Даме Димитровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 17:46:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Даме Димитровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димитровски: За да имаме чиста и незагадена средина од отпадот кој се создава треба да произведуваме чиста енергија, а не како ова што сега го гледаме палење на ѓубришта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrovski-za-da-imame-chista-i-nezagadena-sredina-od-otpadot-koj-se-sozdava-treba-da-proizveduvame-chista-energija-a-ne-kako-ova-shto-sega-go-gledame-palene-na-gubrishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrovski-za-da-imame-chista-i-nezagadena-sredina-od-otpadot-koj-se-sozdava-treba-da-proizveduvame-chista-energija-a-ne-kako-ova-shto-sega-go-gledame-palene-na-gubrishta/#respond Wed, 31 May 2023 17:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=840990

На денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“, свое обраќање имаше и проф. д-р Даме Димитровски, претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на тоа кои се енергенсите со кои би можела Македонија да се развива, да создава енергија но и да се запази на загадувањето. „Покрај оваа енергетска криза што ја видовме кај нас, во светот владееше и една криза на ресурси. Немаше достапни ресурси за производство на новите технологии, иако голем дел од јавноста сметаше дека брзо треба да се влезе во нови обновливи извори, ресурсите полупроводници, ресурсите за микроконтролери, ресурсите за батерии за електрични возила, за фотопанели ги снема од светот. Ние сметаме дека рударството не е главното решение за тоа како да ги наоѓаме ресурсите во иднината. Делумно треба да го помогнеме чистото рударство, да понудиме решенија во кои што ќе имаме рударење на квалитетни ресурси, но сметаме дека ова не е конечното решение за нашата животна средина и за нашата Македонија, затоа што со тоа ќе создадеме уште повеќе отпад и ќе создадеме нови депонии“, истакна Димитровски. Тој додаде дека отпадот кој што се создава треба да се менаџира според таканаречената циркуларна економија каде од отпадот ќе се создаваат ресурси. „Во овој проблем на создавањето на отпад ние гледаме и една опција таканаречена циркуларна економија во која што дел од отпадот кој што го создаваме ќе го искористиме како ресурс. Најголем дел од отпадот ќе ни стане ресурс за добивање на технологиите, од него ќе екстрахираме нови материјали за нови технологии и ќе направиме како држава листа на стратешки ресурси. Како што имаат и светските сили и ние ќе имаме листа на стратешки ресурси по кои што ќе се водиме и кои што ќе ги бараме за да се развиеме како држава“, потенцираше Димитровски и додаде: „Дополнително сметам дека дел од отпадот ќе ни придонесе за создавање енергија и тоа чиста енергија, а не како ова што сега го гледаме палење на ѓубришта или палење на депонии. Сакаме од отпадот да добиеме биогас, сакаме од отпадот да добиеме биоетанол, сакаме од отпадот да добиеме гориво кое што е чисто и компатибилно со постојките за согорување коишто ги имаме денеска. Тоа дополнително ќе ни даде ресурси, ќе ни даде енергија и ќе ни даде можност овие млади и умни луѓе кои што ги имаме да имаат поле за иновации, да имаат поле за нови средства за високоплатени позиции на кои што ќе работат. Мислам дека тоа е еден добар начин и младите да ги донесеме во Македонија и Европа да ја донесеме во Македонија и да обезбедиме чиста животна средина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrovski-za-da-imame-chista-i-nezagadena-sredina-od-otpadot-koj-se-sozdava-treba-da-proizveduvame-chista-energija-a-ne-kako-ova-shto-sega-go-gledame-palene-na-gubrishta/feed/ 0
Димитровски: Градот Скопје и Шилегов не преземаа ништо против загадувањето на воздухот, граѓаните се гушат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrovski-gradot-skopje-i-shilegov-ne-prezemaa-nishto-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-gragjanite-se-gushat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrovski-gradot-skopje-i-shilegov-ne-prezemaa-nishto-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-gragjanite-se-gushat/#respond Wed, 14 Jul 2021 19:36:46 +0000 https://kurir.mk/?p=536891

Екстремно големото загадување на воздухот, на почвите, на водите не е само прашање за животната средина, тоа е прашање поврзано со здравјето на луѓето, тоа е прашање поврзано со иселување на младите,  тоа е прашање кое што е поврзано со достоинството на животот на луѓето. Околу 3.500   граѓани во Македонија умираат како последица од загадениот воздух, вели професорот и експерт Даме Димитровски, на денешната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“. Тој додаде дека не е прв пат да се зборува за решавање на проблемот со загадениот воздух, иако претходно се зборувало за стратегии и планови за намалување на загадениот воздух ништо не се реализирало. -И до сега се зборуваше и се промовираа планови и мерки, но гледано од експертска страна ќе кажам дека најголем дел од овие планови не се остварија, најголем дел од мерките не се реализирани, а дури и поголемиот дел од мерките, плановите, стратегиите кои што се прикажуваа во јавноста се целосно заборавени, смета тој. Димитровски посочи дека во главниот град, скопјани и покрај тоа што постојано се жалат на загадениот воздух, ниту Инспекторатот на Градот Скопје, ниту пак инспекторатот за животна средина немаат слух да го решат овој проблем и да се спротивстават на загадувачите. -Секојдневно граѓаните на Скопје се жалат на загаден воздух, на прекумерна бучава од најразлични извори, се жалат на нови ѓубрива, нови сметишта, а Инспекторатот на Градот Скопје и Инспекторатот за животна средина не наоѓаат сила да ги решат тие проблеми да се спротивстават на загадувачите, вели Димитровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrovski-gradot-skopje-i-shilegov-ne-prezemaa-nishto-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-gragjanite-se-gushat/feed/ 0