Д Фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 12:07:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Д Фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува најдобриот Д ФЕСТИВАЛ досега https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-najdobriot-d-festival-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-najdobriot-d-festival-dosega/#respond Thu, 29 Jun 2023 12:07:40 +0000 https://kurir.mk/?p=850850

Утре, петок 30 јуни во 10:00 часот официјално започнува Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран. Првите посетители на фестивалот веќе пристигнуваат и го исполнуваат дојранското крајбрежје, а уште денеска, ден пред официјалниот почеток се поставуваат и првите шатори во Д кампот кој ќе биде домаќин на илјадници најпозитивни фестивалски луѓе здружени преку музиката и славењето на уметностите, мирот, слободата и заедништвото. Повеќе од 300 учесници во музичката и дополнителната програма, како и најголемиот интерес за влезниците навестуваат дека пред нас е најдоброто издание на Д Фестивал досега чија тридневна програма без престан ќе се одржува до 2 јули. Повеќе од 50 концерти на светски и домашни музички ѕвезди Во рамки на редовната музичка програмата Д Фестивал ќе биде домаќин на повеќе од 50 светски, регионални и домашни изведувачи кои ќе настапат на пет фестивалски бини и кои ја гарантираат совршената фестивалска атмосфера овој викенд во Дојран. Официјалното отварање е закажано на 30 јуни во петок и го предводат светските легенди на треш-метал музиката „Креатор“ од Германија, шпанската псај-техно хероина Индира Паганото, британскиот драм енд бејс гигант Рони Сајз, како и врвните претставници на домашната сцена „Фолтин“, Галоски, Страјк, ЛД Пистолеро, диџеј Гоце и Ронин. Првиот фестивалски ден ќе ни ги претстави и концертите на „Фулу Мизики“, „Даикаиџу“, „КОИКОИ“, Ива Лоренс, Беседа, „Максимус Вандал“, „Алис ин Вондербенд“, „Ленхарт Тејпс“, „Хајпертек“, Дарко Степиќ, Ермилова и Настасја Киш. Со силно темпо продолжува и вториот ден на Д Фестивал, кога еуфоријата на публиката ќе ја одржува планетарниот хит-мејкер „Сигала“, домашниот музички гениј Кирил Џајковски, алтернативните „С.А.Р.С.“, фантастичниот стонер рок бенд „1000модс“ и техно принцезата „Ксениа“. Саботната треска на Д Фестивал доаѓа и со настапите на „Доуп Куќата“, Смоке Мардељано, Зарина Првасевда, „REYKO“, „Xarakiri“, Мартина Пенева, Coeus, Flooder, Visionary, Charley, E.U.E.R.P.I. и „АудиоЦигла“ во придружба на бенд. За триумфално финале, последната вечер, 2 јули, ќе го испратиме годинешното издание на начин што најдобро му одговара - со забава до утринските часови заедно со Греми номинираното италијанско трио „МEDUZA“, дуото од златното доба на њујоршкиот хип-хоп „ONYX“, српската раперка Мими Мерцедез и со јубилејната прослава на домашните хардкор легенди „SMUT“. Енергичен поздрав на 13-тиот Д Фестивал ќе му приредат и „FUNK SHUI“, „Паркети“, Алина Паш, „Баклава“, „Peach Vice“, „С.А.М.“ „Димиш“, „Basement Cult“, „Red18“, Миа Перевска, „АудиоЦигла“, „Bon Praskiza“, „Matej Foltz“, „Princess Donatsu“,„Flexify“, „Bullz“, „Ogipsilon“, „Shorty P“ и „Irie Scratch“. Бесплатен концерт на Симон Трпчески со МАКЕДОНИСИМО Саботната вечер на Д Фестивал годинава вклучува и специјален концерт на светски признатиот македонски пијанист Симон Трпчески и неговиот музички проект „Македонисимо“. Овој квинтет ќе се претстави на Главната бина на 1 јули кога Д Фестивал ќе ги отвори своите врати со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ од 18:00 часот, а почетокот на концертот е закажан во 19:00 часот. Бесплатниот концерт за време на Д Фестивал е неодолива можност сите да ја почувстуваат магијата на квинтетот „Македонисимо“ во поинаква атмосфера на зајдисонце покрај дојранското крајбрежје. Неприкосновениот талент на маестро Симон Трпчески заедно со извонредните Хидан Мамудов (кларинет, алто саксофон и кавал), Александар Краповски (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Влатко Нушев (удиралки) ветуваат вистинска прослава на македонската музика и традиција. Повеќе од 200 учесници во „Плоштарт“ програмата на Д Фестивал Д Фестифал е специфичен и единствен по својот програмски концепт кој вклучува многу повеќе од музика, па во склоп на дополнителната програма на Фестивалот посетителите имаат прилика да уживаат и да посетат бројни изложби, перформанси, кино, театар, дебати, работилници, арт-бутик, спорт, игри, натпревари и уште многу други активности распространети низ повеќе од 20 различни катчиња во ПЛОШТАРТ зоната – креативното јадро на Д Фестивал! Како гости во овој дел од програмата и задолжени за плејадата забавни содржини кои го создаваат есенцијалниот белег на овој уникатен фестивал, годинава во Дојран пристигнуваат голем број граѓански здруженија, младински организации, фестивали, уметници, експерти, креативци и културни дејци. Само дел од нив се: фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, „Чудна Шума“ со авторката Билјана Црвенковска, европскиот проект „МОСТ“, „Етернити Тату“, „Гоблин“, „КРИК“, „ЦИД“, „Новус“, Себесложувалка, „Хера“, „Еквалис“, „Куманово Скелетонс“, „Кајак Адвенчерс“ и многу други. Тука меѓу другото посетителите ќе најдат и медицински прегледи, масер, психолог, бербер, тарот читање, живи статуи, наградни квизови, кулинарски специјалитети и многу други фестивалски изненадувања. Недела на Д ФЕСТИВАЛ: Семеен ден со бесплатна детска програма Во рамки на Плоштарт, ќе се одржува и специјалната програма „Family Day“ наменета за најмалите и за сите кои сè уште знаат да се радуваат како деца. Покрај бројните активности кои ги спроведува „Чудна шума“, во овој дел од програмата ќе гостува и омилениот детски фестивал „Поточиња“ со настап кој на Д Фестивал ќе ја пренесе својата голема прослава за јубилејни 20 години постоење. „Family day“ исто така ќе се одржува со бесплатен влез за секое дете и еден негов старател. Последна прилика за ПРОМО влезниците: до четврток, до полноќ! Само уште денеска, до полноќ важат промотивните цени на влезниците за Д Фестивал, а истиот рок важи и за актуелната акција за групно купување на билетите, омилената „4+1“ во рамки на која за купени четири тридневни влезници се добива уште една влезница на подарок! Од утре, петок почнуваат да важат полните цени за сите видови на билети: ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ - 1600 денари (цела програма за цел фестивал + КАМП место) ТРИДНЕВЕН БИЛЕТ - 1500 денари (цела програма за цел фестивал) ЕДНОДНЕВЕН БИЛЕТ - 700 денари (цела програма за еден ден) КАМП МЕСТО - 500 денари Сите влезници се достапни во продажба онлајн на официјалната веб страна на фестивалот dfestival.mk, во продажната мрежа на „МкТикетс“ и на фестивалските билетарници во Дојран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-najdobriot-d-festival-dosega/feed/ 0
„Таксират“ и „Д Фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/#respond Fri, 18 Nov 2022 13:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=762934

Фестивалите „Таксират“ и „Д Фестивал“ се во трка за престижните „Европски фестивалски награди“, најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Двата фестивала, како што информира нивниот организатор „Пасворд Продакшн“, се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави од Европа. Зимскиот „Таксират“ влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10 000 посетители дневно. По номинацијата, за изборот на победниците главниот збор го има милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за сите, па и за македонската публика која може да ги поддржи фестивали преку овој линк. „Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали – публиката! Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа (https://www.surveymonkey.com/r/efavoting2022) јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи „Таксират“ и „Д Фестивал“ со својот глас сѐ до 7 декември. Прогласувањето на победниците ќе биде на 18 јануари 2023, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија. За конечните победници во секоја од категориите, се одлучува според гласовите од публиката, но и стручното жири кое го сочинуваат истакнати личности од светската музичка индустрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/feed/ 0
Пронајдена дрога, приведени осум лица при контрола за време на Д Фестивал во Стар Дојран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-droga-privedeni-osum-lica-pri-kontrola-za-vreme-na-d-festival-vo-star-dojran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-droga-privedeni-osum-lica-pri-kontrola-za-vreme-na-d-festival-vo-star-dojran/#respond Sun, 03 Jul 2022 11:00:20 +0000 https://kurir.mk/?p=699158

Во периодот од 19.30 до 23.20 часот на 02.07.2022 за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.М.(22) и Б.Ш.(23), двајцата од Кавадарци, С.Б.(18), К.Г.(19), А.С.(24) и А.С.(18), сите од Скопје, Д.А.(22) од Штип и Е.Ј.(40) од Радовиш. . При преглед кај лицата била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdena-droga-privedeni-osum-lica-pri-kontrola-za-vreme-na-d-festival-vo-star-dojran/feed/ 0
Апсење на Д Фестивал во Дојран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/apsenje-na-d-festival-vo-dojran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/apsenje-na-d-festival-vo-dojran/#respond Sat, 02 Jul 2022 09:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=698761

Полицијата извршила контрола во периодот од 19.50 часот на 01.07. до 03.00 часот на 02.07.2022 за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран. Како што информира МВР, лишени од слобода се 18 лица. -М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов Дојран, Ј.С.(19) од Тетово, С.И.(22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј.(43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази, појаснуваат од полицијата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/apsenje-na-d-festival-vo-dojran/feed/ 0
Над 50 музички ѕвезди на Д Фестивал во Дојран https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nad-50-muzichki-dzvezdi-na-d-festival-vo-dojran/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nad-50-muzichki-dzvezdi-na-d-festival-vo-dojran/#respond Fri, 01 Jul 2022 11:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=698375

Од денеска до 3 јули во Дојран се одржува 12. издание на Д Фестивал на кој ќе настапат повеќе од 150 музички изведувачи и уметници Програмата ќе се одвива на 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за фестивалските посетители. Првите посетители на Д Фестивал вчера пристигнале во Дојран и ги поставиле своите шатори во Д Кампот, кој по две години ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма. Официјално почна музичката програма во чии рамки ќе настапат повеќе од 50 музички артистикои пристигнуваат во Дојран од целиот свет, а секако најмногу од државава. Програмата на фестивалот денеска ќе ја предводат изведувачите чии настапи се закажани на Главната бина, односно Крудер и Дорфмаистер, Џулијан Марли, Кошин, Рундек и Екипа зад аголот. Утревечер ќе настапат Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и група Филм, Буч Кесиди, Култур шок и Чиста околина, додека пак во финалната вечер пристигнуваат ЗУ, Констракта и Земља грува, Хладно пиво и Марки Рамон…]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nad-50-muzichki-dzvezdi-na-d-festival-vo-dojran/feed/ 0
Почнува „Д фестивал“ во Дојран https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-d-festival-vo-dojran/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-d-festival-vo-dojran/#respond Fri, 06 Jul 2018 06:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=73676

Во Дојран вечер почнува осмото издание на „Д Фестивал“, кој ќе трае до 8 јули. Арт поп ѕвездата од светската авангарда Севдализа, култната наша група „Архангел“, популарниот амстердамски бенд „Мај бејби“ и ди џејот Пол Ван Дајк се само неколку од педесетината домашни и странски реномирани музички имиња и групи кои ќе настапуваат на четирите отворени сцени на најголемиот летен музички настан во Македонија. Во посебно уредени зони на кампот, во кој се очекува да се сместат од 8.000 до 10.000 посетители организаторот и покровителот општина Дојран, покрај музичките настапи планираат одржување на панел дикусии, предавања, филмски проекции, работилници, мултимедиумски презентации. Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов истакна дека сите капацитети во Дојран се полни и дека за време на одржување на фестивалот. Покрај редовните гости, тој очекува дневно во Дојран да доаѓаат и до 30.000 луѓе. Посочи дека сите подготовки во нивна надлежност се завршени и оти комуналните служби за собирање отпад ќе работат во две смени. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-d-festival-vo-dojran/feed/ 0
Во Дојран утре почнува „Д фестивал“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vo-dojran-utre-pochnuva-d-festival/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vo-dojran-utre-pochnuva-d-festival/#respond Thu, 05 Jul 2018 11:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=73425

Во Дојран утревечер почнува осмото издание на „Д Фестивал“, кој ќе трае до 8 јули. Арт поп ѕвездата од светската авангарда Севдализа, култната наша група „Архангел“, популарниот амстердамски бенд „Мај бејби“ и ди џејот Пол Ван Дајк се само неколку од педесетината домашни и странски реномирани музички имиња и групи кои ќе настапуваат на четирите отворени сцени на најголемиот летен музички настан во Македонија. Во посебно уредени зони на кампот, во кој се очекува да се сместат од 8.000 до 10.000 посетители организаторот и покровителот Општина Дојран, покрај музичките настапи планираат одржување на панел дикусии, предавања, филмски проекции, работилници, мултимедиумски презентации. Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов вели дека сите капацитети во Дојран се полни и дека за време на одржување на фестивалот, покрај редовните гости, очекува дневно во Дојран да доаѓаат и до 30.000 луѓе. Посочи дека сите подготовки во нивна надлежност се завршени и оти комуналните служби за собирање отпад ќе работат во две смени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vo-dojran-utre-pochnuva-d-festival/feed/ 0