цунами – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Jul 2023 09:09:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цунами – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Сирени одекнуваат на Алјаска – Цунами по силниот земјотрес од 7,4 степени, луѓето бегаат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sireni-odeknuvaat-na-aljaska-tsunami-po-silniot-zemjotres-od-7-4-stepeni-lugeto-begaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sireni-odeknuvaat-na-aljaska-tsunami-po-silniot-zemjotres-od-7-4-stepeni-lugeto-begaat/#respond Sun, 16 Jul 2023 09:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=857112

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди Алјаска. Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Сирените се огласија како предупредување за цунами, кое брзо потоа ја погоди Алјаска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sireni-odeknuvaat-na-aljaska-tsunami-po-silniot-zemjotres-od-7-4-stepeni-lugeto-begaat/feed/ 0
Земјотрес од 6,2 степени во Токио, нема опасност од цунами https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-2-stepeni-vo-tokio-nema-opasnost-od-tsunami/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-2-stepeni-vo-tokio-nema-opasnost-od-tsunami/#respond Fri, 26 May 2023 13:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=839092

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Токио и околните области на источна Јапонија, но нема опасност од цунами. Земјотресот се случи во 19 часот и 3 минути, а според Јапонската метеоролошка агенција епицентарот бил на длабочина од околу 50 километри од источниот брег на Чиба. Не се регистрирани нарушувања во нуклеарната централа Токаи 2, лоцирана во Ибараки, североисточно од Токио, објави нејзиниот оператор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-6-2-stepeni-vo-tokio-nema-opasnost-od-tsunami/feed/ 0
Силен земјотрес од 7,3 степени во Индонезија, издадено предупредување за цунами https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-od-7-3-stepeni-vo-indonezija-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-od-7-3-stepeni-vo-indonezija-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/#respond Tue, 25 Apr 2023 05:53:22 +0000 https://kurir.mk/?p=827141

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БМКГ), по што е издадено предупредување за цунами. Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени. По земјотресот, чиј епицентар беше на длабочина од 84 километри, издадено е предупредување за цунами, додаде индонезиската метеоролошка служба. Агенцијата побара од тамошните власти веднаш да ги повикаат жителите да се оддалечат од брегот. По главниот, следеа серија помали земјотреси, од кои некои беа со јачина од 4 степени според податоците на БМКГ. Земјотресите се вообичаени во Индонезија, која се наоѓа на таканаречениот Огнен прстен на Пацификот, сеизмички активна област каде што се спојуваат плочите на Земјината кора. На 26 декември 2004 година, земјотрес со магнитуда 9,1 го погоди источниот брег на Суматра, предизвикувајќи цунами во кое загинаа околу 230,000 лица, по што продолжи по должината на бреговите на Шри Ланка, Индија, Малезија, Индонезија и Тајланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-od-7-3-stepeni-vo-indonezija-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/feed/ 0
Силен земјотрес на Филипините, издадено предупредување за цунами https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-na-filipinite-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-na-filipinite-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/#respond Tue, 04 Apr 2023 15:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=820159

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди денеска источниот дел на Филипините, по што државната сеизмолошка агенција издаде предупредување за цунами. Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри од градот Виго, на длабочина од 45 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт, кој првично соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги повика луѓето што живеат во близина на брегот да се оддалечат од океанот, предупредувајќи дека може да се соочат со бранови високи еден метар над просекот и дека брановите би можеле да бидат уште повисоки во заливите и теснецот. - Јавноста е информирана да биде подготвена во случај на големи бранови. Им беше препорачано да се држат настрана од плажите, изјави за радиото ДЗММ, Терезито Баколол, директор на државната сеизмолошка агенција. Тој додаде дека засега нема извештаи за штети или жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-na-filipinite-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/feed/ 0
ИЗДАДЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦУНАМИ – силен земјотрес од 7 степени во оваа земја пред само неколку минути https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-za-cunami-silen-zemjotres-od-7-stepeni-vo-ovaa-zemja-pred-samo-nekolku-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-za-cunami-silen-zemjotres-od-7-stepeni-vo-ovaa-zemja-pred-samo-nekolku-minuti/#respond Sun, 08 Jan 2023 15:38:10 +0000 https://kurir.mk/?p=784689

На пацифичкиот архипелаг Вануату денеска е регистриран земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, а издадено е и предупредување за појава на цунами. Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри од пристаништето Олри на длабочина од 27 километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами на бреговите на оддалеченост од 300 километри од епицентарот. За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. На Вануату, кој е подложен на природни катастрофи, со активни вулкани и редовни циклони и земјотреси, живеат околу 280.000 луѓе. Архипелагот се наоѓа на пацифичкиот огнен прстен, каде се вообичаени земјотресите и вулканите се вообичаени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-za-cunami-silen-zemjotres-od-7-stepeni-vo-ovaa-zemja-pred-samo-nekolku-minuti/feed/ 0
ВИДЕО: Застрашувачки снимки од Тонга – ерупцијата на подводниот вулкан предизвикала цунами кое носи сè пред себе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrashuvachki-snimki-od-tonga-erupcijata-na-podvodniot-vulkan-predizvikala-cunami-koe-nosi-se-pred-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrashuvachki-snimki-od-tonga-erupcijata-na-podvodniot-vulkan-predizvikala-cunami-koe-nosi-se-pred-sebe/#respond Mon, 17 Jan 2022 14:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=620370

Пацифичката држава Тонга е погодена од бран цунами по ерупцијата на вулканот на дното на Тихиот океан. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат огромни бранови како удираат по брегот и луѓе кои се обидуваат да побегнат од водената стихија. Некои жители на Тонга биле затекнати од цунамито додека биле на миса во црква каде останале заробени. Во водите на Тихиот океан во близина на Апиа, главниот град на Самоа, регистрирани се бранови со висина од околу 1,5 метри, било соопштено од американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами. Метеоролошката служба на Тонга соопштила дека предупредувањето од цунами е на сила на целиот остров. Предупредување од цунами исто така издала и Националната служба за вонредни ситуации на Нов Зеланд, како и американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrashuvachki-snimki-od-tonga-erupcijata-na-podvodniot-vulkan-predizvikala-cunami-koe-nosi-se-pred-sebe/feed/ 0
Цунамито во Јапонија преврте и во океанот однесе 20 бродови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cunamito-vo-japonija-prevrte-i-vo-okeanot-odnese-20-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cunamito-vo-japonija-prevrte-i-vo-okeanot-odnese-20-brodovi/#respond Sun, 16 Jan 2022 08:54:09 +0000 https://kurir.mk/?p=619849

Цунамито, што се формира по подводната ерупција на вулакнот Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи, ноќеска оштетило најмалку 20 бродови во пристаништата во префектурите Токушима и Кочи, во западна Јапонија, јави NHK. Бродовите биле превртени и однесени во океанот, јавуваат медиумите. Првичните информации говореа за пријавени 10 оштетени јапонски бродови. Околу 230.000 Јапонци, кои живеат во областите долж брегот на Тихиот Океан, синоќа од локалните власти добија наредба за евакуација поради заканата од цунами. Засега нема информации за жртви. Дополнително, откажани се и 27 домашни летови со слетување или полетување во зоната на можно влијание на катастрофата. Националната метеоролошка управа на Јапонија ноќеска соопшти за закана од цунами поради ерупцијата на подводниот вулкан Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи во Кралството Тонга. Според Управата, ризикот од брза промена на ситуацијата може да остане и денеска. Бранови високи до 1,2 метри беа регистрирани долж брегот во различни делови на Јапонија, а забележана е и можност за цунами високо до три метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cunamito-vo-japonija-prevrte-i-vo-okeanot-odnese-20-brodovi/feed/ 0
Предупредување за цунами по силниот земјотрес на Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predupreduvanje-za-cunami-po-silniot-zemjotres-na-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predupreduvanje-za-cunami-po-silniot-zemjotres-na-krit/#respond Tue, 12 Oct 2021 11:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=577670

По земјотресот од 6,3 степени јужно од грчкиот остров Крит, Европскиот медитерански сеизмолошки центар издаде предупредување за цунами, а грчкиот професор и сеизмолог Герасимос Пападопулос, на неговиот фејсбук-профил напиша дека во тек е мало цунами и повика граѓаните да се оддалечат од крајбрежјето, јави дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации од Крит, силниот земјотрес предизвика помала материјална штета, се урна мала стара црква, но и создаде паника кај граѓаните од градовите и селата во близина на епицентарот. Земјотресот со интензитет од 6,3 беше регистриран кусо пред 12.30 часот по локално време во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Крит. Ова е втор силен земјотрес на Крит во изминатите 15 дена, а според грчките сеизмолози денешниот не е поврзан со оној од 5,8 степени, регистриран на 27 септември, јужно од градот Ираклио. Само осум минути по силниот потрес во близина на Крит, беше регистриран земјотрес од 4,5 степени северозападно од островот Карпатос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predupreduvanje-za-cunami-po-silniot-zemjotres-na-krit/feed/ 0
ИЗДАДЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Турција стравува од цунами по земјотресот на Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izdadeno-predupreduvanje-turcija-stravuva-od-cunami-po-zemjotresot-na-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izdadeno-predupreduvanje-turcija-stravuva-od-cunami-po-zemjotresot-na-krit/#respond Mon, 27 Sep 2021 10:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=568802

Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавуваат турските медиуми. Властите во Турција го предупредија населението за можна појава на цунами предизвикано од земјотресот во Грција, што, како што се прогнозира, може да го зафати целиот регион. Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес на Крит, чија јачина од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар беше проценета на 6,2 степени. Земјотресот оштети стари згради, цркви и патишта во неколку критски општини во близина на епицентарот, јужно од градот Хераклион, додека училиштата беа евакуирани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izdadeno-predupreduvanje-turcija-stravuva-od-cunami-po-zemjotresot-na-krit/feed/ 0
Укинати предупредувањата за цунами по земјотресот во Алјаска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinati-predupreduvanjata-za-cunami-po-zemjotresot-vo-aljaska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinati-predupreduvanjata-za-cunami-po-zemjotresot-vo-aljaska/#respond Thu, 29 Jul 2021 13:12:31 +0000 https://kurir.mk/?p=543531

Предупредувањата за цунами беа укинати на Алјаска и остатокот од Пацификот по силниот земјотрес од 8,2 степени по Рихтер, кој ја погоди сеизмички активната американска федерална држава во доцните часови. На Алјаска, бранови помалку од 30 сантиметри биле забележани во Сенд Поинт, Олд Харбор, Кинг Коув, Кодиак, Уналаска и заливот Алитак, според американскиот Национален центар за цунами (NTWC). Во моментов нема извештаи за човечки повреди или материјална штета. Неколку крајбрежни места на Алјаска беа евакуирани по земјотресот. Американскиот геолошки институт (УСГС) објави дека епицентарот на земјотресот, кој се случи во 22:15 часот по локално време (8:15 часот по средноевропско време), е на длабочина од 35 километри. Земјотресот се случи на околу 91 милја источно-југоисточно од Перивил, Алјаска. Оддалечено е околу 800 километри од Енкориџ, најголемиот град на Алјаска. По тој земјотрес следеа уште седум послаби потреси, од кои два беа со јачина од над 6,0 степени. Цунамито не се очекува да биде закана за американските држави Калифорнија, Орегон и Вашингтон и канадската провинција Британска Колумбија, рече Дејв Снајдер, координатор за предупредување за цунами во NTWC. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinati-predupreduvanjata-za-cunami-po-zemjotresot-vo-aljaska/feed/ 0