дајте музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 May 2022 16:57:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дајте музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концертот на „Дајте музика“ е презакажан, еве кога ќе може да уживате во нивната музика https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncertot-na-dajte-muzika-e-prezakazan-eve-koga-kje-moze-da-uzivate-vo-nivnata-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncertot-na-dajte-muzika-e-prezakazan-eve-koga-kje-moze-da-uzivate-vo-nivnata-muzika/#respond Wed, 25 May 2022 16:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=681493

Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на ДАЈТЕ МУЗИКА ќе се одржи на нова дата- 18-ти јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје, информираат организаторите на концертот. Во продолжение следува нивното соопштение: Имено, безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен! Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06). Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk. Ви благодариме на разбирањето и се гледаме на 18-ти јуни на стадионот на АРМ!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncertot-na-dajte-muzika-e-prezakazan-eve-koga-kje-moze-da-uzivate-vo-nivnata-muzika/feed/ 0
„ДАЈТЕ МУЗИКА“ СО СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА 27-МАЈ ВО СКОПЈЕ! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dajte-muzika-so-spektakularen-koncert-na-27-maj-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dajte-muzika-so-spektakularen-koncert-na-27-maj-vo-skopje/#respond Wed, 18 May 2022 13:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=678512

Најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“ ќе одржи голем спектакуларен концерт на 27-ми мај, на стадионот на АРМ во Скопје, во организација на „Авалон Продукција“. Публиката ќе може во живо да ги слушне сите нивни огромни хитови од популарниот серијал, како и нов материјал, а концертот ќе биде збогатен и со специјални гости кои се чуваат како изненадување до самиот настан. На денешната прес конференција, првиот човек на Авалон Продукција, Бобан Милошески истакна дека интересот за овој настан е навистина огромен уште од првата најава за концертот и дека влезниците се трошат навистина многу брзо. Додаде дека проектот е навистина многу сериозен и дека се работи со апсолутна љубов. -Да бидеме реални, Македонија во својата независност, а и пред тоа, од областа на ентертејнментот има изградено многу малку сериозни брендови. „Дајте музика“ како бренд е институција на свој начин и поради тоа мене ми претставуваше особено задоволство да влеземе во овој проект, да го обликуваме, да се обидеме да го дигнеме на едно концертно ниво и навистина ми е големо задоволство што ќе го организираме и не го делам овој проект од останатите светски проекти. Ова за мене е светски проект, изјави Милошески. Според него, концертот на „Дајте музика“ ќе биде од секој аспект организиран беспрекорно, а со оглед на тоа дека настанот е наменет за детската популација, најмногу ќе се внимава и на безбедноста на децата. Цаци Паковска, продуцентка на проектот „Дајте музика“ рече дека децата се идоли на новите генерации и убаво е што македонската младина се идентификува со нив, а не со странски изведувачи. -Свесни сме дека тие се промотори на добрите вредности, но и дека се главните промотори на македонската музика кај младите генерации. Поради големиот интерес, решивме „Дајте музика“ да се претстави со сериозно осмислен и организиран концерт во живо, на кој децата, а и родителите ќе имаат можност да уживаат и да се забавуваат, истакна Паковска. На големо задоволство на новинарите, на прес конференцијата беа присутни и главните ѕвезди на концертот Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска. Тие на новинарите им открија дека подготовките за претстојниот концерт на 27-ми мај течат со полна брзина и во најдобар ред. -Овој концерт за нас е огромен предизвик и се разбира голема чест. Енергијата на големата сцена на јуниорската Евровизија сакаме да ја доживеат и децата во Македонија, и затоа ви ветуваме незаборавно искуство. Ќе пееме во живо, секојдневно имаме часови по пеење, а подготвуваме и бомбастични кореографии. Ветуваме дека овој концерт ќе биде едно незаборавно искуство, рекоа ѕвездите на концертот. Тие ги поканија сите нивни обожаватели да дојдат на 27-ми мај на стадионот на АРМ во Скопје, а посебна покана и билети испратија и до децата од СОС Детско село. Генерален спонзор на концертот на „Дајте музика“ е Бекутан, а покровител е „Вива сокови“. Влезниците се` уште се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, на плоштадот „Македонија“ и онлајн на www.avalon.mk , и тоа по цени од 400 денари за партер и 600 денари за фан пит.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dajte-muzika-so-spektakularen-koncert-na-27-maj-vo-skopje/feed/ 0
Дајте музика со две златни бубамари и најава за голем концерт https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dajte-muzika-so-dve-zlatni-bubamari-i-najava-za-golem-koncert/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dajte-muzika-so-dve-zlatni-bubamari-i-najava-za-golem-koncert/#respond Fri, 13 May 2022 11:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=676202

Како манифестација за најдобрите и најпопуларните медиумски проекти во земјава, која годинава се одржа под мотото „Да живнеме“, „Златна Бубамара на популарноста“ додели две статуетки за идолите на новите генерации од проектот „Дајте музика“: еден за најпопуларна детска серија и една за најпопуларен тинејџерски хит за 2021 година. Миха, Стаси, Филип и Кики на сцената на „Златна Бубамара на популарноста“ прв пат застанаа во февруари 2020 година. Оттогаш, како што и самите истакнаа, многу работи се сменети. Освен што се пораснати, тие за наградата рекоа: „Снимивме вкупно 90 епизоди од серијалот, ја претставивме Македонија на јуниорскиот евросонг борејќи се за планетата Земја, а спремаме и голем спектакуларен концерт на 27ми мај“ . Наградите ги посветија на целиот тим големи и мали од „Дајте музика“, нивната публика која постојано ги следи на програмите на „Македонската Телевизија“ и нивните фанови кои повеќе од 49 милиони пати го посетиле youtube каналот на „Дајте музика“. Концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на 27 мај на стадионот на „АРМ“ во Скопје во организација на „Авалон продукција“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dajte-muzika-so-dve-zlatni-bubamari-i-najava-za-golem-koncert/feed/ 0
БРАВО ЗА НАШИТЕ МАЛИ АКТЕРИ: Децата од „Дајте музика“ снимија реклама за американскиот пазар (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bravo-za-nashite-mali-akteri-decata-od-dajte-muzika-snimija-reklama-za-amerikanskiot-pazar-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bravo-za-nashite-mali-akteri-decata-od-dajte-muzika-snimija-reklama-za-amerikanskiot-pazar-video/#respond Wed, 16 Mar 2022 16:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=648388

Талентот на нашите мали актери кои играат во серијалот „Дајте музика“ е препознаен и од светските режисери. Две од екипата талентирани деца се појавуваат во реклама за интернет провајдер, а спотот во целост е снимен во скопската чаршија. Весна Петрушевска како нивен ментор е горда на нив, а и сите ние се гордееме! bravo-dechki-decata-od-dajte-muzika-snimija-reklama-vo-skopska-charshija-kje-se-emituva-vo-sad-foto-01.jpg Саша и Иринеј од „Дајте музика“ се појавуваат во реклама за најпознатиот интернет провајдер во САД, Verizon. Убавите вести на социјалните мрежи ги сподели нашата позната актерка Весна Петрушевска, која е ментор на дечињата кои се дел од нејзината актерска школа. „Само да ви кажам дека сме светски и дека странските продукции препознаваат добра актерска школа за деца. Верувајте нема подобро чувство“ – напиша Весна до објавата.
Иринеј Ковчиќ во рекламата е брзо дете, а Саша Димитриевска ја толкува улогата на Ана. Рекламата е снимена во Старата скопска чаршија, а на Инстаграм страната на продуцентската куќа Motioncreativ има повеќе видеа од снимањето на рекламата.
Во едно од видеата се гледа како Иринеј прашува дали ќе го качат на кров, затоа што бил мошне возбуден поради тоа. „Не, нема да одиш на кров, тоа ќе го снимиме со дрон, а тебе ќе те снимаме посебно на зелено платно“ – му одговара режисерот Питер Тимберлејк.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bravo-za-nashite-mali-akteri-decata-od-dajte-muzika-snimija-reklama-za-amerikanskiot-pazar-video/feed/ 0
Пееше со љубов за Македонија и покажа детска хуманост: Талентираниот Јован од „Дајте музика“ со години ја освојува публиката (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/peeshe-so-ljubov-za-makedonija-i-pokaza-detska-humanost-talentiraniot-jovan-od-dajte-muzika-so-godini-ja-osvojuva-publikata-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/peeshe-so-ljubov-za-makedonija-i-pokaza-detska-humanost-talentiraniot-jovan-od-dajte-muzika-so-godini-ja-osvojuva-publikata-video/#respond Wed, 02 Mar 2022 09:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=639194

Јован Дукмеџиев е талентираното дете кое македонската јавност го засака во улогата која ја игра во „Дајте музика“. Ова момче ги освои срцата на публиката од сите генерации. Три години го гледаме како Јован кому музиката и другарството му се најважните работи во животот. Но, да ве потсетиме дека Јован уште како мало дете заслужи силни аплаузи и пофалби од сите страни. На негова 8-годишна возраст, Јован на возрасните им одржа лекција по хуманост. Самоиницијативно, со својата гитара тој излезе на скопскиот плоштад за да собере пари за донација на девојче на кое тогаш му беше потребно лекување. Јован љубовта кон музиката ја негува од мали нозе. Тој на детски фестивал испеа прекрасна песна во која ја истакнува љубовта кон Македонија и кон семејните вредности. Фановите на Јован со големо нетрпение го очекуваат неговиот следен јавен настап. Ова мултиталентирано момче сигурно го чека голема кариера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/peeshe-so-ljubov-za-makedonija-i-pokaza-detska-humanost-talentiraniot-jovan-od-dajte-muzika-so-godini-ja-osvojuva-publikata-video/feed/ 0
Македонија на 9-то место, Ерменија победи на Јуниор Евросонг (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonija-na-9-to-mesto-ermenija-pobedi-na-junior-evrosong-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonija-na-9-to-mesto-ermenija-pobedi-na-junior-evrosong-video/#respond Sun, 19 Dec 2021 18:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=610547

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ кои имаа одличен настап на овогодишната детска Евровизија во Париз со песната „Green Forces“, завршија на 9-то место со 114 поени. Песната на Малена „Qami Qami“ со вкупно 224 поени, заврши на првото место. Погледнете го и одличниот настап на нашите претставници. Македонија секако е горда на нив! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonija-na-9-to-mesto-ermenija-pobedi-na-junior-evrosong-video/feed/ 0
БРАВО ДЕЧКИ: Одличен настап на нашите претставници, Македонија е горда на вас! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-dechki-odlichen-nastap-na-nashite-pretstavnici-makedonija-e-gorda-na-vas-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-dechki-odlichen-nastap-na-nashite-pretstavnici-makedonija-e-gorda-na-vas-video/#respond Sun, 19 Dec 2021 17:08:22 +0000 https://kurir.mk/?p=610533

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ имаа одличен настап на овогодишната детска Евровизија во Париз со песната „Green Forces“. Браво дечки, Македонија е горда на вас! Погледнете го нивниот настап. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-dechki-odlichen-nastap-na-nashite-pretstavnici-makedonija-e-gorda-na-vas-video/feed/ 0
ГЛАСАЈТЕ ВО МОМЕНТОВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Стискајте палци за децата од „Дајте музика“ да победат на Јуниор Евросонг https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/glasajte-vo-momentov-za-makedonija-stiskajte-palci-za-decata-od-dajte-muzika-da-pobedat-na-junior-evrosong/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/glasajte-vo-momentov-za-makedonija-stiskajte-palci-za-decata-od-dajte-muzika-da-pobedat-na-junior-evrosong/#respond Sun, 19 Dec 2021 16:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=610530

Гласајте за Македонија и стискајте палци вечерва за децата од „Дајте музика“ кои настапија претпоследни на Јуниор Евросонг. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а  ја изведуваат Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. Гласајте на следниов линк. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/glasajte-vo-momentov-za-makedonija-stiskajte-palci-za-decata-od-dajte-muzika-da-pobedat-na-junior-evrosong/feed/ 0
ГЛАСАЈТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И СТИСКАЈТЕ ПАЛЦИ ЗА ПОБЕДА НА ДЕЦАТА ОД „ДАЈТЕ МУЗИКА“! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/glasajte-za-makedonija-i-stiskajte-palci-za-pobeda-na-decata-od-dajte-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/glasajte-za-makedonija-i-stiskajte-palci-za-pobeda-na-decata-od-dajte-muzika/#respond Sun, 19 Dec 2021 09:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=610387

Гласајте за Македонија и стискајте палци вечерва за децата од „Дајте музика“ кои ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. „Гласајте за Македонија“, вели македонскиот тим. На официјалната страница на Јуниор Евросонг може да се гласа за три земји, вклучувајќи ја и сопствената. Интернет гласањето ќе трае до 19 денес до 15:59 часот, односно до пред почетокот на музичкото шоу. Овие гласови потоа ќе се спојат со гласовите од публиката што ќе гласа преку СМС. Тие се половина од вкупните поени што ќе одлучуваат за победникот. Останатите педесет проценти од гласовите ќе ги даде жирито. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/glasajte-za-makedonija-i-stiskajte-palci-za-pobeda-na-decata-od-dajte-muzika/feed/ 0
СТИСКАЈТЕ ПАЛЦИ ВО НЕДЕЛА: Децата од „Дајте музика“ ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/stiskajte-palci-vo-nedela-decata-od-dajte-muzika-kje-nastapat-pretposledni-na-junior-evrosong/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/stiskajte-palci-vo-nedela-decata-od-dajte-muzika-kje-nastapat-pretposledni-na-junior-evrosong/#respond Wed, 15 Dec 2021 08:07:50 +0000 https://kurir.mk/?p=608660

Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинешната Детска Евровизија. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември, Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/stiskajte-palci-vo-nedela-decata-od-dajte-muzika-kje-nastapat-pretposledni-na-junior-evrosong/feed/ 0