д-р Александар Петличковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Apr 2022 07:30:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png д-р Александар Петличковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петличковски: Треба да се подготвиме за евентуален нов бран иако сега сме во безбедна зона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-treba-da-se-podgotvime-za-eventualen-nov-bran-iako-sega-sme-vo-bezbedna-zona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-treba-da-se-podgotvime-za-eventualen-nov-bran-iako-sega-sme-vo-bezbedna-zona/#respond Fri, 15 Apr 2022 18:56:33 +0000 https://kurir.mk/?p=663811

Мислам дека сега сме во многу безбедна зона и дека тука ќе останеме барем неколку месеци. Сепак, мора да бидеме внимателни и да се подготвиме за евентуален нов бран на пандемијата, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Тој вечерва во гостувањето на телевизијата Телма посочи дека сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но мора да бидеме внимателни затоа што не знаеме што ќе ни донесе есента. -Сега сме во еден многу помирен дел од пандемијата, не би рекол дека е зад нас. Мора да бидеме внимателни, не знаеме што ќе ни донесе есента, но мислам дека имаме неколку месеци, пролет и лето, кои ќе бидат стабилни и мирни. Од есен ќе правиме нови планови како понатаму, рече Петличковски. Како што посочи, иако во моментов голем дел од европските земји имаат високи бројки на новооткриени случаи, оптоварувањето на нивните здравствени системи е мало, и затоа со повеќе лагодност прибегнуваат кон олабавување на мерките. -Истото се случува и кај нас, со тоа што благодарение на големиот број прележани луѓе, ние имаме малку посвеж имунитет од оној што западните земји го создаваа со вакцини со месеци наназад. Затоа кај нас паралелно со олеснувањето на оптеретувањето на здравствениот систем се намалуваат и бројките, додаде претседателот на Комисијата. Тој напомена дека е потребна внимателност, односно да се подготвиме за евентуален нов бран. – Ние не можеме да знаеме, не сме сигурни дали ќе има нов бран, но сепак мора да сме подготвени. Тоа значи дека ги зајакнуваме капацитетите за тестирање, преговараме да обезбедиме лекови кои во рана фаза на болеста многу помагаат за критичните болни и исто така ги организираме сместувачките капацитети. Но, сега е периодот кога може да здивнеме, додаде Петличковски. Тој информираше дека во моментов има вкупно околу 50-тина хоспитализирани ковид-пациенти во сите болници, во сите инфективни одделенија во државата, за разлика од над 2 000 колку што имаше во максимално лошите денови. Петличковски изјави дека нема да се откажат од вакцинацијата и додаде оти тоа мора да се објасни на сите граѓани. – Да знаат дека доколку дојде нов сенски бран, се појави нова варијанта, вакцинацијата ни е излезот. Не можеме да си дозволиме луксуз, да се инифицираме и да видиме како ќе поминеме. Во најава има од сериозните компании некои комбинации на нови вакцини, кои се очекуваат од јуни натаму и ќе покриваат повеќе различни варијанти, значи ќе бидат ефикасни за создавање имунитет кон различни варијанти на вирусот. Кон оригиналната, плус омикрон и тоа би требало да биде една подобра опција. Ги следиме новините на пазарот и не се откажуваме од вакцинацијата, рече Петличковски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-treba-da-se-podgotvime-za-eventualen-nov-bran-iako-sega-sme-vo-bezbedna-zona/feed/ 0
Постои мал процент можност и човек вакциниран со три дози да заврши лошо, вели Д-р Петличковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-mal-procent-moznost-i-chovek-vakciniran-so-tri-dozi-da-zavrshi-losho-veli-d-r-petlichkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-mal-procent-moznost-i-chovek-vakciniran-so-tri-dozi-da-zavrshi-losho-veli-d-r-petlichkovski/#respond Tue, 08 Feb 2022 14:42:49 +0000 https://kurir.mk/?p=628715

За целосно вакцинирани се сметаат лицата со примена трета доза вакцина против КОВИД-19. Во овие две години наназад се покажа дека вакцинацијата е единствениот начин да се намали смртноста, бидејќи тоа што ни се случува со примање на две дози и на трета доза вакцина не значи дека сме отпорни од болеста со појавата на нови варијанти, истакна денеска д-р Марија Димзова од Клиниката за инфективни болести, која е член на Комисијата за заразни болести. Одговарајќи на новинарски прашање на прес-конференцијата по состанокот на Комисијата, рече дека апелираат граѓаните да се вакцинираат, да се намали сериозноста односно тежината на болеста и да се намали процентот на смртни исходи. – Имаме пациенти кои се хоспитализирани и на 90 години. Значи, некогаш и самите коморбидитети и како и самите години влијаат врз успехот на болеста. Станува збор за пациенти кои како коморбидитети имаа карциноми, пациенти кои примаат хемотерапија итн., додаде д-р Димзова. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски одговарајќи на новинарски прашања рече дека и во светот заокружен циклус на вакцинација веќе се однесува точно или на три дози или некаде има комбинации прележаност по две дози. Но, посочи тој, поентата е дека трите дози во моментот се тие кои даваат гаранција над 95 проценти за заштита од смрт и повторно тука има еден мал процент можност и човек вакциниран со три дози да заврши лошо, но шансите тоа да се случи се многу мали. Потенцира дека не знае дали ќе стане задолжителна третата доза, но, посочи, сигурно ќе биде силна препорака, бидејќи постојат многу научни докази дека е излез. – Нас ни е јасно дека треба да се движиме накај трета доза. Не зборуваме за сезонска вакцинација. Зборуваме за трета доза. Во Англија што често ја земаме за пример над 65 проценти од населението има примено трета доза. Кај нас е околу пет проценти. Значи тука имаме дупка и нашиот фокус е сега таа дупка да ја пополниме. Натаму ќе се насочиме, да стимулираме, да објаснуваме и да поттикнуваме вакцинација со трета доза, рече д-р Петличковски. Посочи дека анализата која ја правеле на хоспитализирани и починати има за цел да одговори зошто имавме релативно висока стапка на смртност и проблем кој го лоцирале е слабата застапеност на третата доза. – Втор проблем, односно втора дискусија која ја отворивме е шифрирањето на починатите од КОВИД и тука се обврзавме во следнава недела да имаме еден работен состанок со Статистика, со Институт за епидемиологија кои го изготвуваат овој шифрарник за да направиме абдејт, бидејќи изгледа дека шифрирањето се води по методологија која е од почетокот можеби на пандемијата, така што веројатно има тука некој развој и размислуваме да го освежиме начинот на шифрирање, односно на класифицирање на болеста, додаде д-р Петличковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-mal-procent-moznost-i-chovek-vakciniran-so-tri-dozi-da-zavrshi-losho-veli-d-r-petlichkovski/feed/ 0
Д-р Петличковски: Единствен начин да се намали бројот на реинфекции е вакцинацијата, вклучително и третата доза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-petlichkovski-edinstven-nachin-da-se-namali-brojot-na-reinfekcii-e-vakcinacijata-vkluchitelno-i-tretata-doza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-petlichkovski-edinstven-nachin-da-se-namali-brojot-na-reinfekcii-e-vakcinacijata-vkluchitelno-i-tretata-doza/#respond Tue, 01 Feb 2022 16:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=625545

Омикрон сојот може да го избегне имунитетот постигнат од прележување на делта варијантата, а може и да го избегне и имунитетот кој е постигнат со вакцина ако таа е примена долго време претходно. Затоа единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против Ковид-19, вклучително третата доза за која има многу студии кои укажуваат дека заштитата од инфекција пораснува над 80 проценти со нејзина примена – истакна новиот претседател на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која министерот за здравство Беким Сали го соопшти наградениот состав на Комисијата, Петличковски порача дека инсистираат и понатаму да останат постојните мерки за заштита, маски, дистанца. Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ изјави дека нема да има промена во делот на тоа како се користат сертификатите. -Сметаме дека на тој начин најдобро ќе се заштити популацијата која нема создадено имунитет. Трансмисијата на вирусот е се уште на високо ниво. Се наоѓаме во зимски месеци кога таа преносливост е дополнително олеснета и доколку сега направиме еден таков радикален чекор за укинување на ковид сертификатите особено ако земеме предвид дека имаме многу низок степен на вакцинација тоа ќе биде нешто што може дополнително значително да го оптовари здравствениот систем и сега таа мерка би била апсолутно контрапродуктивна и затоа нема да се разгледува во наредниот период додека се уште сме во ваква кризна состојба, изјави д-р Мехмедовиќ. Д-р Илир Демири од Инфективната клиника, кој е член на Комисијата, порача дека луѓето не треба воопшто да се опуштат дека омикрон варијантата е полесна. -Омикрон варијантата е полесна во поголемиот дел од инфицираните, меѓутоа не заборавајте дека добар дел од тие кои лесно ја поминуваат се вакцинирани. Кај одредена популација која не е вакцинирана омикронот знае да има тешка клиничка манифестација. Во моментот работиме со исполнети капацитети. Во координација сме и со други ковид центри. Бројот на пациенти кои имаат потреба за хоспитално лекување е значително зголемена. До денеска немам евидентирано ниту еден пациент кој е починат од Ковид-19, кој е редовно вакциниран без коморбидитети, а сум сведок на многу пациенти без коморбидитети, невакцинирани кои починале, рече д-р Демири. Тој апелираше до граѓаните дека единствената мерка која би не заштитила и за полесно да се помине Ковид-19 е вакцинацијата. -Граѓаните треба да се вакцинираат, бидејќи моментално тоа е спас од Ковид-19, додаде д-р Демири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-petlichkovski-edinstven-nachin-da-se-namali-brojot-na-reinfekcii-e-vakcinacijata-vkluchitelno-i-tretata-doza/feed/ 0