д-р оливер зафировски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Oct 2021 15:25:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png д-р оливер зафировски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Д-р Оливер Зафировски: Карпош заслужува да го вратиме во живот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/d-r-oliver-zafirovski-karposh-zasluzuva-da-go-vratime-vo-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/d-r-oliver-zafirovski-karposh-zasluzuva-da-go-vratime-vo-zivot/#respond Tue, 12 Oct 2021 15:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=577874

Три децении како здравствен работник се борам за подобрување на животот на децата, а како градоначалник уште поинтезивно ќе се борам за подобрување на животниот стандард на сите на граѓани во Карпош, рече во своето обраќање кандидатот за градоначалник на општина Карпош д-р Оливер Зафировски. Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на д-р Зафировски: Добра вечер, МОЈ Карпош! Почитувани пријатели, почитувана кандидидатка за Градоначалник г-ѓа Данела Арсовска, почитувани членови на Извршен комитет, Унија на ветерани, Унија на жени, Унија на млади сили, почитувани советници и кандидати за советници, почитувани претставници на коалиционите партнери, почитувани гости, почитувани граѓани, МОИ КАРПОШАНИ! На почетокот би сакал да си поставиме едно прашање ``Дали сме задоволни од работата на нашата Oпштина Карпош досега``? Изминативе четири години општина Карпош е во слободен пад, локалните власти дадоа многу лажна надеж, лажни ветувања и брутална неискреност, а реализацијата на програмата е еднаква на нула. Претставувајќи се пред вас, би сакал да истакнам дека во својата професионална кариера бев советник во Општина Карпош, бев заменик-генерален директор на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата - „Козле од 1999 до 2002 година. Од 2006 година во траење од 11 години бев генерален директор на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата - „Козле“. Во период од 2012 до 2015 година јас и мојот тим со поддршка на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ изградивме нова Детска болница за белодробни заболувања - „Козле“ која е прв нов здравствен објект по осамостојувањето. Овој објект е направен по европски стандарди. Мојот тим и јас го основавме Институтот за цистична фиброза. Исто така сум и еден од основачите на Првата школа за педијатрија во Македонија, како и на Балканската школа за педијатрија. По изградбата на новата Детска болница за белодробни заболувања- „Козле“ организирав повеќе донаторски конференции и успеав да соберам значителни средства за обезбедување на најдобрата можна апаратура за болницата. Автор сум на повеќе меѓународни трудови од областа на педијатријата. Имам издадено неколку книги од областа на климатските промени и аерозагадувањето и нивното влијание врз човечкиот организам. Последната од овие книги е откупена од странски издавачки куќи. Три децении како здравствен работник се борам за подобрување на животот на децата, а како градоначалник уште поинтезивно ќе се борам за подобрување на животниот стандард на сите на граѓани во Карпош. Кога размислував дали да се вклучам во ваква сериозна и одговорна трка, една реченица беше пресудна – ЗА МОЈОТ КАРПОШ, ЗА НАШИОТ КАРПОШ! Мојата визија е Карпош да биде пристојно место за живеење каде сите жители ќе имаат еднакви можности за развој, без разлика на социјалниот статус или политичката припадност. Почитувани бардовчани голем дел од проектите во нашата програма се наменети токму за вас . Од ова место сакам да ви ветам дека ќе ги реализраме следниве проекти во Бардовци: Проширување и целосна реконструкција на локалната улицата која се простира од клучката на населено место Злокуќани до влезот на населено место Бардовци со изградба на велосипедска патека. Изработка на сообраќаен проект за поставување хоризонтална и вертикална патна сигнализација, почнувајќи од клучката од населено место Злокуќани до сите главни улици кои се простираат во населено место Бардовци и пред ООУ „Аврам Писевски“. Изградба на нов локален пат кој ќе ја поврзува населбата Бардовци со магистралниот пат Јадранска магистрала, што води до Индустриската зона „Визбегово“. Изградба на пристапен пат до земјоделските парцели околу месноста Рупа и Крст во населеното место Бардовци. Изградба на мултифункционален спортско-рекреативен центар со детско катче во рамките на ООУ „Аврам Писевски“. Хидротехничка инфраструктура - зајакнување на водоводната мрежа на целата територија од населеното место Бардовци. Поплочување на споредните улици (крак од улица) во населбата Бардовци. Набавка на 200 филтри за оџаци, мерна станица и анализа на ефектот колку се ефикасни да ги задржат отровните честички во Бардовци. Изградба на парк со хортикултурно уредување и поставување урбана опрема во склоп на Месната заедница „Бардовци“. Изградба на современ зелен пазар кај клучката во Злокуќани при влезот на населбата Бардовци. Ревитализација на Спортско-рекреативниот центар „Лепенец“. Финансиска помош и изградба на спортски простории и соблекувални за ФК „Лепенец“. Реконструкција и изградба на тротоари за пешаци на главните улици во населено место Бардовци. Расчитување на ѓубрето и дислокација на депонијата покрај реката Лепенец. Чистење на одводните канали за полевање на земјоделските површини Исто така сакам да ви ветам дека застанувам до вас и ви давам максимална подршка ....сите заедно нема да дозволиме изградба на прифатен центар за странци во Бардовци! Почитувани Бардовчани, искреноста, чесноста, работливоста, посветеноста и блискоста со народот се моите принципи, од кои не отстапувам, а истото го барам и од моите соработници. Ви гарантирам дека овие проекти и многу други, согласно вашите потреби ќе бидат реализирани во 4 годишниот период што е пред нас. Во минатото ми дадовте доверба да го подобрам развојот и унапредувањето на детската здравствена заштита. Со голем ентузијазам се посветив на оваа мисија и резултатите се видливи. Сега го барам Вашиот глас за да го подобрам начинот на живот во нашата Општина Карпош. Ја барам вашата поддршка за во наредните четири години заедно да го креираме општинскиот буџет, заедно да решаваме каде ќе се трошат нашите народни пари и на кои проекти ќе им дадеме приоритет. Излегувам чесно и искрено пред Вас и се обврзувам со конкретна програма и конкретни проекти и конечно нека победи Карпош. Затоа Ве повикувам сите кои искрено го сакаат Карпош да застанеме рамо до рамо сите заедно и да издвoјуваме победа, ГОЛЕМА ПОБЕДА за сите Карпошани. Да го вратиме заедно оптимизмот и стариот сјај на Карпош кој низ годините ни беше одземен! ЌЕ ПОБЕДИМЕ ЗАТОА ШТО ОДИМЕ СО ЦЕЛОТО СРЦЕ ЗА КАРПОШ !!!! ОДИМЕ НА ПОБЕДА УШТЕ ВО ПРВ КРУГ! ДА СОЗДАДЕМЕ НОВА ИДНИНА !!!! ДА СТЕ МИ ЖИВИ И ЗДРАВИ. ДА ЖИВЕЕ ВМРО ДПМНЕ!!! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!! ВИ БЛАГОДАРАМ СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА! ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/d-r-oliver-zafirovski-karposh-zasluzuva-da-go-vratime-vo-zivot/feed/ 0
Д-р Зафировски ги посети сопствениците на дуќаните во трговскиот комплекс Порта Влае (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/d-r-zafirovski-gi-poseti-sopstvenicite-na-dukjanite-vo-trgovskiot-kompleks-porta-vlae-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/d-r-zafirovski-gi-poseti-sopstvenicite-na-dukjanite-vo-trgovskiot-kompleks-porta-vlae-foto/#respond Fri, 08 Oct 2021 15:02:12 +0000 https://kurir.mk/?p=575574

Кандидатот за градоначалник за општина Карпош на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Оливер Зафировски, денеска ги посети сопствениците на дуќаните и деловните простории во трговскиот комплекс Порта Влае. Тој од таму порача дека се повеќе трговци ги затвараат своите дуќани и дека комплексот е оставен на забот на времето без сериозна поддрѓка од локалната власт. Најави поддршка од општината за сопствениците на трговски дуќани и деловни простории како и организирање на настани, работилници и едукации за заживување на комплексот! Тој на својата официјална Фејсбук страница објави фотографии и импресии од денешната посета кои може да ги погледнете во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/d-r-zafirovski-gi-poseti-sopstvenicite-na-dukjanite-vo-trgovskiot-kompleks-porta-vlae-foto/feed/ 0
Отворен изборниот штаб на д-р Оливер Зафировски во Карпош (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvoren-izborniot-shtab-na-d-r-oliver-zafirovski-vo-karposh-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvoren-izborniot-shtab-na-d-r-oliver-zafirovski-vo-karposh-foto/#respond Sat, 02 Oct 2021 14:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=571866

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош преку својата официјална Фејсбук страница ја информираше јавноста дека денеска фво 11:00 часот се отвори неговиот изборен штаб и ги повика граѓаните да ја разгледаат неговата програма. - Денеска, во 11:00 часот го отворивме мојот изборен штаб. Сакам да се заблагодарам на присутните за целата досегашна поддршка. Ве повикувам сите да ја разгледате програмата. Меѓу предвидените проекти ветивме пет катни гаражи, две народни кујни, нова градинка, многу нови зелени површини, мерки против аеро загадувањето и подобра и поздрава животна средина. Ќе создадеме нова иднина за карпошани! Ве поканувам да го посетите мојот изборен штаб кој се наоѓа на Бул. 8-ми Септември бр. 3, пишува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvoren-izborniot-shtab-na-d-r-oliver-zafirovski-vo-karposh-foto/feed/ 0
Д-р Зафировски: Филипче да направи мапа на болници кои ќе лечат КОВИД болни, да не се доведеме во ситуација целиот систем да лечи само болни од корона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-zafirovski-filipche-da-napravi-mapa-na-bolnici-koi-kje-lechat-kovid-bolni-da-ne-se-dovedeme-vo-situacija-celiot-sistem-da-lechi-samo-bolni-od-korona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-zafirovski-filipche-da-napravi-mapa-na-bolnici-koi-kje-lechat-kovid-bolni-da-ne-se-dovedeme-vo-situacija-celiot-sistem-da-lechi-samo-bolni-od-korona/#respond Mon, 12 Jul 2021 10:26:40 +0000 https://kurir.mk/?p=535422

Светот е пред предизвикот на делта сојот на КОВИД-19 вирусот, а ризикот од нов голем бран на есен е огромен. Покрај предложените мерки кои ги адресиравме до Филипче со цел да се превенира експлозија од нови случаи од октомври, Филипче мора да го подготви системот, со цел болниците да бидат спремни на секакво сценарио, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакна доктор Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ. -Според наши сознанија власта не работи ништо во насока на подготовка за можниот есенски бран. Филипче да каже дали болниците се подготвени за новиот КОВИД бран, и ако не се зошто до сега ништо не е преземено? Дополнително мора веднаш да се направи мапа на болници ќе бидат вклучени во проектот на КОВИД центри, со цел да не се доведуваме во ситуација целиот здравствен систем да лекува само КОВИД болни, а другите пациенти да ги оставиме на милост и немилост. Веднаш да се подготват протоколи, да се обезбедат доволно лекови, и лична заштитна опрема, како маски, скафандери, ракавици, но и средства за дезинфекција. Истовремено да се подигне и нивото на хигиена, и да се извршат потребните санации или поправки онаму каде што тоа е потребно. Зачудува леснотијата и негрижата со која Филипче и Заев се однесуваат во ек на најголемата пандемија на нашето време, вели Зафировски. Тој додава дека потребно е да се набават сите неопходни хемиско и биохемиски тестови, да бидат во функција сите рентген апарати, како и компјутеризирана томографија. Со тоа не би ги довеле граѓаните да плаќаат приватни болници. -Додека има време да се направи едукација на медицински тимови со меѓународна конференција со цел размена на искуства. Апелираме Филипче и Заев да го напуштат системот на паушалност и да се посветат во борбата против КОВИД-19 вирусот. Имаме одлична можност поради големината на земјата да превенираме големи бранови, но за тоа е потребна посветена работа и многу труд. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе, вели Зафировски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-zafirovski-filipche-da-napravi-mapa-na-bolnici-koi-kje-lechat-kovid-bolni-da-ne-se-dovedeme-vo-situacija-celiot-sistem-da-lechi-samo-bolni-od-korona/feed/ 0
Според Д-р Зафировски здравствениот систем во Македонија не беше добро организиран со пандемијата од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-d-r-zafirovski-zdravstveniot-sistem-vo-makedonija-ne-beshe-dobro-organiziran-so-pandemijata-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-d-r-zafirovski-zdravstveniot-sistem-vo-makedonija-ne-beshe-dobro-organiziran-so-pandemijata-od-kovid-19/#respond Wed, 21 Apr 2021 17:22:14 +0000 https://kurir.mk/?p=500490

Д-р Оливер Зафировски, поранешен директор на Институтот за белодробни заболувања – Козле, во вечерашното гостување во „Филибастер“ во Радио Лидер зборува за актуелната состојба со коронавирусот во Македонија. Во однос на погрешната проценка на министерот за здравство на почетокот на пандемијата дека во Македонија ќе има 2.500 заболени, а до денеска има 148.618, д-р Зафиров вели дека е тоа огромна грешка. – Комисијата за заразни болести која му е советодавно тело треба да знае. Пандемијата не почна во Македонија. Ние како професионалци коишто работевме и тогаш во болничките установи знаевме дека пандемијата ќе дојде и кај нас, дури и по клиничката слика кога уште не беше почната пандемијата знаевме дека децата коишто ги лекувавме по клиничката слика дека се ближи моментот кокга и кај нас ќе дојде. Но, немавме тест и кога објавивме дека првата заболена беше тестирана надвор од Македонија, во Ниш, рече д-р Зафиров. Според него, сето тоа укажува со каква концепција работеле одговорните за ситуацијата. – Дојде момент да се бара кревет повеќе и она што е многу значајно, не е само да се обезбеди кревет, друго е да се обезбеди квалитетно лекување. Голема грешка се направи уште во почетокот, кога матичните лекари, не по своја вина беа исклучени од лекување, смета д-р Зафиров. Како што рече, цената за задоцнетото поставување и на 16-те модуларни болници во Македонија ја плаќаат секако граѓаните. – Голем број од нив се пензионери кои редовно плаќале доприноси за здравствено осигурување и кога здравстевниот систем им е најпотребен не добија туку некои од нив мораа да се лекуваат на приватни клиники, мораа да продаваат станови, да земаат кредити, за да се лекуваат таму. Здравстевниот систем не се снајде и не беше добро организиран и тоа неминовен факт. И по овие над 4.500 починати има се уште момент да се отрезниме, да поставиме стратегија и да започнеме нешто ново, рече д-р Зафиров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-d-r-zafirovski-zdravstveniot-sistem-vo-makedonija-ne-beshe-dobro-organiziran-so-pandemijata-od-kovid-19/feed/ 0