Дајмонд принцес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Feb 2020 09:25:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дајмонд принцес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дачиќ потврди: Двајца Срби заразени со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-potvrdi-dvajca-srbi-zarazeni-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-potvrdi-dvajca-srbi-zarazeni-so-koronavirus/#respond Tue, 25 Feb 2020 09:25:56 +0000 https://kurir.mk/?p=308463

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд Принцес“, се заразени со коронавирус, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Во изјавата за агенцијата Танјуг, Дачиќ рече дека од Министерството за надворешни работи на Јапонија добиле известување дека двајца од преостанатите 11 државјани на Србија, членови на екипажот на бродот кој беше во карантин во пристаништето Јокохама во Јапонија, се позитивни на новиот коронавирус. – Амбасадата на Србија во Јапонија е во постојан контакт со нив. Сите наши граѓани на овој брод ги имаат телефонските броеви на нашата амбасада во Јапонија, како и мобилен телефонски број на кој може да се јават 24 часа. Укажано им е и на тоа дека доколку бидат хоспитализирани треба да побараат да стапат во контакт со амбасадата, рече Дачиќ. Тој додаде дека последната група патници кои се позитивни на новиот вирус наречен Ковид-19 е сместена во новоотворена болница на околу 300 километри од Токио и дека постои можност и двајцата српски државјани да бидат сместени таму. На бродот, кој беше во карантин во Јапонија, имаше 3.700 патници, од кои 14 државјани на Србија, меѓу кои 12 членови на екипажот. Во Србија се вратија двајца патници и еден член на екипажот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-potvrdi-dvajca-srbi-zarazeni-so-koronavirus/feed/ 0
Во Кина нови 508 случаи на коронавирус, во Јапонија почина уште еден патник од бродот „Дајмонд Принцес“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-novi-508-sluchai-na-koronavirus-vo-japonija-pochina-ushte-eden-patnik-od-brodot-dajmond-princes/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-novi-508-sluchai-na-koronavirus-vo-japonija-pochina-ushte-eden-patnik-od-brodot-dajmond-princes/#respond Tue, 25 Feb 2020 07:49:14 +0000 https://kurir.mk/?p=308417

Во Кина во текот на вчерашниот ден има 508 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус. Вкупниот број потврдени случаи во континентална Кина изнесува 77.658, објави денеска Националната комисија за здравство на земјата. Бројот на починати, според најновите податоци, е 2.663 лица. Во Јапонија, пак, од новиот коронавирус, наречен Ковид-19, почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд Принцес“, објави телевизијата НХК, додавајќи дека починатиот имал 80 години. Јапонскиот министер за здравство Кацунобу Като, сепак, изјави дека се уште е рано да се зборува за откажување на летните олимписки игри во Токио, кои почнуваат на 24 јули. Јужна Кореја пријави 60 нови случаи на коронавирус, со што е зголемен вкупниот број на заразени лица во земјата на 893, соопшти Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-novi-508-sluchai-na-koronavirus-vo-japonija-pochina-ushte-eden-patnik-od-brodot-dajmond-princes/feed/ 0
Црногорски државјанин на крузерот „Дајмонд принцес“ заразен со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorski-drzavjanin-na-kruzerot-dajmond-princes-zarazen-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorski-drzavjanin-na-kruzerot-dajmond-princes-zarazen-so-koronavirusot/#respond Fri, 21 Feb 2020 16:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=307118

Црногорски државјанин, член на екипажот на „Дајмонд принцес“ заразен е со новиот коронавирус, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора. Во соопштението се наведува дека тестовите потврдиле дека тој е заразен со Ковид-19, но во телефонски разговор со црногорските власти тој соопштил дека се чувствува добро. Се очекува наскоро да биде префрлен од бродот во болница на копното во Јапонија. „За новите информации кои се однесуваат на тоа во која болница ќе биде сместен заболениот, јавноста ќе биде дополнително информирана, соопшти црногорското МНР. Последните патници од крузерот „Дајмонд Принцес“, чии наоди на тестовите биле негативни, денеска го напуштаат тој брод, откако беше прогласен крај на карантинот воведен на 3 февруари. На бродот, на кој имаше 3.700 патници, кој се наоѓа во карантин во пристаништето Јокохама, Јапонија, забележан е најголем број случаи на Ковид-19 надвор од Кина, при што таа бројка синоќа изнесуваше 634 заболени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorski-drzavjanin-na-kruzerot-dajmond-princes-zarazen-so-koronavirusot/feed/ 0
ЕУ испраќа авион по своите граѓани од крузерот „Дајмонд Принцес“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-isprakja-avion-po-svoite-gragjani-od-kruzerot-dajmond-princes/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-isprakja-avion-po-svoite-gragjani-od-kruzerot-dajmond-princes/#respond Wed, 19 Feb 2020 19:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=306214

Италијански авион вечерва ќе тргне по државјаните на ЕУ, кои веќе две недели се во карантин на крузерот „Дајмонд Принцес“, закотвен во јапонскиот град Јокохама. Европската комисија соопшти дека враќањето на граѓаните на ЕУ од крузерот е обезбедено преку Механизмот за цивилна заштита. Специјален медицински тим на ЕУ веќе отпатувал во Јокохама за да изврши прегледи на патниците, а во авионот ќе им биде дозволено да се качат само на на оние што се негативни на Ковид-19 и кои немаат никакви симптоми на болеста. По враќањето во Европа, патниците од крузерот ќе бидат ставени во нов карантин кој ќе го организираат земјите-членки од кои доаѓаат граѓаните, соопшти Комисијата. САД веќе ги евакуираа своите државјани од „Дајмонд Принцес“. ЕУ веќе врати повеќе од свои граѓани од Кина во Германија и Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-isprakja-avion-po-svoite-gragjani-od-kruzerot-dajmond-princes/feed/ 0
Уште 99 лица од крузерот „Дајмонд принцес“ заразени со новиот коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-99-lica-od-kruzerot-dajmond-princes-zarazeni-so-noviot-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-99-lica-od-kruzerot-dajmond-princes-zarazeni-so-noviot-koronavirus/#respond Mon, 17 Feb 2020 11:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=304938

Кај уште 99 лица кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во близина на јапонскиот град Јокохама, е потврден новиот коронавирус, соопшти денеска јапонското Министерство за здравство. Бројот на заразени на бродот, во кој има 3.711 патници и членови на екипажот, се зголеми на 454, откако вчера беа прогласени 355 луѓеза заразени. Група американски државјани евакуирани од тој брод пристигнаа денеска со специјален лет во Калифорнија, а порано беше објавено дека има најмалку 40 заразени од приближно 400 Американци кои го напуштиле бродот. Инфицираните ќе бидат лекувани во јапонските болници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-99-lica-od-kruzerot-dajmond-princes-zarazeni-so-noviot-koronavirus/feed/ 0
Најмалку 40 Американци заразени со коронавирус на крузерот „Дајмонд Принцес“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-40-amerikanci-zarazeni-so-koronavirus-na-kruzerot-dajmond-princes/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-40-amerikanci-zarazeni-so-koronavirus-na-kruzerot-dajmond-princes/#respond Mon, 17 Feb 2020 06:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=304732

Најмалку 40 Американци од вкупно 400-те кои се евакуирани од крузерот „Дајмонд Принцес“, закотвен кај јапонското пристаниште Јокохама, се заразени со коронавирус. -Заразените американски државјани ќе бидат лекувани во јапонските болници, изјави денеска за Си-Би-Ес, Ентони Фаучи, директор на Националчниот институт за заразни болести. САД на доброволна основа денеска ги евакуираа и останатите американски државјани од крузерот, што под карантин се наоѓа од почетокот на февруари заради појавата на коронавирусот. За американските патници досега пристигнаа повеќе десетици автобуси. Тие со авиони ќе бидат префрлени до САД, каде 14 дена ќе минат во карантин, пренесе Индекс .хр.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-40-amerikanci-zarazeni-so-koronavirus-na-kruzerot-dajmond-princes/feed/ 0
На „Дајмонд Принцес“ денеска пријавени уште 70 новозаразени од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-dajmond-princes-deneska-prijaveni-ushte-70-novozarazeni-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-dajmond-princes-deneska-prijaveni-ushte-70-novozarazeni-od-kovid-19/#respond Sun, 16 Feb 2020 10:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=304578

Борбата против смртоносниот коронавирус почнува да покажува резултати, изјави денеска портпаролот на кинеската здравствена комисија, Ми Фенг. –Може да се види резултатот од контролата на коронавирусот, рече Ми. Тој додаде дека зајакнатата медицинска поддршка и превентивните мерки во провинцијата Хубеи, која е жариште на епидемијата, спречиле појава на критични случаи и го намалиле процентот на критични случаи меѓу заразените. Полесните случаи, исто така, побрзо се лекуваат со што се спречува да станат критични, рече Ми. Надвор од Кина, има околу 500 случаи во околу дваесетина држави и територии, со четири смртни исходи – во Јапонија, Хонг Конг, Филипини и Франција. Според најновите бројки, во Кина се заразени 68.500 луѓе, а 1.665 починале, повеќето во Хубеи. Националната здравствена комисија денеска информира за 2.009 нови случаи на зараза, што е намалување од 2.641 претходниот ден и 142 нови смртни случаи, само еден помалку од претходниот ден. Сите, освен четири нови смртни случаи, се во Хубеи. Најголемото жариште на инфекцијата надвор од Кина е на крузерот „Дајмонд Принцес“ кој е закотвен во пристаништето Јокохама во Јапонија, а денеска се пријавени уште 70 случаи, со што вкупниот број на заразени се искачи на 355 од околу 3.700 патници и членови на екипаж. Луѓето што се позитивни на вирусот се испраќаат во болница. Никој на бродот не починал од вирусот. Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, вчера изјави дека е невозможно да се каже каде ќе се шири епидемијата. Болеста, чие официјално име е Ковид-19, убива околу два проценти од заразените. Случаите се шират побрзо од кој било друг респираторен вирус во овој век.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-dajmond-princes-deneska-prijaveni-ushte-70-novozarazeni-od-kovid-19/feed/ 0
Патниците од крузерот „Дајмонд прицес“ се подготвени да преминат во карантин во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnicite-od-kruzerot-dajmond-prices-se-podgotveni-da-preminat-vo-karantin-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnicite-od-kruzerot-dajmond-prices-se-podgotveni-da-preminat-vo-karantin-vo-japonija/#respond Thu, 13 Feb 2020 16:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=303572

Јапонските здравствени служби планираат да ги пренесат туристите од крузерот „Дајмонд принцес“ во карантински објекти во Јапонија во момент кога е потврдено дека на бродот има уште 44 случаи на заразени лица. Во првата фаза ќе бидат префрлени гости кои се најризични, вклучувајќи ги и старите лица кои претходно имале симптоми. Јапонските здравствени служби ќе ги тестираат патниците и ќе бидат префрлени во локалните болници ако се позитивни на новиот коронавирус. Патниците кои не се заразени ќе бидат префрлени во карантински објект или може да останат на бродот до крај на карантинскиот период, соопштија од компанијата. Вкупниот број на заразени на бродот е околу 200 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnicite-od-kruzerot-dajmond-prices-se-podgotveni-da-preminat-vo-karantin-vo-japonija/feed/ 0
Нови 44 заболени од коронавирус на крузерот кај Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-44-zaboleni-od-koronavirus-na-kruzerot-kaj-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-44-zaboleni-od-koronavirus-na-kruzerot-kaj-japonija/#respond Thu, 13 Feb 2020 07:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=303184

Уште 44 лица на крузерот „Дајмонд принцес“, кој е закотвен во близина на градот Јокохама, се заразени од новиот коронавирус, соопшти денеска јапонското Министерство за здравство. Со тоа бројот на заболени на бродот, на кој во карантин се наоѓаат повеќе од 3.500 патници и членови на екипажот, се зголемил на 218, од 713 лица колку што се досега тестирани. Јапонските власти соопштија дека ќе им дозволат на некои повозрасни патници, кои биле негативни на тестот за коронавирус, да го напуштат бродот пред истекот на карантинот, 19 февруари. Министерот за здравство Кацунобу Като истакна дека тие ќе заминат од бродот уште утре, а останатото време за карантин ќе го продолжат на копно. Според јапонските медиуми, околу 80 отсто од патниците се над 60-годишна возраст, 215 се на 80-годишна возраст, а 11 лица имаат по 90 години]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-44-zaboleni-od-koronavirus-na-kruzerot-kaj-japonija/feed/ 0
На крузерот во карантин во кој има македонски државјани потврдени нови случаи на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-kruzerot-vo-karantin-vo-koj-ima-makedonski-drzavjani-potvrdeni-novi-sluchai-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-kruzerot-vo-karantin-vo-koj-ima-makedonski-drzavjani-potvrdeni-novi-sluchai-na-kovid-19/#respond Wed, 12 Feb 2020 09:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=302747

Јапонското Министерство за здравство денеска соопшти се потврдени 39 нови случаи на Ковид-19 на крузерот кој е во карантин во јапонското пристаниште Јокохама, со што вкупниот број на заразени достигна 174. Министерството исто така соопшти дека вирусот, кој вчера беше именуван како Ковид-19, е потврден и кај службеник кој бил вклучен во првичните карантински контроли ноќта кога бродот „Дајмонд Принцес“ се врати во пристаништето Јокохама во близина на Токио на 3 февруари. Службеникот се лекува во болница. Бројот на заразени со Ковид-19 во Јапонија сега изнесува 203 лица. Инаку, до вчера утрото немаше некоја измена, односно иако расте бројот на заболени од вирусот внатре во бродот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата македонски државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените. Загриженоста поради вирусот пренасочи и откажа и други крстарења. Крузерот Вестердам со 2.257 патници и членови на екипаж сега се наоѓа во Тајландскиот Залив и нема каде да се закотви откако му беше забранет влез во Јапонија, Тајван, Филипините и Тајланд. На бродот нема потврдени случаи на вирусот, но тој бил во Хонг Конг пред помалку од две недели, што е во рамките на периодот на инкубација на вирусот. Ковид-19 е коронавирус кој се појави во Кина во декември минатата година. Во Кина од вирусот досега починаа 1.113 лица, а заразени се 44.653 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-kruzerot-vo-karantin-vo-koj-ima-makedonski-drzavjani-potvrdeni-novi-sluchai-na-kovid-19/feed/ 0