далибор ангелов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Feb 2022 12:42:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png далибор ангелов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангелов: За 100 дена завршивме 3 улици, фекална канализација во с . Уларци, а имаме одобрени средства за уште две улици во Чешиново – Облешево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/angelov-za-100-dena-zavrshivme-3-ulici-fekalna-kanalizacija-vo-s-ularci-a-imame-odobreni-sredstva-za-ushte-dve-ulici-vo-cheshinovo-obleshevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/angelov-za-100-dena-zavrshivme-3-ulici-fekalna-kanalizacija-vo-s-ularci-a-imame-odobreni-sredstva-za-ushte-dve-ulici-vo-cheshinovo-obleshevo/#respond Tue, 15 Feb 2022 12:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=631650

„Поминаа 100 дена откако ја добив довербата од вас, токму јас да бидам градоначалник на општината. Затоа сметам дека сега е вистинско време да се повлече една црта и да се сумира досега направеното. На, тоа ме обврзува вашата доверба, времето во кое живееме и видувањето кое ви го дадов во мојата предизборна кампања. Позади нас се 100 дена од управување со општината, 100 дена нова власт, 100 дена промени. Од првиот ден се фативме во теснец со натрупаните проблеми кое не можат да исчезнат преку ноќ. Сметката на општината е блокирана, за првпат од формирањето на општината. Затекнав долг што е сериозна сума за една општина како што е Чешиново – Облешево“, истакна Далибор Ангелов, градоначалник на општина Чешиново – Облешево на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Мултикултурниот центар во општина Кочани. Ангелов додаде дека причините за лошата состојба на општината во која што ја затекнал е поради неспособноста и неодговорноста на СДСМ. „Побаравме да се изврши ревизија за работата на претходната власт, но за жал без некое посебно образложение бевме одбиени од страна на Државниот завод за ревизија. Но, тука не застануваме и не се откажуваме од нашите цели“, нагласи Ангелов. Ангелов посочи дека се средија многу работи за овие 100-тина дена. По истекот на овие 100-тина дена од мандатот се доизгради улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Чешиново. Во тек е постапка за изградба на уште три улици општината, тоа е крак на улицата „Маршал Тито“ во село Спанчево, крак на улицата „Маршал Тито“ во село Чешиново, и цела улица во населено место Уларци, „Блаже Ефремов“. „Санирана е оградата на река Брегалница на с. Теранци. Почнати се активности за изградба на фекална канализација во с. Уларци. Во завршна фаза е постапка за набавка на ново возило за собирање и транспорт на цврст отпад. Опремени се кабинети по природни науки во двете основни училишта во Облешево и Соколарци. Извршена реконструкција на подот на спортската сала и училница во селото Соколарци. Се спроведе акција за прочистување на повеќе диви депонии, асфалтирано е и спортско игралиште во с. Облешево. Се работи на изработка на техничка документација за многу инфраструктурни проекти. Се работи за изработка на урбанистичко планска документација. И одобрени се средства за изградба на уште две улици во општините“, рече Ангелов. Ангелов укажа дека зголемување на транспарентноста на општината е најважниот чекор за враќање на довербата на граѓаните во општината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/angelov-za-100-dena-zavrshivme-3-ulici-fekalna-kanalizacija-vo-s-ularci-a-imame-odobreni-sredstva-za-ushte-dve-ulici-vo-cheshinovo-obleshevo/feed/ 0
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион апелираат до ресорното министерство и владата да се најде решение за оризопроизводителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-od-istochniot-region-apeliraat-do-resornoto-ministerstvo-i-vladata-da-se-najde-reshenie-za-orizoproizvoditelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-od-istochniot-region-apeliraat-do-resornoto-ministerstvo-i-vladata-da-se-najde-reshenie-za-orizoproizvoditelite/#respond Wed, 09 Feb 2022 15:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=629242

По вчерашниот одржан протест од страна на оризопроизводителите на Источниот регион по нивно барање, односно по барање на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите одржавме заеднички состанок со сите градоначалници од засегнати подрачја, ги слушнавме нивните барања иако знаеме дека тие работи не се наша надлежност, меѓутоа цениме и сметаме дека нивните проблеми се и наши проблеми, изјави за медиумите Далибор Ангелов, градоначалник на Општина Чешиново Облешево. Тој истакна дека апелираат до ресорното министерство заедно со владата да изнајдат соодветно решение за да можат да излезат во пресрет заеднички на засегнатата група на граѓани. - Исто така јас можам по заклучоците утврдени од одржаниот состанок можам да кажам дел од неисполнетите барања од страна на ресорното министерство, а тоа се неисполнетите субвенции, зголемување на зелената нафта што беше ветена и ред други работи. Апелираме уште еднаш владата да најде решени и да престане со своето луксузирање, мислам дека производителите на храна пред прагот на ново производна реколта се засегнати со реални проблеми, а дури има и дилема дали воопшто да се започне со припрема за истата таа нова реколта. Можам да кажам дека скоро секое семејство примарна егзистенцијална дејност е оризопроизводителството. Па можете и самите да претпоставите што би се случило ако дојде до тоа намалување или воопшто за прекинување на една традиција која што трае од 60-тите години на минатиот век. Тоа би било многу лошо за целиот регион, не само за нашата општина. Има една тенденција година врз година, односно година во година каде има намалување на истите и намалување на самата површина, а тоа се должи од неработењето на властите кои требаат да помагаат и да го слушнат побарувањето на самите производители, појасни Ангелов. Тој посочи дека не согласува со тоа, бидејќи според него тоа е чист популизам. - Ако веќе е така треба да го гледаме и фидбекот на терен. Меѓутоа фактите се друго, а популизмот е друга работа и не се согласувам со тоа. Мислам дека и колегите градоначалници околу таа изјава го имаат истиот став, додаде Ангелов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-od-istochniot-region-apeliraat-do-resornoto-ministerstvo-i-vladata-da-se-najde-reshenie-za-orizoproizvoditelite/feed/ 0
Ангелов: Создаваме нова иднина – Ќе се насочиме на развој на алтернативниот и бањски туризам, секое едно населено место во Чешиново – Облешево ќе добие инфраструктурно поврзување https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/angelov-sozdavame-nova-idnina-kje-se-nasochime-na-razvoj-na-alternativniot-i-banjski-turizam-sekoe-edno-naseleno-mesto-vo-cheshinovo-obleshevo-kje-dobie-infrastrukturno-povrzuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/angelov-sozdavame-nova-idnina-kje-se-nasochime-na-razvoj-na-alternativniot-i-banjski-turizam-sekoe-edno-naseleno-mesto-vo-cheshinovo-obleshevo-kje-dobie-infrastrukturno-povrzuvanje/#respond Thu, 30 Sep 2021 16:24:04 +0000 https://kurir.mk/?p=570934

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, за Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов, на денешниот митинг истакна дека изминатите четири години се случи стагнација на општината, а се што добија граѓаните беше само неисполнети ветувања, токму затоа потенцираше дека граѓаните заслужуваат локална власт која ќе одговори на нивните потреби, ќе донесе развој и подобра иднина за сите. - Одлуката која ќе ја донесете ќе се одрази на иднината на сите граѓани на општината и долгорочно ќе ја одреди насоката во која општината ќе се развива, рече Ангелов. Тој истакна дека во неговата програма има проекти позади кои стои и кои навистина ќе ги реализира и се темели само на она што е реално и остварливо а тоа е: Ќе направиме пристап до инфраструктура за секој граѓанин, чиста и здрава животна средина, квалитетно образование за нашата младина, развој на земјоделието, поддршка на земјоделците, развој на претприемништво, развој на алтернативен и бањски туризам, урбанизација на сите населени места и многу други проекти кои се од приоритетно значење за сите граѓани, изјави Ангелов. Тој нагласи жителите на Чешиново-Облешево можат да бидат сигурни дека се што ветува ќе оствари и дека уште како член на Советот се соочил со нивните проблеми и потреби, токму затоа како градоначалник ќе има можност да делува и истите да ги реши. - Ќе ги вклучам сите граѓани по принципот на неселективност, без привилегираност со иста мерка да го решиме секој предизвик бидејќи сум убеден дека тој е вистинскиот и единствениот начин да создадеме нова иднина. Општината е Ваша, Ваш е и изборот. Иднината на општината е во наши раце затоа заеднички Да создадеме нова иднина подобра и посреќна за сите нас, потенцираше Далибор Ангелов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/angelov-sozdavame-nova-idnina-kje-se-nasochime-na-razvoj-na-alternativniot-i-banjski-turizam-sekoe-edno-naseleno-mesto-vo-cheshinovo-obleshevo-kje-dobie-infrastrukturno-povrzuvanje/feed/ 0
Ангелов: Приоритет што ќе го направам е воспоставување на водовод и канализација во Чешиново – Облешево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-prioritet-shto-kje-go-napravam-e-vospostavuvanje-na-vodovod-i-kanalizacija-vo-cheshinovo-obleshevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-prioritet-shto-kje-go-napravam-e-vospostavuvanje-na-vodovod-i-kanalizacija-vo-cheshinovo-obleshevo/#respond Tue, 07 Sep 2021 08:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=560429

Напредокот е најдобар заштитник на принципите, тоа е и главната цел заради која работиме. Да градиш, тоа е тежок и спор процес, тоа е и должност која бара посветеност и одговорност. Меѓутоа во Чешиново – Облешево имаме сосема поинаква ситуација. Секојдневно иселување на младите, а основните егзистенцијални проблеми на граѓаните како водоснабдување и одвод на води, пристап до патна инфраструктура останаа нерешени, истакнува кандидатот за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ, Далибор Ангелов. Вели дека во 21 век со СДСМ и со Горанчо Крстев – Грга, Чешиново – Облешево изглед како во среден век, со бунари и јами, со основен проблем за чиста вода за пиење и канализација. Срамно и недостоинствено. -Горанчо Крстев – Грга им вети, тој им ветуваше чиста вода за пиење, ветуваше водовод во сите места, и еве по четири години се уште вода се пие од бунари, вода со сомнителен здравствен квалитет. Чифлик, Спанчево, Соколарци имаат ама како да немаат канализација. Грга не им ја пушти во употреба. И по четири години нема пречистителна станица. А, замислите и тој е од Спанчево, барем за своите соседи да направеше нешто во овие четири години. Ако нема ниту вода, ниту канализација со што ја задолжи општината со околу пола милион евра? Пола милион евра, а нема ниту вода, ниту канализација, а за друго да не зборуваме. Ова е исклучително богат крај, општина со многу можности, општина со топлотни извори, широки полиња, крај со можност за брз и висок развој, посочува Ангелов. Тоа со Грга и СДСМ видовме дека е невозможно. Единствено ги интересира општинската каса, за вработување на своите блиски и партиската војска. Ама и тоа го плаќате од ваш џеб. Ова е приоритет и прва работа што јас Далибор Ангелов ќе ја направам веднаш и без одлагање, доколку ја добијам вашата доверба се обврзувам дека ќе сторам се за да приклучам водовод и канализација, дека сите вие граѓани нема да имате повеќе чувство на срам пред вашите роднини и пријатели од Македонија и пошироко заради условите во кои што СДСМ и Горанчо Крстев – Грга ве оставија. И нема да застанам тука, заедно со вас ќе работам и ќе ги реализирам проектите и ќе работам на решавање на проблемите на сите граѓани. Време е општината да биде во сервис на граѓаните. А, не како досега да служи само за делење плати за неработење со пари од вашиот данок. Време е за работа, време е општина Чешиново – Облешево да биде вистинско посакувано место за живеење. Време е повторно да се гордеете со вашата општина. Време е за Македонија за сите луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-prioritet-shto-kje-go-napravam-e-vospostavuvanje-na-vodovod-i-kanalizacija-vo-cheshinovo-obleshevo/feed/ 0
Ангелов: Ќе застанам во ист ред со сите вас и заеднички да се поведеме на патот кон остварување на една нова позиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-k-e-zastanam-vo-ist-red-so-site-vas-i-zaednichki-da-se-povedeme-na-patot-kon-ostvaruvanje-na-edna-nova-pozicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-k-e-zastanam-vo-ist-red-so-site-vas-i-zaednichki-da-se-povedeme-na-patot-kon-ostvaruvanje-na-edna-nova-pozicija/#respond Fri, 20 Aug 2021 13:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=553059

Почитувани сограѓани,пријатели Да се добие довербата за да се биде кандидат за Градоначалник претставува голема чест но и голема обврска. Тоа е должност која бара посветеност и одговорност, тоа е обврската која јас ја прифаќам. Напредокот е најдобар заштитник на принципите, тој е и главната цел заради која работиме. Да градиш, тоа е тежок и спор процес, тоа е тешка повеќегодишна задача. Но, јас секогаш велам да се гради во интерес на граѓаните. Пред нас се многу предизвици. Целта е една, подобра иднина за сите граѓани на општина Чешиново-Облешево. Обврска моја ќе биде, да сум дел од вас и да помагаме јас и мојот тим околу секој ваш проблем. Моја должност е да се потрудиме заеднички да ги решаваме проблемите. Низ моето животно искуство научив да бидам решителен, но и трпелив. Проблемите никнуваат од сите нас, но проблемите и се решаваат од сите нас. Цврсто ве уверувам дека на сите проблеми со кои се соочувате ќе им излегувам во пресрет и ќе ги решавам заедно со вас. Мојата општина е моето секодневие. Мојата општина е дел од мојата држава. Не е сеедно каква утре ќе биде таа. Мојата општина не смее да биде помалку развиена од секоја друга соседна и не смее да биде занемарена во ниту една сфера на нејзиното работење. Сите заеднички ќе се заложиме за нејзино вклучување во сите современи текови и заеднички да ја изградиме за нашето поквалитетно функционирање. Ќе застанам во ист ред со сите вас и заеднички да се поведеме на патот кон остварување на една нова позиција. Со почит, Далибор Ангелов Кандидат за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на општина Чешиново-Облешево Фејсбук објава на Далибор Боро Ангелов ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-k-e-zastanam-vo-ist-red-so-site-vas-i-zaednichki-da-se-povedeme-na-patot-kon-ostvaruvanje-na-edna-nova-pozicija/feed/ 0