Да се биде или не – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 10:35:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Да се биде или не – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонско ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonsko-da-se-bide-ili-ne/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonsko-da-se-bide-ili-ne/#respond Wed, 16 Aug 2023 09:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=867309

Ако некој воопшто и се прашуваше дали уставните измени и вносот на Бугарите во него се добра или лоша работа, госпожа Захариева ги убеди и овие последни македонски Неверни Томи. Не, уставните не се лоша, туку катастрофална, поразителна, срамна и самоукинувачка „работа“. Добро, за некого од власта само уште една „работа“ и задача за одработување, за нас другите опстанок. Уставно интро во конечниот пораз за Македонија, чин по кој слободно можеме да си ставиме „клуч на врата“ и да го викнеме Чом да го изгаси светлото. Што повеќе од  „уставните измени и не се голема работа за Македонија“ на Екатерина, нели. Дури и еден ултра национал-шовинист од Пазарџик како неа не вели дека се добри, супер ли, одлични пак, никако. Ок. Не биле „голема работа“?! Можеби не за Таче, за коњаникот Зечевиќ, уште помала за гурманот Маричиќ или Љупче Путерот, најмала за Цаци пред сала, патетичниот Џабир и армијата медиумски демагози. За Црпко, пак, тоа е трошка. Капка во морето антимакедонски злодејанија. Тоа е така само за една шака анационални, лукративни човечиња. За северните опортунисти, за нив тоа е саде убава шанса за нови успеси и нов „удолен“ подем во кариерата и животот. За сите нас останати, за „другите“, за над 90 насто Македонци,  тоа била, е и ќе остане огромна работа и колосална грешка, резил. Значи, во превод, промената на уставот е срамен чин за сите оние кои имаат чест, образ и достоинство. За мнозинството граѓани. А, за одродите, одамна успешно оперирани од овие за нив непожелни чувства, кои само им пречат во кариерата на најуспешни корисни идиоти, ова е „мала“ работа. Ситница... „Мала“ исто како и промената на исконското име, минорна како смената на знамето, малечка ко двојазичноста и вовед во федерализација, ситна ко територијалната поделба, беззначајна ко „краткото име“ во ООН, прашинка ко продажбата на историјата, колетерална штета ко раздавањето револуционери, светци, писатели и цела една плејада македонски борци за слобода, за Македонија. Знаете, летото минативе 7 години е одличен период за антимакедонски дејанија на Заев и неговите наследници. Очебијно, северџганистанците имаат проблем со постигнувањето на анационална работа температура, па жештините им годат на одродите во топењето на оној мраз околу срцето за вакви предавнички чинови, мраз кој, замисли, дури и кај нив го има. Добро, Таче Црпков го жега во мешето кога го прави истото, нему тоа му е најбитниот дел од животот. Полното меше... Ајде, за промена, едно лето ние Македонците да излеземе од оксиморонскиот „зимски летен сон“, онаа летаргија и хибернација во која сме фрлени минативе многу лета и да ја оправдаме големината на името кое од век и веков го носиме. Верувам во опозицијата, која машки и повеќе од една година успешно им одолева на канонадата странски притисоци, но не им верувам на суртуците од власта кои во безизлез ќе бараат некое подло чаре и нова антимакедонска дубара со која ќе се исперат пред „газдите“. Оти, поводникот им е ставен на најкусо, а штетник ко штетник, при давење знаете што прави... Се сеќавате на шовинистичките и историско/национално арамиски говоранции на Радев и премиерот им бугарски на Илинден? Сефте така нападнаа и навасаа. За првпат така аздисаа. А тоа антимакедонистичко крешчендо е пред и без уставни измени. Само замислете што ќе биде ако попуштиме. Што ќе не чека во иднина? Тогаш, е тогаш ние ќе бидеме поевтини и погреота и од оние што се продаваа за фамозната „една ч’рвена“. Оној период  за кој источните соседи и ден-денес ни враќаат... Ова не е фраза, ова навистина е време на македонско „да се биде или не“. Прифаќање на уставни измени е вториот дел, тоа е „ИЛИ НЕ“. Хамлет со черепот на дворската будала Јорик в рака, а Македонецот со предлог-измените на устав на дворскиот шут Ќуран. А се’ што треба е да издржиме само уште некој месец,  до избори, да ги симнеме бандитите криминогени од власт и да почнеме полека да си ја враќаме Македонија. Да. Ова е онаа мачна, стара прикаска за желката и зајакот. Северниве зајаци губат, со гаранција. И пак ќе кажам, да, МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА! Но, не е на одмет и ние самите да помогнеме троа, таква и да остане...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonsko-da-se-bide-ili-ne/feed/ 0
Да се биде или не, Македонија… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/da-se-bide-ili-ne-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/da-se-bide-ili-ne-makedonija/#respond Sat, 11 Jul 2020 12:41:07 +0000 https://kurir.mk/?p=375587

Лошата Влада ја избираат добрите луѓе кои не гласаат... Оваа стара, прастара вистина ме преокупираше деновиве. Ве тера да се замислите, нели. Многу. Ќе ја пропуштиме ли единствената и последна шанса за да ги оправиме работите? Ќе ја поддржиме ли повторно и несвесно северизацијата на Македонија? Ќе им помогнеме ли на антинационалните дилајли да го продадат и она малку што остана од националните светии? Ќе им дадеме ли преќутен изим за дораспродажба на нацијата, јазикот, историјата? Оти, да не се лажеме, овие избори се ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. Нема, ниту ќе има поправен. Враќање назад не постои. Со неизлегувањето на избори, само ќе им дадеме зелено светло на дилајлите да ја доразнебитат државата. Нека не не’ лажат дека се’ е бадијала, па дека најбитно било кој брои, а не кој гласа, тоа се дефетистички глупости протежирани од оние суруши од власта кои сакаат да го превенираат нашето појавување на гласачките места. Оние суруши кои се крстат во бојкот. Судбината или фатумот не постојат, самите ја создаваме. А минативе години, утнавме многу и не ја создававме многу-многу седејќи си по дома и џафкајќи по антисоцијалните мрежи. Да не се лажеме, нели. Е сега, да ти било време за акција. Бојкотот е финта на СДССССС. Истите оние кои ќе не’ „мотивираат“ да си седиме дома и да штракаме по Фејсбук, Твитер и компанија, затоа што ако излеземе ќе сме гласале за се.ерна?! Абе ајде, вистината е сосема спротивна, ако не излеземе гласаме за сев.рна и го донираме гласот за натамошна девалвација на македонштината. Бланко гласче. Или БЕЗГЛАСЧЕ. Башка што ми омрзна страната не светот од идиотите... Да, бојкотот за Референдумот беше нешто поинаку, макар и тоа блеферите наштелувани за смена на име не го почитуваа. Но, се надевам, многумина научија нешто од бојкотот на Силјановска за претседател, да ја имавме сега неа наместо сидрото Стево, ќе беше многу поинаку, сосема... Вака, дел од патриотите паднаа на прикаската дека не гласаат на ливче на кое стои северна. И бидна што бидна, ја усидрија Македонија со прамецот свртен контра јужната страна... Знам дека не е лесно, дека за разлика од останатиот дел од светот, сега се бориме со два вируса во исто време. На страна што е крајно неблагодарно е да наканиш кого било да излезе и, не дај Боже, да се зарази со корона, макар од невнимание. Сепак, јас ќе излезам и ќе гласам, затоа што со тоа свесно ќе учествувам во уништувањето на антинационалниот вирус СЕВИД-19 (СЕВерна ИДиотштина склепана 2019-та година). По уништувањето на овој вирус создаден во странските лаборатории, многу поорно и посаглам да се фатиме со уништувањето и на КОВИД-19, исто така склепан во нечии лаборатории, но со поинаква намена. Победата врз ова наметнато и од страна поддржано зло е насушна неминовност за Македонија, Македонците и македонштината. Време е ПИРЕЈОТ да престане да се крсти во издржливоста на семето. Да, време е ПИРЕЈОТ нешто и да преземе за да си ги врати светиите. ПИРЕЈОТ е познат и по освојувањето на теренот, насаден со култивирани и ГМО садници, епа ајде да си го повратиме. Време е антинационалните фолиранти зинати за пари да ги испратиме на мрачната страна на историјата. Ко и за се’ друго, лажеа дека смениле режим со пенкало. Не што не го сменија, туку го донесоа. Е сега со истото тоа пенкало, знаеме дека не можеме да ги „поправиме“ и оправиме кривинашките и лукративни дилајли, но можеме да ги надгласаме. Не мора да ги уриваме политичките им дивоградби, сами ќе си паднат, затоа што се насадени на крив и лош темел. И ајде, по уништувањето на СЕВИД-19, да се посветиме на КОВИД-19, паралелно со оправање на уништените национални вредности и со конечно вадење на помалку прашинавата и мувлосана МАКЕДОНШТИНА од карантин. Ајде ние МОЗОЧНО НЕМИЕНИТЕ, да ја светнеме малу и извадиме на дневно светло. Велат, најпотресени околу изборите во Македонија да ти биле соседите, оние лешинарите на кои од резултатите им зависи, конечно и по толку векови, дали ќе го „решат“ македонското прашање. Ќе не „решат“ или не? Време е, да се биде или не, Македонија... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/da-se-bide-ili-ne-makedonija/feed/ 0