дачиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Oct 2020 12:04:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дачиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дачиќ: Дијалогот со опозицијата со посредство на ЕП ќе се води и ќе го моделира Собранието https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-dijalogot-so-opozicijata-so-posredstvo-na-ep-kje-se-vodi-i-kje-go-modelira-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-dijalogot-so-opozicijata-so-posredstvo-na-ep-kje-se-vodi-i-kje-go-modelira-sobranieto/#respond Thu, 29 Oct 2020 12:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=422108

Важно е секој што се занимава со политика за себе да си постави одредена граница и секој да има право на свое мислење, но навредите врз лична основа нема да бидат толерирани, изјави претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ, најавувајќи дека Парламентот ќе го „моделира“ дијалог меѓу власта и опозицијата во Србија, јави допсиникот на МИА од Белград. Дачиќ за ТВ Хепи изјави дека добил информација дека претседателот на Европскиот парламент (ЕП) дека се очекува Парламентот да се вклучи во дијалогот меѓу опозицијата и владата. – Вучиќ ми рече дека можам да очекувам од бриселската администрација да изврши притисок и дека е важно да има некој искусен што ќе може да ги моделира тие разговори и сега чекам. Слушнав дека ми подготвиле писмо и дека ќе го добијам во текот на денот, истакна Дачиќ. Кога ќе ги добијам тие писма, оцени Дачиќ, дијалогот ќе се води во Парламентот, тој не мора да ги вклучува само партиите од Парламентот, но парламентот како највисоко претставничко тело, ќе го моделира тој дијалог. – Опозицијата во Србија мора да разбере една работа – тешко и е на празната торба да стои исправено. Би ги советувал да постигнат добар резултат, но тие прво мора да имаат политика и луѓе кои ќе бидат привлечни за електоратот, наведе Дачиќ, додавајќи оти „опозицијата не е заинтересирана за изборниот закон, туку за медиумите“. Како што објави весникот Денес, ЕП наскоро ќе испрати две писма до претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, со повик за што е можно поскоро продолжување на дијалогот меѓу власта и опозицијата за подобрување на изборните услови. Весникот повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, пишува дека Дачиќ прво ќе добие писмо од претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, а потоа и писмо од претседателката на Комитетот за стабилизација и асоцијација на ЕП, Тања Фајон и известувачот на ЕП за Србија, Владимир Билчик. Еден од лидерите на опозицијата, претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас изјави вчера дека дијалогот помеѓу режимот и опозицијата е можен само со посредство на Европа и додаде дека очекува тоа да се случи на пролет 2021 година. – Потребна ни е медијација, некој да дојде и утре да предложи некои правила, како во Македонија и Црна Гора, што ќе овозможи промена на ситуацијата не само во медиумите, туку и да се застане со притисок врз луѓето кои мора да гласаат за власта за да не останат без работа. Тоа мора да престане и никогаш повеќе не смее да се повтори, изјави Ѓилас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-dijalogot-so-opozicijata-so-posredstvo-na-ep-kje-se-vodi-i-kje-go-modelira-sobranieto/feed/ 0
Дачиќ: Црна Гора е на работ на братоубиствена војна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-crna-gora-e-na-rabot-na-bratoubistvena-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-crna-gora-e-na-rabot-na-bratoubistvena-vojna/#respond Sat, 16 May 2020 09:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=346577

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изрази загриженост за настаните во Црна Гора и оцени дека тензиите речиси довеле до почеток на братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците. Дачиќ изјави дека досега ниту во една земја не е забележано да се апси епископ на Српската православна црква. -За првпат речиси доаѓаме во ситуација кога почнува братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците, без разлика кој како ќе ја нарече. Замислете сега ние да апсиме муфтии или епископи, рече Дачиќ за ТВ Прва, коментирајќи ги случувањата во Црна Гора по апсењето на српскиот епископ Јоаникиј и уште осум свештеници, кои синоќа беа ослободени од притвор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-crna-gora-e-na-rabot-na-bratoubistvena-vojna/feed/ 0
И Дачиќ против формирањето на преодна влада пред изборите во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-dachikj-protiv-formiranjeto-na-preodna-vlada-pred-izborite-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-dachikj-protiv-formiranjeto-na-preodna-vlada-pred-izborite-vo-srbija/#respond Sat, 31 Aug 2019 11:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=235404

Шефот на српската дипломатија и лидер на владејачката Социјалистичка партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ се спротивстави на предлогот од опозицијата за формирање преодна влада, истакнувајќи дека тие се формираат само во тешки политички кризи, која во Србија ја нема. Дачиќ за РТС изјави дека најавите за бојкот на изборите не претставуваат голема политичка криза и дека опозицијата нема поддршка за тоа ниту во меѓународната заедница. – Слушајте, преодните влади се формираат поради тешка политичка криза. Каква политичка криза имаме ние во Србија? Тоа е кога клуб од мојота Житораѓа ќе ја бојкотира средбата со Барселона и од тоа би се правел светски проблем, истакна Дачиќ. Тој наведе дека изборните правила ги пропишале демократите (ДС) и праша како порано тие правила им беа добри, а сега не се. – Не дека сум против (идејата за преодна влада и бојкот), туку сум против за ова да се придава големо значење. Ниту една од западните земји не го поддржува бојкотот. Изборите се редовни и кој сака да учествува, нека учествува, додаде Дачиќ. Реакцијата на Дачиќ, уследи по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека „опозицијата го сонува македонското сценарио“, како и дека „тие (опозицијата) фантазираат за преодна влада…а Србија не е банана држава“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-dachikj-protiv-formiranjeto-na-preodna-vlada-pred-izborite-vo-srbija/feed/ 0
Дачиќ: Неизвесен состанокот во Париз за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-neizvesen-sostanokot-vo-pariz-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-neizvesen-sostanokot-vo-pariz-za-kosovo/#respond Sat, 08 Jun 2019 10:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=206940

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека е неизвесно дали на 1 јули во Париз ќе се одржи најавениот состанок на Белград и Приштина и предочи дека состанок нема да има ако не постои можност да се дојде до подобрување на состојбата, односно „ако таксите не се укинат “. Според мислењето на Дачиќ, сигурно е дека германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон нема да дозволат „за нос да ги влече (косовскиот премиер) Рамуш Харадинај”. -Ние нема да дозволиме да не влечат за нос, изјави Дачиќ за новинарите по разговорите со министерот за надворешни работи на Јужна Кореја Ганг Гонг Хва. Како што објасни, ако некој Србија „ја влече за уши сите овие децении”, не треба да мисли дека нејзините претставници се глупави. -Ако веќе не влечат за ушите сите овие децении, барем нека не мислат дека сме глупави, рече Дачиќ. – Ние сме за компромис, но ако другата страна не е, ние нема да одиме против нашите државни и национални интереси, рече Дачиќ. Тој додаде дека Србија не сака да го продолжи дијалогот се додека Приштина не ги укине таксите. Дачиќ смета дека во меѓународните кругови сега „веројатно се трага по формулата” што ќе се добие за да тоа го направи, „што е сосема неверојатен факт”. Според него, после толку бесмислени барања кои косовската страна ги упатуваше, потполно е јасно што се случува. -Сакаме да најдеме решение. Тоа не е до нас. Дозволете им да покажат дали тоа го сакаат или не го сакаат. Очигледно, некои не сакаат. Ќе решат силни проблеми низ целиот свет, а не можат да го убедат Рамуш Харадинај. Па кој друг во тоа ќе поверува, рече Дачиќ. Говорејќи за претстојната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, тој оцени дека таа сигурно ќе биде обележана со дискусија за неодамнешните настани и апсења на северот на Косово, како и повредувањето на двајца службеници на УНМИК. Во врска со ставовите на српските власти околу преговорите со Косово, се огласи и амбасадорот на САД во Белград, Кајл Скат, кој рече дека замрзнатиот конфликт меѓу Србија и Косово не е опција која носи стабилност. -Србија со Бриселскиот договор се посвети на тоа да се обиде да постигне сеопфатен договор за нормализација, како и Косово. Тоа треба да биде цел на двете страни, а тоа е, секако, и нашата цел, рече Скат во интервју за Данас. Скат, исто така, ги отфрли тврдењата дека косовските власти имаат поддршка од Вашингтон по прашањето на такси на српската стока. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-neizvesen-sostanokot-vo-pariz-za-kosovo/feed/ 0
Дачиќ: Продолжува антисрпската хистерија во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-prodolzuva-antisrpskata-histerija-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-prodolzuva-antisrpskata-histerija-vo-hrvatska/#respond Sun, 14 Oct 2018 12:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=114769

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, коментирајќи го вчерашниот протест во Вуковар, денеска изјави дека „очигледно во Хрватска постои притисок и голема експанзија на десничарските партии“ и додаде дека тоа се пренесува и на српско-хрватските односи. - Со тоа продолжува антисрпската хистерија која постои, рече Дачиќ, додавајќи дека не знае на кого се жалат тие кои протестираат. Тој истакна дека Србија го санкционирала и ќе го санкционира секој кој направил воено злосторство. - Сите треба да бидат свесни за злосторствата што ги направиле. Ако некој направил воено злосторство треба да одговара, нема сомнеж за тоа, порача Дачиќ. Неколку илјади граѓани од повеќе градови од Босна и Херцеговина вчера протестираа во Вуковар поради непроцесуирање на делата за воени злосторства. На протестот, кој започна со интонирање на хрватската химна, присуствуваа сегашни и поранешни функционери и членови на ХДЗ. Градоначалникот на Вуковар, Иван Пенава, кој и покрај противењето на премиерот Андреј Пленковиќ, го организираше протестот, рече дека граѓаните се собрале во Вуковар за да кажат „доста е“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-prodolzuva-antisrpskata-histerija-vo-hrvatska/feed/ 0