цветанка ласкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Feb 2023 11:41:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цветанка ласкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Естраден превез преку лицето на културата: Финансиран концерт на Цветанка Ласкова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/estraden-prevez-preku-litseto-na-kulturata-finansiran-kontsert-na-tsvetanka-laskova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/estraden-prevez-preku-litseto-na-kulturata-finansiran-kontsert-na-tsvetanka-laskova/#respond Tue, 14 Feb 2023 09:29:06 +0000 https://kurir.mk/?p=800243

На естрадната „партиска“ пејачка Цветанка Ласкова, Министерството за култура ќе ѝ финансира јубилеен концерт. Ваквите потези јасно и недвосмислено покажуваат дека Министерството за култура не само што не го разбира значењето на културата туку тоа не ги согледува разликите меѓу поимите „култура“ и „естрада“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Настојувањето за деградирање на приматот на националните културни институции се остварува со пренасочување на државните пари кон низа приватни продукциски студија, во случајов „Сити Саунд“ ДООЕЛ - Скопје на естрадната пејачка Цветанка Ласкова, која патем е поранешна претседателка на Форумот на жени на СДС(М). За проектот „50 години јубилеј - Цветанка Ласкова“ Министерството за култура доделува сума од 300 000 денари. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ  алармира дека ваквата перцепција на културата го девалвира културното живеење во Република Македонија. Не само што реакциите од скандалозните одлуки по повод резултатите од Годишните конкурси за 2023 година не стивнуваат туку и сѐ повеќе се разгоруваат. Со бесмислените и збунувачки одлуки за финансирање на партиската естрада, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со анонимните комисиски членови од Министерството, уште еднаш докажаа дека немаат кредибилитет да проценуваат што е, а што не е национален интерес. Всушност, тие и немаат претстава што е национален интерес, обвинуваат од партијата.

-За споредба, јубилејот на Цветанка Ласкова „вреди“ повеќе од „Величенствениот концерт по повод 1160 години од Моравската мисија“ поддржан со само 90 000 денари. Исто така, помалку вреден од естрадниот јубилеј на Ласкова е и проектот „Чичко маестро Џамбаз - Во светот на децата“ со доделените 140 000 ден., додека за македонскиот бренд - Фестивалот на детска песна „Златно славејче 2023“, одобрени се само 204 000 денари. По сѐ изгледа семејството на Ласкова се има „специјализирано“ за извлекување средства од секоја државна институција, па во случајов, со 50-годишниот јубилеј на Цветанка се надоврзуваат на проектот „Декорирај ме“ поврзан со нејзината снаа кој од Фондот за иновации и технолошки развој „исцица“ 330 000 евра. Што мислите кој ќе седи во првиот ред на јубилејниот концерт? Да точно, таа е. Се надеваме дотогаш ќе биде поранешна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/estraden-prevez-preku-litseto-na-kulturata-finansiran-kontsert-na-tsvetanka-laskova/feed/ 0
СДСМ ги разрешува Миле Зечевиќ, Цветанка Ласкова, Јован Деспотовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-razreshuva-mile-zechevikj-cvetanka-laskova-jovan-despotovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-razreshuva-mile-zechevikj-cvetanka-laskova-jovan-despotovski/#respond Sun, 26 May 2019 20:13:15 +0000 https://kurir.mk/?p=202259

Освен генералниот секретар на партијата, Кирацовски, вечерва е разрешен целиот извршен одбор на СДСМ, што, според информациите, повлекува и разрешување на другите секретари на партијата – организацискиот Миле Зечевиќ и за меѓународна соработка Јован Деспотовски, објавува „Независен“. Разрешени се и потпретседателите на партијата – Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски, како и претседателката на Форумот на жени Цветанка Ласкова. -Овие позиции, како што се најавува, треба да се пополнат на нова седница на ЦО – на 9 или на 16 јуни. Се очекува тогаш или уште вечерва да биде закажан и постизборниот конгрес на СДСМ, што, според статутот, треба да се одржи најдоцна во почетокот на јули. Тогаш, делегатите треба да се изјаснат за доверба за партискиот лидер Заев, заменик-претседателката Радмила Шекеринска и централниот и надзорниот одбор на партијата, согласно со резултатите од претседателските избори, анализира „Независен“. Седницата на централниот одбор, која почна околу 18 часот, е се уште во тек и една од темите е исходот од претседателските избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-razreshuva-mile-zechevikj-cvetanka-laskova-jovan-despotovski/feed/ 0
Снаата на Ласкова не ги исполнува условите за грант од Фондот за иновации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snaata-na-laskova-ne-gi-ispolnuva-uslovite-za-grant-od-fondot-za-inovacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snaata-na-laskova-ne-gi-ispolnuva-uslovite-za-grant-od-fondot-za-inovacii/#respond Fri, 21 Dec 2018 14:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=143320

Снаата на советничката на премиерот Цветанка Ласкова не ги исполнува условите да добие грант од Фондот за иновации и технолошки развој. „Транспареси интернешнл – Македонија“ ја доставила до Фондот за иновации процената на ризик кај четирите компании што се изјаснија дека се поврзани со лица на јавни функции, а имаат одобрен грант од Фондот. „Комапнијата „Декодикс“ на снаата на Ласкова доби оценка дека има среден ризик од своето влијание, но речиси на граница со висок ризик. Тоа би требало да значи дека не ги исполнува условите да го добие грантот, но конечната одлука ќе ја донесе Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации врз основа на процената на ризикот. И другите три компании се во рангот на среден ризик во согласност со протоколот. “Контура“ на Елена Донева, поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев, има нијанса помал ризик од „Декодикс“, но и двете се оценети со висок среден ризик. Со среден ризик, но понизок од овие две, се „Т – сенс“ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, и „Микросам“, сопственост на поранешниот министер без ресор, Веле Самак. Нивото на ризик кај „Микросам“ се доближува до низок ризик“, велат извори од Фондот за иновации. „Транспаренси интернешнл – Македонија“ работела на процена на ризикот кај компаниите последниве десетина дена. Целосната процена за четирите компании ќе биде доставена до Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции, кој треба да ја донесе конечната одлука. Следната седница на Комитетот е закажана за крајот на јануари. Во меѓувреме, Фондот се подготвува за првиот мониторинг кај 73 компании добитници на грантови за иновации со кои договорите се веќе потпишани. Првиот квартал истекува во јануари кога се очекува и мониторингот, кој треба да покаже дали државните пари се користат наменски. Мониторингот ќе го врши надворешен соработник, кој допрва треба да се избере.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snaata-na-laskova-ne-gi-ispolnuva-uslovite-za-grant-od-fondot-za-inovacii/feed/ 0
Заев ги покрива 330.000 евра што ги зема снаата на советничката Ласкова, членството на СДСМ револтирано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-pokriva-330-000-evra-shto-gi-zema-snaata-na-sovetnichkata-laskova-chlenstvoto-na-sdsm-revoltirano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-pokriva-330-000-evra-shto-gi-zema-snaata-na-sovetnichkata-laskova-chlenstvoto-na-sdsm-revoltirano/#respond Wed, 25 Jul 2018 11:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=80876

Наместо да ги вратат парите добиени од Фондот за иновации доделени на советничката на Заев, Цветанка Ласкова, но и од останатите функционери, Заев и СДСМ на секој начин се обидуваат да ги исперат и оправдаат корупциските скандали.

Директорот на Фондот, Јован Деспотовски на прес конференција манипулираше со граѓаните дека не знаел за злоупотребите на системот и не знаел дека функционери земале државни пари,  додека пак Цветанка Ласкова имаше неуспешен обид преку статус на Фејсбук да ги оправда доделените 330.000 евра пари на фирмата „Декодикс“, каде косопственик е нејзината снаа, Христина Керкез.

Ласкова бесрамно се обидува да ги лаже граѓаните дека како советничка на Заев ниту имала влијание во доделување на парите, ниту знаела дека синот и снаата аплицирале, иако се дозна дека фирмата била основана само 43 дена пред јавниот повик. И додека од една страна ја лаже јавноста, од друга страна Ласкова веќе ги одработува овие пари.

Пред само 5 дена на  „Петтата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија“, советничката на Заев со срамен политички говор се обиде да го злоупотреби настанот.  Ласкова без никаков срам ги убедуваше децата бегалци кои имале тешка судбина и биле протерани од својот дом, дека треба да се поддржи договорот со Грција, иако овој срамен договор Зоран Заев се откажа од Македонците од Егејска Македонија.

Сето тоа предизвика бурни реакции кај граѓаните на Република Македонија, а особено и кај членството на СДСМ. Членовите на СДСМ се незадоволни и револтирани и разочарани  од своите функционери.

Членовите на СДСМ на Ласкова и напишаа  дека е срамота како функционери да земаат државни пари додека граѓаните немаат леб да јадат, а други немаат пари да се лекуваат. Тие и порачаа да не се брука повеќе, дека никој веќе не им верува, парите треба да се вратат и дека револтот на членството, функционерите допрва ќе имаат можност да го видат.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-pokriva-330-000-evra-shto-gi-zema-snaata-na-sovetnichkata-laskova-chlenstvoto-na-sdsm-revoltirano/feed/ 0
Синот на Цветанка Ласкова откако го доби грантот од 330.000 евра: Популарен сум и богат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-cvetanka-laskova-otkako-go-dobi-grantot-od-330-000-evra-popularen-sum-i-bogat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-cvetanka-laskova-otkako-go-dobi-grantot-od-330-000-evra-popularen-sum-i-bogat/#respond Tue, 24 Jul 2018 08:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=80322

Боже, колку сум популарен и богат. Фала ви Тина Керкез и Цветанка Ласкова и секако, НАТО, напишал на фејсбук Горан Кан, синот на Цветанка Ласкова, советничката за култура на премиерот Зоран Заев, објави „Фокус“. Вчера неговото семејство беше во центарот на вниманието на јавноста, откако во дел од медиумите беше објавено  дека неговата сопруга Христина Керкез, односно нејзината фирма добила грант од околу  330.000 евра од Фондот за иновации и технолшки развој. Кан е популарен диџеј и син на  Ласкова, фолк пејачка и советничка за култура на Заев. Под неговата саркастична објава, негови пријатели веќе започнале да коментираат. -Да не беа тие, ти ништо, Сега можеш да одиш во пензија, Ако не можете да ги потрошите, ѕвони, на што диџејот одговара дека парите веќе се потрошени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-cvetanka-laskova-otkako-go-dobi-grantot-od-330-000-evra-popularen-sum-i-bogat/feed/ 0
Уште еден огромен корупциски скандал: Снаа на советничка на Заев добила 330.000 евра од владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-ogromen-korupciski-skandal-snaa-na-sovetnichka-na-zaev-dobila-330-000-evra-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-ogromen-korupciski-skandal-snaa-na-sovetnichka-na-zaev-dobila-330-000-evra-od-vladata/#respond Mon, 23 Jul 2018 14:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=80041

Фирмата Декодикс од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра. Меѓу сопствениците на фирмата е снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез жена на Горан Кан Керкез, објавува порталот ЕКСПРЕС.МК. Порталот пишува дека сопругата на синот на Цветанка Ласкова, советничка за култура во кабинетот на премиерот Заев добила од Владата 330,000 евра за проект за информатичка технологија со наслов „Декодирај – Ме“. -Доделувањето на оваа фантастична сума пари од владиниот Фонд за иновации е уште еден скандал во кој очигледно има судир на интереси затоа што советничката на Заев е дел од владата која што ги доделува парите. Премиерот завчера најави дека ќе бидат преиспитани сите сомнителни процеси но се уште нема конкретен чекор во тој правец. На прославата по повод поканата за покана во НАТО синот на Ласкова, ди џејот Горан Кан настапи на еден од концертите пред само не повеќе од стотина луѓе, а владата се уште не открива колку пари добил за својот настап пред претежно пензионери и средовечни граѓани, објавува Експрес. За концертите владата официјално призна дека потроши 180 илјади евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-ogromen-korupciski-skandal-snaa-na-sovetnichka-na-zaev-dobila-330-000-evra-od-vladata/feed/ 0