д-р Лилија Чолакова-Дервишова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 12:56:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png д-р Лилија Чолакова-Дервишова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здружението на приватни лекари бара покачување на платите за приближно 10 % https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-na-privatni-lekari-bara-pokachuvane-na-platite-za-priblizhno-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-na-privatni-lekari-bara-pokachuvane-na-platite-za-priblizhno-10/#respond Fri, 13 Oct 2023 12:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=888553

Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛРМ) го поздравува покачувањето на платите на здравствените работници во јавното здравство, но истовремено изразува разочарување што тие се заборавени, истакна на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението. Тие од надлежнaта централна бараат покачување на платите. Барањето се однесува за 1400 приватни лекари од примарното здравство, кои имаат склучено договори со Фондот за здравство, како и за 120 специјалисти интернисти и 124 специјалисти гинеколози. Сите тие се сопственици на амбуланти во кои се вработени и по две медицински сестри. -Ние не бараме покачување од 78 проценти, но бараме покачување од приближно 10 проценти, што е во согласно инфлацијата на ММФ. За да можеме да го следиме чекорот на просечна плата сметаме дека не треба да бидеме изоставени во зголемување на каптациониот бод, потенцира д-р Чолакова Дервишова. Таа информира дека ЗПЛРМ денеска со ова нивно барање до надлежните се обратиле преку медиумите затоа што сметаат дека на овој начин досега голем број нивни иницијативи и предлози до надлежните биле попродуктивни во споредба со оние барања испратени со писмо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenieto-na-privatni-lekari-bara-pokachuvane-na-platite-za-priblizhno-10/feed/ 0
Чолакова-Дервишова: Сè уште нема одговор од Министерството и Фондот на нашите барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cholakova-dervishova-se-ushte-nema-odgovor-od-ministerstvoto-i-fondot-na-nashite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cholakova-dervishova-se-ushte-nema-odgovor-od-ministerstvoto-i-fondot-na-nashite-baranja/#respond Tue, 06 Sep 2022 08:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=729332

Во тек е вториот ден од протестот на Здружението на приватни лекари. Претседателката на Здружението, д-р Лилија Чолакова-Дервишова во изјава за МИА вели дека сè уште не се контактирани од страна на Министерството за здравство или Фонд за здравствено осигурување. – Ние три дена ќе го издржиме тоа што сме го донеле како одлука, во интерес да го подобриме статусот да го вратиме дигнитетот на здравствените работници, да ги задржиме младите тука. Барањата се тие, а приоритетно е покачување на капитационен бод, дали на ниво на Влада, на Министерство за финансии, негде треба да се донесе одлука бидејќи навистина со сите овие цени и поскапувањето, пет години постојано сè се движи само кај нас ништо не се движи, вели д-р Чолакова-Дервишова. Според неа, целокупните трошоци на приватните лекари се многу високи, а постојано се изоставени од Буџетот. – Со доаѓањето на секој нов министер и директор ние даваме поддршка, отворени сме за соработка. Имаме прашања и до Фондот и до Министерството и наведено е што треба да се направи, ги имаме лоцирано сите проблеми и за секој проблем имаме начин како да се надмине, истакна претседателката на Здружението. Протестот на приватните лекари започна вчера, а ќе трае до утре. Тие одлучија, преку мирен протест три дена да не даваат упати и рецепти, со барање да се покачат бодовите. Покрај зголемување на капитацискиот бод, тие меѓу останатото бараат „електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cholakova-dervishova-se-ushte-nema-odgovor-od-ministerstvoto-i-fondot-na-nashite-baranja/feed/ 0