дафина стојаноска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 19:27:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дафина стојаноска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојаноска: Тие што оставаа чевли пред владата кога беа опозиција, седум години на власт ништо не направија за младите, ВМРО-ДПМНЕ во идната влада директно ќе ги вклучи во носењето политики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-tie-shto-ostavaa-chevli-pred-vladata-koga-bea-opozitsija-sedum-godini-na-vlast-nishto-ne-napravija-za-mladite-vmro-dpmne-vo-idnata-vlada-direktno-ke-gi-vkluchi-vo-noseneto-politiki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-tie-shto-ostavaa-chevli-pred-vladata-koga-bea-opozitsija-sedum-godini-na-vlast-nishto-ne-napravija-za-mladite-vmro-dpmne-vo-idnata-vlada-direktno-ke-gi-vkluchi-vo-noseneto-politiki/#respond Wed, 01 Nov 2023 18:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=895504

Јас не паметам ништо добро за младите во македонското Собрание да се случи, освен кога беа приморани, заради тоа што им беше ставен во цајт нот Законот за студентски оброк, па направија негова активација, бидејќи се доцнеше со исплата на студентскиот оброк. И нашата понуда за студентскиот оброк, која што реално беше изводлива, да се покачи наместо за 20 за 40 денари, секако беше одбиена, вели пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во дебатата насловена „Македонија сојузник на младите - перспектива и иднина“ што се одржа во општина Валандово во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. „И сега веројатно поради притисокот на јавноста, на младите и поради тоа што се ближат парламентарни избори па им текнува дека ништо од ветувањата за младите немаат реализирано, па еве претходниот месец потпишаа една младинска декларација и велат дека младите ќе земат учество во изготвувањето на Законот за младинско учество. Но, сето тоа се само уште едни шарени лаги во пресрет на следните избори. Тие имаа можност седум години, тоа е повеќе од половина од претходниот мандат кога владите ги водеше ВМРО-ДПМНЕ, доволно време да докажат дека навистина беа загрижени за младите. Не се грижеа ниту за младите, ниту за возрасните, ниту за било кој граѓанин во Република Македонија истите оние кои што оставаа чевли пред владата на времето кога беа опозиција, денес се неми на многу теми, освен Европска Унија и лажни европски вредности“, истакна Стојаноска. За да ја намалиме невработеноста, вели Стојаноска, посебно на младите, прво треба да поработиме со квалитетно образование, добивајќи квалитетни кадри. „Ние гледаме кај нас дека, буквално, се купуваат дипломи, ние имаме титули, но немаме професионалци, а знаеме дека западот и Европа најмногу бараат професионалци, без разлика дали се работи за млади со високо или со средно образование. Младите сакаат да бидат независни и професионално да се реализираат во бизнис секторот, или пак доколку се вработат во некоја институција тие да бидат корисни за таа институција, не обратно, не сакаат да бидат зависни сакаат реално да придонесат. Но за да ги имаме тие можности, оваа влада треба да си замине, затоа што никакви можности не направи за никого“, рече Стојаноска. Во однос на тоа што треба идната влада на ВМРО-ДПМНЕ преку инклузивна политика да ги вклучи сите различни аспирации кои што младите луѓе ги имаат, се со цел да се обезбеди намалување на иселување и ладите да гледаат просперитет во Македонија, Стојаноска истакна дека тоа може да се направи со директно вклучување на младите во носењето политики и истите да не ги користиме само како надзор, како што е Законот за младинско учество, или советодавно. „Нема тема во општеството од која што не се засегнати младите, без разлика дали е тоа образование, спорт, туризам, култура, здравство или социјални политики, нема област. Од 38 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 20 доаѓаат од структурите на Унијата на млади сили. Тоа за мене е доволен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не посветува внимание на младите само со тоа што ја формирало УМС, со тоа што го зголемува бројот на активисти и членови и така натаму, туку ВМРО-ДПМНЕ, на дело докажува дека и тоа како дава можност, дава доверба на луѓе кои што започнале од УМС како пратеници, градоначалници и така натаму“, посочи пратеничката Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-tie-shto-ostavaa-chevli-pred-vladata-koga-bea-opozitsija-sedum-godini-na-vlast-nishto-ne-napravija-za-mladite-vmro-dpmne-vo-idnata-vlada-direktno-ke-gi-vkluchi-vo-noseneto-politiki/feed/ 0
Стојаноска: Овој грозоморен скандал со Онкологија е реалност која се должи на невниманието, на непрофесионалноста и на неодговорноста на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ovoj-grozomoren-skandal-so-onkologija-e-realnost-koja-se-dolzhi-na-nevnimanieto-na-neprofesionalnosta-i-na-neodgovornosta-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ovoj-grozomoren-skandal-so-onkologija-e-realnost-koja-se-dolzhi-na-nevnimanieto-na-neprofesionalnosta-i-na-neodgovornosta-na-vlasta/#respond Fri, 13 Oct 2023 12:08:05 +0000 https://kurir.mk/?p=888510

„Скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија се обелодени иако за него долго време наназад се шпекулираше на втори септември годинава. Ние на новата прва пленарна седница на петти септември предложивме дополна на дневниот ред со две точки на оваа тема. Истите беа изгласани иако со различни ставови и произнесувања, но сепак добија зелено светло“, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет. Таа рече дека точката за разгледување на Извештајот на ДЗР за Клиниката за онкологија се отвори вчера, Анкетната комисија започна со работа на петти октомври, точно по 33 дена од изгласувањето истата да биде дел од дневниот ред на 125-тата пленарна седница. „Во меѓувреме власта се обиде да ја спласне темава со многу други скандали и настани, а сето тоа време порачувајќи и на опозицијата да не се обидува настанот да го политизира“, појасни таа. „Прво, згрозена сум како може ваков скандал и афера да се релативизира со терминот настан. А, второ да имаше свест и совест од оваа власт уште истиот ден на втори септември Владата ќе си поднесеше оставка. Овде не се работи ниту за настан, ниту за несреќа. Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера“, нагласи Стојаноска. Таа посочи дека во случајот со „Онкологија“ лицата кои манипулирале со здравјето и животот на пациентите болни од рак свесно знаеле што прават, и затоа ова не е настан, ниту несреќа туку е намерно злосторство односно убиство. „И ова не е политизирање на овој грозоморен скандал туку ова е реалност која се должи на невниманието, на непрофесионалноста и на неодговорноста на власта“, нагласи пратеничката. „Истата оваа власт многу добро знае да се фали дека во нејзино време Македонија стана членка на НАТО, дека во нејзино време започна скрининг процесот за отпочеток на преговорите за влез во ЕУ иако за членството во НАТО гласавме сите пратеници. Затоа убаво или сосема аналогно на ова би било и актуелната власт да си прифати сопствената одговорност за ова злосторство и да не релативизира или да фрла обвинувања кон опозицијата“, рече Стојаноска. Таа порача дека да не беше опозицијата на оваа тема немаше да се говори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ovoj-grozomoren-skandal-so-onkologija-e-realnost-koja-se-dolzhi-na-nevnimanieto-na-neprofesionalnosta-i-na-neodgovornosta-na-vlasta/feed/ 0
Стојаноска: Маричиќ немаше доблест ниту да се извини за сексистичкиот напад во парламентот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-marichik-nemashe-doblest-nitu-da-se-izvini-za-seksistichkiot-napad-vo-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-marichik-nemashe-doblest-nitu-da-se-izvini-za-seksistichkiot-napad-vo-parlamentot/#respond Mon, 02 Oct 2023 17:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=884363

Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која што истакна дека вицепремиерот Маричиќ воопшто не се ни обидел да се извини по настанот во парламентот и сексистичките напади кон пратеничката што воопшто не доликуваат на вицепремиер и држава која што се стрми кон ЕУ. „Имаше можност вицепремиерот истиот ден да се извини, бидејќи присуствуваше и на паузата која што ја имавме за малку да се смират страстите, беше тука присутен во сала но воопшто ниту пријде ниту се обиде да се извини, не велам мене на македонската јавност мислам дека ред беше да се извини за чинот што го направи. Да беше било кој во друга држава мислам дека од морални причини истиот ден ќе си поднесеше оставка, или во најамала рака ќе се извинеше“ истакна Стојаноска. Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНе, Стојаноска потенцираше дека не може да поверува на однесувањето на вицепремиерот во парламентот во држава која што се стреми кон ЕУ и притоа нема доблест да се извини. „Не го доживеам тоа на лична основа, туку не можев да си поверувам на очите дека тоа може да се случи сред парламент во држава која што е на патот кон ЕУ, особено не од личност која што е вицепремиер за евроинтеграции. Страшно чувство, но ете немаше доблест ниту да се извини“ нагласи Стојаноска. Стојаноска потсети и дека имаше ваков сличен случај во февруари месец, сличен случај на седница за пратенички прашање кон нејзината колешка Бети Стаменковска а тогаш дрско се однесувал премиерот, кој што буквално ја понижил со зборовите „ барем мојата жена не е ружна“ каде што пратеничката Бети реагирала и брзо после тоа премиерот и се извинил. Стојаноска нагласи дека жали што не успеале да ја искористат седницата за теми кои што се важни и само двајца колеги успеале да постават пратенички прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-marichik-nemashe-doblest-nitu-da-se-izvini-za-seksistichkiot-napad-vo-parlamentot/feed/ 0
Стојаноска: Од власта треба да знаат дека со криминалци немаме работа, ниту преговараме, а ниту нешто договараме, уставни измени нема да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-od-vlasta-treba-da-znaat-deka-so-kriminaltsi-nemame-rabota-nitu-pregovarame-a-nitu-neshto-dogovarame-ustavni-izmeni-nema-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-od-vlasta-treba-da-znaat-deka-so-kriminaltsi-nemame-rabota-nitu-pregovarame-a-nitu-neshto-dogovarame-ustavni-izmeni-nema-da-ima/#respond Mon, 02 Oct 2023 16:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=884347

Од власта велат тесни сме со времето, немаме време, но јас тој рок не сум го договорила. Тие ВМРО-ДПМНЕ не го слушаа кога алармираше, кога предупредуваше пред да се согласат на францускиот протокол. Мене времето не ми истекува, му истекува точно времето на Ковачевски“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Стојаноска додаде дека политичкото неискуство на Ковачевски го доведе до тоа да го прифати францускиот предлог. „Немоќта, свесноста дека ова нема да се реализира, ќе ги доведе од власта до уште почести и поголеми грешки“, рече таа говорејќи за уставните измени. Таа посочи дека секоја грешка на власта директно удира по граѓаните и по државата за жал. „Менуваат експресно Кривичен законик, сега на ред е закон за амнестија кој што го најавуваат. Но, ништо од тоа нема да не одврати. Со криминалци немаме работа, ниту склучуваме договори, ниту преговараме, а ниту нешто договараме“, нагласи Стојаноска. Пратеничката рече дека на избори има да загубат. Граѓаните на избори ќе ја казнат оваа политика која што сега ја спроведува власта. „Власта се оддели од народот, нема веќе лице, а ниту пак храброст да се соочи со граѓаните“, укажа Стојаноска. Таа потсети дека анкетите се огледало на тоа што ја чека власта на изборите. На сите анкети губат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-od-vlasta-treba-da-znaat-deka-so-kriminaltsi-nemame-rabota-nitu-pregovarame-a-nitu-neshto-dogovarame-ustavni-izmeni-nema-da-ima/feed/ 0
Мицкоски: Срамно е тоа што го направи Маричиќ, кога мислам дека дури ги руши границите на примитивизмот, тој покажува дека може уште попримитивно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-sramno-e-toa-shto-go-napravi-marichik-koga-mislam-deka-duri-gi-rushi-granitsite-na-primitivizmot-toj-pokazhuva-deka-mozhe-ushte-poprimitivno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-sramno-e-toa-shto-go-napravi-marichik-koga-mislam-deka-duri-gi-rushi-granitsite-na-primitivizmot-toj-pokazhuva-deka-mozhe-ushte-poprimitivno/#respond Thu, 28 Sep 2023 19:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=883009

Тоа што го кажа пратеничката Дафина Стојаноска, тоа се случило. Вие може да глумите во животот. Но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус. Според Мицкоски нормално е да се побара оставка од вицепремиерот Маричиќ. „Ама нормално е и да не даде оставка за да остане да ги ужива привилегиите кои ги дава функцијата. Срамно е тоа што го направи Маричиќ, кога мислам дека дури ги руши границите на примитивизмот, тој покажува дека може уште попримитивно“, кажа Мицкоски. Мицкоски укажа дека однесување не недзволиво за вицепремиер. „Сексистичкит настап е недоговорно нешто на вицепремиер, тој само тоне повеќе со лагите, еден ден ќе се одговара за се што е казниво“, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-sramno-e-toa-shto-go-napravi-marichik-koga-mislam-deka-duri-gi-rushi-granitsite-na-primitivizmot-toj-pokazhuva-deka-mozhe-ushte-poprimitivno/feed/ 0
Стојаноска за срамниот потег на Маричиќ: Прејде на безобразно и лигаво гестикулирање, заборавајќи дека е во Собрание, а не во полноќен филм за возрасни! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-za-sramniot-poteg-na-marichik-prejde-na-bezobrazno-i-ligavo-gestikulirane-zaboravajki-deka-e-vo-sobranie-a-ne-vo-polnoken-film-za-vozrasni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-za-sramniot-poteg-na-marichik-prejde-na-bezobrazno-i-ligavo-gestikulirane-zaboravajki-deka-e-vo-sobranie-a-ne-vo-polnoken-film-za-vozrasni/#respond Thu, 28 Sep 2023 13:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=882841

Денес, и не за прв пат, вице-премиерот за европски прашања, позади микрофон и позади камери, недолично довикуваше и се однесуваше кон пратеничка. Вицепремиерот Маричиќ, денес најпрво дофрлаше за да деконцентрира, како и многупати досега, а потоа прејде на безобразно и лигаво гестикулирање, заборавајќи дека е во Собрание, а не во полноќен филм за возрасни, вели пратеничкката Дафина Стојаноска по денешниот сремен потег на вицепремиерот Маричиќ кој кон собраниската говорница испрати бакнеж кон неа. Нејзиното обраќање го пренесуваме во целост: Јас, додека имав процедурална забелешка на политичкиот маркетинг на министерката за труд и социјална политика, наместо соодветен одговор на поставено прашање за протестите на пензионерите, просведочив како овојвице премиер, кој лажно се претставува како европски лик, почна да ми изигрува недоличен шармер и одвратен “мачо-мен”. Се извинувам на медиумите на моиве квалификации, но верувајте дека она што Маричиќ го правеше спроти мене, беше многу многу грда слика и сексистичка провокација за секаква осуда. Маричиќ го прекрши владиниот кодекс. Наместо највисоки стандарди на однесување и почитување на личноста и угледот на секој поединец тој се однесуваше како неизживеан предатор, како невоспитан маж, правејќи гадни гестови со неговите усни, навредливи за секоја жена, особено на јавна сцена. Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија”, бараме остра осуда за ваквиот однос на маж кон жена, на министер и министерка кон пратеници и пратенички, како и на немоќта на одговорните за работата на Собранието да стават крај на ваквото нецивилизирано однесување на извршната власт кон законодавната. Во оваа држава паднати се сите норми и критериуми, но ова денес е допир со најдлабокото дно на срамот, некултурата и непочитта. Европскиот фронт е заглавен во тунел без светло и секој дефокус би им бил добредојден, само за да не се зборува за актуелните и секојдневните маки на нашите сограѓани. Сепак, ова денес не беше обид за дефокус, туку класичен пример за вистинското лице на актуелната власт на СДСМ. За крај, и Владата и Собранието имаат Кодекси за однесување, но тие се само за на хартија и само за пред странци. Реалноста е дека тие не важат за власта но и исто така дека оваа држава е водена од луѓе кои што пред се немаат никаква култура ниту почит кон било кого.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-za-sramniot-poteg-na-marichik-prejde-na-bezobrazno-i-ligavo-gestikulirane-zaboravajki-deka-e-vo-sobranie-a-ne-vo-polnoken-film-za-vozrasni/feed/ 0
Стојаноска до Маричиќ за секситичките гестикулации: Срам за македонското и европското знаме, срам за машкиот пол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-marichik-za-seksitichkite-gestikulatsii-sram-za-makedonskoto-i-evropskoto-zname-sram-za-mashkiot-pol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-marichik-za-seksitichkite-gestikulatsii-sram-za-makedonskoto-i-evropskoto-zname-sram-za-mashkiot-pol/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=882789

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска со Фејсбук статус му одговори на министерот Маричиќ, кој денеска со сексистичка гестикулација ја нападна и навреди. Таа на фејсбук статусот напиша: Бакнежи и намигања - дома!!! Срам за двете знамиња позади!!! Срам за машкиот пол!! Позади камера е лесно да си “мачо-мен” Лигав Вицепремиер ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-marichik-za-seksitichkite-gestikulatsii-sram-za-makedonskoto-i-evropskoto-zname-sram-za-mashkiot-pol/feed/ 0
Стојаноска: Економијата во државата не зависи од уставни измени, туку зависи од неспособната власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ekonomijata-vo-drzhavata-ne-zavisi-od-ustavni-izmeni-tuku-zavisi-od-nesposobnata-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ekonomijata-vo-drzhavata-ne-zavisi-od-ustavni-izmeni-tuku-zavisi-od-nesposobnata-vlast/#respond Tue, 26 Sep 2023 08:25:52 +0000 https://kurir.mk/?p=881783

„Во Македонија скоро две години се зборува само на тема уставни измени додека економијата е во доста лоша ситуација. Во меѓувреме ни се случи „Бехтел и Енка“, 250 милиони евра народни пари се за ништо потрошени. Четири пати го отпочнуваат, а не е започнат де факто“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на Алфа телевизија. Стојаноска рече дека и во меѓувреме се уште нема ребаланс, а нема веќе ниту време за истиот. „Во меѓувреме немаме ребаланс, веќе и нема време за ребаланс. Сега има прераспределба на средства, нешто што нормални држави во нормални услови го прават во декември месец, а не во септември. Во септември е краен рок за ребаланс“, нагласи пратеничката Стојаноска. „Знаете зошто на тоа не пријдоа? Затоа што ребалансот 20 дена се случува. Затоа што тука ќе имаше транспарентност. А, со прераспределба претпоставувам сакаат набрзина да го поминат тоа. Но, сепак тоа ќе зависи и од пратениците на опозицијата“, укажа таа. Стојаноска додаде дека економијата во државата не зависи од уставни измени и од ЕК, туку зависи од неспособната власт. „Гледате што сторија со трите закони за даночни реформи? Сиот бизнис во Македонија е дигнат на нозе. Пензионерите се на улици“, потсети Стојаноска. Таа запраша по кој пат учебната година започнува без учебници. „Учебната година започнува без учебници во 2023-та година. Каде го има тоа“, нагласи Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ekonomijata-vo-drzhavata-ne-zavisi-od-ustavni-izmeni-tuku-zavisi-od-nesposobnata-vlast/feed/ 0
Стојаноска: Залудни се обидите на власта, нашиот став е јасен – уставни измени по бугарски диктат нема да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-zaludni-se-obidite-na-vlasta-nashiot-stav-e-jasen-ustavni-izmeni-po-bugarski-diktat-nema-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-zaludni-se-obidite-na-vlasta-nashiot-stav-e-jasen-ustavni-izmeni-po-bugarski-diktat-nema-da-ima/#respond Tue, 26 Sep 2023 07:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=881769

„Ние повикуваме да ја свикаат таа фамозна 123-та седница пленарна и да се завршат овие приказни бидејќи навистина го оптеретуваат народот со работи кои што за нас се многу јасни и уште со самото изгласување на т.н. француски протокол. Залудни се сите обиди на власта“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на Алфа телевизија. Стојаноска рече дека залуден е обидот на власта без разлика кого и да вмешаат. Власта треба да знае пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат уставни измени по бугарски диктат. „Нашиот став е јасен и ништо нема да го промени. Едвај чекаме да се случи таа седница. Но, за жал се повеќе мислам дека никогаш нема да има нејзино продолжение, затоа што не можат да соберат ниту 80. А, Ковачевски пред некоја недела се охрабри и кажа 118 пратеници ќе гласаат за уставни измени, ја замајува само јавноста“, укажа таа. Таа посочи додека сиромаштијата зема се поголем замав во земјава, додека криминалот е на високо ниво, власта единствено говори за уставните измени. „Уставни измени нема да се случат без разлика што и да понудат од власта. Бугарски диктат за уставни измени не прифаќаме. А, овие уставни измени се такви“, нагласи Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-zaludni-se-obidite-na-vlasta-nashiot-stav-e-jasen-ustavni-izmeni-po-bugarski-diktat-nema-da-ima/feed/ 0
Стојаноска до Каевски: СДС е единствена партија, која што наместо на избори, премиер избрала во штаб, на партиски состанок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-kaevski-sds-e-edinstvena-partija-koja-shto-namesto-na-izbori-premier-izbrala-vo-shtab-na-partiski-sostanok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-kaevski-sds-e-edinstvena-partija-koja-shto-namesto-na-izbori-premier-izbrala-vo-shtab-na-partiski-sostanok/#respond Thu, 21 Sep 2023 20:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=880472

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во нејзиното денешно гостување во „24 анализа“ на Телевизија 24 истакна дека со последните телевизиски настапи на претседателот на ДУИ, Али Ахмети смислено се прави дефокус и тоа во време треба да се спласне темата за онкологија, кога не треба да се прашува за милионите на неговите најблиски членови на фамилијата, а сега ајде ќе зборуваме, ќе ги расфрламе пердувите, па ете Заев, Груевски нека ги бркаат. Стојаноска му реплицираше на пратеникот на Социјалдемократскиот сојуз, Дарко Каевски каде што му укажа дека во однос на тоа што велат дека се единствена партија по многу нешта, при што го потсети дека се и единствена партија која што премиер на држава избраа на партиски состанок во партиски штаб. Стојаноска истакна дека пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ е обединета како никогаш до сега и најави дека ова ќе биде прв случај каде што партијата во еден мандат настапила со одреден број на пратеници и со ист број на пратеници ќе го заврши и мандатот. “Би сакала да најавам дека и можеби ова ќе биде прв случај кога пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, бројчано, настапила во еден мандат со еден број на пратеници и со истиот број на пратеници да го заврши мандатот, кога и да се случи крајот на овој мандат“, рече Стојаноска. Во однос на тврдењата на власта дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници биле опција за блокада, Стојаноска истакна дека тоа е опција за национален спас и дека единствена пречка за напредок на Македонија кон полноправно членство во ЕУ се криминалот и корупцијата во владините редови. „И во однос на тоа дека ние сме биле опција за блокада, напротив јас сметам дека сме опција за национален спас, за разлика од СДСМ која што морам да констатирам дека национално ги исплакна пратениците, или пак тие дозволија да бидат национално исплакнати и дека е ултра или супер корумпирана партија. Од почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, единствен и најважен услов е во оваа држава да прекинат корупцијата и криминалот“, истакна Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-kaevski-sds-e-edinstvena-partija-koja-shto-namesto-na-izbori-premier-izbrala-vo-shtab-na-partiski-sostanok/feed/ 0