Дафт панк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 10:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дафт панк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тома Бангалтер од „Дафт панк“ го покажа своето лице https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toma-bangalter-od-daft-pank-go-pokazha-svoeto-litse/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toma-bangalter-od-daft-pank-go-pokazha-svoeto-litse/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=792208

Тома Бангалтер од поранешниот електро-состав „Дафт панк“ објави дека издава солоалбум и првпат го покажа своето лице. Албумот под наслов „Mythologies“, како што најави музичарот, ќе содржи оркестрална музика, а сликата што ја објави на Инстаграм со најавата за новиот албум е илустрација на музичарот, со опис „Портрет на Тома Бангалтер за Новата митологија“. Албумот ќе излезе на 7 април, а делото првично го нарача францускиот кореограф Анжелин Прелжокаж за балетот „Митологии“. Премиерно го изведе францускиот Национален оркестар во Бордо, под диригентската палка на Ромен Думас. Француското дуо препознатливо по својата електронска музика, „Дафт панк“, коешто се распушти во 2021 година, носеше „вселенски шлемови“ како заштитен знак, каде и да настапуваа, па и ретко се фотографираа без нив. Оркестралниот проект е почнат есента 2019 година, кога Прелжокаж го покани Бангалтер да напише музика за новото дело што ја означи кулминацијата на повеќегодишната соработка со Операта во Бордо. Претставата беше наменета за 10 танчери од балетската трупа на Операта, 10-мина од личната дружина на Прелжокаж и за постојниот оркестар на театарот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toma-bangalter-od-daft-pank-go-pokazha-svoeto-litse/feed/ 0