дачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Aug 2018 09:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дачиќ: Работите се менуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dachikj-rabotite-se-menuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dachikj-rabotite-se-menuvaat/#respond Thu, 30 Aug 2018 09:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=94089

Фактот дека германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за Косово и што дадоа поддршка за разговорите кои водат кон решавање на ова прашање е голем исчекор и доказ дека работите се промениле и тоа во корист на Србија, изјави за „Блиц“ шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. - Голем исчекор е во прашање и доказ дека работите се промениле. Сепак, тешка борба ни престои, а од тие на кои треба и понатаму да се влијае, најважна е Германија, кажа Дачиќ. Тој ја коментираше изјавата на Хашим Тачи дека се спротиставува на етничките граници, оценувајќи дека Тачи не е наивен и дека знае оти на „Србија не и се брза со неизбежното признавање на Косово“. - Приштина ја изгуби поддршката, нема веќе став дека се е решено. Тие тоа никако да го сфатат, па затоа и така трагично ги доживуваат овие изјави од светот, како и повлекувањата на признавањата на Косово, истакна Дачиќ. Вниманието на српската јавност, според Блиц, предизвикала и изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека е „за почитување на границите", повикувајќи се на мислењето на Бадинтеровата комисија, за која Дачиќ изјави дека е лицемерна. - Кога станува збор за Бадинтеровата комисија, таа говори за меѓурепубличките граници, никаде не се споменуваат покраините, така што сите оние што го признаа Косово тоа го направија спротивно на ставот на Бадинтеровата комисија.Тука спаѓа и Хрватска и лицемерно е што тие се повикуваат на таа комисија, изјави Дачиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dachikj-rabotite-se-menuvaat/feed/ 0