далмација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 09:29:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png далмација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Далмација отсечена поради снежното невреме, се извлекуваат заглавените во снегот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dalmatsija-otsechena-poradi-snezhnoto-nevreme-se-izvlekuvaat-zaglavenite-vo-snegot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dalmatsija-otsechena-poradi-snezhnoto-nevreme-se-izvlekuvaat-zaglavenite-vo-snegot/#respond Mon, 27 Feb 2023 09:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=805500

Снегот во Хрватска предизвика сообраќаен хаос и ја отсече Далмација од остатокот од државата. Од вчера попладне поради огромното количество снег и силните ветрови нема отворен патен правец од Далмација кон внатрешноста на Хрватска, пренесува порталот Индекс. Голем број луѓе останаа заглавени во колоните, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се и спасувачите од Хрватската горска служба за спасување кои помагаат во извлекувањето на заглавените во снегот. Покрај снегот, проблеми на возачите им прави и силниот ветер кој дува со брзина од околу 150 километри на час. Полицијата апелираше до граѓаните да не тргнуваат на пат без потреба. Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска за денеска издаде црвено предупредување за Кварнер и подрачјето на Велебитскиот канал. Подрачјето на Кварнер во првиот дел од денот ќе биде зафатено од многу силно невреме со ветрови со брзина до 130 километри на час. На подрачјето на Велебитскиот канал се очекуваат ветрови со брзина и до 150 километри на час.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dalmatsija-otsechena-poradi-snezhnoto-nevreme-se-izvlekuvaat-zaglavenite-vo-snegot/feed/ 0
ВИДЕО: Силно невреме во Далмација, дел од Сплит под вода https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-silno-nevreme-vo-dalmacija-del-od-split-pod-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-silno-nevreme-vo-dalmacija-del-od-split-pod-voda/#respond Sat, 13 Aug 2022 16:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=718099

Делови од Хрватска денеска беа зафатени од силно невреме проследено со поројни врнежи и грмотевици. Пороен дожд ја „поплави“ Далмација, а локално наврнале над 30 литри дожд на м2. Дел од улиците во Сплит се под вода. Обилните врнежи, како што јавуваат медиумите, го оштетиле асфалтот на некои делови. На возачите им се препорачува внимателно возење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-silno-nevreme-vo-dalmacija-del-od-split-pod-voda/feed/ 0
Страшно невреме ја погоди Далмација: Паѓаше град со големина на орев, оштетени неколку возила (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/strashno-nevreme-ja-pogodi-dalmacija-pagjashe-grad-so-golemina-na-orev-oshteteni-nekolku-vozila-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/strashno-nevreme-ja-pogodi-dalmacija-pagjashe-grad-so-golemina-na-orev-oshteteni-nekolku-vozila-video/#respond Wed, 27 Jul 2022 18:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=711000

Поради грмотевици издадено е портокалово предупредување за делови од Далмација. На Вир врнеше град, а во Шибеник паѓаше силен дожд, придружен со грмежи и налети на ветер - Ги скина лисјата и тендата. Беше сончево, а потоа наеднаш започна бура. Јас и мајка ми едвај ја затворивме вратата од балконот кога почна, и малку вода ни влезе во куќата. Не се сеќавам кога последен пат сме имале вакво невреме на Вир, ме изненади, изјавила жителка на Вир за 24сата.хр. Невремето се спушти на југ до Шибеник, каде имало силен дожд проследен со налети на ветер и силни грмежи. - Утрово паѓаше малку дожд, но сега наеднаш се поцрни и почна силно да грми. Дува силен ветер и врне силен дожд, изјави читател од Шибеник за 24сата.хр Температурата нагло падна во попладневните часови, јавуваат медиумите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/strashno-nevreme-ja-pogodi-dalmacija-pagjashe-grad-so-golemina-na-orev-oshteteni-nekolku-vozila-video/feed/ 0
ПОТОП ВО ХРВАТСКА! Сплит под вода, затворени некои патишта во Далмација (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potop-vo-hrvatska-split-pod-voda-zatvoreni-nekoi-patishta-vo-dalmacija-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potop-vo-hrvatska-split-pod-voda-zatvoreni-nekoi-patishta-vo-dalmacija-foto-video/#respond Sun, 05 Dec 2021 10:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=604271

Силен дожд утрово паѓа на Јадранот, а многу улици во центарот на Сплит се поплавени. Хрватскиот автомобилски сојуз ХАК предупредува дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места се затворени поради непроодност. - На некои места има магла, а можни се и одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема, соопшти ХАК. Поради водата на патот затворени се локалните патишта во месноста Вргорац. Врнежите ќе престанат во повеќето делови до понеделник наутро, а подоцна ќе бидат претежно на исток и особено на југот на Хрватска, каде на места е можна и во вторник, пренесува Индекс.хр. Според прогнозата на метеоролозите, во Хрватска попладне и навечер се прогнозира снег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potop-vo-hrvatska-split-pod-voda-zatvoreni-nekoi-patishta-vo-dalmacija-foto-video/feed/ 0
Хрватска: Лани регистрирани над 16.000 земјотреси, Далмација најзагрозена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-lani-registrirani-nad-16-000-zemjotresi-dalmacija-najzagrozena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-lani-registrirani-nad-16-000-zemjotresi-dalmacija-najzagrozena/#respond Fri, 22 Oct 2021 06:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=583502

На меѓународната конференција „Управување со катастрофи“, што се одржа во Сплит сеизмологот Крешимир Кук нагласи дека минатата година се регистрирани повеќе од 16 илјади земјотреси во Хрватска, а како најактивни сеизмолошки подрачја ги посочи Далмација и поширокото подрачје на Загреб и на Риека. Дводневната конференција е организирана од Сплитско-далматинската жупанија, Административниот оддел за хрватски ветерани, цивилна заштита и човекови права и Јавната институција Рера С.Д. за координација и развој на Сплитско-далматинската жупанија. Земјотресите во Загреб и Бановина отворија многу стручни дебати и прашања за сеизмичките подрачја во Хрватска, од можностите за нивно предвидување и превентивна заштита до справување со кризата предизвикана од нејзините разорни последици. Сеизмологот Крешимир Кук рече дека јужниот брег, односно Далмација, е најзагрозен, а потоа следуваат пошироката област на Загреб и пошироката област на Риека. Во Хрватска секоја година има десетици илјади земјотреси, лани имало повеќе од 16 илјади, без помалите, кои не биле анализирани поради недоволниот број сеизмолошки инструменти. Сеизмолозите знаат, рече тој, дека конкретно за подрачјето на јужна Далмација, очекуваната магнитуда е дури и повеќе од седум степени според Рихтер, но кога ќе се случи земјотрес, никој не може да знае, јави Хина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-lani-registrirani-nad-16-000-zemjotresi-dalmacija-najzagrozena/feed/ 0
ВИДЕО: Оркански ветрови во Далмација, бранови до шест метри https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-orkanski-vetrovi-vo-dalmacija-branovi-do-shest-metri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-orkanski-vetrovi-vo-dalmacija-branovi-do-shest-metri/#respond Tue, 29 Dec 2020 07:01:09 +0000 https://kurir.mk/?p=449641

Оркански ветрови во централното далматинско подрачје предизвикаа бранови на отворено море со височина и до шест метри, додека во крајбрежниот дел тие биле меѓу два и три метри. Метеоролошката станица на Марјан регистрирала многу силни удари на ветрот во подрачјето на Сплит во текот на неколку часа, соопшти сплитскиот Хидрометеоролошки завод. Поради лошите временски услови во прекин се повеќе траектни линии на Јадранското Море, соопшти утрово Хрватскиот автоклуб. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-orkanski-vetrovi-vo-dalmacija-branovi-do-shest-metri/feed/ 0
Земјотрес во Далмација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-dalmacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-dalmacija/#respond Sun, 20 Sep 2020 11:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=405812

Далмација денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 12 километри југоисточно од Грачац, 88 километри северозападно од Сплит. Се очекуваат официјални податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-dalmacija/feed/ 0
ВИДЕО: Падна првиот снег во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-padna-prviot-sneg-vo-hrvatska-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-padna-prviot-sneg-vo-hrvatska-2/#respond Mon, 11 Nov 2019 07:31:34 +0000 https://kurir.mk/?p=262449

Во највискоите предели на Далмација падна снег, а во многу делови паѓало и дожд во голема количина. Во Конавле паднаа 70 литри дожд на квадратен метар, а во Каштела во близина на Сплит повеќе од 40 литри, јавија хрватските медиуми. И во повисоките делови на Динара и Камешница, а на динарскиот врв Велика Дувњакуша температурата беше под нулата, со повремено провејување на снег. Снег и мраз имаше на највисоките врвови во Далмација, на Динара и Велебит. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-padna-prviot-sneg-vo-hrvatska-2/feed/ 0
Силно невреме во Далмација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silno-nevreme-vo-dalmacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silno-nevreme-vo-dalmacija/#respond Mon, 20 May 2019 12:14:09 +0000 https://kurir.mk/?p=200005

Невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер и грмежи, денеска ги зафати централните делови на Далмација. Како што објавија хрватските медиуми, во одделни подрачја наврнеле и до 30 литри дожд на квадратен метар, што предизвикало поплави по улиците. Реонот е зафатен од силно Југо, кое според најавите на метеоролозите, ќе засили до крајот на денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silno-nevreme-vo-dalmacija/feed/ 0