дака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 07:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Огромен пожар на пазар во Дака, ангажирани се стотина пожарникари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromen-pozhar-na-pazar-vo-daka-angazhirani-se-stotina-pozharnikari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromen-pozhar-na-pazar-vo-daka-angazhirani-se-stotina-pozharnikari/#respond Tue, 04 Apr 2023 07:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=819844

Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака.

Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот.

Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 600 пожарникари. Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш.

Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот се продава по ниски цени.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromen-pozhar-na-pazar-vo-daka-angazhirani-se-stotina-pozharnikari/feed/ 0
Откако Николоски ја обелодени аферата за Дака и ШИК Јелак, општина Тетово донесе конечна одлука за суспензија на ДУП-от https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-nikoloski-ja-obelodeni-aferata-za-daka-i-shik-jelak-opshtina-tetovo-donese-konechna-odluka-za-suspenzija-na-dup-ot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-nikoloski-ja-obelodeni-aferata-za-daka-i-shik-jelak-opshtina-tetovo-donese-konechna-odluka-za-suspenzija-na-dup-ot/#respond Fri, 08 Apr 2022 13:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=660412

Советот на Општина Тетово, денеска донесе и конечна одлука за суспензија на детален урбанистички план (ДУП) за урбан блок 57А откако за ова поведе иницијатива на последната седница во 2021 година. Овој ДУП беше донесен во време на претходната градоначалничка, на местото на Шумарско-индустрискиот комбинат (ШИК) „Јелак“ каде се предвидени да се градат десетици згради за домување и трговски центри. За одлуката да се донесе суспензија на овој ДУП гласаа 16 советници, додека 12 беа воздржани а немаше никој против. На гласањето му претходеше и едночасовна дебата меѓу советниците. Советниците од редовите на ДУИ реагираа на предлог точката на дневен ред, образложувајќи дека Министерството за транспорт и врски дало мислење во кое наведува дека нема повреда на законските одредби при усвојувањето на конкретниот урбанистички план. -Согласно одлуката за суспензија беше донесена и одлука за отпочнување на постапка за изменување и дополнување на ДУП за урабниот блок 57А. Сега следи ревидирање на процесот. Со оваа одлука Тетово се спасува од задушување на згради без критериуми, без паркови и зеленило, изјави градоначалникот Биљал Касами. За потсетување, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски уште во 2020 година го објави овој скандал во режија на СДСМ и ДУИ. - Крими коалицијата СДСМ/ДУИ донесе ДУП од 200 милиони евра за офшор фирма од Панама, сопственост на контроверзен бизнисмен. Помина едена недела откако објавив за усвојувањето на ДУП за „ШИК Јелак” во Тетово со кој се предвидува урбана џунгла во градот со нови 2.000 станови за 8.000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра, истакна Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-nikoloski-ja-obelodeni-aferata-za-daka-i-shik-jelak-opshtina-tetovo-donese-konechna-odluka-za-suspenzija-na-dup-ot/feed/ 0
Црногорскиот бизнисмен Дака може да биде уапсен при влез во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crnogorskiot-biznismen-daka-moze-da-bide-uapsen-pri-vlez-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crnogorskiot-biznismen-daka-moze-da-bide-uapsen-pri-vlez-vo-makedonija/#respond Wed, 01 Jul 2020 16:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=366892

Со своето јавно признание дека платил 300 илјади евра за посредништво за деловни проекти кои сакал да ги реализира во Македонија црногорскиот тајкун Мирослав Давидовиќ Дака самиот се инкриминира во можен корупциски скандал што е причина за негово истражување од страна на македонските институции. Откако јавната обвинителка Вилма Русковска им даде зелено светло на министерот Наќе Чулев и полицијата да бараат докази за криминал кој потекнува од аудио „бомбите“ емитувани преку Јутуб каналот, Црногорецот може да биде уапсен при влез во Македонија. Една од индициите дека Давидовиќ- Дака е дел од криминална шема е фактот што тој во јавната реакција самиот признава дека на Зоран Милевски – Кичеец му платил 300 илјади евра за консалтинг, посредување, застапување и преговарање за бизнис проекти во Македонија. Според Централниот регистер во Македонија Зоран Милески Кичеец нема регистрирано фирма за ваков вид на дејност (консалтинг, посредување, логистика и застапување) што може да значи дека црногорскиот бизнисмен парите ги дал на рака што пак според македонските закони е незаконско дејствие. Во ова поведение во кое Дака самиот го признава во јавната изјава има најмалку две индиции за кривичните дела: едното е „трговија со влијание“ (затоа што како што се слуша од аудиото Милески му договара средба со Заев а подоцна се споменува и генералниот серетар на владата Рашковски). Второто потенцијално дело е перење пари затоа што ако нема прецизен заверен договор меѓу два правни субјеки и банкарски трансакции од кои се гледа за што точно Дака му дава пари на Милески тогаш парите се трансферирани на нелегален начин надвор од македонските законски канали. Во својата изјава во која ги објаснува своите ставови за објавената аудио бомба Дака вели дека се е чисто не не го објавува договорот со кој тој стапува во формално – правен однос со Кичеец. Погоре наведените информации и индиции и изјавата на Русковска се доволна основа за МВР да го гони Дака при обидот за влез во Македонија, да го покани да дојде на информативен раговор во МВР или да побара црногорските власти да обезбедат негово учество во случајот кој е извесно дека ќе биде отворен пред македонските правосуднни органи. Една од мерките кои македонските власти може да ги преземат во текот на постапката за да го обезбедат неговото учество во расчистување на случајот е замрзнување на целиот имот, банкарски сметки и финансиски трансакции на фирми и имоти што Дака го поседува во Македонија. Според сознанија на црногорски извори Дака веднаш по објавените бомби бил комунициран од кругови блиски на врвот на СДСМ при што му било сугерирано да ја даде јавната реакција со која практично сам се прогласи за осомничен. Првичната идеја на неговата реакција била да се инволвира екс премиерот Груевски но откако Дака и неговиот тим ги промашиле датумите затоа што Груевски не бил премиер една година пред Дака да се запозае со Милески, црногорецот самиот влегол во замка од која сега тешко може да излезе без прогон од македонските власти. Дака важи за еден од најбогатите балкански тајкуни близок со врвот на СПЦ и со блиски врски со Кремљ. Во Македонија според неговата изјава поседува огромен имот. Целата реакција на Дака што може да го однесе в затвор може да ја прочитате ТУКА  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crnogorskiot-biznismen-daka-moze-da-bide-uapsen-pri-vlez-vo-makedonija/feed/ 0
Стоилковски: Заев да каже за што ги потрошил парите од Дака и дали го полни правосудството со негови луѓе за да бега од правдата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-da-kaze-za-shto-gi-potroshil-parite-od-daka-i-dali-go-polni-pravosudstvoto-so-negovi-lugje-za-da-bega-od-pravdata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-da-kaze-za-shto-gi-potroshil-parite-od-daka-i-dali-go-polni-pravosudstvoto-so-negovi-lugje-za-da-bega-od-pravdata/#respond Wed, 01 Jul 2020 11:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=366640

Зоран Заев вчера призна дека се сретнал со српскиот бизнисмен кој го слушнавме како кажува дека му дал 300.000 евра. Заев мора да собере храброст и да каже за што ги потрошил изрекетираните пари, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ НАум Стоилковски. Иако имаме признание од Заев дека остварил контакт со бизнисменот Дака, ЈО молчи и не презема ништо. ЈО наместо да го викне Заев и Дака, да ги земе нивните електронски уреди и да изврши вештачење, молчи. Со самиот факт што ЈО не презема ништо, иако има признанија и од двете страни, доволно кажува дека истото е под целосна контрола на Зоран Заев и мафијата на власт. Правосудниот систем е заробен. Заев и во последните денови од власта на СДСМ прави се за да го наполни судството со свои блиски луѓе. Дали Зоран Заев спрема терен со лица во правосудството кои утре кога ќе биде опозиција ќе треба да му ги заташкуваат предметите и да опструираат истрага?! Имено на само 20 – тина дена пред избори привилегија да бидат судии и обвинители добија: 1. Драган Јосифовски- син на Елизабета Јосифовска, обвинител во фамозното СЈО; 2. Билјана Смаќоска-ќерка на Гордана Смаќоска, обвинител во организиран криминал; 3. Билјана Иванова-снаа на Цветанка Иванова од СДСМ; 4. Зоран Здравев- син на Киро Здравев, Претседател на судски совет; 5. Барлет Џафери, син на Талат Џафери; 6. Кирил Георгиев- син на Наќе Георгиев, судија во Врховен суд; 7. Ирина Спасовска-ќерка на Лилјана Спасовска, од јавното обвинителство на РМ, се уште стои како активен член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Дали ова треба да бидат новите послушници на Заеви?! До кога судството ќе биде поле за намирување на партиските апетити на СДСМ?! СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само повеќе порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-da-kaze-za-shto-gi-potroshil-parite-od-daka-i-dali-go-polni-pravosudstvoto-so-negovi-lugje-za-da-bega-od-pravdata/feed/ 0
Стоилковски: Колку пати Заев се сретнал со Дака и за што ги употребил парите кои ги зел? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kolku-pati-zaev-se-sretnal-so-daka-i-za-shto-gi-upotrebil-parite-koi-gi-zel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kolku-pati-zaev-se-sretnal-so-daka-i-za-shto-gi-upotrebil-parite-koi-gi-zel/#respond Tue, 30 Jun 2020 11:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=365786

Зоран Заев не негираше дека за него припадниците на таканаречената шарена револуција се шуто и рогато, и дека и тие, како и сите други кои ќе коалицираат со него ќе ги пушти низ вода, посочи на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „Речникот со којшто се служи Заев во снимките коишто не ги негира дека се автентични, само покажува дека премиер бил човек без елементарна култура и со нулта почитување на законот. Да ги слушнеме само дел од аудио инсертите, со коишто Заев им се обраќа на граѓаните, неговите симпатизери, шарената револуција и неговите коалициски партнери. Почитувани, срамно е што овој човек бил премиер. Кога ќе слушнеме што тој зборува и како размислува во опуштен муабет се заклучува како државата дошла до ова дереџе. Како што не ги негираше овие разговори, Заев не ги негираше ниту разговорите во коишто се слуша како српскиот бизнисмен Дака во разговор со Зоки Кичеец кажува дека на Заев му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни, а Заев не си ја исполнил обврската, за чие исполнување ги земал рекетот од 300.000 евра. Заев не негираше, но бега од одговори. Колку средби имал со српскиот бизнисмен Дака?! За што ги употребил парите коишто ги зел од Дака?! И зошто се крие од одговори на овие прашања?! Снимката од која се слуша како Дака вели дека му дал 300.000 евра на Заев е второ сведоштво, овој пат на оштетен бизнисмен, кој директно со изрекетирана сума го посочува лично Зоран Заев. Јавното обвинителство наместо да покрене постапка молчи. Молчи и за наводите на Боки 13, дека токму кај Зоран и Вице Заеви завршиле парите изрекетирани во оваа Македонија во случајот Рекет. Го повикуваме Јавното обвинителство, да се охрабри и да се спротивстави на сите притисоци и да отвори постапка против Зоран Заев, во спротивно ќе биде само соизвршител во целиот криминал. Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, порача Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kolku-pati-zaev-se-sretnal-so-daka-i-za-shto-gi-upotrebil-parite-koi-gi-zel/feed/ 0
Три дена „предизборен молк“ за аферата со Дака и Заевиот бизнис со „левата рака“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-predizboren-molk-za-aferata-so-daka-i-zaeviot-biznis-so-levata-raka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-predizboren-molk-za-aferata-so-daka-i-zaeviot-biznis-so-levata-raka/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=365674

Цели три дена владее целосен „предизборен молк“ молк од власта и засегнатите во разговорите, откако се обелодени дека контроверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ  Дака во аудио снимка потврди дека на Зоран Заев му дал 300.000 евра пред референдумот за името. Никој од споменатите во снимката, Зоран Заев, Зоран Милевски-Кичеец, ниту пак Драги Рашковски не ја коментира содржината на разговорор. Заев завчера и се обиде да одглуми дека со разговори меѓу трети лица и него да го инволвираат. А она што го кажа бизнименот Дака не е воопшто наивно. Заев се крие дека добил 300.000 евра и дали можеби со црни пари финансирал кампања или можеби и вршел поткуп?!. Сето ова Заев го правел од позиција на премиер. Во тој период, кога се подготуваше референдумот за името со кој требаше да биде потврден Договорот од Преспа, Заев ја обвинуваше опозицијата за некакво руско влијание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-predizboren-molk-za-aferata-so-daka-i-zaeviot-biznis-so-levata-raka/feed/ 0
Пожар во Дака, голем број на жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-daka-golem-broj-na-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-daka-golem-broj-na-zrtvi/#respond Thu, 21 Feb 2019 07:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=166279

Најмалку 70 лица загинаа, а 50 се повредени во пожар што избувна во станбена населба во Дака, главниот град на Бангладеш, објавија денеска официјални лица. Пожарникарите, по деветчасовна битка со огнот, успеаја да го стават под контрола. Пожарот избувна синоќа во местото Чавкбазар, во стариот дел на Дака, каде што во приземјето на повеќе згради има продавници, ресторани и магацини. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува. Пожарот избувнал во една четирикатна зграда и брзо се проширил на други објекти. – Досега се пронајдени тела на 70 лица. Бројот на жртвите може да биде уште поголем, потрагата продолжува, изјави шефот на одделот за противпожарна заштита и цивилна одбрана, Џулфикар Рахман. Тој додаде дека причината за пожарот е непозната, а истрагата е во тек. Во гаснење на пожарот беа ангажирани околу 200 пожарникари. Се наведува дека на некои катови се складирани хемикалии и пластика. Во пожарот во 2012 година во фабрика во Бангладеш, во предградие на Дака, загинаа најмалку 112 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-daka-golem-broj-na-zrtvi/feed/ 0
Седум американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради програмата ДАКА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-amerikanski-drzavi-ja-tuzat-administracijata-na-tramp-poradi-programata-daka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-amerikanski-drzavi-ja-tuzat-administracijata-na-tramp-poradi-programata-daka/#respond Wed, 02 May 2018 07:08:40 +0000 https://kurir.mk/?p=48497

Тексас и уште шест американски држави, во кои на власт републиканците, ја тужат администрацијата на Трамп во обид да ја прекинат програмата покрената од поранешниот претседател Барак Обама, што ги штити мигранти кои илегално дошле во САД како деца. Државите Тексас, Алабама, Арканзас, Луизијана, Небраска, Јужна Каролина и Зпадна Вирџинија поднесоа тужби во сојузниот суд во Тексас една недела откако сојузен судија во Вашингтон побара администрацијата на Трамп да ја продолжи Програмата за одложено пристигнување на деца, позната под кратенката ДАКА (DACA - Deferred Action for Childhood Arrivals). Програмата датира од 2012 година- тоа е постапка да одложување на депортацијата на мигранти, кои во државата влегле како деца, и штити околу 800 илјади млади илегални имигранти од депортација и им обезбедуваше работни дозволи. Трамп во септември одлучи да ја прекине таа програма, но, американски судија во Сан Франциско донесе пресуда дека програмата мора да остане додека трае процесот за одлуката на Трамп. Тексас и другите држави што тужат, тврдат дека владата на Обама ги пречекорила своите овластувања со создавање на таа програма. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-amerikanski-drzavi-ja-tuzat-administracijata-na-tramp-poradi-programata-daka/feed/ 0