ЦСУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Oct 2021 12:14:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЦСУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вебер повторно избран за претседател на ЕПП https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-epp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-epp/#respond Wed, 13 Oct 2021 12:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=578289

Германскиот демохристијанин Манфред Вебер денеска по третпат е избран за шеф на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент. – Горд сум и благодарен на моите колеги што ме избраа повторно да претседавам со групата на ЕПП. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата работа за зајакнување на христијанската демократија и десниот центар низ Европа, рече Вебер по изборот, на кој освои огромно мнозинство гласови. Тој најави дека ќе се бори против оние кои сакаат да ја загрозат и уништат ЕУ. – Христијанската демократија беше принцип на создавање на ЕУ и ЕПП е водечка сила за силна и стабилна Европа блиска до народот, рече Вебер. Вебер (49) е претседател на Христијанско – социјалната унија (ЦСУ), најсилната партија во Баварија, и ја предводи парламентарната група на ЕПП од 2014 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-epp/feed/ 0
Зедер: Следните четири години ЦДУ/СДУ ќе биде опозиција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zeder-slednite-chetiri-godini-cdu-sdu-kje-bide-opozicija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zeder-slednite-chetiri-godini-cdu-sdu-kje-bide-opozicija/#respond Thu, 07 Oct 2021 13:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=574783

Иако лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, се уште се надева дека може да дојде до функцијата канцелар, неговиот коалициски партнер, лидерот на ЦСУ,  Маркус Зедер, смета дека е речиси сигурно дека на германската политичка сцена доаѓа нова ера, каде доскорешната водечка коалиција сега ќе ги заземе првите опозициски редови. Зедер изјави дека планираните коалициски разговори меѓу Зелените, Либералите (ФДП) и Социјалдемократите (СПД) ќе ја прекинат работата на германската Влада предводена од конзервативците, пишува Дојче Веле. Тој додаде дека одлуката на двете помали партии да почнат формални разговори со СПД, која тесно ја победи ЦДУ/ЦСУ на изборите во септември, е „де-факто отфрлање“ на коалицијата предводена од конзервативците. -Многу веројатно е дека нема да има влада со Унијата. Жал ни е за нивната одлука, рече Зедер. И втор висок политичар на ЦСУ, Александар Добриндт, пред извесно време даде слични коментари, изјавувајќи дека смета дека постои голема веројатност СПД, Зелените и ФДП да постигнат договор. Добриндт додаде дека конзервативците мора да се подготват за следните четири години во опозиција. Доколку денешните преговори доводат до коалиција меѓу победниците на изборите, СПД, Зелените и ФДП, тоа ќе биде првата левичарска влада во Германија по 16 години. Од друга страна, Лашет изјави дека ЦДУ/ЦСУ се уште е подготвена за разговори, иако ја „почитува“ одлуката на Зелените и ФДП прво да испитаат дали имаат заеднички јазик со СПД. Да потсетиме, по општите избори во Германија минатиот месец, Зелените и ФДП прво разговараа меѓу себе, а потоа одделно со СПД и конзервативната коалиција ЦДУ/ЦСУ за да ја истражат можноста за компромис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zeder-slednite-chetiri-godini-cdu-sdu-kje-bide-opozicija/feed/ 0
Зехофер понуди оставка од Владата на Меркел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zehofer-ponudi-ostavka-od-vladata-na-merkel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zehofer-ponudi-ostavka-od-vladata-na-merkel/#respond Mon, 02 Jul 2018 05:56:53 +0000 https://kurir.mk/?p=71817

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, кој е и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), и понуди оставка на канцеларката Ангела Меркел, незадоволен од исходот на самитот на Европската Унија на кој се утврди новата миграциска политика. Понудата на Зехофер за оставка, според некои германски медиуми, се уште се смета како неофицијална, и постои можност тој да се премисли. Зехофер и Меркел влегоа во конфликт околу мигрантската политика откако тој најави дека ќе ги искористи своите овластувања како министер за внатрешни работи да нареди враќање на дел од мигрантите кои се обидуваат да влезат во Германија. Партијата ЦСУ има поостар став кон мигрантското прашање од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, и е поблиска по ова прашање до владите на Австрија, Италија и Унгарија. ЦДУ и ЦСУ се во повеќедецениска коалиција и заеднички настапуваат на изборите во Германија. Но, со приближувањето на регионалните избори во октомври, и со намалувањето на популарноста на ЦСУ, на сметка на анти-имигрантската партија АФД, Зехофер најави раскинување на коалицијата, што може да предизвика и пад на Владат на Меркел. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zehofer-ponudi-ostavka-od-vladata-na-merkel/feed/ 0