д-р Драган Даниловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 08:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png д-р Драган Даниловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Eдно заразено дете можe да зарази нови 12-18“: Д-р Даниловски апелира на вакцинација да не дојде до епидемија на морбили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-zarazeno-dete-mozhe-da-zarazi-novi-12-18-d-r-danilovski-apelira-na-vaktsinatsija-da-ne-dojde-do-epidemija-na-morbili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-zarazeno-dete-mozhe-da-zarazi-novi-12-18-d-r-danilovski-apelira-na-vaktsinatsija-da-ne-dojde-do-epidemija-na-morbili/#respond Tue, 21 Feb 2023 08:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=803011

И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам. Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра, вели имунологот д-р Драган Даниловски, додавајќи дека за да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18). -Во ваква ситуација, доволен е еден-единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење! Во што се состои феноменот на „имунолошка амнезија“? Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен „имунолошка амнезија“, истакнува докторот. Тој потенцира дека откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите „сеќавања“, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. -Тоа може да потрае и до три години. Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“. Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции. Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти, апелира докторот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-zarazeno-dete-mozhe-da-zarazi-novi-12-18-d-r-danilovski-apelira-na-vaktsinatsija-da-ne-dojde-do-epidemija-na-morbili/feed/ 0
Д-р Даниловски: Стивнува епидемијата на коронавирусот, пикот помина на 23 јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-stivnuva-epidemijata-na-koronavirusot-pikot-pomina-na-23-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-stivnuva-epidemijata-na-koronavirusot-pikot-pomina-na-23-januari/#respond Wed, 16 Feb 2022 15:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=632273

Епидемиологот д-р Драган Даниловски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека пикот на бројот на случаи од ковид-19 поминал на 23-24 јануари, додека пак на смртните случаи бил на 3-ти февруари. -Опаѓа и бројот на хоспитализации, сето тоа зборува дека полека стивнува епидемијата на коронавирусот кај нас. Имаме еден континуиран тренд на опаѓање, вели Даниловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-stivnuva-epidemijata-na-koronavirusot-pikot-pomina-na-23-januari/feed/ 0
Д-р Даниловски: Пикот од омикрон сојот допрва доаѓа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-pikot-od-omikron-sojot-doprva-doagja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-pikot-od-omikron-sojot-doprva-doagja/#respond Sat, 15 Jan 2022 14:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=619686

Епидемиологот, д-р Драган Даниловски смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би достигнал врв токму крајот на јануари и почетокот на февруари. Сепак смета дека бројката на новозаболени во текот на 24 часа нема да биде повисока од 4.500. -Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока, посочува тој за Нова Македонија. Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите. -Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-pikot-od-omikron-sojot-doprva-doagja/feed/ 0
Данаиловски: Потврдата за извршена имунизација нема никаква епидемиолошка смисла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danailovski-potvrdata-za-izvrshena-imunizacija-nema-nikakva-epidemioloshka-smisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danailovski-potvrdata-za-izvrshena-imunizacija-nema-nikakva-epidemioloshka-smisla/#respond Mon, 09 Aug 2021 08:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=548256

Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3), пишува доктор Драган Данаиловски. Во продолжение можете да го прочитате целиот став на д-р. Данаиловски во врска со потврдата за извршена имунизација: Осамнаа мерките за сузбивање на бранот на КОВИД-19, донесени на 97-мата седница на Владата. Предмет на постов е само сегментот што се однесува на потврдата за извршена имунизација. „Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).“ (1) Мислам дека е неопходно да укажам на некои работи. Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3). Меѓутоа, на сите нас, после година и пол постојан стрес, ни е дозлогрдено од притисоци, поделби, дискриминации. Со вакви мерки само непотребно тие би се потенцирале. Зошто? Зашто потврдите дефинитивно значат дискриминација! И може да попримат мирис на „жолти ленти“... За мене, многу поважно е што оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла! Зошто? Затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина. Оттаму, подеднакво опасни ширачи на вирусот се и невакцинираните и вакцинираните со една доза! Вакцинираните само со една доза имаат заштита од симптоматска болест само од 33% (студија 1 - Public Health England), односно 36% (студија 6 - Индија) (4). А тоа е исто како да се невакцинирани! Која е, тогаш, логиката на комисијата за заразни болести што дале таков предлог!? Од друга страна, дури и кога би се барала потврда за две примени дози и тоа не е гаранција дека тие не се заразени! Во студијата 1 (Public Health England)(4), заштита од заразување на две дози Фајзер е 80%, а во студија 5 (Израел) е 64%. (4) Да потсетам, цело време зборуваме за делта сојот! Ова се бројки за Фајзер! За сите други вакцини – логично е – бројките се сигурно многу помали. Ако земеме предвид дека кај нас преку 70% од вакцинираните се со кинески вакцини, можеме да замислиме колкава им е заштитата на вакцинираните само со една доза... Има и нешто друго. Ако потврдите се замислени со нив да се направи притисок за вакцинирање, тоа веќе нема смисла. Зошто? Затоа што сега и да се вакцинираат поголем број, полната заштита со Синовак ќе ја добијат после 9 недели (3 недели меѓу двете дози, плус 6 недели после втората доза – додека почнат антитела да се формираат). Значи, тоа сега не е приоритет. Сега треба да биде приоритет израмнување на епидемиската крива преку рестриктивни мерки – засега – на места каде што е најголем интензитетот на ширење на вирусот - свадбите, веселбите, угостителските објекти, обложувалниците, јавниот сообраќај итн. Затоа што сега императив е намалување на забрзувањето на бројките. Ако периодот на удвојување во овие градови е три дена (бидејќи имаме експоненцијален раст со Rt = 4,2 - не сакам ни да сметам колку случаи – само во овие градови – би имале до крај на месецов... Среќа во несреќа е што немаме хомогена дистрибуција на ризиците низ целата територија на државата! Практично, буквално насекаде - освен Скопје, Тетово и Гостивар - имаме очекувана, умерена динамика на ширење карактеристична за алфа. Сѐ уште имаме „локално ширење“, а не „ширење низ заедницата“ (community spread). Вакцинацијата нема промптен ефект... Нека тече таа како што тече. Низ личен опит, сите скептици полека сами ќе увидат дали треба или не треба да се вакцинираат – без принуда, без барање било какви потврди! Во пресрет на есента, треба да се фаворизира вакцинацијата на постарите граѓани и хроничните болни. Процентот на вакцинирани само со една доза во возрасните групи преку 50 години од околу 60% е недоволен. А колку меѓу нив се со две дози? Кога станува збор за делта сојот, на сите во светот им стана јасно дека не може да се смета само на вакцинацијата, која мора да се интензивира. Но, неопходни се и повремени рестрикции во ситуации каква што е нашата актуелна. Што да се прави? По мое скромно мислење, целисходно може да биде барање на негативен антигенски (рапид) тест за – и вакцинирани и невакцинирани и прележани! Зошто? Бидејќи концентрацијата на вирусот е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови. Или, може да се бара потврда со број на антитела – независно дали се работи за прележани или вакцинирани со една или две дози! Зошто? Затоа што, многумина кои формално имаат потврда дека се вакцинирани со две дози, може да се случи да имаат НУЛА антитела! И со потврдата ќе одат на свадба, во кафеана... и ќе го шират вирусот - подмолно... ------------------ Да расчистиме и една дилема за прележаните! Тие имаат повисоко ниво на заштита од вакцинираните само со една доза. Ако им се даде само една доза Фајзер, добиваат повисоко ниво на заштита од непрележаните вакцинирани со две дози. Со втора доза, не се постигнува никаков ефект (5,6,7,8). Ако би се користела Синовак, веројатно би биле потребни две дози. И конечно, во официјалните соопштенија за дневните бројки на заразени, крајно време е да се соопштува колку се вакцинирани (со една и две дози) и прележани, а колку се невакцинирани. Референции: 1. https://koronavirus.gov.mk/vesti/222518 2. https://pace.coe.int/en/files/29004/html...) 3. https://www.reuters.com/article/factcheck-coe-idUSL1N2LM1N1 4. https://www.healthline.com/.../heres-how-well-covid-19... 5. https://www.thelancet.com/.../PIIS2352-3964(21.../fulltext 6. https://www.medpagetoday.com/special.../exclusives/93784 7. https://newsroom.ucla.edu/.../only-single-dose-needed-for... 8. https://www.sciencedaily.com/rel.../2021/06/210623091222.htm ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danailovski-potvrdata-za-izvrshena-imunizacija-nema-nikakva-epidemioloshka-smisla/feed/ 0
Епидемиолог Даниловски: Не верувам дека ќе има есенски бран на коронавирус во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolog-danilovski-ne-veruvam-deka-kje-ima-esenski-bran-na-koronavirus-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolog-danilovski-ne-veruvam-deka-kje-ima-esenski-bran-na-koronavirus-vo-makedonija/#respond Thu, 08 Apr 2021 12:05:12 +0000 https://kurir.mk/?p=494308

Македонија се соочува со трет бран на коронавирусот кој е мошне силен и секојдневно имаме над 1000 случаи и по десетици починати. Доаѓањето на вакцините е сам мал зрак на надеж дека наскоро ќе излеземе од оваа состојба, а на оваа тема говореше епидемилогот Даниловски во Студио 1 на ТВ 24. Според него, доколку се продолжи со ова темпо на заразеност, есенски бран на пандемијата од коронавирусот нема да има во земјава. -Дури и денеска да дојдат два милиони дози на вакцини, ќе се соочиме со потешкотија. Треба да се знае дека ефектот на тие вакцини ќе биде за два до три месеци. Сметам дека со легла нема да имаме проблем, но треба да помогнеме на здравствените работници, истакна Даниловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolog-danilovski-ne-veruvam-deka-kje-ima-esenski-bran-na-koronavirus-vo-makedonija/feed/ 0
Даниловски за одржување на изборите: Ако бројот биде вака со троцифрени цифри би било хазадерски ептен, рискантно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-za-odrzuvanje-na-izborite-ako-brojot-bide-vaka-so-trocifreni-cifri-bi-bilo-hazaderski-epten-riskantno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-za-odrzuvanje-na-izborite-ako-brojot-bide-vaka-so-trocifreni-cifri-bi-bilo-hazaderski-epten-riskantno/#respond Thu, 04 Jun 2020 18:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=353946

Во „Само вистина„ Драган Даниловски посочи дека доколку вака продолжи бројката на новозаболени не би требало да има избори, ниту масовни настани. „Ако бројот биде вака со троцифрени цифри мислам блиску до памет е дека би било хазадерски ептен, рискантно. Меѓутоа секако дека ова не важи само за избори ако прашувате, важи и за било кој масовен настан“, нагласи Даниловски. Даниловски додаде дека додека не се обезбедат одредени критериуми масовни настани и како избори не треба да има.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-za-odrzuvanje-na-izborite-ako-brojot-bide-vaka-so-trocifreni-cifri-bi-bilo-hazaderski-epten-riskantno/feed/ 0
Даниловски: На есен Ковид -19 ќе го има во вид на мали мини епидемиски случувања кои што лесно ќе се лоцираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-na-esen-kovid-19-kje-go-ima-vo-vid-na-mali-mini-epidemiski-sluchuvanja-koi-shto-lesno-kje-se-lociraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-na-esen-kovid-19-kje-go-ima-vo-vid-na-mali-mini-epidemiski-sluchuvanja-koi-shto-lesno-kje-se-lociraat/#respond Thu, 04 Jun 2020 17:52:46 +0000 https://kurir.mk/?p=353941

Драган Даниловски вечерваимаше јавување во емисијата „Само вистина“ каде што посочи дека има неколку теории како ќе се одвива вториот бран на Ковид – 19. Но тој повеќе верува дека ќе се случи варијантата каде генерално на цела територија на државата нема да има жаришта, туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што лесно како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат. „Мислам дека сега ова што ни се случува како втора грба на двогрба камила сепак е дел од една иста епизода, од оваа почетнава. Ја би рекол еден епидемиски бран кој што е во два дела. Ова второво е пак ќе речам врз основа на несреќни околности. И практично е дел од истиот напад, од истиот поход на вирусот“, појасни Даниловски. Даниловски во врска со епидемиолошкиот бран на есен истакна – „Што се однесува до оние сите нагаѓања, дали на есен ќе има втор бран или ќе нема да има, има неколку теории. Има некои кои што застапуваат теорија од некои стручњаци дека втор бран ќе има и дека дури ќе биде посилен, тоа е една теорија. А, втора теорија е дека воопшто нема да има уште еден бран. Дека се ќе заврши можеби таму некаде на лето, во јули месец. И трета опција или трета теорија е дека ќе остане вирусот да циркулира како ендемско заболување во сите земји во светот. И дека ќе се јавува од време на време, сезонски. Исто онака како што се јавува грипот, како што се јавуваат настинките. Или со други зборови тоа што на есен би го нарекле втор бран тоа би требало да биде нешто што ќе биде само зголемен број на случаи и тоа не генерално на цела територија на државата туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што лесно како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат“. Даниловски додаде дека последната варијанта односно третата е повеќе веројатна за да се случи на есен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-na-esen-kovid-19-kje-go-ima-vo-vid-na-mali-mini-epidemiski-sluchuvanja-koi-shto-lesno-kje-se-lociraat/feed/ 0
Доктор Даниловски пресече: Нема услови за брзи избори! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-preseche-nema-uslovi-za-brzi-izbori-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-preseche-nema-uslovi-za-brzi-izbori-video/#respond Tue, 19 May 2020 16:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=347930

Сè уште нема епидемиолошки услови за одржување брзи избори, бидејќи е потребно да поминат две максимални инкубации од 28 дена без да се појави ниту еден новозаразен случај од ковид-19, рече епидемиологот Драган Даниловски за Сител. -Епидемиологијата е мошне сурова и бескомпромисна, така што епидемиолошките критериуми за тоа кога може да се укине состојбата на епидемија гласат дека е потребно да поминат две максимални инкубации од 28 дена без да биде регистиран ниту еден случај позитивен на заразата. Дури тогаш може да се дозволат масовни настани од било каква природа, па дури и од политичка. Ниту кај нас, ниту кај други држави во светот, може да се задоволат овие строги критериуми. Одлуките за масовни собири се политички одлуки. Но, одговорноста е во политичката елита, истакна Даниловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-preseche-nema-uslovi-za-brzi-izbori-video/feed/ 0
Даниловски: Пред крајот на мај не може да се очекуваат показатели на крај на епидемија, до тогаш масовни собири и избори не би требало да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pred-krajot-na-maj-ne-moze-da-se-ochekuvaat-pokazateli-na-kraj-na-epidemija-do-togash-masovni-sobiri-i-izbori-ne-bi-trebalo-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pred-krajot-na-maj-ne-moze-da-se-ochekuvaat-pokazateli-na-kraj-na-epidemija-do-togash-masovni-sobiri-i-izbori-ne-bi-trebalo-da-ima/#respond Mon, 04 May 2020 17:01:50 +0000 https://kurir.mk/?p=341554

Проф. д-р Драган Даниловски вечерва гостуваше во „Отворено студио“ каде што посочи дека потребно е време да се релаксираат мерките, да се види реакцијата по релаксирање на мерките па потоа да се говори за масовни собири како што се и изборите. -Се ќе зависи од текот на настаните. Да се релаксираат мерките, да видиме како ќе се одвива работата со болеста во популацијата, па тек тогаш може да судиме. Пред крајот на мај мислам дека не можеме да очекуваме некакви показатели во оваа смисла, појасни Даниловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pred-krajot-na-maj-ne-moze-da-se-ochekuvaat-pokazateli-na-kraj-na-epidemija-do-togash-masovni-sobiri-i-izbori-ne-bi-trebalo-da-ima/feed/ 0