д-р Ѓорге Иванов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 07:13:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png д-р Ѓорге Иванов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иванов во Обединети Нации на состанок со Помошникот генерален секретар на ОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-vo-obedineti-natsii-na-sostanok-so-pomoshnikot-generalen-sekretar-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-vo-obedineti-natsii-na-sostanok-so-pomoshnikot-generalen-sekretar-na-on/#respond Fri, 22 Sep 2023 07:13:49 +0000 https://kurir.mk/?p=880570

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединтите нации оствари билатерална средба со помошникот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос. По средбата беше потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН. Договорот предвидува можност за заеднички проекти и активности во Македонија, но и во поширокиот регион. Со овој договор „Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите" од Скопје стана и официјален партнер на Организацијата на обединетите нации во целта за остварување на заедничките приоритети на оваа благородна идеја. За време на посетата на САД, поранешниот претседател Иванов се обрати на панел на темата ,,Градење на Алијансата на цивилизациите во нарушени времиња" во рамките на 26-тиот состанок на високо ниво на Меѓународниот центар ,,Низами Ганџави" Во својот говор претседателот Иванов се осврна на потребата од конкретни акции преку кои би се реализирале целите на Алијансата во светот, но и во нашиот регион. Во тој контекст тој ги посочи придобивките од главните проекти на Меѓународниот Центар “Алијанса на Цивилизациите” во Скопје, како што се Школата за Млади Лидери и Форумот за Културна Дипломатија. 26-тиот состанок на високо ниво на Меѓународниот центар ,,Низами Ганџави" се одржува во Њујорк од 19 до 21 септември 2023 година на тема ,,Обликување на иднината: Обновување на мултилатерализмот".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-vo-obedineti-natsii-na-sostanok-so-pomoshnikot-generalen-sekretar-na-on/feed/ 0
Конкурс за 14-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konkurs-za-14-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konkurs-za-14-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/#respond Wed, 31 May 2023 08:25:22 +0000 https://kurir.mk/?p=840772

Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека 14-та Меѓународната обука за млади лидери на претседателот Иванов ќе се одржи во периодот од 7-19 октомври 2023 година. Денес е објавен конкурсот за учесници на школата која ќе биде на темата „Образование – Трансформација – Лидерство“. Рокот за аплицирање на конкурсот е до 21 јуни 2023 година. Програмата на 14-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов се организира комбинирано, онлајн и во Охрид. Таа е наменета за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и нивната околина. Школата опфаќа интерактивни предавања од реномирани предавачи и говорници од земјата и од странство, панел дискусии, работилници и тимска работа на проектна задача. Програмата е прилагодена да одговара на потребите на младите генерации и да обработува теми кои се од особен интерес за нив. Оваа година програмата на школата треба да одговори на прашањата како образованието и лидерството можат да бидат трансформатори и катализатори за позитивни промени и иновации. Со планираните активности во програмата сакаме да ги поттикнеме и охрабриме младите учесници да размислуваат аналитички и да дејствуваат како лидери. Да иницираат промени и да ги предводат, да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите вештини, да ја поттикнуваат својата креативност, да одговараат подготвено и да иницираат решенија за предизвиците со кои се соочуваат и да вложуваат во својот професионален и личен напредок. Бројот на учесници на школата е ограничен, а право на учество имаат сите млади од Република Македонија и од странство кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот. Повеќе информации за конкурсот во објавите на веб страната и на профилите на социјалните мрежи на Школата за млади лидери (https://youngleaders.com.mk/mak/apliciraj/, https://youngleaders.com.mk/apply/, https://www.facebook.com/IvanovSchoolForYoungLeaders), како и на веб и на фејсбук страната на поранешниот претседател Иванов (https://gjorgeivanov.mk/, https://www.facebook.com/exmacedonianpresident/). Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов традиционално се одржува од 2010 година. Во досегашните 13 обуки учествуваа над 500 млади луѓе од целиот свет со различен академски и професионален фокус. Над 300 предавачи и говорници од Република Македонија, Европа и светот одржаа предавања пред тринаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери. Во 2018 година, Школата за млади лидери на претседателот Иванов е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konkurs-za-14-ta-shkola-za-mladi-lideri-na-pretsedatelot-ivanov/feed/ 0