоа од пенали. Вил Клејбурн исто така беше на ниво со 18 поени, а Кори Хигинс придонесе со 11. Над сите во екипата на Реал беше Фабиен Кузер. Французинот постигна 18 поени, реализирајќи 6/6 од игра. Серхио Љул постигна фантастична тројка непосредно пред крајот, што ги задржа надежите на Шпанците, но ги пропушти сите други 9 обиди од дистанца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-cska-go-sovlada-real-madrid-po-neverojaten-presvrt/feed/ 0
Лопетеги по поразот од ЦСКА: Среќата ни го сврти грбот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lopetegi-po-porazot-od-cska-srekjata-ni-go-svrti-grbot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lopetegi-po-porazot-od-cska-srekjata-ni-go-svrti-grbot/#respond Wed, 03 Oct 2018 07:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=109912

ЦСКА Москва синоќа го совлада европскиот шампион Реал Мадрид (1:0), а тренерот на гостите причината за поразот ја гледа во немањето доволно среќа на неговиот тим. - Имавме многу шанси, но не успеавме да реализираме. Три пати ја погодивме рамката на голот, се обидувавме на разни начини. Немавме среќа. Натпреварот доби неочекуван тек за нас и се одвиваше како по совршено сценарио за ЦСКА, рече Лопетеги. Тој побара неговите играчи да не ја губат самодовербата и да продолжат да работата на ефикасноста. - Ова е рецептот. И натаму ќе играме офанзивно. Фудбалерите ја имаат мојата поддршка. Ќе дојдат и головите и победите, додаде предводникот на Реал Мадрид. По две рунди во Г-групата од Лигата на шампионите, ЦСКА е прва со четири бода, Реал и Рома имаат по три, Викторија Плзењ е последна со еден освоен бод. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lopetegi-po-porazot-od-cska-srekjata-ni-go-svrti-grbot/feed/ 0